Connect with us

Република

Илиевски: Спортот е клучен за развојот на младите

Published

on

Градоначалникот на општина Брвеница, Јовица Илиевски, им предаде донација од спортска опрема – топки за различни спортови – на основните училишта во општината.

Со оваа донација, учениците ќе имаат можност да се натпреваруваат и да уживаат во спортови како фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и други дисциплини, при што ќе добијат подобри услови за спортски активности.

„Нашата цел е да им овозможиме на младите да ги развиваат своите спортски вештини и да се насочат кон здрави навики, што за нас како општина е од особено значење,“ изјави Илиевски.

Оваа иницијатива е дел од заложбите на општина Брвеница за поддршка на спортот и физичката активност кај младите.

Република

Поради градежни работи за проширување на патот за село Буково, од понеделник времен режим на сообраќај

Published

on

На барање на локалните жители и населението кое го користи локалниот пат за с.Буково и нивното укажување на проблемите за безбедно одвивање на сообраќајот, поради недоволната ширана на патот од 3,5 м’, Општина Битола спроведе постапка и склучи договор за изведба и проширување на коловозот.

Вкупната вредност на договорот изнесува 19.690.365 денари, а рокот на изведба е 90 дена.

Работните активности на терен се веќе започнати, а од понеделник на овој патен правец ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

-Доградбата (проширувањето) на дел од постоечкиот коловоз е со должина од 600 м, а ширината на асфалтниот дел од коловозот ќе изнесува 5,50 м’, односно ќе се изврши симетрично проширување на постоечкиот коловоз од две страни од по 1,0 м, соопшти Општина Битола.

Од двете страни на коловозот (до асфалтниот дел) предвиденa е изработка на банкини со ширина од по 75 см. од секоја страна.

-Во банкината на пониската страна ќе се вградат префабрикувани бетонски каналети до самиот раб од доградениот асфалт со димензии 40/20/50 см, додека на останатите 35 см, од банкината ќе се изврши стабилизација со бетонирање на АБ плоча со д = 10 см. Банкината на повисоката страна ќе се стабилизира само со бетонирање на АБ плоча со ширина од 75 см. и д=10 см, потенцираа од Општина Битола.

Вака прифатената атмосферска вода преку каналетите во банкините, предвидено е да се спроведува во префабрикувани бетонски риголи со димензии 50/40 х 50 см. поставени од двете страни на патот.

Continue Reading

Република

Коњановски: Младите се клучот за напредокот на Битола

Published

on

Во рамките на одбележувањето на Денот на основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, денес се одржа Отворен ден под мотото „Корени и крилја“, со цел промоција на студиските програми пред матурантите и афирмација на меѓународната соработка преку партнерството со КОЛОРС Алијансата.

На панел-дискусијата свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој ја нагласи улогата на општината во креирањето услови за образование, развој и афирмација на младите. Тој посочи дека стекнувањето на високообразовна диплома е суштинско за личниот напредок, но и за целокупниот развој на општеството.

Коњановски ги презентираше и програмите што Општина Битола ги спроведува за поддршка на младите: активното функционирање на Младинскиот центар, финансиската поддршка за младински проекти, програмата за летна студентска пракса со паричен надоместок, како и активностите на Локалниот младински совет кој има улога во иницирање младински политики на локално ниво.

„Младите се најважната алка на едно општество. Наша обврска е да вложуваме во нивниот развој, да ги поддржуваме нивните иницијативи и да создадеме услови каде што ќе останат и напредуваат токму тука – во Битола“, истакна Коњановски.

Активностите продолжија на платото пред Офицерскиот дом, каде претставници на Младинскиот совет и Општина Битола ги претставија сите достапни програми и можности за младите.

Continue Reading

Република

Коњановски: Со песна и игра ја негуваме традицијата на Источен Петок – Балаклија

Published

on

Во дворот на ОУ Даме Груев, вчера, започна тридневниот фестивал Весел Петок, со кој во Јенимаале се одбележува празникот Источен Петок – Балаклија или познат како Градски – Селски Велигден. Првиот фестивалски ден започна со богата културно уметничка програма во организација на ОУ Даме Груев, каде настапија учениците од ова училиште, игроорците од КУД „Илинден” Битола, КУД „Илинден” Демир Хисар и Традиционалната играорна група на Општина Неаполи – Сикес, Грција.

Денес, се одржа традиционалното дефиле низ улиците во Јенимале, а учесниците на фестивалот и гостите ги поздрави градоначалникот Коњановски:

„Убаво е кога низ музика, песна и игра, продолжува да се негува традицијата. Ви се заблагодарувам за оваа прекрасна атмосфера со која, веќе традиционално ја исполнувате Битола. На сите граѓани сакам да им го честитам Источен Петок – БАЛАКЛИЈА, православниот верски празник кој се слави во четврток и петок, по ВЕЛИГДЕН. Нека е за многу години“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Завршувањето на овогодинешниот фестивал Весел Петок е утре, со Велигденски концерт во НУ Народен Театар Битола, каде што учество ќе земат играорни групи од Битола, како и гости од други градови од Македонија и странство, гости на фестивалот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк