Connect with us

Економија

Купувачите наместо да шетаат по маркети, ќе ги гледаат цените на интернет, но надвор од системот ќе останат маалските продавници

Published

on

Објавата колку чинат производите на интернет ќе донесе поголема транспарентност и отчетност во работењето на маркетите, но времето ќе покаже дали ќе влијае и врз намалувањето на цените. Микротрговците остануваат надвор од ваквиот информативен систем зашто немаат капацитет за тековно ажурирање на цените.

Одредбата трговците секојдневно да ги објавуваат цените на производите што ги продаваат на нивните веб-страници ќе обезбеди поголема транспарентност, но прашање е дали значително ќе ги намали цените. Според купувачите, ќе им заштеди време за шетање по маркетите, за продавачите ова се само дополнителни обврски и ангажирање на работна сила која ќе се занимава со интернет-страницата и ажурирањето, а државата пак, во ова гледа скратување на можностите за манипулација на граѓаните од трговците и на подолг рок стабилизирање на цените. 

Изгор цени во некои од малите продавници, особено на овошјето и зеленчукот

– Има маркети кои и досега ги објавуваа цените на дел од производите, меѓутоа, на оние што тие мислеа дека е важно да ги објават, а не на сите. Сега ќе имаме прегледност на целиот асортиман. Но, надвор од мрежата остануваат голем дел од микромаркетите кои ги имаме речиси сите во наша близина, односно маалските колонијали кои нема да ги објавуваат цените, а оттаму купуваме барем половина од производите кога немаме време да одиме по маркети – ни рекоа повеќе граѓани со кои разговаравме низ колонијалите. 

Некои од нив сведочат дека има маалски продавници кои набавуваат храна од поголемите маркети и потоа ги продаваат по многу повисоки цени. 

– Најчесто кај нив купуваат повозрасни лица кои немаат сила да одат по големите маркети. Не сите, но има и такви продавници во кои бананите што на пазар се продаваат по 65 денари, тие ги нудат по 90 денари. Лимоните на пазар се 55 денари, а кај нив 90. Откако им наложија барем да ги изложат цените во маркетот, ситуацијата се подобри. Но, за зеленчукот и овошјето немаат изложени цени и има драстични разлики. Исто така, почнаа да отсуствуваат и фискалните сметки. На три-четири трансакции дали ќе ви дадат една фискална сметка – велат купувачи. 

Малите бизниси ќе бидат неконкурентни без објава на цени на интернет

Сопствениците на маалските колонијали кои ги контактиравме не сакаат јавно да зборуваат, но велат дека моменталните состојби се наклонети кон големите маркети и ќе доведат до згаснување на микробизнисите. 

– Ние не можеме да стасаме да ги објавиме цените на рафтовите во маркетите и секојдневно да ги менуваме зашто секој ден има нови промени, а не пак да објавуваме цени на интернет. Во маркетите сме по еден до двајца вработени. За да одржуваме такви веб-страници, ќе ни требаат уште по двајца вработени, а одвај вадиме плата и за еден. На овој начин уште еднаш сме неконкурентни – вели сопственик на маалски колонијал од Прилеп. 

Разлика меѓу микротрговец и трговец на мало

Според Законот за трговски друштва, доколку маркетот брои до десет вработени и во секоја од последните две пресметковни години или во правата од работењето остварил бруто-приход до 50.000 евра во денарска противвредност, спаѓа во категоријата на микротрговец. Тие немаат обврска да ги објавуваат секојдневно цените на производите што ги продаваат на интернет-страница како што налагаат сегашните измени на Законот за заштита на потрошувачите. Одредбата важи за трговците на мало, средно и на големо. Маркетите на мало се оние што задоволуваат еден од трите критериуми: вработени од 50 работници, па нагоре, годишниот приход да им е до 2.000.000 евра или просечната вредност (на почетокот и на крајот од пресметковната година) на вкупните средства (во активата) да е помала од 2.000.000 евра. 

– Практиката за објавување на цените на веб-страниците на маркетите ќе придонесе за поголема транспарентност и полесна споредливост од страна на купувачите. На овој начин купувачите би имале поголем увид врз движењето на цените, споредба на цена/квалитет, можности за користење акциски попусти и сл. За разлика од големите синџири на маркети кои поседуваат доволна информатичка и логистичка поддршка, дискутабилно е воведувањето на оваа практика кај малите продавници кои немаат свои веб-страници, ниту капацитет за тековно ажурирање на цените – вели Димитар Николоски, професор на Економскиот факултет при УКЛО во Прилеп. 

Ристески: Транспарентноста ќе ги стабилизира цените на подолг период 

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески вели дека системот со објава на цените е израелски, а веќе е спроведен во Италија, Франција и Хрватска. Тој смета дека покажува голем успех во нормализирањето и стабилизирањето на цените на подолг период, односно да може пазарната економија правилно да ги формулира цените. 

– Со носењето на измената се постигнуваат три главни цели: прво, се зголемува транспарентноста во работењето на трговците, второ, се овозможува фер конкуренција меѓу трговците на мало и големо и трето и најважно, лесен пристап на граѓаните до цените на сите маркети и ќе можат да се информираат и да одлучат во кој маркет ќе ги трошат парите преку споредба на цените. Граѓанинот ќе може да одлучи каде ќе купува некој производ. Има маркети што работат со поголеми маржи, кои имаат повисоки цени и има хард дисконти, маркети кои работат со поголем обрт и помали маржи. Секој може да одбира и со ова граѓаните градат и култура на купување – вели Ристески. 

Измените во Законот стапуваат во сила на почетокот од април, а од нив се изземени микротрговците и трговците поединци.

Економија

Димитриеска-Кочовска: Зголемена наплатата кај даночните приходи, во претстојниот период поголема реализација на капиталните инвестиции

Published

on

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска соопшти дека покрај зголемената наплата на приходите, има покачување и на наплатата кај даночните приходи. Според неа, реализацијата на капиталните расходи се одвива согласно планираното, а со оглед дека Владата е фокусирана на инфраструктурните проекти, во периодот што следи, може да се очекува поголема реализација на капиталните инвестиции.

Потсетувајќи дека има нова методологија за евидентирање на капиталните расходи, Димитриеска Кочовска напомена дека нема да дозволи вештачко прикажување на капиталните приходи само колку да се покаже пред граѓаните дека наводно нешто се работи.

Има поголема наплата кај даночните приходи, наплаќаме дивиденди од оние институции кои имале добри резултати во 2023 година. Реализацијата на капиталните расходи се одвива согласно планираното, во јануари и февруари веројатноста дека ќе има голема реализација е минимална. Очекувајте во периодот што следи да има поголема реализација на капиталните расходи,истакна Димитриеска Кочовска, одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Денот на Царинската управа.

Gjithsej 84 milionë euro nga kredia hungareze janë transferuar në Bankën për zhvillim të Maqedonisë, ndërsa interesimi i kompanive është shumë më i madh se sa pritej, thotë ministrja e Financ

Таа потсети дека има нова методологија во делот на евидентирање на капиталните расходи со податоци за исплатените гаранции во име на некои од јавните претпријатија и акционерски друштва кои во минатото биле евидентирани како капитални расходи.

Како резултат на тоа имавте вештачка слика во однос на тоа што се случува. Денес не ги евидентираме како капитални расходи, туку одат под линијата, долу и како резултат на тоа ќе видите дека кога би ги вратиле во евиденција над линија, имаме поголема реализација во однос на изминатиот период што значи дека имаме реално поголема реализација во однос на претходната година од она што значи реална имплемнетација на капитален проект. Не зборуваме за аванси, плаќање гаранции за акционерски друштва,…, се е тоа под линијата. Кога ќе ги споредите податоците ќе видите дека имаме многу подобра реализација. Нема да дозволам како што беше во минатото, вештачки да ги прикажуваме капиталните приходи само колку да покажеме пред граѓаните дека нешто работиме, а во суштина во изминатите седум гопдини ако излезевме на терен, ќе видевме дека реализација на каков било проект не ни постоеше, речиси е нула,потенцира министерката. 

Continue Reading

Економија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во добра кондиција, се полни според планираното

Published

on

Полнењето на државната каса се одвива подобро од планираното. Извршувањето на буџетот оди според очекувањата. Биле собрани повеќе приходи во март и април споредено со првите два мееци од годинава. Министерката за финансии Димитриеска- Кочоска вели дека треба да се почекаат финалните извештаи, но дека се прваат напори да се анализира поврзаност на компании, да се зголеми присилната наплата, да се наплатат дивидендите и во крајна мера, вкупно да се зголемат даночните приходи. Министерката уверува дека особено добри биле финансиските резултати за тековниот месец април.

Институциите успеале да реализираат 73 милиони евра или 10% од вкупно предвидените годишни капитални инвестиции до 8-ми април годинава. Министерката Димитриеска-Кочоска вели дека климатските услови биле неповолни за одвивање на инфраструктурните проекти. Ветува дека граѓаните повеќе ќе немаат вештачка слика за реализација на капиталните проекти. Како завршени повеќе нема да се евидентираат платени аванси и гаранции, бидејќи тоа не било градење и обнова, туку вештачко прикажување дека се сработило повеќе од реалното.

Министерката е задоволна од полнењето на државната каса по основ на царини. Во врска со проблемот со наметнатите поголеми царински стапки од страна на САД и нивното стопирање во период од 90 дена, Димитриеска – Кочоска вели дека тоа е шанса за Македонија директно да извезува таму. 10% царини е нешто што е прифатливо за најголем дел од државите. Следната недела Министерката ќе оди на редовните пролетни средби со Светска Банка и ММФ во Вашинтон, кадешто ќе ја искористи приликата да преговара со челниците за олеснување на трговската размена.

Continue Reading

Економија

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 14.04.2025

Published

on

Скопје, 14 април 2025 година – Македонската берза го заврши денешното тргување со вкупен промет од 15.650.812 денари. Индексот МБИ10 забележа пад од 0,81%, достигнувајќи вредност од 10.277,47 поени.

Динамика на тргување и пазарни движења

Денешното тргување беше умерено и главно насочено кон официјалниот пазар. Водечкиот индекс МБИ10 забележа пад како резултат на негативното движење кај неколку клучни компании, меѓу кои најголем пад забележа Стопанска банка Скопје. Пазарот на обврзници остана непроменет и без нови трансакции.

Најтргувани акции

1. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – промет од 6.658.790 денари, последна цена 28.700 денари, промена од +0,07%

2. Алкалоид АД Скопје (ALK) – промет од 2.710.320 денари, последна цена 27.350 денари, промена од -0,62%

3. Макпетрол АД Скопје (MPT) – промет од 2.051.880 денари, последна цена 101.600 денари, промена од -1,98%

Најголеми добитници

1. Макстил АД Скопје (STIL) – пораст од +2,61%, последна цена 135 денари

2. Шпаркасе банка Македонија АД Скопје (SPB) – пораст од +0,64%, последна цена 4.250 денари

3. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – пораст од +0,07%, последна цена 28.700 денари

Најголеми губитници

1. Стопанска банка АД Скопје (STB) – пад од -5,63%, последна цена 2.400 денари

2. Тетекс АД Тетово (TNB) – пад од -2,97%, последна цена 2.448 денари

3. Макпетрол АД Скопје (MPT) – пад од -1,98%, последна цена 101.600 денари

Обврзнички пазар

Индексот ОМБ остана непроменет, задржувајќи се на нивото од 124,81 поени. Не беа реализирани нови трансакции со државни, конвертибилни или корпоративни обврзници.

Тргувањето на берзата на 14 април 2025 беше проследено со опаѓачки тренд на индексот МБИ10, со најголем притисок од падот на акциите на Стопанска банка. И покрај тоа, некои хартии од вредност како Макстил и Шпаркасе покажаа позитивен импулс. Пазарната динамика останува умерена, а обврзничкиот сегмент продолжува со слаба активност. 

Овој извештај е подготвен врз основа на официјалните податоци од Македонска берза, а е изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк