Connect with us

Магазин

Месечината влегува во Бик овој месец: Три хороскопски знаци ги очекуваат среќни вести и позитивна промена

Published

on

Месечината во Бик носи стабилност, сигурност и потреба за уживање во едноставните животни радости. Позицијата на Месечината во Бик најмногу ќе им одговара на Биковите, Девиците и Јарците.

Оваа позиција на Месечината ја нагласува емоционалната постојаност, но и потребата за материјална сигурност. Лицата со Месечина во Бик често се трпеливи, лојални и поврзани со семејните вредности. Нивните емоции се длабоки и постојани, но не сакаат нагли промени или непредвидливи ситуации.

Месечината во Бик подразбира стабилност

Чувството на комфор им е многу важно, па ќе тежнеат кон создавање пријатно и сигурно опкружување. Љубовта кон храната, природата и уметноста често е изразена, а во меѓучовечките односи претпочитаат стабилност и доследност.

Влијанието на Месечината во овој знак носи способност за долготрајно приврзување за луѓето и работите што им се значајни, но и наклонетост кон тврдоглавост кога станува збор за промени. Иако се топли и нежни, можат да бидат бавни во прилагодувањето на новите околности.

Спокојството и упорноста ги прават личности на кои може да се потпреме, а нивниот инстинкт за зачувување на хармонијата придонесува за пријатна атмосфера во нивното опкружување.

Магазин

“Имам 62 години и совршени заби, никогаш не сум посетил стоматолог, но оваа секојдневна навика никогаш не ја прескокнувам”

Published

on

Пензионер на 62 години за првпат на преглед – со совршени заби

Пензиониран болнички работник од Нотингем, Англија, ги изненади стоматолозите со неверојатно здрави заби – и тоа при својата прва посета на стоматолог на 62 години.

Најџел Волш, дедо на две внучиња, вели дека никогаш не сакал благо и дека секогаш водел исклучителна хигиена – забите ги миел дури пет пати на ден. Првиот пат на стоматолог дошол откако почувствувал силна болка во еден катник, што го принудило да побара итна помош.

„Кога бев дете, не сакав благо, а и не можевме да си дозволиме многу. Затоа и не сум развил навика да јадам слатки,“ раскажува Најџел. „По секој оброк, ги мијам забите – не можам да го поднесам вкусот на храна во уста.“

И покрај тоа што како осумгодишно дете претрпел тешка сообраќајна несреќа и поминал години во физикална терапија, неговите заби останале недопрени.

Посетата на стоматологот – прва во неговиот живот – предизвикала неверување. „Не можеа да поверуваат дека никогаш досега не сум бил на преглед,“ вели тој.

Иако цел живот ги водел своите деца редовно на стоматолог, тој самиот немал потреба – сѐ до неодамна.

Сега, кога конечно направил својот прв стоматолошки преглед, низ насмевка додава: „Ќе одам на преглед, но не очекувајте дека ќе морам пак наскоро.“

Continue Reading

Магазин

Денес е ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: Првото вапцано јајце има волшебна моќ – еве што треба да направите со него

Published

on

Велики четврток: Денот кога се вапцуваат велигденските јајца и се чуваат вековни обичаи

Денеска е Велики четврток – денот кога традиционално се вапцуваат велигденските јајца. Се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, која според христијанското верување е исполнета со настани од клучно значење за спасението на човештвото.

Главниот обичај поврзан со денешниот ден е токму вапцувањето на јајцата. Според традицијата, прво се бојат три јајца: едното за Господ – познато како „Господово јајце“, второто за домаќинот, а третото за здравје на стоката и бериќет. Особено место има првото јајце – „јајцето првак“, за кое се верува дека има посебна магиска сила. Се чува пред иконата, се користи за лекување, за заштита од несреќи и природни непогоди, и често останува свежо и по неколку години.

Според обичајот, јајцата ги бојадисува домаќинката уште пред изгрејсонце. Се верувало дека ако се вапсаат подоцна, ќе се расипат. Пред да започне, таа мора да вкуси барем залак леб – вапсувањето на гладно срце се сметало за лош знак, дури и опасен.

Во многу краеви низ Македонија, првото јајце се става во сито и се закачува на дирек од куќата, спроти изгрејсонцето. Во ситото понекогаш се додаваат и жито, срп или други симболи за плодност и благосостојба. Се покрива со црвен појас или ткаенина – бојата на животот и заштитата.

По ритуалот, домаќинката го зема јајцето првак и пред изгрејсонце, уште додека децата се во постела, им го минува по лицето трипати, изговарајќи: „Црвено, бело, дебело“ или „Црвено, бело, здраво и живо“ – за да бидат здрави, со румени образи и среќен живот.

Continue Reading

Магазин

Пет хороскопски знаци ги очекува огромно богатство после 50-тата година: Најдоброто допрва доаѓа за овие знаци

Published

on

Најдоброто допрва доаѓа: Овие хороскопски знаци блескаат по 50-тата година

Иако некои очекуваат среќата да ги следи цел живот, реалноста е дека најубавите години понекогаш доаѓаат подоцна – особено по петтата деценија. Според астролозите, токму тогаш започнува вистинскиот подем за пет хороскопски знаци: Бик, Рак, Шкорпија, Јарец и Риби.

Бик – Остварување на сите животни цели

По 50-тата година, Биковите конечно ќе ги видат резултатите од својата истрајност и труд. Ќе доминираат на професионален план, а оние кои се слободни ќе имаат можност да ја доживеат вистинската љубовна романса.

Рак – Емоции и просперитет рака под рака

Раковите ќе станат уште поискрени и попосветени кон своите блиски. Љубовта ќе ја споделуваат безусловно, а на деловен план ги очекува стабилен раст на приходите и можност за проширување на имотот.

Шкорпија – Финансиска сигурност преку наследство

Во втората половина од животот, Шкорпиите ќе ги дочекаат најголемите животни победи. Наследство или неочекуван финансиски прилив ќе ги ослободи од економски грижи, овозможувајќи им да помагаат и на другите.

Јарец – Награда за истрајноста

Јарците ќе го почувствуваат вистинскиот вкус на успехот по 50-тата година. Сите вложувања, труд и трпение конечно ќе се исплатат, носејќи финансиска стабилност и чувство на исполнетост.

Риби – Хармонија и задоволство во секојдневието

За Рибите, ова е период на внатрешна рамнотежа. Ќе уживаат во секојдневието, ќе имаат задоволство од работата и ќе се фокусираат на патувања и моменти со семејството и пријателите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк