Connect with us

Република

Научниците алармираат: Преспанско ќе исчезне до 2060 ако веднаш не се преземат мерки!

Преспанското Езеро — второто по големина природно езеро во Македонија — е на работ на целосно исчезнување! Научниците предупредуваат дека ако итно не се преземат сериозни мерки, ова уникатно езеро би можело да исчезне до крајот на 21 век — за помалку од 40 години.

Најновите истражувања откриваат загрижувачки податоци: нивото на езерото е намалено за 55 сантиметри во споредба со минатата година, што значи губиток од 120 милиони кубни метри вода — двојно повеќе од годишниот просек!

„Ситуацијата сега е полоша отколку во црните години од 80-тите. Ако летово биде топло — а ќе биде — сценариото е катастрофално“, вели д-р Надежда Апостолова, професорка од Универзитетот во Валенсија.

Според УХМР, езерото не се полнело ниту во зимскиот период кога вообичаено добива барем 40 сантиметри. Главните виновници? Климатските промени, испумпување вода преку подземните канали кон Охридско, и неконтролираното користење за наводнување во Македонија, Албанија и Грција.

Но, има ли спас? Апостолова смета дека решението е донесување вода од друг слив, најверојатно Вардарскиот. „Скапо е, но можно. Не смееме да дозволиме езерото да умре“, порачува таа.

Алтернативна опција е затворање на дел од подводните понори во Албанија, но и тоа нема да помогне ако продолжи глобалното затоплување и намалувањето на врнежите.

Од 1963 година досега, Преспанско загубило 60% од својот волумен. Водата е сѐ помалку, а квалитетот ѝ е сѐ полош. Ако сега не се дејствува — утре ќе биде доцна.

Advertisement

Република

Костадиноски ги повикува дечињата на новогодишна бајка во Јегуновце

Општина Јегуновце ја најави традиционалната новогодишна програма за најмладите жители, која ќе се одржи оваа недела со почеток во 12:00 часот на плоштадот пред општинската зграда.

Градоначалникот Димитар Костадиноски истакна дека културно-забавната програма е наменета за дечињата, кои најмногу ја очекуваат магијата на новогодишните празници. На настанот ќе се појави и „Дедо Мраз“, кој ќе ги изненади најмладите со пригодни подароци.

„Дојдете да ги почувствуваме заедно првите празнични мигови, исполнети со радост и среќа за дечињата“, рече Костадиновски, повикувајќи ги граѓаните да учествуваат во заедничката празнична атмосфера.

Continue Reading

Република

Зимска магија во Малешевијата: Првоот снег во Пехчево

Пехчево и поширокиот регион на Малешевијата утрово се разбудија под снежна покривка, откако најавениот снежен бран ги донесе првите поголеми зимски врнежи во источниот дел од земјава. Снегот создаде вистинска зимска атмосфера, а жителите имаат можност да уживаат во зимската идила.

Според метеоролошката прогноза, денешниот ден ќе биде променливо облачен, со повремени локални врнежи од дожд, претежно во претпладневните часови во источните делови. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат во форма на снег.

Попладне се очекува постепен престанок на врнежите на целата територија, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, што ќе придонесе за почувствително заладување.

Continue Reading

Република

Тоневски: Заедничка визија за развој на Пониква како силна туристичка дестинација

Во Инфо-центарот на Пониква денеска се одржа работен состанок меѓу градоначалниците на општините Кочани и Пробиштип, Владко Грозданов и Тони Тоневски, посветен на унапредување на туристичкиот развој и поефикасно искористување на потенцијалите на оваа планинска дестинација.

На состанокот беше ставен акцент на богатите природни ресурси на Пониква, кои претставуваат цврста основа за развој на зимски и планински туризам. Посебно внимание беше посветено на можностите за развој на ски-туризмот, како важен сегмент за зголемување на бројот на посетители во зимскиот период и за продолжување на туристичката сезона во текот на целата година.

Целта на средбата беше унапредување на меѓуопштинската соработка преку координиран и одржлив пристап во решавањето на предизвиците поврзани со развојот на Пониква. Градоначалниците нагласија дека заедничкото делување ќе овозможи подобро планирање на инвестициите, подобрување на инфраструктурата и пристапноста, како и реализација на значајни капитални проекти.

Во таа насока, беше истакната и заедничката подготвеност за координиран настап пред домашни и меѓународни фондови, со цел обезбедување финансиска поддршка за проекти што ќе придонесат за целосно валоризирање на природните потенцијали на Пониква и нејзино позиционирање како препознатлива туристичка дестинација во регионот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг