Connect with us

Инфо +

Груевски за пописот: Трка која етничка заедница ќе направи повеќе неправилности при попишувањето и ќе запише повеќе лица

Published

on

Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски се огласи со став околу престојниот попис на населението, тој на Фејсбук пишува:

“Попис во Македонија и потребата од заедничка соработка на партиите заради државен и национален интерес




Во својство на поранешен премиер, неколку работи околу претстојниот попис.

На Македонија несомнено и е потребен попис.
Но, пред се реален и фер попис, попис во кој ќе веруваат најголем дел од граѓаните, со закон кој го гарантира тоа и со доверба кај сите политички чинители која потоа ќе се рефлектира и во поголема доверба кај населението и општата јавност.

Отфрлањето на амадманите со кои се предлагаше при секое попишување идентификација на лицата да се направи со отпечаток од прст преку мобилна опрема кај секој попишувач која е он лајн поврзана со базата на податоци на МВР е лош сигнал и нема аргументирано објаснување, што остава простор за сериозен сомнеж дека некој планира лажирање на пописот со лица кои не се присутни или можеби и не се живи.

Исто така отфрлањето на принципот на секаде да одат двајца попишувачи од различна националност со врзан потпис е голем чекор кон нарушување на довербата во процесот но и на зголемениот надѕор. Но, отфрлањето на амадманите не е крај на сите можности ако почне порационално да се размислува.

Не е разбирливо зошто се укинува државната пописна комисија во која и опозицијата би можела да делегира неколку експерти од областа, кои би имале право на проверка на попишаните лица, со испраќање нова попишувачка двојка онаму каде има основан сомнеж, но и со надѕор на работата при утврдување на критериумите и изборот на теренски попишувачи како и контрола врз внесувањето на податоците во компјутер подоцна.



Отфрлањето на предлогот на опозицијата секој попишан да добие примерок од пописната листа исто така мислам дека не е добар чекор. Таа идеја не само што ќе ја зголеми довербата во процесот, туку ќе направи многу луѓе и нивните наследници горди, покажувајќи како се попишале како Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи, но и Бугари, Грци, Хрвати и.т.н. а ќе помогне и да нема лажирања при конкурсите за вработување во јавниот сектор каде понекогаш се случува различни лица лажно да ја престават својата националност за да обезбедат вработување во некоја државна институција.

Досега очигледно е дека и опозицијата не ги користеше сите легитимни расположливи средства и на моменти делуваше како да крена раце од пописот со најава дека немало да го признае, иако е јасно дека пост фестум реакција со непризнавање нема никому да значи ништо, ниту пак идејата за нов попис по доаѓањето на власт на опозицијата звучи реалистично и остварливо, имајќи во обзир дека за такво нешто ќе е потребна и подршка од коалиционите партнери во владата, како и не опструирање на тогашната опозиција и други фактори, а конечно и нови трошоци.

Впрочем ,зошто нов попис, кој веројатно нема ни да се случи, кога сега може да се заврши фер попис со здружени напори и чесен пристап и на власта и на опозицијата ако се има воља кај двете страни за ова прашање кое е од висок државен и национален интерес.

Конечно непризнавањето на опозицијата нема да им пречи на европската статистичка агенција, на ЕУ, на ООН и на целата меѓународна заедница да ги користат податоците како валидни одкога меѓународната заедница ќе ги признае и ќе стане дел од домашните и меѓународни институции. Во ваква атмосфера мислам дека веројатно ќе ги признае какви и да се, за да нема нови проблеми во земјата.

Одредени искуства од минатото укажуваат дека пописот може да биде предмет на злоупотреба преку масовно попишување на дијаспората која подолго од една година живее надвор од земјата, од страна на одредени етнички заедници и нејзино претставување како да живее во Македонија, што во Македонија не е неважно заради уставните измени во 2001 година.

Ако остане овој закон, согласно искуствата од минатото постојат неколку опции по кои веројатно ќе се одвива пописот:

1. Активно попишување на целокупната или поголем дел од дијаспората а можеби и на некои починати лица, од страна на попишувачите на една етничка заедница; Ова ќе резултира со нереален попис, многу фрустрации, политички тензии и негирање на веродостојноста на пописот.

2. Активно попишување на целокупната и поголем дел од дијаспората а можеби и на некои починати лица од страна на две или повеќе етнички заедници и во тој дел трка која етничка заедница ќе направи повеќе неправилности при попишувањето и ќе запише повеќе лица оддамна иселени, како да живеат во Македонија; и во ова сценарио ќе добиеме нереален попис.

3. Бојкот на пописот кај неколку стотици илјади граѓани преку неотварање врата, како да не се присутни во домот, за да одбегнат казна, кога попишувачот ќе заѕвони на вратата, од страна на голем број граѓани веројатно од една етничка заедница, во случајот македонскиот народ, независно дали некоја партија ќе ги повика граѓаните или не на бојкот. Како што во моментот стојат работите, без повик некоја партија но со лични одлуки на голем број граѓани, кои пак истовремено може да се забележи на социјалните мрежи, веќе вршат притисок на опозициските партии да повикаат на бојкот.Јас никогаш не сум бил подржувач на бојкот во политиката, што низ одлуките во клучни моменти и сум го демонстрирал. Бојкотот не ги решава проблемите, често и ги продлабочува и политиката е борба за натпревар а не за бојкот. Но, доколку во овој случај немањето политички договор и консензус на Законот за попис предизвика преголема фрустрација, можно е дел од граѓаните помасовно да преминат кон тоа, дури и кога е нерационално во однос на исходот.

И во ваков случај резултатите од пописот би биле нереалени. Развој на настаните од овие три можни сценарија, не би ја дал најважната придобивка од пописот а тоа е прецизна база за натамошното планирање на развојот и иднината на државата. Дополнително би дал погрешна слика и би заклучиле дека попусто се потрошени парите и попусто и не потребно е поминато низ еден тензичен период.

4. Прекин на пописот доколку ескалираат неправилностите или негово одложување во една непријатна и тензична атмосфера. Во сите 4 опции нема да имаме реален и законски попис кој реално ќе ја отсилика состојбата на теренот во Македонија а во првите три опции и попис во кој нема да постои никаква доверба кај населението со можност за нова политичка криза. Дури и да предвидиме 5. варијанта во која во идеална ситуација ќе се одржи целосно законски и фер попис, со одбивањето на власта да ги вгради заштитните механизми од фалсификати на кој инсистира опозицијата на мнозинството народ но и илјадници граѓани како поединци, никој или барем мнозинството граѓани нема да веруваат дека пописот бил фер и реален. Тогаш, не разбирам зошто е ова туркање на сила од страна на власта на пописот. Знаеме дека бројот на пратеници им ја дава силата, но тие пратеници ниту ќе ја изградат довербата во процесот на попишување кај мнозинското население, ниту ќе ја спречат целата негативна енергија која ќе произлезе во општеството и која ќе остане да тлее со години и да биде генератор на негативни трендови.

Знам дека ниту Македонците, ниту Албанците, ниту било која друга етничка заедница не би сакала нивниот процент на застапеност во вкупното население неоправдано да се намали како резултат на незаконски попишани лица од друга етничка заедница со што таа етничка заедница неоправдано и лажирано би пораснала на сметка на другите. Ова затоа што уставот на Македонија по рамковниот договор предвидува степен на застапеност во јавната администрација, користење на јазиците во општините и ред други права поврзани пописот. Знам дека на мнозинството од Македонците во Тетово и на мнозинството од Албанците во Скопје воопшто нема да им е сеедно дали нивниот процент на застапеност ќе биде, 25, 18 или 35 проценти и верувам дека сите, или убедливото мнозинство граѓани сакаат чесен и фер попис и особено после последното искуство ќе се повнимателни околу тоа. Верувам и дека преставниците на меѓународната заедница кои се пријателски настроени кон Македонија посакуваат фер и законски попис, но и попис во кој убедливо мнозинство од граѓаните ќе имаат доверба а оние кои и понатаму ќе немаат доверба, да немаат аргументи за тоа.
Зошто тогаш во Законот не се обезбедуваат заштитни и контролни механизми кои ќе ги остранат сомнежите и ќе ги здружат силите кон заедничкиот државен и национален интерес а тоа е успешен, законски и фер процес на попис во кој ќе има широка доверба? Мудро е да се размисли уште еднаш.

Рационално и мудро однесување на власта е ако опозицијата им бара по два попишувачи со врзан потпис, да им понуди ако сакаат и по три, само со цел сите да веруваат дека пописот е чесен и спроведен во фер постапка, и со паралелна цел да ја вовлече опозицијата во процесот за заеднички да го истуркаат и да нема голема општа недоверба во целата операција од страна на огромен број граѓани.

Опремата за онлајн отпечаток на прст веќе сите знаеме дека и онака годинава ќе се набавува за локалните избори каде со закон е тоа предвидено како обврска.

Што е проблем ако таа опрема се набави шест месеци порано?

Конечно дали пописот ќе се одржи во април или во мај не е најважно колку што е важно да има доверба во спроведеното а не нови поделби и нова доза негативна енергија и тензии во општеството.

Зошто се бега од аргументирана дебата и аргументирани одговори по прашањето на закон кој гарантира фер процес на попишување? Истото уште не почнало а со овој однос практично верувањата дека пописот е лажиран се веќе доминантни, барем кај мнозинскиот народ во државата, кај Македонците.

Ако се има воља, процесот може да се изменаџира и да има друг позитивен тек. Тоа е можно со брза измена на Законот за попис, подржана од сите. Тотално е неважно што во другите земји не се зема отпечаток од прст бидејќи во другите земји пописот не обезбедува разни колективни права и нема вакви тензии околу него. Значи, и онака сме веќе различни од другите земји па така нирмално е процесот да го прилагодиме на нашата реалност.
Состојбата дополнително стана проблематична со фактот што Законот не го усвоија сами како власт СДСМ и ДУИ, туку СДСМ и сите партии во парламентот чии подржувачи се главно граѓани од втората најголема заедница во државата, чии партии и пратеници и од власта и од опозицијата го подржаа овој закон. Овој потег му фрли уште посилна етничка димензија и сомнеж на пописот и ако вака остане, со силата на мнозинството во парламентот, пописот некако ќе се истурка, но ќе генерира нови поделби и продлабочување на јазот кој и онака постои, сакале ние да го признаеме тоа или не.

Не разбирам ако и двете страни(власт и опозиција) сакаат реален попис зошто не се договорат и особено зошто власта не излезе во пресрет на барањата на опозицијата за дополнителни гаранции во Законот бидејќи така ќе си ги намали проблемите и критиките а ќе ја постигне целта: фер и законски попис.

Од друга страна, ако тоа се случи, опозицијата не смее да го злоупотреби тоа или повторно да го проблематизира процесот без многу сериозни аргументи.

Треба и двете страни да покажат зрелост и да демонстрираат пред јавноста дека за прашања од државен интерес можат да се договорат без да си поставуваат дневно политички замки. Лошото искуство со пописот од минатото не треба ниту да се игнорира ниту да се повтори.

Благица Новковска несомнено е меѓу најискусните луѓе во Македонија во сверата на статистиката и пописот и експерт во оваа област во Македонија но и во регионот. Од нејзината биографија на интернет може да се пресмета колку години работела во заводот за статистика и колку години била негов директор, што е несомнено огромно искуство и акумулирано знаење и експертиза.

Загрижуваат нејзините апели преку нејзиниот ФБ профил во врска со претстојниот попис. Таа укажува и за многу сериозни проблеми со базите на податоци на кои се повикува власта, кои бази ќе доведат до комплетно не точен резултат од пописот. Никој не дава аргументиран одговор на тоа, можеби во една јавна телевизиска дебата

Европа

На Германија годишно ѝ се потребни 288.000 странски работници, „пред нас е огромен предизвик“

Published

on

Долгорочно, германскиот пазар на труд секоја година „во значителна мера“ зависи од имигрантите – ова е заклучок од анализата нарачана од фондацијата Бертелсман.

„Со цел да се задоволат потребите за работна сила и да се обезбеди благосостојбата на Германија, имиграцијата на меѓународните работници, особено од трети земји, станува сè поважна“. Затоа, до 2040 година ќе бидат потребни приближно 288.000 меѓународни работници годишно за да се обезбеди доволна понуда на работна сила.

Според студијата, бројот на работници без дополнителни имигранти ќе се намали до 2040 година од сегашните 46,4 милиони на 41,9 милиони. До 2060 година тој број, без дополнителна имиграција, би можел да се намали за една четвртина, на само 35 милиони, пишува Дојче веле.

„Демографските промени, кои во наредните години поради пензионирањето на генерацијата „бејби бумер“ ќе постават голем предизвик за германскиот пазар на труд, бараат и доселување“, вели Сузане Шулц, експерт за миграција од фондацијата Бертелсман. „Се разбира, прво мора да се развие домашниот потенцијал на работната сила, и локалните жители и луѓето кои веќе се доселиле, и да се зголеми нивното учество на пазарот на трудот“. Сепак, идните потреби до 2040 година не можат да се задоволат само на овој начин.

Реформираниот закон за имиграција за квалификувана работна сила дава нови можности за работниците заинтересирани за Германија. Сепак, според студијата, тие нема да дојдат без изразена култура на добредојде во институциите, компаниите и заедниците, како и без долгорочни изгледи за престој.

До 2024 година, нема да бидат подеднакво погодени сите германски сојузни покраини од недостатокот на доселување. Според студијата, најголем пад на работната сила ќе биде забележан во Тирингија, Саксонија-Анхалт и Сар, со повеќе од десет проценти. Помал пад, под десет проценти, се очекува во Хамбург, Берлин и Бранденбург.

Нивото на потребите за имиграција во сојузните покраини зависи од проекцијата на потребната работна сила до 2040 година. Бидејќи структурните промени се рефлектираат поинаку, најмногу меѓународни работници ќе им бидат потребни на оние покраини каде што до 2040 година зголемувањето на потребите за работна сила ќе биде поголемо од намалувањето. Ова особено важи за Баден-Виртемберг, Баварија, Хесен, Берлин и Хамбург.

Continue Reading

Македонија

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Published

on

Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на голема влажна и многу постудена воздушна маса од север, почнувајќи од петок, и за време на викендот во Македонија времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд на ниските, и од снег на повисоките места и на планините. На многу места врнежите ќе бидат обилни и локално ќе наврнат над 40/50 литри на метар квадратен воден талог.

Поради влијанието на студената воздушна маса од север, повремено, и особено во западните и во северните предели од Македонија, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од влажен снег и во пониските места (градовите). Сето ова ќе биде проследено со ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Во Скопскиот регион исто така за време на овој период ќе има врнежи од дожд, повремено обилни, додека на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Повремено врнежи од снег ќе има и во повисоките предели од котлината, и тоа особено во текот на ноќта петок кон сабота, како и во сабота, кога услови за краткотрајни врнежи од дожд и од снег ќе има и во пониските предели од Скопската котлина.

Сето ова ќе услови на планините да дојде до значително формирање на снежна покривка (над 50 cм, локално и повеќе). На повисоките места таа ќе биде со висина од 20 до 30 цм, локално и повеќе, додека на пониските места (градовите) особено во северните и во западните предели понекаде со висина од 10 до 20 cм, а можно е и повеќе.

Во Скопскиот регион, снежна покривка ќе се формира на околните планини, како и во повисоките предели од котлината.

Мора да напоменам дека поради очекуваниот влажен снег во пониските места во погоре споменатите предели, можни се проблеми поради тежината на истиот. На планините ќе има услови и за појава на снежни наноси, па доколку патувате низ планинските превои, препорачуваме да бидете премногу внимателни како управувате со вашето возило.

Што се однесува пак до температурите, тие значително ќе опаднат, особено дневните и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени во најтоплите југоисточни предели, а наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени. Во Скопје температурата за време на овој период ќе се искачува во интервалот помеѓу 2 и 5 степени.

Continue Reading

Македонија

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Published

on

Нов послаб земјотрес вечерва повторно е регистриран во Македонија.

Јачината на земјотресот е 1,5 степени според Рихтер, а епицентарот повторно е во близина на Богданци.

Длабочината е 2 километри.

Претходно попладнево со ист епицентар регистриран беше и земјотрес од 2,5 степени според Рихтер, додека претходно имаше уште еден земјотрес со јачина од 3.1 степени според Рихтеровата скала.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк