Connect with us

Економија

Мицкоски: Инвестициски бум од околу 2 милијарди евра

Дел од средствата за планираната модернизација и реконструција на железницата на Коридорот 10 ќе се обебзедат од Планот за раст, а дел од средствата со најавениот меѓувладин договор со европска земја за инвестиција во инфраструктурата и здравството, кој, како што најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, ќе се потпише многу скоро, односно во прашање се денови.

– Дел од Планот за раст, но и дел од најавената инвестиција за којашто ќе потпишеме договор на основа на влада со влада. Многу скоро, веќе не се недели, денови се во прашање, македонската јавност точно ќе знае за што станува збор, рече Мицкоски на новинарско прашање. 

Како што истакна, следува инфраструктурен бум во модернизација и реконструира на железницата на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија, со инвестиции во здравството, а продлжува и барањето партнери за изградба на стратешки проекти, како Чебрен и Галиште.

Мицкоски уверува дека со реконструкцијата на Коридорот 10 граѓаните ќе можат да го користат железничкиот транспорт со брзина од 160 километри на час, а карго возовите  најмалку четирипати побргу од сегашниот просек. Ќе можат да да возат 110 километри на час, наместо, како што рече, сегашните од 10 до 15 километри на час, во одредени делници.

– Со тоа очекуваме не само зголемена брзина на карго превозот која ќе транзитира низ нашата држава, туку и зголемен интерес за повеќе композиции по бројност кој секако поради побрзиот транзит ќе биде зголелемен. Очекувам  да се зголеми најмалку 10 пати, двапати по основ на интерес и четири до пет пати по основ на брзина, така што во нето износ тоа да биде најмалку десет пати повеќе од ова што е денеска. И крајната цел е годишниот приход на Македонски железници од основната дејност да достигне помеѓу 100 и 120 милиони евра, рече Мицкоски.

Покрај во железничкиот превоз, дополни, се инвестира и во здравството, а продолжуваме да бараме партнер за изградба на стратешки проекти.

-Продолжуваме со изградба на Клиничката болница во Штип, зграда за Медицинскиот факултет, студентски дом, болницата во Кичево, реконструкција на Клиничката болница во Тетово, инвестиции околу 190 и 200 милиони евра или во тотал заедно со реконструкцијата на Коридорот ќе натфрли бројка од две милијарди евра. Во енергетиката главен фокус ни е проектот „Чебрене-Галиште“. Пред состанокот на Извршниот комитет вчера имав состанок со министерката разговаравме околу стратегијата, пристапот и околу начинот на којшто тој проект понатаму ќе го водиме. Анализираме и убеден сум дека овој пат државата ќе има можности да направи поинаков договор од тоа што беше во минатото случај, изјави Мицкоски. 

Премиерот Мицкоски на 14 март годинава објави дека Владата работи на инвестиција во инфраструктурата и здравството од неколку милијарди евра. Не откри детали за инвестицијата, но посочи дека се работи за меѓувладин договор со моќна европска земја, како и дека договорот „ќе значи повеќе од 10 проценти од БДП“. 

Очекувам добри вести за македонските граѓани во април и мај на еден меѓувладин договор којшто би го потпишале со многу моќна европска земја кој што ќе се мери во милијарди, не во милиони за проекти во инфраструктурата и во здравството, сега засега. Тоа портфолио може да биде зголемено. Очекувам ваков меѓувладин договор кој што ќе значи повеќе од 10 проценти од БДП, рече Мицкоски. 

На 24 март годинава државава  ги доби првите средства од претфинасирањето во рамки на Инструментот за реформи и раст од ЕУ, во износ од 52,4 милиони евра, од кои 24,4 за буџетска поддршка. Тоа се седум проценти од вкупната вредност на финансиската поддршка која за нашата земја изнесува 750 милиони евра. 

Advertisement

Економија

СЕ ЗНАЕ КОЛКАВ ЌЕ БИДЕ ДАНОКОТ ЗА ПРВ СТАН. Што ги очекува граѓаните и градежниците?

Сите кои се заинтересирани за купување станови, но и градежниците може да здивнат. Повластената стапка од само пет проценти за првиот промет на згради или станови останува во примена до крајот на 2028 година. Поради ова, данокот нема да биде причина за дополнително поскапување на и онака скапите недвижности.

Согласно најавите на министерката за финансии, во Собранието веќе е доставен предлог закон за измени, со што се пролонгира рокот за повластената стапка за уште три години, односно од 1 јануари 2026 година до 31 декември 2028 година.

Се прават измени на Законот за данокот на додадена вредност со кој се уредени предметот на оданочување, даночната основа, даночните ослободувања, даночните стапки, времето на настанување на даночниот долг, даночниот должник, одбивката на претходниот данок, регистрацијата за целите на данокот на додадена вредност, административните обврски, плаќањето на данокот, како и казнените одредби.

–  Предложените измени се со цел да се изврши допрецизирање во делот на одредбите кои се однесуваат на место на промет на услуги и допрецизирање во делот на одредбите кои се однесуваат на тур-оператори. 

Исто така се пролонгира рокот на примена на повластената стапка од 5 отсто на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата.

На тој начин се врши пролонгирање на рокот на примена на повластената стапка за уште три години – се посочува во законското решени доставено во Собранието.

Предлагачи се група пратеници, меѓу кои Антонијо Милошоски, Бојан Стојаноски, Бране Петрушевски, Дафина Стојаноска и Драгана Бојковскакои бараат измените да се донесат по скратена постапка и додаваат дека ова не предизвикуваат негативни фискални импликации врз Буџетот.

Со истиот закон се предлагаат и измени во делот на туроператорите.

–  Туристичките услуги дадени од страна на тур-операторот се сметаат за една единствена услуга. За место на промет на оваа услуга се смета местото каде што вршителот на промет на услугата има вистинско седиште. 

Доколку прометот на услугата се врши од подружницата на вршителот на прометот на услугата, што се наоѓа надвор од неговото вистинско седиште, тогаш седиштето на подружницата се смета за место на прометот на услугата – се прецизира во законот.

Continue Reading

Економија

НЕВОБИЧАЕН ФЕНОМЕН ВО ЈАДРАНОТ: Масовна појава на виолетови морски ежови кај Трст ги изненади научниците

Истражувачите во Јадранското Море регистрираа необична појава што досега не била забележана во овој обем. Во близина на Трст е откриена голема концентрација на виолетови морски ежови, и тоа на подрачје кое не се смета за нивно типично живеалиште.

Според научниците, ваквата слика е изненадувачка бидејќи на карпестото морско дно вообичаено доминира друг вид морски еж, додека виолетовите единки таму речиси и не се среќаваат. Овојпат, нивниот број бил значително поголем, а присуството на вообичаениот вид било минимално.

Стручњаците посочуваат дека објаснувањето може да се бара во животниот циклус на овие морски организми. Истражувањата укажуваат дека во одредени фази од животот тие мигрираат, најчесто поттикнати од промени во исхраната. Додека младите единки се хранат претежно со варовнички алги на песочно дно, повозрасните се префрлаат кон карпести подрачја богати со макроалги и растителни остатоци.

Дополнително, научниците не ја исклучуваат можноста дека зголемената достапност на кафени алги во овој дел од Јадранот создала идеални услови за собирање на голем број возрасни единки на едно место.

Иако сцената е необична, истражувачите нагласуваат дека природата ретко прави нешто без причина, а во овој случај, најверојатниот одговор се крие во храната и промените во морскиот екосистем.

Continue Reading

Економија

МБИ10 со пад од 0,32%, без активности на обврзничкиот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На трговската сесија од 18 декември 2025 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,32%, спуштајќи се на 10.091,56 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет на 129,44 поени. Вкупниот дневен промет изнесуваше 13,06 милиони денари, при што најголем дел од тргувањето беше концентриран кај Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком, кои ја предводеа пазарната активност .

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 3.913.370 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 3.091.460 денари

● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – 1.812.170 денари

Топ добитници

● АЛТА Банка АД Битола (ALTA) +2,83%

● ОКТА АД Скопје (OKTA) +2,04%

● Адинг АД Скопје (ADIN) +0,04%

Топ губитници

● РЖ Услуги АД Скопје (RZU) –8,16%

● Гранит АД Скопје (GRN) –1,59%

● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) –0,85%

Обврзнички пазар

Во текот на денешната сесија не беа реализирани трансакции со државни или корпоративни обврзници. Сите државни обврзници останаа со непроменети цени, а индексот ОМБ се задржа на 129,44 поени.

Тргувањето на Македонската берза на 18 декември 2025 година се одвиваше во умерена атмосфера, со вкупен промет од 13,06 милиони денари и пад на индексот МБИ10 за 0,32%. Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком беа најликвидните хартии на денот. Најголем добитник беше АЛТА Банка, додека РЖ Услуги и Гранит го предводеа негативното движење. Обврзничкиот пазар остана без активности, со стабилни котации и непроменет индекс ОМБ.

 

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг