Connect with us

Инфо +

На 100 метри од болница, 30 минути чекале за брза помош- операторката барала и да почувствуваат дали мириса на алкохол

Околу 16:50 часот минувачи во паркот „Жена воин“ во Скопје забележале лице како лежи на земја.

Во 16:51 часот повикуваат брза помош! Наместо да превземе нешто, операторката за итни случаи го прашува повикувачот што има лицето, дали е некој пијан и дали може да го почувствува мирисот на алкохол.

Никој не можеше да го стори тоа, уште помалку во време на пандемија. Така, итната помош, наместо помош, упатува да се повика полиција.

Истата беше повикана нешто пред 17 часот. Цело ова време лицето продолжува да лежи на земја, со крваво лице, не повеќе од 100 метри од Градската болница.

На полицијата и беа потребни 10 минути да стигнат до овој парк точно во центарот на главниот град. Но, кога дојдоа, немаа што да прават, бидејќи не можеа да им понудат медицинска помош. Тие исто така побарале итна медицинска помош. Во меѓувреме, лицето кое лежеше почна да се освестува, но сепак комуницираше тешко.

Единствено што успеа да и потврди на полицијата е дека паднал сам и дека никој не го нападнал.

Итната помош пристигна во 17:20 минути. Од првото појавување на случајот до моментот кога пристигнала Брзата помош, биле потребни цели 30 минути за лицето да добие брза помош. Всушност, кога пристигнала брзата помош, тој веќе бил свесен, иако навидум малку исплашен. Стана и разговараше со лекарите на кои им кажуваше за случајот.

Advertisement

Свет

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФАКТИ ЗА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО СИДНЕЈ: бројот на загинати во масакрот се искачи на 16, меѓу жртвите има и деца, напаѓачите биле  татко и син

Австралија е потресена од еден од најкрвавите инциденти во поновата историја, откако во масовно пукање животот го загубија 16 лица на возраст од 10 до 87 години, јавуваат локалните медиуми.

Трагедијата се случила во мирна населена заедница, каде според првичните информации, нападот бил извршен од татко и син, кои со огнено оружје отвориле оган врз цивили на повеќе локации. Нападот предизвикал хаос и паника, а на местото веднаш интервенирале голем број полициски и итни служби.

Меѓу жртвите има деца, возрасни лица и пензионери, што дополнително ја засилува тежината на злосторството. Повеќе лица се повредени, дел од нив се во критична состојба и се хоспитализирани во локалните болници.

Полицијата потврди дека напаѓачите се членови на исто семејство – татко и син, кои по нападот биле неутрализирани и приведени. Мотивите засега не се целосно разјаснети, а истрагата е во тек.

Австралиските власти прогласија денови на жалост, додека премиерот изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите, оценувајќи го настанот како „шокантен и незамислив чин на насилство“.

Овој случај повторно ја отвори јавната дебата за безбедноста, менталното здравје и контролата на оружјето во земјата, која со години важи за една од најстрогите во светот.

Continue Reading

Свет

(ВИДЕО) Инциденти за време на Ханука концерт во Амстердам, интервенираше полицијата

Инцидент е пријавен за време на одбележување на Ханука во Амстердам, каде, според објави на социјалните мрежи и видеоснимки што кружат онлајн, дошло до тензии и нарушување на јавниот ред во близина на концерт посветен на еврејскиот празник.

На снимките се гледа засилено присуство на холандската полиција, која интервенирала за да ја смири ситуацијата и да спречи ескалација. Полицајците биле распоредени на местото на настанот, а дел од присутните биле оддалечени од просторот каде се одржувал настанот.

Засега нема официјална потврда од надлежните институции за повредени лица, ниту за точната природа и мотивите на инцидентот. Холандските власти сè уште не излегоа со детално соопштение, а истрагата е во тек.

Настанот се случува во период на зголемени безбедносни мерки во неколку европски градови, поради зголемени тензии поврзани со меѓународните случувања и чувствителни јавни собири.

Полицијата апелираше до граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на непроверени информации, додека официјалните институции ги утврдуваат сите факти поврзани со настанот.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Continue Reading

Свет

Илјадници граѓани излегоа на улиците на Будимпешта на масовен протест

Илјадници луѓе се собраа на улиците на Будимпешта, каде одржаа масовен протест изразувајќи незадоволство од актуелните политички и општествени состојби во Унгарија. Демонстрантите маршираа низ централните градски булевари, носејќи транспаренти и скандирајќи пораки упатени до власта.

Според локалните медиуми, протестот бил организиран од граѓански иницијативи и опозициски групи, кои бараат поголема транспарентност, почитување на демократските вредности и промени во одредени владини политики. Дел од учесниците упатија критики за состојбата со владеењето на правото, медиумските слободи и економските прашања.

Протестот поминал без поголеми инциденти, а полициските сили биле распоредени на повеќе локации со цел да го обезбедат јавниот ред и безбедност. Засега нема информации за приведени лица или судири со органите на редот.

Од унгарската влада сè уште нема официјална реакција на протестот, додека аналитичарите оценуваат дека ваквите собири укажуваат на зголемено граѓанско незадоволство и дополнително ја заоструваат политичката атмосфера во земјата.

Протестите доаѓаат во период на зголемени политички тензии, а организаторите најавуваат можност за нови собири доколку нивните барања не бидат земени предвид.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг