Connect with us

Спорт

Мукаетов останува претседател на РФМ уште четири години

Published

on

„Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои ми дадоа поддршка мене и на мојот тим. Кога пред четири години застанав на оваа говорница ветив дека ќе се обидам македонскиот ракомет да функционира на поинаков начин од претходно. Во текот на овие 48 месеци вложивме многу напори и ресурси за работа со младите категории, кои треба да бидат база за работа за идните репрезентации. Ова раководство во изминатиот период се соочи со бројни предизвици, заеднички се радувавме на успесите, воедно и се јадосувавме при поразите. Убеден сум дека за пет до десет години до сега резултатите ќе бидат нешто на што сите ние ќе бидеме горди“, изјави Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Живко Мукаетов останува Претседател на Ракометната Федерација на Македонија откако на синоќешното Изборно Собрание, акламативно ја доби поддршката од членовите на Собранието. Од можни 40 делегати, вкупно 37 беа присутни на Собранието, при што едногласно му доделија нов четиригодишен мандат на Мукаетов.

Презентирајќи ги главните точки кои ги одбележаа активностите и работата на Федерацијата во минатите четири години, Мукаетов најави продолжување на растечкиот тренд и во наредниот период, заблагодарувајќи се на сите соработници и пријатели кои и досега го помагаа развојот на македонскиот ракомет.

„Сакам да се заблагодарам на генерациите кои помагале за развојот на македонскиот спорт, сите ракометари, претседатели, генерални секретари и сите оние кои овозможија ракометот да се развива во ова темпо“, рече тој.

Спорт

Барса со најтежок распоред од сите полуфиналисти:Каталонците ги чека пекол!

Published

on

Оваа година полуфиналисти на Лигата на шампиони се – Арсенал и Пари Сен Жермен, односно Барселона и Интер. 

Полуфиналните натпревари се играат на 29 и 30 април, односно 6 и 7 мај, што значи дека сите учесници ги очекува интензивен распоред во претстојниот период. Сепак, Барселона има убедливо најтежок распоред, бидејќи за само 15 дена ќе игра двојно натпреварување со Реал Мадрид и двојно натпреварување со Интер! 

Барса прво ќе се соочи со Реал во финалето на Кралскиот куп на 26 април, а само четири дена подоцна го дочекува Интер во првиот натпревар. Потоа следи единствениот полесен натпревар, гостување кај Ваљадолид, а потоа нови два натпревари – реванш со Интер и ново, лигашко „Ел класико“ на 11 мај на „Монжуик“. 

Кога ги гледаме останатите учесници во полуфиналето, на Пари Сен Жермен и Арсенал им е најлесно, бидејќи можат само да се фокусираат на Лигата на шампионите. ПСЖ веќе ја освои Лига 1, Арсенал не може да ја освои Премиер лигата, а е исфрлен и од ФА купот и целата концентрација е на полуфиналето на ЛШ.

Интер е најблизок до Барселона поради тоа што сè уште се бори за Скудето, но и за финале на Купот на Италија. 

Интер игра реванш полуфинале на Купот на Италија со Милан на 23 април, потоа го дочекува Рома во Серија А, а меѓу двојниот натпревар со Барса го дочекува Верона и по дуелите со Каталонците гостува на Торино. 

Интер по бројот на натпревари се споредува со Барселона, но јасно е дека на хартија сепак е полесно да се игра со Рома и Верона дома, отколку двојниот натпревар со Реал Мадрид во тој густ распоред.

Термините за полуфиналето на Лигата на шампиони се:

29 април: Арсенал – ПСЖ
30 април: Барселона – Интер

6 мај: Интер – Барселона
7 мај: ПСЖ – Арсенал

Continue Reading

Спорт

Црвена звезда победи против Вардар во хуманитарен натпревар за жртвите од трагедијата во Кочани

Published

on

На емотивен и солидарен фудбалски спектакл во Скопје, Црвена звезда го совлада Вардар со 3:1 во хуманитарен натпревар, чиј целосен приход ќе биде дониран на семејствата на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката во Кочани, во кој загинаа 61 лице, а беа повредени речиси 200, главно млади луѓе.

Натпреварот се одигра пред полни трибини и во силно емотивна атмосфера, бидејќи ова беше првото гостување на белградскиот клуб во Скопје по цели три децении.

Вардар прв дојде до водство со голот на Маневски во 27. минута, кој по прекрасна соло акција реагираше емотивно – го соблече дресот и покажа маица со името на Андреј Лазаров, млад фудбалер на Шкупи кој трагично го загуби животот во пожарот.

Црвена звезда, сепак, ја оправда улогата на фаворит. Со два брзи гола пред полувремето, преку Илиќ во 41. и капитенот Ктаи во 44. минута, направи пресврт. Конечните 3:1 ги постави Урош Сремчевиќ во 87. минута по прецизен удар од работ на шеснаесетникот.

Натпреварот беше повеќе од игра – беше симбол на солидарност, поддршка и човечка поврзаност во моменти на голема тага.

Continue Reading

Спорт

Ново синтетичко игралиште за Престон Лајонс – инвестиција од 1,5 милиони долари

Published

on

Официјално е!

Со голема гордост објавуваме дека почесната пратеничка за Cooper, Гед Керни (Ged Kearney MP), вети инвестиција од 1,5 милиони австралиски долари за изградба на ново синтетичко фудбалско игралиште на теренот 4 во B.T. Connor Reserve, како дел од нејзиното изборно ветување.

Претседателот на клубот, Давид Цветковски, изјави:

„Во последните пет години работевме неуморно како тим за да ја подготвиме студијата за изводливост. Ова е огромен чекор напред за нашиот клуб и за пошироката заедница – изградба на висококвалитетен терен, достапен во сите временски услови, кој ќе им служи на играчи од сите возрасти во нашата развојна програма, како и на пошироката заедница во Даребин. Целта е да се создаде простор кој поттикнува учество, инклузија и иднина за аматерскиот фудбал во северниот дел од Мелбурн.“

Изразуваме голема благодарност до почесната пратеничка Гед Керни, пратеникот Нејтан Ламберт (Nathan Lambert MP), како и до Градот Даребин, градоначалничката Кристин Оларис и сите советници кои постојано го поддржуваат развојот на спортот во заедницата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк