Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ЕУ длабоко загрижена поради ситуацијата во Турција

by
2025/04/02 08:31:21
in Uncategorized

Еврокомесарката за проширување Марта Кос синоќа изрази „длабока загриженост“ на Европската Унија поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, и соопшти дека ги откажува планираните посети на Турција поради случувањата таму.

– Апсењето на избран функционер и водечки претставник на опозицијата веднаш откако ја објави својата кандидатура за претседател на државата отвора фундаментални прашања. Очекуваме во Турција да бидат почитувани демократските принципи и вредности, изјави Кос на вчерашната дебата во Европскиот парламент во Стразбур, посветена на ситуацијата во Турција по апсењето на Имамоглу, што предизвика масовни протести во земјата.

Имамоглу беше уапсен на 19 март, а на 23 март судот одреди притвор по обвиненија за корупција во Големата општина Истанбул. Ова доведе до негово привремено отстранување од функцијата. Истовремено, на 23 март, на внатрепартиски избори, Републиканската народна партија го номинираше Имамоглу за свој кандидат за претседател на следните избори, предвидени за 2028 година. Апсењето предизвикаа масовни протести низ големите градови во Турција, кои во некои случаи завршија со судири со полицијата и стотици приведени.

– Поради случувањата во Турција, го откажав учеството на форум во Анталија и нема да отпатувам во Анкара за средба со турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави Кос.

Дипломатскиот форум во Анталија е закажан за периодот од 11 до 13 април.

Еврокомесарката за проширување нагласи дека од Турција, како земја-кандидат за членство во ЕУ и членка на Советот на Европа, се очекува да ги применува највисоките демократски стандарди, вклучително слободата на собирање, слободата на медиумите и фер изборни процеси.

Европратеникот Манолис Кефалојанис од Европската народна партија оцени дека Турција „тргнала по опасен пат кон авторитаризам“ и дека апсењето на Имамоглу е уште еден чекор во таа насока. – ЕУ не може да молчи и мора да испрати јасна порака до Анкара, додаде тој. Кефалојанис, како претседател на делегацијата во Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ-Турција, објави дека едногласно е одлучено да се замрзнат заедничките средби.

Известувачот на Европскиот парламент за Турција, Начо Санчес Амор од Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите, истакна дека Турција, како земја-кандидат, мора да се „усогласи со европските вредности“.

Сузана Чекарди од „Патриоти за Европа“ посочи дека додека во Европскиот парламент со право се осудува апсењето на Имамоглу, во Франција, лидерката на крајната десница Марин Ле Пен е спречена да учествува на избори во следните пет години.

Европратеничката Асита Канко од Европските конзервативци и реформисти нагласи дека големиот број демонстранти во Турција е показател за важноста на ова прашање и дека ЕУ треба да ги поддржи. Таа додаде дека економските односи меѓу Унијата и Анкара треба да се засноваат врз европските стандарди и вредности.

– Сите луѓе заслужуваат фер избори и владеење на правото, а политичарите треба да им служат, а не да ги потиснуваат, истакна Канко.

Европратеникот Малик Азмани од „Обнови Европа“ оцени дека апсењето на градоначалникот на Истанбул е „политички мотивиран обид за замолчување на опозицијата“. Тој повика на замрзнување на дијалогот со Турција сè додека Имамоглу не биде ослободен.

Владимир Пребилич од „Зелените“ нагласи дека ЕУ треба да му испрати јасна порака на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ваквите постапки се неприфатливи. Тој повика на ослободување на Имамоглу и на сите приведени за време на протестите.

Јоргос Георгиу од „Левицата“ ја критикуваше претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и високата претставничка за надворешна политика и безбедност Кaja Калас, тврдејќи дека тие сè уште се подготвени да разговараат со Ердоган и покрај настаните во Турција. Тој повика ЕУ да застане во одбрана на владеењето на правото и човековите права.

Турција доби статус на земја-кандидат за членство во ЕУ во 1999 година, а пристапните преговори започнаа во октомври 2005 година. Меѓутоа, поради назадувањето во областа на демократијата, владеењето на правото и основните права, преговорите се во застој од јуни 2018 година.

Next Post

ВИКЕНДОВ „СИБИР“ ДОАЃА КАЈ НАС: Се очекува и снежна прекривка!?

Почина еден од најпопуларните холивудски актери: Ова е последната емотивна фотографија која ја објави

Препорачани Вести

ТРАГЕДИЈА ВО КОЛУМБИЈА: најмалку 16 жртви откако автобус со матуранти падна во бездна

2 weeks ago
Луксуз на два ката: Продаден пентхаусот на крипто-милијардерот – цената изненадува

Луксуз на два ката: Продаден пентхаусот на крипто-милијардерот – цената изненадува

7 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.