Connect with us

Свет

Голема промена на фронтот во Украина: Русија целосно ја промени тактиката, итно се огласи украинската војска

Русија воведе нова тактика на фронтот во Украина, која вклучува поголеми напади со стотици војници, што претставува значителна промена во стратегијата што ја користела повеќе од две години. Оваа промена сигнализира можен прекин на претходната тактика, која се состоеше од мали пешадиски групи што бавно продираа низ украинските линии.​

Според објавата на јужната команда на украинската војска, прикажан е видео-снимка од руски напад во кој учествувале 320 лица и 40 оклопни возила во близина на неколку села на јужната линија на фронтот во регионот Запорожје. Нападот се случил во средата навечер и траел околу два и пол часа, пред да биде одбиен, при што Русите претрпеле големи загуби. Ројтерс не можел да ги потврди овие тврдења од бојното поле.​

Рускиот начин на напад со мали, лесно вооружени пешадиски единици претставува еволуција во однос на начинот на кој Москва водеше војна на почетокот на конфликтот, кога нејзините огромни оклопни колони претрпеа големи загуби од маневрирачките украински единици. Масовната употреба на дронови во војувањето, кои можат многу по-прецизно да погодуваат цели отколку минофрлачи или артилерија, исто така ја направи ситуацијата многу потешка за оклопните возила.​

“Приближно пет до седум луѓе би се подготвиле за овие напади, создавајќи таканаречен коридор со опрема за електронско војување (анти-дронови) и обидувајќи се да напредуваат со пешадиските групи”, изјави Владислав Волошин, портпарол на украинската војска, за тактиката на Русија во последните месеци.

Според него, во текот на типичен ден се изведувале околу 10 вакви мали напади на дел од линијата на фронтот во Запорожје. Тој додаде дека Руската Федерација, покрај масовниот напад во средата, извршила сличен голем напад и во неделата.​

“Целиот напад беше изведен од целосни јуришни водови, кои потоа се обидоа да се распаднат во јуришни групи. Секоја јуришна група ја изврши својата задача, обидувајќи се да заземе една од нашите позиции”, рече тој.​

Командантот на Националната гарда на Украина, Олександар Пивненко, изјави дека една од неговите бригади одбила голем напад во кој учествувале оклопни возила и стотици пешадијци, на друг дел од линијата на фронтот во близина на градот Покровск во источниот дел на земјата.​

Оваа нова тактика на Русија претставува значителна промена во стратегијата на фронтот и има големо влијание врз текот на конфликтот.

Advertisement

Свет

Јужноафриканци принудно на фронтот во Донбас: „Не разбравме што потпишуваме“

Јужноафрикански мажи, меѓу кои и постариот брат на Бонгани од покраината Квазулу-Натал, завршиле на фронтот во Донбас, тврди семејството, откако биле регрутирани под лажни ветувања за обука како телохранители.

„Тие немаат воена обука и никогаш не виделе војна. Беше им кажано дека ќе добијат работа за да ги прехранат семејствата, но се најдоа на бојното поле“, изјави Бонгани, чие име е променето за безбедност.

Според сведоштвата, јужноафриканските мажи отпатувале во Русија преку Дубаи, потпишале договори на руски јазик без можност за превод и веднаш биле испратени во Украина. „Проблемите започнаа кога ги префрлија од Русија во Украина и рекоа дека тоа е обука, а потоа ни рекоа дека сме под команда на руската армија“, раскажува Бонгани.

„Скај њуз“ добил пристап до видео пораки од мажи кои тврдат дека биле принудени на борба, а една од нивните контакти била Дудузиле Зума-Самбудла, ќерката на поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума, која ги убедила да потпишат.

Во Јоханесбург, пет лица биле уапсени по пријава дека патувале во Русија преку ОАЕ, меѓу нив и 21-годишник и 39-годишна Патриша Мантуала, обвинета за регрутирање. Судот им одобри кауција, а полицијата не ја исклучува можноста за повеќе апсења.

Семејствата на заробените мажи се обидуваат да ги вратат дома, и покрај опасностите и неизвесноста што ја носи конфликтот. „Никој не е безбеден и никогаш не знаеме што може да ни се случи следно“, вели Бонгани.

Continue Reading

Свет

Полскиот претседател: Зеленски недоволно ја цени помошта на Полска за Украина

Полскиот претседател Карол Навроцки денеска во Варшава изнесе критики кон украинскиот лидер Володимир Зеленски, тврдејќи дека Украина не ја цени доволно поддршката што Полска ѝ ја дава во конфликтот со Русија.

Навроцки истакна дека Полска од почетокот на руската инвазија во 2022 година прифатила повеќе од еден милион украински бегалци и е еден од главните добавувачи на оружје и хуманитарна помош за Украина. „Полјаците сметаат дека нашите напори и помошта за Украина не се доволно ценети или разбрани“, рече тој, додавајќи дека ова му го пренел на Зеленски во „решителен и искрен, но и срдечен разговор“.

Зеленски од своја страна нагласи дека Украина отсекогаш била благодарна за полската помош и ќе продолжи да ја цени, посочувајќи дека Украина ја брани Европа од руската агресија по висока човечка цена.

Continue Reading

Свет

Американски разузнавачи: Путин сака целосна контрола над Украина и пошироки територии во Европа

Американските разузнавачки служби предупредија дека рускиот претседател Владимир Путин има намера да ја окупира целата Украина и да ја прошири контролата над делови од Европа што некогаш припаѓале на Советскиот Сојуз, и покрај тековните мировни преговори.

Украинската разузнавачка служба, предводена од генерал-потполковникот Кирило Буданов, исто така оцени дека Русија продолжува да има амбиции за проширување на територијата.

Според шест извори запознаени со податоците на американската разузнавачка служба, воените цели на Путин остануваат непроменети, што е спротивно на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите преговарачи дека Путин бара крај на конфликтот. Европските лидери, како и американските експерти, веруваат дека Путин има намера да контролира целата Украина и територии од поранешниот Советски Сојуз, вклучително и некои членки на НАТО.

„Разузнавањето отсекогаш велеше дека Путин сака повеќе“, изјави Мајк Кугли, демократски член на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом. „Европјаните се убедени во тоа. Полјаците се апсолутно убедени, а балтичките земји мислат дека се првите кои го знаеле тоа.“

Во моментов, Русија контролира околу 20% од украинската територија, вклучувајќи ги анектираните покраини Луганск, Донецк, Запорожје, Херсон и Крим. Трамп, како дел од предложениот мировен договор, врши притисок врз Киев да повлече дел од своите сили од мал дел од Донецк, што Зеленски и мнозинството Украинци категорично го отфрлаат.

Иако Белата куќа најавува „огромен напредок“ во мировните преговори, Путин на својата годишна прес-конференција не понуди компромиси и нагласи дека неговите услови мора да бидат исполнети. Според официјални податоци, руските сили напредувале за околу 6.000 квадратни километри оваа година.

Американски официјални лица, меѓу кои и државниот секретар Марко Рубио, признаваат дека е неизвесно дали Путин навистина сака мировен договор или неговата цел е целосна контрола над Украина.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг