Connect with us

Инфо +

Филипче најави : Вакцинацијата ќе започне со 200.000 кинески вакцини

Друга пратка вакцини треба да стигне преку Ковакс системот и ќе бидат од компанијата Астра Зенека.

Тие ќе дојдат во Македонија во текот на месец март, информираше министерството за здравство.

Предвидено е до средината на годинава да бидат диструбуирани помеѓу 100 и 175 илјади дози од британско-шведската компанија.

Не се знае кога точно, но кинеските вакцини ќе бидат први што ќе пристигнат во земјава, изјави министерот за здравство Венко Филипче додавајќи дека очекува тоа да се случи до крајот на месецов.

– Ние сме во завршната фаза од преговорите и практично во месец февруари, првата количина на вакцини која ќе пристигне во нашата земја, ќе бидат кинеските вакцини. Не би шпекулирал со точниот датум, меѓутоа за многу кратко време ќе го знаеме и тоа и потоа ќе го објавиме – изјави Филипче.Можеби ќе ве интересира

Тој додаде дека станува збор за 200.000 вакцини и дека се очекува да пристигнат до крајот на месецот. Потенцираше, дека не се започнати преговори за набавка на руската вакцина.

Премиерот Зоран Заев, пак, рече дека земјава разговарала со НАТО и со Вашингтон и заедно утврдиле дека набавката на вакцините од Кина не е геополитичко прашање, туку суверено право на секоја држава.

– Правиме обиди да набавиме вакцини од секаде каде што ни се достапни. Оваа недела ќе се заокружи постапката за негде од 10 до 15 февруари да добиеме и кинески вакцини. Во самата постапка ќе ја следиме компетативноста, за да добиеме поповолни услови, а обезбедивме и домашен партнер за спроведување на постапката, тоа е компанијата „Алкалоид“ – рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на промоција на проекти за домување на Ромите.

Advertisement

Балкан

Полицијата запре „порше“ што се движело со 233 километри на час

За време на акцијата за засилена сообраќајна контрола, српската полиција пресретна 26-годишен возач М.В., кој управувал „порше“ со 233,2 километри на час на автопатот Белград – Нови Сад, во близина на Сурчин. На овој дел од патот максимално дозволената брзина изнесува 130 километри на час.

Министерството за внатрешни работи информира дека возачот е веднаш исклучен од сообраќај и против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење.

Од МВР додаваат дека во изминатите четири дена, откако започна акцијата, сообраќајната полиција контролирала околу 40.000 возила и открила повеќе од 22.500 прекршоци, од кои 33 се класифицирани како насилно возење. Акцијата ќе продолжи до недела, 7 декември.

Continue Reading

Свет

Русија повторно ги таргетира украинските железници – погодени станици кај Киев

Русија ноќеска спроведе масирани ракетни и дрон-напади врз Украина, при што беше погоден железнички јазол во близина на Киев, информира украинската државна компанија „Укрзализница“.

Според соопштението, цел на нападот била железничката инфраструктура:

„Разурнати се станицата Фастив и возен парк на приградските линии. Нема загинати, но сообраќајот е значително нарушен“, наведуваат од компанијата.

Службата за итни ситуации потврди пожар и големи оштетувања на станица и депо во регионот на Киев, а штета е пријавена и во Черниговската област.

Истовремено, во последните недели Русија ги засили нападите врз украинскиот енергетски систем. Министерството за енергетика соопшти дека инфраструктурата е погодена во осум области, што предизвика сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Во Одеската област најмалку 9.500 корисници останале без греење, а околу 34.000 без вода. Екипите работат на итни поправки „каде што безбедносните услови го дозволуваат“.

Continue Reading

Балкан

Евзони денеска со блокади – внимателно планирајте го патувањето кон Грција

Граничниот премин Евзони денеска ќе биде затворен за сите видови сообраќај во два временски периода – од 10:00 до 14:00 часот и од 18:00 до 22:00 часот – поради протест, информира АМСМ. Во овој интервал нема да биде возможен ниту влез ниту излез од Грција.

Од АМСМ соопштуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по делумно влажни коловози. Интензитетот на движење надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини се бележат умерени задржувања: на „Дојран“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на „Табановце“ задржувањата достигнуваат до 40 минути. На останатите премини од македонска страна нема подолги чекања.

Патниците се повикуваат да го приспособат времето на патување согласно блокадите и актуелните состојби на граничните премини.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг