Connect with us

Свет

Германија со шокантен пресврт – се подготвува за војна?

Published

on

Соочени со заканата од Русија и свесни дека Американците повеќе нема да бидат тука да ги бранат, Германците полека ја напуштаат пацифистичката матрица во која беа воспитувани. Тоа само по себе нема да ги пополни празните касарни. Највисокиот генерал Карстен Брејер повикува да се побрза со регрутирање, зашто војната и мирот не зависат од Берлин, туку од Москва.

Руската инвазија на Украина длабоко го промени размислувањето во Германија. Под притисок од улогата на Германија како агресор во Втората светска војна, повоените генерации беа воспитувани да  отфрлаат сè што е милитантно.

Почнавме две светски војни. И покрај тоа што поминаа 80 години од Втората светска војна, идејата дека Германците треба да останат надвор од конфликтот сè уште е вткаена во гените на многу луѓе, објаснува Маркус Цинер од германскиот Маршалов фонд во Берлин.

Германија имаше специфичен пристап за Русија. Додека Полска и балтичките земји внимаваа да не се приближат премногу до Москва – и ги зголемија сопствените трошоци за одбраната – Берлин во времето на поранешната канцеларка Ангела Меркел веруваше во водењето бизнис.

Берлин замислуваше дека испорачува демократизација. Но, Русија ги собра парите и сепак ја нападна Украина.

Во февруари 2022 година, вџашениот канцелар Олаф Шолц прогласи пресврт во приоритетите и издвои 100 милијарди евра за да ја зајакне војската. Генералот Карстен Брејер вели дека тоа не било доволно. Тој укажува на опасната мешавина од агресивната реторика на Владимир Путин, големите руски вложувања во оружје, опрема и залихи и во хибридната војна на Москва: од кибернетски напади до саботажи, и неидентификувани дронови над германските воени локации.

За разлика од западниот свет, Русија не размислува во рамки. Не се работи за мирно време и војна, тоа е континуитет: да почнеме со хибридна војна, да ескалираме, па назад. Германија мора да дејствува брзо. Бундесверот има премалку од сè, вели генералот.

Комесарката за оружените сили Ева Хегл во извештај до парламентот потврди огромен недостиг од муниција и војници. Таа ги процени на 67 милијарди евра само трошоците за реновирање на касарните.

Фридрих Мерц, наследникот на канцеларот Шолц, направи историски потег кога пред распуштањето на парламентот ги укина границите за задолжување. Тоа ѝ дозволува на војската преку заеми (теоретски, без ограничување) да добие стабилен извор на финансии за да почне да ги решава проблемите.

Пресвртот веќе се гледа и во изчезнување на пацифичката претпазливост на Германците.

Навистина долго време мислевме дека единствениот начин да ги надоместиме злосторствата што ги направивме во Втората светска војна беше да се погрижиме тоа никогаш да не се повтори и мислевме дека треба да се демилитаризираме“. „Но, сега сме во ситуација кога треба да се бориме за нашите вредности и демократија и слобода. Треба да се прилагодиме, вели за ББЦ Шарлот Крефт од Берлин.

Се губи и довербата дека сојузниците ќе ја бранат демилитаризираната Германија. Неодамнешна анкета на YouGov покажа дека 79% од Германците сè уште го гледаат Владимир Путин како „многу“ или „прилично“ опасен за европскиот мир и безбедност, а 74% тоа го мислат и за американскиот претседател Доналд Трамп.

Тоа само по себе нема да ги пополни празните касарни. Германија не ја исполни целта да ги засили воените редови со уште 20.000 регрути на вкупно 203.000 војници. Просечната возраст на војниците е 34 години.

Генералот Брејер вели дека и тоа е премалку. На Германија ѝ требаат дополнителни 100.000 војници за да се одбрани себе си и источното крило на НАТО – вкупно 460.000, вклучувајќи ги и резервите.

Свет

Трамп со нова изјава: „Милиони луѓе страдаат поради три личности“

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го нападна украинскиот претседател Володимир Зеленски, обвинувајќи го дека дозволил избувнување на војната во Украина. Во објава на неговата платформа Truth Social, Трамп напиша дека „Зеленски и Бајден направија апсолутно ужасна работа дозволувајќи оваа пародија да започне“.

Тој истакна дека, доколку останел во Белата куќа по првиот мандат, конфликтот никогаш немало да започне. „Ако претседателските избори во 2020 не беа НАМЕСТЕНИ – а беа, на многу начини – оваа ужасна војна немаше ни да се случи“, напиша Трамп, ден по балистичкиот напад на руската армија врз украинскиот град Суми.

Ова не е првпат Трамп да го напаѓа Зеленски – во минатото го нарече и „диктатор“, иако подоцна го повлече тој коментар. Во текот на својата претходна кампања, Трамп повеќепати повторуваше дека војната немаше да се случи доколку тој бил на власт.

Во разговор со новинари, Трамп го оцени Зеленски како некомпетентен, заедно со поранешниот американски претседател Џо Бајден. „Ако Бајден беше компетентен, и ако Зеленски беше компетентен – што не сум сигурен дека е – оваа катастрофа ќе можеше да се спречи“, рече Трамп, додавајќи: „Не започнуваш војна со некој кој е 20 пати поголем од тебе, а потоа се надеваш дека ќе добиеш проектили од други“.

На крајот, Трамп заврши со остра констатација: „Милиони луѓе страдаат поради три личности“.

Continue Reading

Свет

Поранешен аналитичар на ЦИА: “Зеленски се обидува да го измами Трамп”, откриени детали од планот

Published

on

Поранешен аналитичар на ЦИА: Зеленски се обидува да го измами Трамп користејќи го нападот во Суми

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обидува да го искористи неодамнешниот напад во Суми за да добие дополнителна американска поддршка, предупредува поранешниот аналитичар на ЦИА, Лари Џонсон, во интервју за „Спутник“.

– Западот е исцрпен, и речиси финансиски банкротиран. Украина се обидува преку нападот врз нејзините трупи во Суми, очајнички да изнуди поголема помош – вели Џонсон, оценувајќи дека ситуацијата се користи како дел од поширока стратегија за манипулација пред американската јавност и претседателот Доналд Трамп.

Според него, Русија покажува неверојатно трпение последниве три години, и додава:

– Да беше обратно, и Русија да ги снабдуваше непријателските сили на САД со оружје и разузнавачки информации, Вашингтон тоа ќе го прогласеше за акт на војна.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека со ракетен систем „Искандер“ бил погоден објект во Суми каде што се одржувал состанок на украинскиот команден штаб. Според нивните податоци, при нападот загинале повеќе од 60 украински војници, а рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров тврдеше дека имало и офицери од земји-членки на НАТО.

Џонсон се повикува и на напис од „Њујорк тајмс“, каде новинарот Адам Ентос наведува дека американскиот генерал Каволи директно учествувал во планирањето на цели во Русија, користејќи американско оружје.

– Тоа не се поединечни акции. Станува збор за систематски операции со јасна поддршка и координација – истакнува Џонсон.

Тој смета дека Москва треба појасно да стави до знаење дека ќе се брани сè додека Западот не престане со воената и разузнавачка поддршка за Киев. Притоа, напомена дека Трамп сè уште нема дадено официјален коментар за нападот во Суми, алудирајќи на неговата позната непредвидливост.

Во заклучок, Џонсон потсетува на настанот во Буча од 2022 година, за кој вели дека бил искористен од западните сили за да се саботираат мировните преговори.

– Тогаш Украина имаше силна армија, полни складишта и широка поддршка. Денес, Западот е уморен, ослабен и не може да продолжи да го води овој конфликт со истиот интензитет – заклучува Џонсон, предупредувајќи дека Зеленски се обидува повторно да ја „игра истата карта“, но дека шансите за успех се сè помали.

Continue Reading

Свет

ПОРАДИ СТРАВ ОД ШПИОНАЖА – Претставниците на ЕУ во САД ќе одат со уреди за еднократна употреба

Published

on

Европската комисија одлучи на претставниците на мисијата во САД да им подели мобилни телефони и лаптопи за еднократна употреба за да се избегне ризикот од шпионажа, пишува „Фајненшл тајмс“ (ФТ), повикувајќи се на извори.

Комесарите и официјалните лица кои ќе присуствуваат на состаноците на ММФ и Светска банка следната недела во Вашингтон добија нови упатства слични на оние за мисиите на ЕУ во Украина и Кина, каде што не е дозволено користење на обични уреди за да се намали ризикот од руски и кинески надзор.

Овој потег на ЕК се случи по влошувањето на односите меѓу Европската Унија и САД, вклучително и воведувањето на американски тарифи, инсистирањето на американскиот претседател Доналд Трамп Европа да ги зголеми трошоците за одбрана и неговите несогласувања со Украина, како и разговорите меѓу Вашингтон и Москва.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк