Connect with us

Скопје

Неисправност на хидрантна мрежа и блокирани излези за евакуација најчести проблеми во станбените згради

Published

on

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во изјава за медиумите откри дека треба да се вработат уште околу 40 инспектори за да може да се постапува соодветно.

Украдени противпожарни црева, неисправност на хидрантската мрежа, попречени излези за евакуација со мебел или заградени од страна на станари…. се дел од неисправностите што ги пријавиле управителите на станбените објекти откако од општинските инспекциски служби добија задолжение да достават информација за неопходната противпожарна опрема во станбените згради.

По истекување на рокот за доставување на податоците од страна на управителите или заедниците на станари, а кои според податоците што МИА ги доби од пет скопски општини, истекува месецов, се очекува инспекторите да извршат контрола на станбените објекти со цел да проверат дали добиените податоци соодветствуваат со фактичката состојба на терен. Потоа, секоја општина, ќе треба да достави записници од извршените контроли до ЗЕЛС и тие потоа ќе може да бидат дадени на увид на јавноста. Ќе им се даде одреден рок на управителите на станбените згради да ги поправат недостатоците и неправилностите доколку се констатираат.

Недостигаат околу 40 инспектори

Ваквите контроли коишто почнаа по иницијатива на ЗЕЛС по пожарот во Кочани во кој загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени, го отвори и прашањето за недостигот на комунални инспектори кои треба да ги има секоја општина. Токму затоа и начинот на проверка се разликува од општина до општина. Некаде инспекторите излегуваат на терен за да ја утврдат фактичката состојба, а во оние општини кои немаат доволни капацитети, тоа се прави преку куќните совети и управителите кои до општината треба да достават информација дали во нивната зграда постои и каква е исправноста на хидрантската мрежа, дали хидрантите поседуваат вентили и хидрантски црева, дали објектите поседуваат противпожарни апарати и дали се проодни противпожаните скали на станбената зграда.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во изјава за медиумите откри дека треба да се вработат уште околу 40 инспектори за да може да се постапува соодветно. Контроли, рече Ѓорѓиевски, мора да се направат секаде и сите општини ќе си помогнат меѓусебно, а во следниот период ќе се потрудат во секоја општина да биде вработен соодветен инспектор.

МИА ги контактираше поголемите скопски општини како Кисела Вода, Аеродром,… од каде доби информации дека контролите се во тек.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески вели дека Секторот за инспекциски работи ги задолжил сите станбени управители и заедници на станари да направат скенирање на состојбата со хидрантите, противпожарните апарати и влезовите и излезите за евакуација, по што им е даден рок од пет дена да достават извештај до општината.

Рокот за достава на податоците во оваа општина истече на 28 март, по што веќе од оваа недела се очекува инспекторот да излезе на терен и да утврди дали податоците соодветствуваат со фактичката состојба.

– Инспекторот за домување ги задолжи сите станбени управители и заедници на станари да направат скенирање на состојбата со хидрантите, противпожарните апарати, пристапи, односно влезови и излези за евакуација од зградите, дали се ослободени или постојат некакви препреки, со што им беше даден рок на сите станбени управители од пет дена да достават повратен извештај до Општина Аеродром. Тој рок истекува заклучно со 28 март, по што по добивање на податоците од станбените управители и заедници на станари, инспекторот ќе излезе на терен за да ги инспектира станбените податоци, вели Митески за МИА.

Од Општина Кисела Вода велат дека и на територија на оваа општина интензивно се вршат инспекциски надзори во станбените згради, кои се во согласност со Законот за домување и Правилникот за нормите и стандардите за домување во станбените згради.

а време на полицискиот час, на територија на Општина Кисела Вода, ќе работат неколку деловни субјекти кои се занимаваат со достава на храна и лекови, соопштија од Општина Кисела Вода.

– Во врска со евидентираните нерегуларности, се контактираат управителите на станбените згради, односно претседателите на заедницата на сопственици при што се бара од истите да свикаат собир на сопственици на кој ќе се запознаат сопствениците со укажаните нерегуларности и од страна на овластениот инспектор за домување им се дава рок за отстранување на неправилностите. По завршување на тој рок, станбените згради ќе подлежат на дополнителна проверка за да се утврди дали се усогласиле со законските прописи, посочуваат од Општина Кисела Вода.

Првично утврдени низа нарегуларности околу опремата во станбените згради

Од досегашните извршени инспекциски контроли во овие пет скопски општини најголем дел од нерегуларностите биле констатирани во однос на дефекти на хидрантската мрежа, немање противпожарни апарати, попречени влезови и излези за евакуација… Со подетални информации околу тоа во колку станбени објекти недостасува заштитната опрема и што друго недостасува за заштита од пожари, општините ќе излезат по извршените контроли.

– Граѓаните имаат поплаки и веќе доставуваат информации до нас како институција. Во најголем дел поплаките се однесуваат на украдени противпожарни црева, неисправност на хидрантската мрежа, односно дефекти и попречени излезени за евакуација попречени со мебел, со ствари, некаде и заградени од страна на станари. Тоа се трите најчести проблеми со кои се соочуваме односно ги добиваме како информација од сопствениците на станови, вели градоначалникот на Општина Аеродром.

Во Општина Кисела Вода најголем дел од нерегуларностите се во врска со немање противпожарни апарати и нефункционална хидрантна мрежа.

– Оваа нерегуларност најчесто се констатира кај постарите станбени згради. Ова не е случај со новите станбени згради каде скоро и да не се констатирани неправилности во врска со тоа прашање, велат од општината. (МИА)

Скопје

Подгответе се за гужви: Посебен режим на сообраќај во Скопје од среда до петок, ова се деталите

Published

on

Посебен режим на сообраќај во Скопје.

Во периодот од 09-11.04.2025 година (среда-петок) во официјална посета на Р. Северна Македонија ќе присуствува Н.Е. Уршка Клакочар Зупанчиќ, Претседател на државниот збор на Р. Словенија.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

Continue Reading

Скопје

Ганиу: Започна реконструкцијата на улицата „Неџат Аголи“ во Чаир – нова канализациска и водоводна мрежа за над 50 домаќинства

Published

on

На улицата „Неџат Аголи“ во општина Чаир започнаа градежните активности за поставување на нова водоводна мрежа, откако претходно беше завршена инсталацијата на новата фекална канализација. Во моментов се изведува стружење на постоечкиот асфалт, што претставува подготовка за следната фаза од проектот.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, денеска на терен одблиску го следеше текот на работите и истакна дека проектот има големо значење за жителите на оваа населба, бидејќи ќе обезбеди функционален канализациски систем и стабилно снабдување со вода за пиење за повеќе од 50 домаќинства.

По завршувањето на сите подземни работи, ќе следува финално асфалтирање на улицата.

Оваа инвестиција е дел од пошироката програма на Општина Чаир за модернизација на јавната инфраструктура и унапредување на животниот стандард на граѓаните. Ганиу посочи дека Чаир секојдневно се менува преку реализација на конкретни проекти и одговорна институционална работа.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Сите училишта во Кисела Вода добиваат фотоволтаици

Published

on

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави дека сите основни училишта на територијата на општината до средината на мај ќе бидат покриени со фотоволтаични системи, што претставува дел од пошироката стратегија за енергетска ефикасност и одржлив развој.

Досега, фотоволтаици се поставени во училиштата „Кирил Пејчиновиќ“, „Кузман Јосифовски-Питу“, „Партенија Зографски“ и „Круме Кепески“. Се работи за он-грид системи со капацитет до 20 киловати, кои ќе овозможат значително намалување на потрошувачката на електрична енергија и пренасочување на заштедените средства кон подобрување на наставниот процес.

„Со овој проект не само што заштедуваме енергија и ги намалуваме трошоците, туку и директно инвестираме во подобри услови за образование. Нашата визија за модерна и еколошки одговорна општина продолжува“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, Министерството за образование, Бирото за регионален развој и Скопскиот плански регион, како и до сите институции кои помогнаа за реализација на проектот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк