Connect with us

Инфо +

Каракачанов му се налути на Заев: Ви испративме вакцина против КОВИД, но немаме вакцина за Стокхолмски синдром

„Пријателе Заев, помогни ми да се сетам кој го зголемува српското влијание во Македонија? Ние ви испративме вакцина против КОВИД-19, но нема вакцина или лек за Стокхолмскиот синдром “, напиша вицепремиерот и лидер на ВМРО, бугарскиот министер Красимир Каракачанов на својот Фејсбук профил.

Имено Стокхолмски синдром претставува необична психолошка состојба во која жртвата од киднапирање, полов напад или пак жртва на насилство, емотивно се зближува и сочувствува со напаѓачот, односно сторителот. Поврзувањето настанува во оној временски период во кој двете страни се заедно. Имено, колку повеќе време поминуваат заедно жртвата и напаѓачот, толку се поголеми шансите за овој синдром.

Каракачанов сега е лут, откако Заев рече дека ќе ја врати наставата на српски јазик во училиштата и отворање на српски културен центар, во вчерашната честитка по повод српскиот празник – Денот на Свети Сава.

Дали со отворањето на српскиот културен центар, ќе се памети окупацијата на тогашна Вардарска Македонија од страна на Кралството Србија во 1913 година? Затоа што ние, Бугарите, сме уморни од слушање глупости за т.н. „Бугарска окупација“? – праша Каракачанов.

„Долго време, скопската дипломатија ја обвинуваше мојата земја и мене лично за можно одложување од Бугарија за одредување датум за преговори со ЕУ и дека тоа ќе доведе до зголемување на српското влијание. Сега кој точно е виновен за зголемувањето на српското влијание? – вели тој.

Каракачанов праша кој точно го зголемува српското влијание во Македонија со враќање на наставните програми на српски јазик и отворање на српски културен центар?

Пријател Заев, помогни ми да се сетам кој го зголемува српското влијание во Македонија? – праша тој.

Тој исто така прашува дали со отворањето на српскиот културен центар, дали ќе се памети окупацијата во 1913 година на тогашна Вардарска Македонија од страна на Кралството Србија?

Дополнително прашува „дали ќе бидат почестени двете востанија против Србите во 1913 година – востанијата во Тиквеш и Охрид-Дебар – што избувнаа во Вардарска Македонија, која српската влада ја преименува во Јужна Србија и српска Бановина?“

Бугарскиот министер за одбрана побара јавно, освен националниот празник на Србите, да се слави националниот празник на Бугарија – 3 март.

„За жал, сегашната политичка елита во Скопје претпочита да ги слави џелатите на својот народ. Колку е чудна балканска варијанта на Стокхолмскиот синдром. Ние ви испративме вакцина против КОВИД, но нема вакцина или лек за Стокхолмскиот синдром “, напиша Каракачанов на својот официјален профил.

Целосниот пост можете да го погледнете на следниов линк: https://www.facebook.com/KrasimirKarakachanovVMRO/posts/3894426727236254

Advertisement

Свет

Координирана акција низ Европа против Балкански картел

Тројца лица се уапсени, а имот во вредност од над пет милиони евра е запленет во рамки на координирана полициска акција против припадници на т.н. Балкански картел во Германија, со поддршка на Европол.

Истражувањето го вклучи органите за спроведување на законот од Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Германија и Србија. Според Европол, криминалната ќелија била одговорна за транспорт на повеќе тони кокаин од Колумбија, користејќи различни методи за шверц низ Европа.

Покрај трговијата со дрога, членовите на картелот се занимавале и со перење пари преку различни компании и инвестиции во недвижен имот во повеќе земји, како во рамките на Европската Унија, така и надвор од неа.

Continue Reading

Свет

Западот спречил десетици страшни руски саботажи низ Европа

Европските разузнавачки служби тврдат дека во последниот период спречиле низа саботажи кои, според нив, биле планирани од Русија. Меѓу целите на заговорите се наводно уривање товарни авиони, труење водоводи, подметнување пожари и напади на инфраструктура, како и активирање прикриени агенти низ континентот.

Разузнавачките извори за „Фајненшл тајмс“ посочуваат дека руската кампања вклучувала експлозивни пратки испратени преку меѓународни курирски служби, кои експлодирале во логистички центри во Велика Британија, Полска и Германија. Според извештаите, секоја пратка имала доволно моќ да урне товарен авион доколку детонацијата се случела за време на лет.

Безбедносните служби велат дека биле спречени и обиди за саботирање преполни патнички возови, подметнување пожари во трговски центри, напади на хидросистеми и брани, како и труење водоводи. Исто така, биле идентификувани лица кои делувале како „заспани“ агенти со зададени мисии за диверзија.

Покрај тоа, земјите во Балтикот се соочиле со прекини на подводни кабли и серија координирани кибернапади, кои западните служби ги гледаат како дел од пошироката кампања.

„Уште не сме свесни колку многу работи се случуваат зад кулисите“, изјави Киир Џајлс од „Чатам хаус“, нагласувајќи дека целосната димензија на руските тајни операции сè уште не е разоткриена.

„Ројтерс“ пренесува дека западните разузнавачки служби забележале „остра ескалација“ на хибридните активности кои, доколку успеат, би можеле сериозно да ја загрозат европската инфраструктура и човечките животи.

Continue Reading

Свет

Тензија кај Венецуела: американски специјалци запленија брод

Американската крајбрежна стража спроведе операција во која заплени танкер во близина на Венецуела, соопшти Ројтерс, повикувајќи се на анонимни извори.

Функционерите не открија повеќе детали за самата акција, ниту за името на танкерот и точната локација каде што било извршено пресретнувањето.

Крајбрежната стража ги упати новинарите на Белата куќа за дополнителен коментар, но засега нема официјален одговор.

Се очекува повеќе информации во наредните денови, додека медиумите шпекулираат за причините и можните последици од акцијата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг