Connect with us

Инфо +

Пари за “УЧК песни, синови и ќерки” има, но за шампионот Дамјан нема..

Published

on

Бура од реакции во јавноста предизвика случајот до  основецот Дамјан Давков од Штип кој освои прво место на средношколски натпревар, но не ја доби наградата од МОН, оти таков бил Законот.

Срам, абе на вакви деца треба и плус награда да му се даде; Не поздравија реформите;  Дали вака се стимулираат талентираните кадри во Македонија; За нашите деца се прави револуција, а вака сами ќе се си заминат од државата; Образованието ни е една гола фекалија, генијалец дете го демотивираат; Секој ден монолози за образование на 21 век,срамно; За ќерката на Никола Димитров годишна стипенија од 40.000 евра. За малиот гениј Дамјан еднократно 15.000 денари Ете затоа младите си одат од Македонија, се само дел од многуте реакциии на социјалните мрежи.


Инаку Дамјан Давков кој е ученик во основното училиште „Ванчо Прке“ од Штип, на Државното првенство по математика го освои првото место во конкуренција на ученици од прва година средно образование, а МОН со потпис на министерката Мила Царовска одби да му даде награда затоа што на натпревари во средно образование, можеле да учествуваат само средношколци, а и согласно тоа министерството не можело да оди спротивно на Законот, одкаде додаваат дека ќе го преиспитаат случајот.

Македонија

Снег на Шапка и Маврово

Published

on

АМСМ информира дека на Попова Шапка и во Маврово се бележат врнежи од снег со променлив интензитет, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Continue Reading

Скопје

ХАОС ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА, ОЈО ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕ: Си изградил хотел без никакви документи без одобрение од Управата за заштита на културно наследство

Published

on

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 60-годишник, во текот на 2018 и 2019 година, во својство на инвеститор, во Старата скопска чаршија, на постоечки објект – дуќан од 93 м2 во негова сопственост, извел надградба од ходници, скали, лифт, рецепција и други простории, а на соседна парцела извршил целосна изградба на објект – хотел со подрум, 4 ката и поткровје, без да поседува одобрение за градење од надлежното министерство, но и без основен конзерваторски проект и конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство.

Continue Reading

Македонија

Од понеделник почнува имплементација на планот за справување со корупцијата во правосудството

Published

on

-Доволно беше чекање, акцијата против корумпирани обвинители и судии почнува од понеделник, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по означување на почеток на реконструкција на спортска сала „Расадник“ во општина Кисела Вода.

Тој нагласи дека нема да функционираат како „естрада“ и да се понижуваат поединци, нема да се ангажираат специјални полициски единици при имплементација на планот кој ќе почне да се спроведува од понеделник.

-Не функционираме како естрада и сигурно дека нема сега да кажувам како што тоа во минатото се случуваше пред камери или пред медиуми и да носам специјални полициски единици, да понижувам луѓе, индивидуи итн. Имаме план, од понеделник почнуваме со имплементација. Доволно беше чекање, чекавме, дадовме шанса, доволно беше. Очигледно дека прежестоки се нападите наеднаш на дијареја, грчеви во цревата, главоболка, температура, анксиозност итн. кога ќе треба да се потпише последниот указ за да се спроведе правдата кај поедини обвинители, за жал, изјави Мицкоски.

Тој деновиве во повеќе наврати посочи дека е разочаран од однесувањето на поединци и неможноста за спроведување на правдата.

-Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, покачена температура или анксиозност од обвинителите и судиите, Мицкоски пред два дена по посетата на КОСТАЛ Македонија, посочувајќи дека е „жестоко разочаран од тоа што се случува“ и во периодот што следи најавува „робусна акција“ за справување, како што рече, ако треба и „на поинаков начин со тие корумпирани обвинители и судии“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк