За некои жени, самотијата е идеално сценарио. Но, ако оваа слика ви предизвикува непријатност, можеби е време да размислите за своето однесување, бидејќи одредени навики, според психолозите, можат да ве доведат токму до тоа.
Се разбира, животот со мачка не мора да биде лошо искуство. Но, ако чувствувате дека вашите односи со луѓето не одат како што сакате, еве неколку однесувања кои може да бидат причина за тоа и совети како да ги промените:
Бесчувствителност
Ако луѓето околу вас ви кажуваат дека не сте особено љубезни или дека ги третирате лошо, можеби треба да слушате што всушност сакаат да ви кажат. Бидејќи, студеното, грубо или непристојно однесување не помага во градењето односи, напротив, води во изолација.
Сѐ ви здосадува брзо
Ако постојано влегувате во нови врски затоа што ви станува досадно, можно е дека всушност бегате од блискоста. Потребата за постојани возбудувања и промени често ги крие несигурноста и стравот од поврзување. Ако често “не сте на располагање” во врските без објаснување (познато како “ghosting”), можеби е време да се запрашате: зошто бегам?
Избирате партнери само по изглед
Ако повеќе ве интересира како некој изгледа отколку кој е навистина како личност, лесно може да се најдете во круг на лоши врски, кои со текот на времето ќе ги толерира единствено вашата мачка.
Мислите на мажите како на банкомат
Ако парите се вашиот главен критериум при изборот на партнер, особено ако ви е важно туѓото богатство, можете да се најдете на патот кон осаменоста. Луѓето не се финансиски институции. Врска во која парите се поважни од љубовта и почитта тешко ќе опстои долго.
Играње игри и исчезнување без објаснување
Ако често ја прекинувате комуникацијата без објаснување и очекувате дека другата личност ќе ви се јави, веројатно ќе бидете разочарани. Таквото однесување обично произлегува од несигурност, а додека мачката може да го игнорира вашето отсуство, луѓето не го прават тоа.
Не барате вистинска љубов
Ако воопшто не влегувате во врски со цел да најдете љубов, или не знаете како искрено да ја покажете, големи се шансите дека со текот на времето ќе станувате сè повеќе затворени. Некои луѓе во врските се зависни, а други се плашат од блискоста. Ако чувствувате дека ова се однесува на вас, разговорот со терапевт може да помогне.
Често изневерувате
Изневерувањето не мора секогаш да биде резултат на лоша личност, но често е знак на несигурност, тага и страв. Ако сте незадоволни во врската, најчесно е да разговарате и искрено да кажете дека е готово. Тајноста и лажењето можеби ќе донесат краткорочно возбудување, но на долг рок ќе доведат до осаменост.
Опсесивни сте со изгледот (вашиот или туѓиот)
Ако ви е поважно како партнерот изгледа отколку кој е всушност како личност, можно е да ви треба емоционално преиспитување. Сите сакаме физичка привлечност, но долгорочна врска се гради на карактер, вредности и меѓусебна почит.