Connect with us

Скопје

Герасимовски: Град Скопје не реагираше, општината сама ги исчисти контејнерите во Дебар Маало

Published

on

Град Скопје и ЈП Комунална хигиена повторно потфрлија со одржувањето на хигиената на територија на Центар. Утрово, дебармаалци се соочија со идентична глетка како од пред два месеци – преполни контејнери со смет и лоша миризба кои не само што се закана по здравјето на центарци, туку, исто така и го нагрдува изгледот на централното градско подрачје кадешто циркулираат голем број на граѓани.

„И ова утро, нашите општински служби го подигнаа сметот од подземните контејнери во Дебар маало кадешто надлежност имаат Комунална хигиена и Град Скопје. Одржувањето на хигиената во Центар мора да биде приоритет, затоа што секојдневно се движат голем број граѓани. Како локална самоуправа, веќе неколку пати имаме испратено допис до надлежните институции со барање за поажурно и поефикасно извршување на нивните обврски. Граѓаните заслужуваат чиста и уредна средина, а ние ќе продолжиме да инсистираме на решавање на овој проблем”, изјави Герасимовски.

Општина Центар ги повикува граѓаните да пријават проблеми со јавната чистота на територија на општината со цел брза интервенција на службите. Граѓаните можат да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.

Скопје

Ќе добие ли главниот град нов „Скопски саем“?

Published

on

По долги години без вистински саемски простор, Владата на Република Македонија ја разгледува можноста за изградба на нов, модерен саемски комплекс во главниот град.

На вчерашната средба меѓу директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, и претставници на компанијата „Скопски саем“, се дискутирале можни локации, инфраструктурни решенија и идните чекори кон реализација на овој значаен проект.

„Враќањето на ‘Скопски саем’ во сопствен објект не само што ќе ја оживее економската активност, туку и ќе го зајакне регионалниот и меѓународниот профил на Македонија како важен трговски и деловен центар“, изјави Томовски по средбата.

Од страна на „Скопски саем“ беше изразена подготвеност за соработка со државните институции во процесот на подготовка и реализација на проектот.

„Саемите се многу повеќе од обични изложби. Тие се двигатели на економијата, алатки за промоција на домашните производи, но и средби каде се отвораат нови бизнис можности и соработки. Недостигот од соодветен простор последниве години е сериозен хендикеп за нашата земја“, нагласи директорката на „Скопски саем“, Даниела Глигоровска.

Таа додаде дека со изградбата на модерен саемски објект, Македонија ќе може повторно да се позиционира како важен играч на балканската саемска мапа.

Жителите на Скопје се израдуваа на најавата од Владата.

Жителите сметаат дека ова ќе биде добра инвестиција.

„Конечно! Главен град без саем, единствен во регионот. Само ние трампавме саем за застарен концепт на мол-лименка и станбени згради! – гласи еден од коментарите на темава.

Некои сметаат дека овој комплекс треба да биде надвор од Скопје.

Continue Reading

Скопје

Скопјани фрлиле 30 проценти од вкупното ѓубре минатата година

Published

on

И покрај зголемените напори за подигнување на еколошката свест, Северна Македонија продолжува да се справува со алармантни количини на комунален отпад. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во 2024 година секој граѓанин во просек создал 438 килограми отпад – што значи дека вкупното количество создаден комунален отпад изнесува 790.866 тони. Иако ова претставува намалување од 12,9% во однос на 2023 година, еколошката состојба останува загрижувачка.

Најмногу отпад се собрало во Скопскиот регион – 180.729 тони или речиси 30% од вкупниот отпад. Градот Скопје, како најголем урбан центар, логично доминира со најголеми количини, но и со најголеми предизвици во управувањето со отпадот.

Од вкупно собраните 637.471 тон отпад, дури 84% потекнува од домаќинствата, што го нагласува потребниот фокус на решенија на ниво на индивидуална и семејна практика. Останатите 16% се отпад од правни и физички лица, односно комерцијален отпад.

Кога станува збор за видови отпад, речиси целосно доминира мешаниот комунален отпад, кој изнесува 546.866 тони или 85,8% од вкупниот собран отпад. На спротивниот крај од спектарот се наоѓа отпадот од гума, со едвај 1.136 тони или 0,2%.

Но, можеби најзагрижувачки е фактот дека 99,8% од целиот собран отпад завршува на депонии – најголем дел од нив несанитарни и без систем за селекција или рециклирање. Ова го поставува прашањето: дали навистина еволуираме кон циркуларна економија или едноставно го одложуваме проблемот под земја?

„Трендот на мало намалување на создадениот отпад не треба да нè задоволува. Сè додека отпадот речиси целосно се складира, без да се рециклира или повторно искористи, Македонија останува далеку од современите европски практики“, велат од еколошките организации.

Време е прашањето за отпадот да стане не само тема на јавни политики туку и на колективна одговорност. Инаку, ќе продолжиме да тонеме – не само во отпад, туку и во еколошка неодржливост.

Извор: Рацин.мк

Continue Reading

Скопје

Исчезна 15-годишно девојче од скопското

Published

on

Жена од скопското село Јурумлери, во понеделникот пријавила во полиција дека е исчезната нејзината 15-годишна ќерка, информираат од МВР.

Во 8 часот во СВР Скопје, С.Б.(37) од с.Јурумлери, скопско, пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка М.Б.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од МВР.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк