Connect with us

Македонија

Временска прогноза: Еве какво време не очекува во наредните денови

Published

on

До сабота (5 април) во Македонија ќе се задржи релативно топло и без некои поголеми температури разлики во однос на овие кои ги имаме сега. Времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.

Во попладневните часови ќе има локален развој на грмотевични облаци од кои се очекува појава на пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилен ветер, и тоа во зоната на нестабилност. Не се исклучува можноста процесите да бидат и во форма на краткотрајно невреме со појава на град.

И во Скопскиот регион до сабота (5 април) ќе се задржи релативно топло и променливо облачно време. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Метео прогноза на Славчо Попоски

Македонија

НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ОДЗЕМА АКРЕДИТАЦИЈА ПО КОНСТАТИРАНИ ЗЛОУПОТРЕБИ

Published

on

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја информира јавноста дека, поради непостапување во досегашниот период, Европската Комисија известува дека е можна суспензија на активностите во рамки на програмите финансирани од Европската Унија.

Во насока на итно санирање на состојбата и заштита на македонскиот интерес, македонските студенти, ученици и научници, НАЕОПМ веќе реализираше конкретни мерки, меѓу кои:
· Одземена е акредитацијата на организацијата ЗОР „СФЕРА Интернешнал“ – Битола, долгогодишен корисник на ЕУ фондови со значителна финансиска поддршка во изминатиот период од 132.052,00 евра.
· Започната е постапка кон Европската служба за борба против измами (OLAF) и Основното јавно обвинителство (ОЈО), со цел целосно расветлување на сомнежите за сторени злоупотреби на европски средства од истата организација.

Во моментов се постапува преку институционална координација со надлежните органи на национално и европско ниво. Агенцијата останува цврсто посветена на транспарентност, отчетност и доследно спроведување на европските програми согласно највисоките стандарди.

Ги уверуваме сите заинтересирани страни дека ќе бидат навремено информирани за понатамошниот развој на постапките.

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Директор,
д-р Петар Богојески

Continue Reading

Македонија

Приведен кавадарчанец, возел со 2,16 промили алкохол

Published

on

Приведен кавадарчанец, возел со 2,16 промили алкохол.

На 14.04.2025 во 00.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.С.(38) од Кавадарци. На улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, тој со патничко возило „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки не застанал на знак за запирање, но по преземени мерки, бил запрен од страна на полициските службеници, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,16 промили алкохол во крвта. Д.С. бил задржан во полициска станица, а возилото било привремено одземено. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.

Continue Reading

Македонија

Лишени од слобода пет лица на територија на СВР Куманово, четворица возеле пребрзо во населено место, еден под дејство на алкохол

Published

on

На 13.04.2025 полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово лишиле од слобода пет лица по член 297А од Кривичниот законик.

М.П.(52) од Куманово бил лишен од слобода затоа што при контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со брзина од 94 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. Кај Ј.Н. (50) од Крива Паланка било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген тигуан“ со брзина од 99 километри на час во населено место, каде што дозволената брзина е 40 километри на час. С.С.(18) од Куманово управувал патничко моторно возило „фиат“ со брзина од 91 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

Додека, А.А.(40) од Куманово управувал патничко моторно возило „порше“ со брзина од 102 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. С.В.(38) од Скопје бил лишен од слобода затоа што управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.17 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 297А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк