Connect with us

Македонија

Солидарност од Швајцарија: Собир во Берн за жртвите во Кочани и Нови Сад

Published

on

Во саботата, на 29 март 2025 година, во швајцарскиот град Берн се одржа собир во чест на жртвите од трагедиите во Кочани и Нови Сад. Настанот се одржа на Бундесплац, каде што присутните со свеќи и тивко сеќавање испратија порака: „Не ве забораваме“.

Организаторите и учесниците истакнаа дека и покрај физичката оддалеченост, емпатијата и заедништвото се посилни. „Иако сме далеку, срцата ни се со луѓето во Кочани и стоиме покрај нив,“ стои во пораката споделена на социјалните мрежи.

Настанот беше израз на солидарност, а присутните упатија голема благодарност до сите што се придружија и ја изразија својата поддршка.

Македонија

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април.

Почитувани граѓани ‒ Роми,

Ви упатувам искрени честитки за 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите!

Верувам дека не случајно тркалото, симболот на вашето етничко знаме, по долги патешествија запрело и на македонска почва на која сте свиле дом. 

Со културната посебност и свест, вие израснавте во важен и вреден сегмент на македонското општество, неверојатно талентиран за музика и игра, уметнички вдахнат, скромен!

Влеговте во Уставот, се изборивте за ромска општина и ромски јазик како службен во неа, основавте и развивте успешно средно училиште, формиравте партии и граѓански здруженија и станавте политички фактор, влеговте во Собранието, освоивте градоначалнички и министерски позиции, но и раководни места во важни државни органи и институции, станавте музички славни преку врвни културно-уметнички друштва, пејачи и диригенти, се стекнавте со универзитетски дипломи од различни области, ве опишаа во филмови и серии, ве опеаја, насликаа…

Докажавте дека сте креативна, способна, вредна и адаптибилна заедница што заслужува почит.

Но, празников ме потсетува дека сте сè уште најсиромашната, најранливата, најмаргинализираната, најобесправената и најдискриминираната заедница.

Време е да преминеме од зборови на дела, реално да ве поддржиме, да ви дадеме приоритет, да посегнеме по афирмативна акција и инклузивни политики, да ви овозможиме да ги изразите и докажете способностите и идеите, да ги вградите трудот и знаењето во развојот на демократското општество.

Ромите се богат човечки потенцијал што мора да се впрегне во општествениот погон. 

Да го завртиме ромското тркало дома, ама не само на 8 Април, туку постојано, посилно, побрзо и подалеку, во интерес на прогресот.

Нека ни е честит 8 Април ̶ Меѓународниот ден на Ромите!

Continue Reading

Македонија

Судскиот совет е повикан да реагира по реакциите за пресудата за Теодора, вели Филков

Published

on

„Уште еднаш се покажа дека довербата на граѓаните во судството од два отсто не е џабе“, вака министерот за правда Игор Филков ја коментираше пресудата на судијата Ељведин Ферати кој вчера донесе одлука да го казни возачот кој ја прегази младата Теодора Ристевска од Тетово на две години затвор.

Во одговор на новинарско прашање поврзано со вчерашната пресуда, Филков посочи дека Судскиот совет е повикан да реагира по реакцијата во јавноста.

– Јас ниту смеам, ниту можам да ја коментирам пресудата, но она што секако сакам да го искоментирам е реакцијата на јавноста, а реакцијата на јавноста е оној глас на народот којшто е многу битен, којшто треба да допре до секој од нас, вклучително и до Судскиот совет кој е повикан да реагира. Тие два посто доверба во судството уште еднаш се покажа дека не се џабе, рече Филков.

Прашан како е дозволиво да суди судија кој беше критикуван поради сомнежи дека си ги поправал оценките на Тетовскиот универзитет со пречкртување, Филков кусо одговори дека е недозволиво и како што рече, прашањето треба да се постави до Судскиот совет.

– Апсолутно е недозволиво и затоа работиме на измените. Она што, за жал, ни се повторува е дека мораме да побрзаме за вакви случаи да нема во иднина. Прашањето може да го поставите до Судскиот совет, рече Филков.

Continue Reading

Македонија

Седум пациенти се лекуваат во земјава, 64 во странство

Published

on

Во моментот, во болниците во земјава се хоспитализирани вкупно седум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани. Четири од нив се на лекување во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, еден пациент се наоѓа на Клиника за токсикологија, а двајца пациенти се во приватната болница Систина.

Во странство, во медицински центри, се уште се хоспитализирани 64 пациенти.

Денес се очекува четворица пациенти да се вратат од болницата Пирогов во Република Бугарија.

-Инаку, во моментот се врши категоризација на пациентите според потребите за рехабилитација со цел обезбедување соодветен понатамошен третман на повредените лица, велат од Министерството за здравство.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк