Connect with us

Инфо +

Приведено 24-годишно момче кое со „бе-ем-ве“ помина низ плоштадот во Радовиш

Во врска со случајот пренесен преку видео снимка објавена на социјалната мрежа „Тик-Ток”, во која едно лице влегува на плоштадот со своето патничко возило „БМВ“, полициски службеници од ОВР Радовиш денеска (03.01.2021) во 15.00 часот во полициска станица Радовиш го приведоа Т.К.(24) од Радовиш, кој бил идентификуван како возач на патничкото возило од снимката.



Тој, на 30.12.2020 околу 22.00 часот на ул.„22 Октомври“, пред угостителски објект, со своето возило преминал преку површина наменета за пешаци (шеталиште) и постапил спротивно на поставен сообраќаен знак за ограничување на движење на возило. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 124, став 3, како и член 187, став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Advertisement

Балкан

Пари и нафталин: Пожар зафати банка во Бугарија

Се случи несекојдневен инцидент во центарот на Горна Орјаховица, Бугарија, кога маж предизвика пожар во локална банкарска филијала со својата лична заштеда од 4.000 лева натопени со нафталин.

Според првичните информации на дописникот на bTV, инцидентот се случил вчера околу 16 часот, кога мажот решил да ги депонира парите за автоматска конверзија во евра по Нова година. Парите, најверојатно чувани во гардеробер заедно со облека посипана со нафталин, предизвикале непредвидена катастрофа.

Кристалите од нафталин, токсична и високо запалива супстанца, се распрскале во воздухот откако банкнотите биле ставени во машината за броење. Прашината навлегла во системот за климатизација, а потоа искра кај касата го запалила тлеењето, кое се претворило во вистински оган кога касата била отворена.

И покрај се, нема повредени, а пожарот брзо бил ставен под контрола од противпожарната бригада. Средствата биле осигурани, а сумата од 4.000 лева успешно префрлена на сметката на мажот.

Инцидентот, кој можеше да заврши многу полошо, ја потсетува јавноста на опасностите од чување пари во комбинација со лесно запаливи материјали.

Continue Reading

Свет

Израел ја засилува армијата: 110 милијарди долари за оружје до 2035 година

izrael

Израел отвора нова стратешка страница во својата одбранбена политика: во следните десет години ќе инвестира околу 350 милијарди шекели, односно приближно 110 милијарди долари, за да ја зацврсти домашната воена индустрија и да ја намали зависноста од странски партнери.

Планот го објави премиерот Бенјамин Нетанјаху на церемонија за промоција на нова генерација пилоти во израелските воздухопловни сили. Тој порача дека целта е јасна – Израел да може самостојно да ги произведува клучните одбранбени системи, без да се потпира дури ни на „пријателски држави“.

Во таа насока, Нетанјаху ја спомена и Германија, посочувајќи дека Берлин, како и други земји, покажува растечки интерес за израелска воена технологија. Истовремено, потсети дека германската влада привремено го суспендираше извозот на оружје кон Израел поради војната во Газа и високите цивилни жртви – потег што внесе напнатост во билатералните односи.

Слични рестрикции, според него, вовеле и други европски држави, па дури и Соединетите Американски Држави, најблискиот сојузник на Израел – нешто што Нетанјаху јавно го критикуваше како сигнал дека државата мора да се потпре на сопствени капацитети.

И покрај политичките тензии, воената соработка меѓу Израел и Германија продолжува да се продлабочува. Само минатата недела двете земји го финализираа договорот за проширување на напредниот ракетен одбранбен систем „Ароу 3“, наменет за пресретнување балистички ракети и заштита од потенцијални закани, вклучително и од Русија.

Според израелските власти, вкупната вредност на договорот – заедно со основното вооружување – изнесува околу 5,7 милијарди евра, што го прави најголемиот извозен договор за оружје во историјата на Израел.

Continue Reading

Балкан

Разорна експлозија пред банка во Солун: Сериозни штети на автомобили и околни објекти

solun

Ноќта во Солун беше прекината од експлозија што ја потресе Евосмос и го вознемири целиот кварт. Звукот се слушнал на повеќе од километар, предизвикувајќи страв и вознемиреност кај жителите, кои излегле на улиците за да видат што се случува.

На среќа никој не е повреден, но последиците врз материјалните добра се сериозни. Најмалку седум автомобили биле уништени, а соседните објекти се оштетени од силата на ударот. Засега, нема информации дека пред експлозијата било упатено предупредување до полицијата или до граѓаните.

На терен веднаш пристигнаа полицајци и експерти за деактивација на експлозиви. Тие работат на утврдување на причината и можните осомничени, додека форензичките анализи се во тек.

Градските власти најавија дека наскоро ќе се објават дополнителни детали, но за сега Солунци остануваат во неизвесност, следејќи го развојот на истрагата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг