Connect with us

Свет

Мерц со остра критика до американската администрација и еден од најблиските луѓе на Трамп

Новиот канцелар на Германија, Фридрих Мерц, ја критикуваше американската администрација поради мешањето во внатрешните работи на Германија, но истовремено најави телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ќе се одржи во четврток.

„Јас не се мешав во предизборната кампања пред изборите во САД, ниту повикував граѓани да гласаат за оваа или онаа партија, и го очекувам истото од американските политичари“, изјави Мерц (Христијанско-демократска унија – ЦДУ) во интервју за германскиот јавен сервис ZDF.

Мерц ја критикуваше неодамнешната критика од американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и министерот за надворешни работи Марк Рубио, кои ја осудиле партијата „Алтернатива за Германија“ (AfD) како екстремно десничарска организација. Рубио го нарече германскиот политички систем „тиранија“.

„Тоа е потполно апсурдно разбирање на Германија“, нагласи Мерц.

Советникот на американскиот претседател, Илон Маск, пред февруарските избори во Германија, неколку пати ја поддржа AfD.

Мерц исто така најави дека ќе има средба со претседателот Трамп што побрзо, при што телефонски разговор ќе се одржи во четврток.

„Ние лично не се познаваме, но ќе разговараме искрено“, изјави новиот канцелар на Германија.

Тој додаде дека ќе се сретне со Трамп најдоцна на самитот на НАТО во крајот на јуни во Хаг, „а можеби и порано“.

Новата коалициска влада на Фридрих Мерц, според коалициониот договор, како еден од главните надворешнополитички цели ја поставила поголемата автономија на Европската унија во однос на САД.

Advertisement

Свет

Нови барања од Москва за постигнување на мировниот договор

Русија ќе инсистира на клучни измени во најновиот мировен план на САД за завршување на војната во Украина, вклучително и дополнителни ограничувања за украинските вооружени сили, пренесува Блумберг, повикувајќи се на извор близок до Кремљ.

Според истиот извор, документот од 20 точки подготвен од Украина и САД Москва го гледа како почетна основа за разговори, но оценува дека не ги содржи суштинските барања на Русија и остава отворени повеќе клучни прашања. Меѓу нив се гаранции против идно проширување на НАТО кон исток и статус на воена неутралност за Украина, дури и во случај на нејзино членство во Европската Унија.

Русија, исто така, бара ограничувања за повоените украински вооружени сили и типови оружје, јасни гаранции за статусот на рускиот јазик во Украина, како и појаснување околу укинувањето на санкциите и судбината на замрзнатите руски државни средства на Запад.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека и натаму постојат разлики меѓу Киев и Вашингтон, особено околу територијалните прашања и управувањето со нуклеарната централа Запорожје, но додаде дека разговорите значително напреднале и се ближат кон финализирање на документите.

Continue Reading

Свет

Лондон предупредува: Европа не е подготвена!

Група одбранбени експерти кои минатиот месец се собраа во Вајтхол предупредија дека Обединетото Кралство и неговите сојузници не се подготвени за потенцијален конфликт во Европа, кој според нивните проценки би можел да избие во следните неколку години.

Експертите, меѓу кои сегашни и поранешни припадници на вооружените сили, владини и НАТО функционери, како и специјалисти од одбранбената индустрија, оценуваат дека Русија се подготвува за можен директен судир со Европа. Тие истакнуваат дека покрај зголемување на финансирањето на одбраната, потребна е и промена на начинот на размислување на европските влади и граѓани, кои мора да бидат подготвени да ја разберат сериозноста на заканата.

Според експертите, Русија веќе води хибридна војна против Западот, користејќи саботажи, дезинформации и нарушување на критичната инфраструктура. Ваквите активности веќе предизвикале страв меѓу граѓаните, особено на Балтикот, каде дронови и нарушувања на воздушниот простор се сè почести.

Анализите на НАТО и националните разузнавачки служби покажуваат дека Русија би можела да се обиде на воена акција против Европа во следните три до пет години, а одбранбените планови на хартија сè уште не се целосно применети. Експертите од Обединетото Кралство предупредуваат дека со сегашното темпо, земјата би била подготвена за војна за околу 10 години, додека реалната закана може да се појави многу порано.

Првите чекори кон подобра подготвеност веќе се забележуваат во некои европски земји – Шведска, Финска, Литванија и Латвија ја зајакнаа граѓанската и воената одбрана, додека Германија и Полска воведоа програми за доброволна воена обука. Сепак, експертите предупредуваат дека успешноста на овие мерки зависи од довербата на граѓаните во институциите и нивната подготвеност да се вклучат во заштита на општото добро.

Continue Reading

Свет

Аларм во Полска – Подигнати борбени авиони

Полските борбени авиони утринава пресретнаа руски извидувачки авион над меѓународните води на Балтичкото Море, соопшти полската армија. Авионот бил визуелно идентификуван и испратен надвор од зоната на одговорност на полската воздушна одбрана.

Овој инцидент доаѓа во контекст на засилени тензии на источното крило на НАТО, каде од септември земјите се во висока готовност поради повеќе прекршувања на воздушниот простор, вклучително влегувања на руски беспилотни летала во полскиот и нарушувања на естонскиот воздушен простор.

Покрај активностите на море, ноќта донела и инцидент на копнената граница. Армијата соопшти дека биле забележани објекти кои влегле во полскиот воздушен простор од правец на Белорусија. По анализа, се утврдило дека најверојатно станува збор за шверцерски балони, кои се движеле според насоката и брзината на ветерот.

Заради безбедноста, дел од воздушниот простор над североисточниот регион Подлаские, кој граничи со Белорусија, е привремено затворен за цивилен сообраќај.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг