Connect with us

Црна Хроника

Тетово: Малолетник нападнат од соученици за време на голем одмор

На 11.04.2025 година во 21.30 часот во СВР Тетово, Ќ.С.(47) од село Теново, тетовско, заедно со нејзиниот малолетен син, пријавила дека во основното училиште во селото, за време на големиот одмор нејзиниот син бил физички нападнат од четири други малолетници, ученици во истото училиште, информира МВР.

За време на пријавување на настанот присутни биле преставници од Центарот за социјални работи Тетово и адвокат по службена должност.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Advertisement

Црна Хроника

Меѓу загинатите во масакрот на плажа во Сиднеј е и член на македонскиот клуб Рокдејл Илинден

Австралија е завиена во црно по ужасниот терористички напад кој вчера се случи на популарната плажа Бонди во Сиднеј, одземајќи ги животите на 16 невини луѓе. Меѓу жртвите е и Ден Елкајам, 27-годишен француски фудбалер и член на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ од Австралија.

Масакрот, кој властите го квалификуваат како терористички чин, ја шокираше јавноста. Австралиските служби потврдија дека нападот го извршиле татко и син. Додека еден од напаѓачите е убиен, другиот е приведен. Покрај 16-те загинати, уште 42 лица се хоспитализирани со повреди. Настанот се случил додека на плажата се одржувал еврејски фестивал.

Трагичната вест за смртта на Елкајам ја потврди и Лу Тасевски, потпретседателот на „Рокдејл Илинден“, изразувајќи длабока тага.

„Јас сум скршен од болка. Мојот син игра во Рокдејл Илинден и двајцата беа одлични пријатели. Ова е трагична загуба и ние сè уште се обидуваме да се справиме со неа“, изјави Тасевски за локалните медиуми, нагласувајќи ја длабочината на загубата.

Елкајам, француски државјанин, играше за клубот изминатите 12 месеци и беше исклучително ценет од соиграчите, тренерите и целата управа. Покрај фудбалот, кој му беше голема страст, младиот Французин живеел во Австралија неколку години и работел како ИТ-аналитичар во NBC Universal. Беше познат по својата љубов кон плажите во Сиднеј и истражувањето на австралискиот континент, а неговата прерана смрт остави празнина во животите на сите кои го познаваа.

From Rockdale Ilinden FC Juniors It is… – Rockdale Ilinden FC | Facebook

Continue Reading

Црна Хроника

Ноќ на апсења низ Македонија: 11 возачи фатени пијани зад воланот

На 14.12.2025 во 01:05 часот на регионален пат Тетово-с.Јажинце, во с.Лешок, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Д.Б.(35) од с.Слатино, тетовско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,77 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 14.12.2025 во 02:50 часот на ул.„Евлија Челебија“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишија од слобода К.Ѓ.(35) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел мерива“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувала, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,41 промили алкохол во крвта, по што веднаш била исклучена од сообраќај и задржана во полициска станица.

На 14.12.2025 во 00:20 часот на ул.„Индустриска“ во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(40) од Виница. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,09 промили алкохол во крвта, по што веднаш исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 14.12.2025 во 02:15 часот, на регионален пат Неготино-Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Д.(26) од село Тремник, неготинско. При контрола на патниот сообраќај сопрено е патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,68 промили алкохол во крвта.

На 14.12.2025 во 00:05 часот на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.Т.(36) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај сопрено е патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта.

На 14.12.2025 во 03:07 часот на улица „Цано Поп Ристов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.С.(45) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, сопрено е патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта.
На 14.12.2025 во 01:32 часот на регионалниот пат Ресен-Стење, кај крстосницата за с.Горно Дупени, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Г.М.(31) од Ресен. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,62 промили алкохол во крвта.

На 14.12.2025 во 01:00 часот на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода М.К.(45) од Прилеп. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта.
На 14.12.2025 во 00:46 часот на магистралниот пат Струга – Ќафасан, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Н.П.(39) од с.Радожда, струшко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,74 промили алкохол во крвта.

На 14.12.2025 во 01:24 часот на магистралниот пат Струга – Ќафасан, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода В.В.(44) од Струга. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,87 промили алкохол во крвта.

На 14.12.2025 во 02:25 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Н.М.(37) од с.Драслајца, струшко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”

Continue Reading

Црна Хроника

Полицијата одзеде стотици брендирани производи и алати, двајца во притвор

Припадниците на Мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ во две одвоени и брзи интервенции вчера, на автопатот Табановце-Куманово пресекоа канали на недозволена трговија и лишија од слобода две лица.

Најпрво, полициските службеници сопреа патничко возило “Голф” со кумановски регистарски таблички, управувано од 38-годишниот Б.И. од Куманово. Следуваше детален преглед во кој беа пронајдени неверојатни 272 парчиња разновидна, високо-вредна брендирана стока.

Стоката беше без никаква пропратна документација, што веднаш укажува на сомнеж за нелегален увоз или фалсификат. Стоката е веднаш одземена, а Б.И. експресно е приведен.

Само неколку часа подоцна, на истата делница, во мрежата на полицијата падна и 41-годишниот Б.С. од Скопје, кој управувал патничко возило “Мерцедес” со скопски таблички.

Полициските службеници повторно демонстрираа професионалност, откривајќи уште една нелегална пратка: пронајдени се дури 174 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат! Како и во првиот случај, и оваа пратка беше без никаква документација.

Во вториот случај, освен алатот, одземено е и возилото, а Б.С. е лишен од слобода.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг