Connect with us

Свет

Руте: Руските ракети се на само неколку минути од европските градови

Руте: Русија би можела да го нападне НАТО во наредните пет години

Русија би можела да изврши напад врз НАТО во рок од пет години, предупреди денеска претседателот на Северноатлантскиот совет и поранешен холандски премиер Марк Руте.

Во своето обраќање во лондонскиот тинк-тенк „Чатам Хаус“, Руте истакна дека поради брзината и дострелот на руските проектили, „повеќе не постои исток и запад – постои само НАТО“.

„Да не се залажуваме – сите сме на источниот фронт. Растојанието меѓу европските престолнини денес се мери во минути“, рече тој, алудирајќи на можноста за брз напад од страна на Русија.

Руте предупреди дека заканата нема да исчезне ни по завршувањето на војната во Украина и ги повика членките на НАТО значително да го зголемат своето вложување во одбраната. Тој предложи земјите да ги зголемат инвестициите во противвоздушна и противракетна одбрана за 400 отсто.

Се согласи и со американскиот претседател Доналд Трамп дека секоја земја-членка треба да издвојува најмалку 5% од својот БДП за одбранбени цели.

„Напад врз НАТО би имал разорни последици“

На новинарско прашање за тоа кој е најголемата закана за НАТО – Русија или Кина – Руте беше дециден:

„Најголемата долгорочна закана за НАТО е Русија, без сомнение. Но, има и други предизвици. НАТО никогаш не бил формиран само како одговор на Советскиот Сојуз, туку како заштита од секој што би нè нападнал. Во Кина гледаме огромно акумулирање на воени капацитети“, изјави Руте.

Тој додаде дека секој напад врз НАТО ќе има сериозни последици:

„Сериозни сме – ако некој се обиде да нè нападне, одговорот ќе биде разорен, без разлика дали станува збор за Русија или некој друг. Ова не е само прашање на пари и оружје, туку и на менталитет. Свесни сме колку е голем ризикот, и секој што ќе се спротивстави на НАТО треба да го разбере тоа“, порача Руте.

Реакција од Кремљ: НАТО е инструмент на агресија

Во пресрет на говорот на Руте, Кремљ реагираше предупредувајќи дека НАТО е „инструмент на агресија и судири“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на редовниот брифинг за новинари изјави:

„НАТО ја симна маската. Се разоткри како инструмент на агресија и провокации, и сè поотворено го покажува своето вистинско лице“, рече Песков.

Advertisement

Свет

Политичка шега од Трамп: сатирична плоча на Белата куќа го исмеа Бајден

Администрацијата на Доналд Трамп го исмеа поранешниот претседател Џо Бајден со провокативна плоча поставена на Белата куќа. На неа Бајден е означен како „најлошиот претседател во американската историја“ и се тврди дека ја водел нацијата „до работ на уништување“. Плочата ја повторува и старата навредлива етикета на Трамп – „Заспаниот Џо Бајден“ (Sleepy Joe Biden), која тој постојано ја користеше за време на претседателската кампања за да го прикаже својот ривал како слаб и неспособен.

Натписот исто така го повторува неоснованото тврдење на Трамп дека изборите во 2020 година биле „наместени“ и ја обвинува Бајден за почетокот на војната во Украина во 2022 година, пишува ДПА.

Плочата е дел од претседателската галерија на портрети во Белата куќа. Кога галеријата беше откриена, вниманието привлече отсуството на портрет на Бајден – наместо тоа, беше прикажан „автопен“ (autopen), механички уред кој автоматски ги репродуцира рачните потписи на претседателот.

Иако автопенот долго време се користи за рутински административни потписи, републиканците ја критикуваа администрацијата на Бајден, обвинувајќи ја дека го користела уредот за голем број помилувања без директно одобрение од претседателот.

Во меѓувреме, Републиканците постојано го доведуваа во прашање менталниот и физичкиот капацитет на Бајден, кој неодамна наполни 83 години, да ги извршува целосно своите должности до крајот на мандатот, завршен во јануари 2025 година. Бајден, пак, за „Њујорк Тајмс“ потврди дека лично ги одобрил сите помилувања издадени на крајот на неговиот претседателски мандат.

Continue Reading

Свет

Лекарите во Англија стапија во петдневен штрајк

Лекарите во Англија денес започнаа петдневен штрајк поради несогласувања околу платите и условите за работа, јавува Ројтерс.

Станува збор за помладите болнички лекари, познати како „жители“, кои тврдат дека нивните плати во последните години значително се намалиле и дека работат под зголемен притисок и во тешки услови.

Владата, од своја страна, соопшти дека нема фискален простор за значителни покачувања на платите и дека штрајковите се неодговорни, нагласувајќи ја потребата за заштита на здравствениот систем и пациентите.

Continue Reading

Свет

Вашингтон најавува нов притисок врз Москва преку енергетски санкции

САД подготвуваат нов пакет санкции насочени кон рускиот енергетски сектор, со цел дополнително да го зголемат притисокот врз Москва доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да прифати можен мировен договор со Украина, објавуваат странски медиуми повикувајќи се на информирани извори.

Според истите извори, меѓу мерките што се разгледуваат е и таргетирање на бродовите од руската флота на нафтени танкери, како и санкционирање на трговците и посредниците кои учествуваат во олеснување на трансакциите поврзани со извозот на руска нафта.

Изворите наведуваат дека станува збор за опции кои сè уште се во фаза на разгледување, а конечната одлука ќе зависи од развојот на дипломатските напори поврзани со војната во Украина.

Според најавите, новите санкции би можеле да бидат објавени уште во текот на оваа недела.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг