Connect with us

Економија

После покачените пензии, уште едни одлични вести за пензионерите во Македонија

Владата соопшти дека линеарното зголемување на пензиите за 5.000 денари на повеќе од 330.000 пензионери го исполнува даденото ветување. Според соопштението, со второто линеарно покачување од 2.500 денари се заокружува циклусот на зголемување на пензиите за вкупно 5.000 денари. Како резултат, најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната пензија изнесува околу 26.258 денари.

„За таа цел како Влада во Буџетот за 2025 година се обезбедени 15 милијарди денари за зголемување на пензиите и дополнителни 1,9 милијарди денари за здравствено осигурување на пензионерите, односно вкупно 17 милијарди денари“, се наведува во соопштението.

Од Владата посочуваат дека посветено работат на создавање сигурен и достоинствен живот за сите граѓани и дека продолжуваат кон реализирање на проектите и подобрување на животниот стандард.

Advertisement

Економија

Со НЛБ Банка сега можеш сè! Сите банкарски услуги во твојот телефон

НЛБ Банка ја заокружува јубилејната година со најголемиот исчекор во дигитализацијата на своите услуги и официјално станува првата „mobile first банка на пазарот, овозможувајќи сеопфатно дигитално искуство преку мобилен телефон.

 Со пораката Што ако можеш сè?, во изминатава година, НЛБ Банка ја градеше својата позиција на поддршка на амбициите и можностите на клиентите. Денес, таа порака ја добива својата најсилна завршница. Сега можеш сè! е слоганот кој ја затвора јубилејната година за НЛБ Банка и јасно кажува дека ветувањето е целосно исполнето.

 Поставувајќи нови стандарди и редефинирајќи го банкарството на македонскиот пазар, НЛБ станува првата банка на пазарот чија дигитална платформа за физички лица овозможува банкарство од почеток до крај и во која сите банкарски услуги се достапни преку мобилниот телефон.

Сега клиентите, преку мобилниот телефон, можат да отворат и банкарска сметка. По активирање на мобилното банкарство, веднаш да ја добијат својата платежна картичка во дигитална форма, да ја додадат во дигитален паричник и да ја користат за плаќање на ПОС терминали, онлајн, како и за подигнување на готовина од банкомати.

Преку својот мобилен телефон, клиентите можат да отворат и депозит, да активираат дозволено пречекорување, да аплицираат за добивање на картичка или да зголемат лимит на истата, да аплицираат за кредит. Практично, да управуваат со сите свои финансии, со исклучителна удобност и флексибилност.

 „Со воведувањето на „mobile first”, ја заокружуваме јубилејната година и логично го надградуваме слоганот „Што ако можеш сè?” со неговата финална и најконкретна форма – „Сега можеш сè”. Ова не е само комуникациска порака, туку резултат на континуирана стратешка трансформација насочена кон дигитализација, ефикасност и подобрено корисничко искуство.”– истакнуваат од НЛБ Банка.

 Со оваа трансформација, НЛБ за своите клиенти-физички лица, веќе нуди комплетен спектар на банкарски производи и услуги 100% дигитално, елиминирајќи ја потребата од посета на експозитура.

 „Како прва банка на пазарот што овозможува целосно дигитален пристап до сите клучни банкарски производи и услуги, ја потврдуваме нашата заложба да бидеме банка- иноватор, и да им обезбедиме на клиентите сигурно, едноставно и достапно банкарство, целосно усогласено со современиот начин на живот.” – заклучуваат од Банката.

Continue Reading

Економија

Над 250 килограми риба пуштени во акумулацијата „Стрежево“ за одржување на биолошката рамнотежа

ЈП „Стрежево“ успешно го реализираше порибувањето на акумулацијата „Стрежево“ на локацијата брана Стрежево, со внесување на над 250 килограми рибен подмладок од видот крап. Активноста е спроведена во согласност со важечката Риболовна основа и договорот за користење на риби и други водни организми, склучен меѓу Владата на Република Македонија и ЈП „Стрежево“.

Рибата е еден од најдиректните индикатори за квалитетот на водата, а ваквите активности придонесуваат кон одржливо управување со рибниот фонд и зачувување на биолошката рамнотежа во акумулацијата.

ЈП „Стрежево“ останува посветено на заштита на животната средина и одговорно управување со природните ресурси, со цел обезбедување здрави и одржливи водни екосистеми.

Continue Reading

Економија

Индустријата за виски во криза

Јапонскиот гигант „Сантори Глобал Спиритс“ објави дека главната фабрика за виски бурбон „Џим Бим“ во Кентаки ќе го запре производството во текот на следната година. Компанијата соопшти дека периодот ќе го искористи за инвестирање во подобрувања на фабриката, но одлуката е делумно мотивирана и од намалената продажба во Канада и неизвесноста предизвикана од трговските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.

Останатите објекти на „Џим Бим“ низ САД, вклучувајќи ги посебната дестилерија, објектите за флаширање и складирање, ќе продолжат со работа следната година. Центарот за посетители во Кентаки исто така ќе остане отворен. Вработените во главната фабрика, каде работат околу 1.000 лица, ќе бидат на одмор додека трае прекинот во производството.

Здружението на дестилерии од Кентаки (KDA) соопшти дека количината на бурбон во магацините низ целата држава достигна рекордно ниво од повеќе од 16 милиони барели. Американските дестилерии се соочија со одмазднички увозни царини откако САД воведе такси за увозот на стоки од повеќето земји, а трговските тензии со Канада дополнително го намалија извозот на американски жестоки пијалоци.

Компанијата нагласува дека прекинот на производството е привремен и дека целта е да се прилагодат капацитетите на фабриката на тековната побарувачка и пазарните услови.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг