Connect with us

Свет

Напнато на Блискиот Исток: Иран ги подготвува ракетите по заканите од Трамп!

Published

on

Иранската војска ги подготви своите ракетни системи со долг дострел за акција, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го нападне Иран доколку официјален Техеран не се согласи на нов нуклеарен договор според неговите услови, објави денеска Техеран Тајмс, дневен весник близок до иранските власти.

Техеранскиот весник наведува дека ракетните системи способни да погодат позиции поврзани со САД се подготвени за акција и дека значителен број од овие проектили, подготвени за лансирање, се наоѓаат во подземни воени објекти низ целата земја дизајнирани да издржат воздушни напади.

Од неговата инаугурација, Трамп постојано се закануваше дека ќе го бомбардира Иран доколку земјата не ги направи отстапките што тој ги бара, вклучително и целосно укинување на иранската нуклеарна програма, делови од неговите ракетни и беспилотни програми и нејзините врски со милитантните групи.

Свет

Планот на Трамп сепак успева? Откриено што ќе се случува во следниот период

Published

on

Околу 70 земји се обратија до администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со молба за започнување трговски преговори, објави денеска гласноговорничката на Белата куќа, Каролин Левит. Според неа, историскиот „Ден на ослободувањето“ минатата недела, што го одбележа Трамп, покажал дека „ерата на американско економско предавање заврши“.

„Овие земји го почитуваат претседателот“, рече Левит, нагласувајќи дека трговските спогодби ќе се склучуваат само ако тоа е во интерес на американските работници. Таа го пофали Израел за „проактивниот пристап“, додавајќи дека тој треба да биде пример за целиот свет. „Земјите се натпреваруваат да ги реформизираат неправедните трговски практики, бидејќи имаат почит кон САД и моќта на американскиот пазар“, истакна Левит.

Таа, исто така, рече дека Трамп веќе го исполнува своето ветување за нова „златна ера за Америка“ и дека повеќе нема да дозволи американските компании да бидат оштетени од „неразумни трговски практики“. „Претседателот има ‘рбет од челик и нема да попушти под притисок, вклучително и од Кина“, додаде таа.

Во врска со заканата на Трамп да воведе дополнителни давачки од 50 проценти кон Кина, таа потврди дека тоа би довело до значителна ескалација меѓу двете суперсили. „Ова ќе стапи на сила утре“, нагласи Левит.

На прашањето дали Трамп би размислил за договор со кинескиот претседател Си Џинпинг, таа рече дека претседателот „верува дека Кина сака да склучи договор со САД“. „Кина мора да склучи договор. Беше грешка што Кина возврати. Кога Америка е удрена, таа возвраќа посилно“, истакна Левит.

Во однос на смената на политиката на Белата куќа – од одбивање преговори до повик за нови договори – Левит објасни дека и двете тврдења можат да бидат точни. САД се соочиле со „економска и безбедносна криза“ поради неправедни трговски услови.

Во врска со можниот ризик од рецесија, Левит не даде директен одговор, но повтори дека администрацијата е „економски оптимистичка“, најавувајќи најголемо даночно намалување во историјата на САД и укинување на скапата бирократија.

Continue Reading

Свет

Нетанјаху со жестока закана кон Иран: Техеран нема да има нуклеарно оружје, или договор или воена акција

Published

on

По состанокот со претседателот на САД, Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро го предупреди Иран, нагласувајќи дека „не смее да поседува нуклеарно оружје“.

Нетанјаху додаде дека тоа може да се постигне на два начина: или преку договор, или воен пат, јави Jerusalem Post.

Тој објасни дека договор би бил прифатлив само ако биде сличен на оној со Либија: „Влегуваме, дизајнираме постројки, ја демонтираме целата опрема, под американски надзор и извршување. Тоа е идеално сценарио“.

„Другата опција, која не ја сакаме, е ако тие едноставно ги одложуваат преговорите, а во тој случај воената опција станува единствениот избор“.

Continue Reading

Свет

Се огласи Зеленски откако украинците заробија кинески војници на фронтот во Украина

Published

on

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изнел нови обвинувања против Кина, тврдејќи дека голем број кинески државјани се борат на страната на Русија против Украина, и дека украинските сили успеале да заробат двајца Кинези кои се борат за Владимир Путин.

Зеленски се огласил на социјалните мрежи по објавувањето на снимка од двајца кинески државјани кои биле заробени од украинските оружени сили, пренесе Sky News.

„Нашата војска зароби двајца кинески државјани кои се бореле во руската армија. Тоа се случи на територијата на Украина, во Донбас. Поседуваме документи на овие заробеници, банкарски картички и лични податоци. Имаме информации дека голем број кинески државјани се борат во единиците на окупаторите, а не само овие двајца кои беа заробени“, напиша Зеленски на Телеграм и додаде:

„Точно ги составуваме сите факти, разузнавачките и сите релевантни служби работат заедно по ова прашање. Наредив на украинското Министерство за надворешни работи веднаш да контактира со Пекинг и ќе видиме каква ќе биде реакцијата на Кина. Русија ја вовлече Кина во овој конфликт во Европа, директно или индиректно, и тоа е јасен сигнал дека Путин ќе направи се, освен да ја заврши војната“.

Обвинувањата на Зеленски привлекле големо внимание од јавноста. Меѓу првите кои се огласиле бил воениот аналитичар Мајкл Кларк. Тој изјавил дека можни се различни негативни последици за Кина, во зависност од идентитетот на заробениците:

„Ако се работи за двајца кинески платеници кои се борат како доброволци, тоа е поразително за Кина, но не оди понатаму“, рекол Кларк и додал:

„Но, ако станува збор за тоа дека тие се дел од неформални единици на кинеските безбедносни сили или специјалци, тоа ќе биде сериозна ситуација. Кина од почетокот тврди дека не помага на Русија во оваа војна. Ако се работи за кинески војници од официјалните вооружени сили, тоа ќе покрене низа правни прашања“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк