Connect with us

Инфо +

Голема акција вечерва во Визбегово: Се апсат дилери на кокаин

Published

on

Вeчерва во тек е голема полициска акција во Визбегово, дознава 24 Инфо.

Неофицијално, се апсат членови на банда шверцери на кокаин.

Според извори на 24 Инфо на терен, ангажирани и припадници на единицата за специјални намени “Тигар”.

Балкан

По пет дена потрага уапсен мажот, осомничен за убиството на својата сопруга и дете во Босна и Херцеговина

Published

on

38-годишниот Емир Селимовиќ, осомничен за убиство на сопругата и синот во Калесија, уапсен е во близина на Тузла во Босна и Херцеговина, по петдневна потрага.

Припадниците на МВР на Република Српска го пронашле во селото Горња Мравица кај Прњавор, каде во четвртокот било откриено и неговото возило. Според неофицијални информации, Селимовиќ бил забележан од мештаните и веднаш ја известил полицијата, по што набрзо бил уапсен.

Телата на неговата сопруга Инела Селимовиќ (37) и нивниот тринаесетгодишен син беа пронајдени на 12 февруари во нивниот заеднички стан во Калесија. Се верува дека Емир Селимовиќ ги задавил.

По убиството, Селимовиќ побегнал со автомобил „шкода фабија“. Автомобилот подоцна бил пронајден во селото Горња Мравица кај Прњавор, но осомничениот се уште бил во бегство. Според извештаите, Селимовиќ бил виден на камерите во Челинац кај Бања Лука за време на неговото бегство.

По опсежна потрага бил лоциран и уапсен во село Горња Мравица.

Continue Reading

Балкан

МАЕИ и „Патриотското друштво“ од Скопје поделија подароци и книги на македонски јазик за децата од неколку села во Долна Горица

Published

on

Советникот во Советот на Општина Пустец од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Јордан Јанкула, денеска им распредели подароци и книги на македонски јазик на децата од градинките и учениците од Деветолетката „Отпорот на Горичените“ во село Долна Горица, која ги опфаќа четирите села: Горна Горица, Долна Горица, Глобочани и Туминец.

Според Јанкула „даровите за најмалите и поддршката за македонскиот јазик во Општина Пустец“ обезбедени се во рамки на успешната соработка на МАЕИ и „Патриотското друштво“ од Скопје.

Децата се израдуваа на подароците и на книгите на македонски јазик. За нив ова не е само обичен подарок, туку поттик да го негуваат својот мајчин јазик, да читаат, учат и да се гордеат со својата македонска култура и традиција, додава тој.

Јанкула посоува дека Македонци во Албанија, нивна должност е да ја зачуваат својата писменост, а со вакви акции покажуваат дека македонскиот јазик има своја иднина и меѓу младите генерации во Мала Преспа и пошироко.

Продолжуваме со вакви иницијативи, затоа што секоја книга, секој збор на македонски значи многу за нашиот идентитет, вели Јордан Јанкула.

Continue Reading

Балкан

Кирјаков: Кога ќе си ја вратиме автономијата во Пиринска Македонија, знаме ќе ни биде Сонцето од Кутлеш, а грб црвен лав на златна основа

Published

on

Атанас Кирјаков-Војводата, претседател на Градскиот комитет на Обединетата македонска организација „Илинден“ од Благоевград, индиректно се надоврза на дебатата во Македонија за промена на државниот грб.

„Кога ќе дојде тој ден да си ја вратиме културната автономија во Пиринска Македонија насилно одземена од Владата на Тодор Живков, за наши симболи на автономијата ќе си ставиме – за наше знаме 16-кракото жолтозлатно македонско сонце на црвена основа и за наш грб црвениот македонски лав на жолтозлатна основа аплициран на олтарот од црквата во Рилскиот манастир“, порача на Фејсбук еден од основачите на ОМО „Илинден“ во 1990 година, која бугарската држава одбива да ја регистрира и покрај пресудите од Судот за човекови права во Стразбур.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк