Connect with us

Магазин

Подгответе се добро: Овие 5 избрани хороскопски знаци ги очекува луда среќа и огромно богатство

Подгответе се добро – овие 5 избрани знаци на хороскопот ги очекува луда среќа, наскоро им стигнува вистински бран на љубов и пари!

Љубов, пари и нови возбудувања – Полната Месечина во Вага носи пресврт за 5 знаци, а еве што ги очекува и останатите во хороскопот!

Април носи силен енергетски бран – Полната Месечина на 12 април влегува во знак на Вага и носи совршен момент да пресечеме со токсични навики, да најдеме внатрешна рамнотежа и да ги продлабочиме односите. Вага, како знак на хармонија и убавина, ќе осветли сè што е нарушено во нашите врски и емоции – било да се љубовни, семејни или работни, пишува Крстарица.

Полната Месечина секогаш е сигнал за крај на нешто и почеток на нешто ново. Овој пат, во фокус се вистината, балансот и желбата за смиреност. Некои знаци ќе доживеат вистинска лавина на промени – од љубовни изненадувања до финансиски напредоци. Подгответе се за возбудувања, затоа што за некои доаѓа вистинско време за љубов, страст и нови можности.

Овен

Партерските односи доаѓаат во прв план – ќе има разговори, можеби и неочекувани пресврти. Слободните Овни можат да сретнат некоја личност која ќе ги изненади. На работа – нервозата расте, но ако најдете баланс, сè ќе дојде на своето место.

Бик

Време е за уредување на животот – било да станува збор за работа, здравје или дневни рутини. Биковите сега можат да блеснат и да привлекуваат нови деловни можности. Финансиската ситуација се подобрува, а вие конечно се чувствувате стабилно и сигурно.

Близнаци

Флерт, забава и креативен процвет – сè тоа ве очекува! Емоциите се возбудени, но пријатни. Вљубувањето е возможно, а оние кои се во врска ќе доживеат ново будење. Успех ве чека и во уметноста и креативната работа.

Рак

Семејните теми ќе бидат во фокус – можни се разговори за преселба, реновирање или важни односи во домот. Емоциите ќе бидат длабоки, а минатото може да се врати. Клучот е во искреноста и ослободувањето.

Лав

Комуникацијата станува клучна – до вас пристигнуваат важни вести кои можат да променат сè. Некои Лавови ќе тргнат на пократок пат кој носи повеќе од што очекувале – можеби и нова љубов. Во деловен контекст, време е за големи зборови и успеси.

Девица

Промени во финансискиот план се на пат – било да е тоа зголемување на платата, дополнителна работа или решавање на финансиски проблеми. Самопочитта расте, а вие јасно ќе знаете кои вредности сакате да ги следите – во љубовта и на работата.

Вага

Вашата Месечина – вашата сцена! Ова е момент кога треба да заблескате, да кажете што сакате и конечно да се ставите себеси на прво место. Љубовниот живот процветува, а вие зрачите со енергија која не може да се игнорира.

Шкорпија

Вашата подсвест се буди. Време е за интроспекција, завршување стари циклуси и ослободување од емоционалниот товар. Ве привлекуваат мистериозни личности, а можни се и скриени односи. Слободно повлечете се и слушајте го внатрешниот глас.

Стрелец

Општествениот живот експлодира – нови контакти, врски и тимската работа носат добри вести. Љубовта може да дојде преку пријатели или заеднички проекти. Отвореноста кон нови искуства ви носи среќа.

Јарец

Фокусот е на работата и репутацијата. Можни се признанија, понуди и важни кариеерни одлуки. Но, балансирајте помеѓу професионалните амбиции и приватниот живот – бидејќи емоциите не смеат да бидат занемарени во името на успехот.

Водолија

Промените доаѓаат преку нови увидувања, патувања и учење. Ова е период на проширување – и буквално и симболично. Може да се вљубите во некого од далеку или да стекнете нов поглед на животот. Ослободете се од старите граници.

Риби

Време е за длабоки емоционални процеси. Интимноста, трансформациите и заедничките финансии доаѓаат во прв план. Полната Месечина може да донесе изненадни страсти или решавање на финансиски предизвици. Вашата интуиција е најсилно оружје – верувајте ѝ.

Advertisement

Магазин

Рим воведува наплата на билети за една од своите најголеми атракции

Градските власти во Рим размислуваат за воведување наплата за посетите на една од најпознатите туристички атракции во градот – Фонтаната Треви, поради сè поголемиот број туристи и проблемите со пренатрупаност во централното градско подрачје.

Фонтаната Треви, сместена во истоимениот кварт, со децении е симбол на Рим и место каде посетителите традиционално фрлаат парички за среќа. Обичајот стана светски познат по филмот „Три парички во фонтаната“, а според проценките, од фонтаната дневно се собираат околу 2.800 евра, односно повеќе од 900.000 евра годишно. Собраните средства се донираат на католичка добротворна организација.

Во првата половина од 2025 година, повеќе од 5,3 милиони туристи ја посетиле Фонтаната Треви, што предизвика бројни поплаки за преголеми гужви, долги редици и појава на џепчии. Како одговор на состојбата, од јануари се планира воведување два одделни влеза – еден за жителите на Рим и еден за туристите.

Италијанските медиуми објавија дека се разгледува можност од 7 јануари туристите да плаќаат билет од две евра за посета на фонтаната, што, според неофицијални проценки, би можело да донесе значителни приходи во градскиот буџет. Сепак, Градскиот совет на Рим соопшти дека засега нема конечна одлука и дека станува збор само за опција која е предмет на анализа.

Фонтаната Треви е доцнобарокно архитектонско дело, изградена во 18 век, со ширина од 20 и висина од 26 метри, и претставува најголемата фонтана во градот. Таа неодамна беше прогласена за една од најдобрите туристички атракции според изборот на патниците за 2025 година.

Поради пренатрупаноста, од минатата година бројот на посетители е ограничен на максимум 400 лица во исто време, а воведен е и систем за организирано чекање во ред. И покрај тоа, гужвите остануваат сериозен проблем, а не е јасно дали евентуалната наплата на билети ќе придонесе за негово решавање, со оглед на континуираниот раст на туризмот во Рим.

Continue Reading

Магазин

САД се закани со жестоки мерки поради острата казна на ЕУ за X на Маск

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп упати предупредување за можни протумерки кон европските компании поради „дискриминаторни“ мерки против американските услуги.

Во објава на платформата X, Уредот за трговски претставници на САД (USTR) го обвини Европскиот сојуз и некои членки за „дискриминаторни и проблематични тужби, даноци, казни и директиви против американските услуги“. Во исто време, USTR посочи дека европските компании како Accenture, DHL, Siemens и Spotify „слободно работат“ во САД.

„Ако ЕУ и земјите членки инсистираат на продолжување со ограничувањата и дискриминирачките мерки, САД нема да имаат друг избор освен да користат сите расположливи алатки за да се спротивстават на овие неправедни мерки“, се наведува во соопштението.

Ова следува по казната од 120 милиони евра што Европската комисија ја изрече на платформата X на Елон Маск за кршење на правилата за транспарентност според Актот за дигитални услуги. По казната, X го укина акаунтот за реклами на Европската комисија, а Маск спореди ја Унијата со нацистичка Германија.

ЕУ нагласи дека казната е изречена поради обесхрабрување на корисниците, оневозможување на истражувачите да дојдат до податоци и недостаток на транспарентност во документацијата за реклами. Трамп претходно ја критикуваше казната, велејќи дека „Европа се движи во погрешен правец“.

Continue Reading

Магазин

Влад Илиќ од Куманово: Најдобар стенд ап комичар во Велика Британија за 2025

Во „бастионот“ на светската комедија, култниот Comedy Store во Лондон, македонското знаме симболично се развеа на највисокото скалило. Во конкуренција на дури 700 комичари од целото Обединето Кралство, на 3 декември 2025 година, Македонецот Влад Илиќ ја понесе престижната титула „Најдобар стенд-ап комичар во Велика Британија за 2025“.

По првиот голем блесок на ББС пред три години, овој успех е круна на една десетгодишна фасцинантна транзиција. Патот на Илиќ започна како актер во Кумановскиот театар, каде што под влијание на домашните мајстори како Сашко Коцев и Тони Михајловски, почна да го бруси својот талент за подоцна да се лансира меѓу светските ѕвезди.

„Среќен сум што годините поминати на сцена се крунисани со ова признание. Тоа е потврда за сиот влог, но најмногу за хуморот кој е специфичен и веќе препознаен. Она што ме издвојува е нашиот менталитет – тој уникатен македонски ген кој ни овозможува на животот да гледаме малку понесериозно и пообјективно. Можеби во фудбал секогаш ќе губиме од Англичаните, ама во хуморот не ни можат ништо!“, вели расположениот Илиќ веднаш по триумфот.

Зад блескавиот пехар стојат илјадници непроспиени ноќи, аматерски настапи во зачадени клубови и неуморно пишување материјали. Влад денес е вистински полиглот на сцената, изведувајќи ги своите шоуа на четири јазици: македонски, англиски, српски и италијански.

„Ништо не е случајно во ваков натпревар,“ објаснува тој. „Ме грее љубовта кон професијата, поддршката од семејството и гордоста што ја претставувам мојата татковина. Тој пламен е посилен од студот на овој дождлив остров.“

Покрај статуетката, Илиќ доби и парична награда од 10.000 фунти. На прашањето каде ќе завршат средствата, тој во свој препознатлив стил одговори: „Ќе ги дадам во хуманитарни цели – на братучедите.“

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг