Економија
Министерството за енергетика ги усогласува четири нови закони со европските стандарди
По неодамнешното усвојување на новиот Закон за енергетика, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини предводено од министерката Сања Божиновска го забрзува темпото на реформи и веќе работи на следниот пакет регулативи што ќе ја усогласат македонската правна рамка со најновите европски директиви. Фокусот сега се става на деталните механизми – од поттикнување на инвестициите во чисти извори, преку унапредување на енергетската ефикасност, до модерно управување со минералните суровини.
Според извори од ресорното министерство, до крајот на летото јавноста ќе биде запознаена со сет од четири нови закони: Закон за користење на обновливи извори на енергија, Закон за енергетска ефикасност, Закон за геологија и Закон за рударство. Со овој сет на закони се очекува да се постават јасни правила за поттикнување зелени инвестиции, зголемување на енергетската ефикасност и одржливо искористување на подземните богатства, при што секој закон ќе носи прецизни насоки, рокови, права и обврски за сите чинители.
Целта на Законот за користење на обновливи извори на енергија (ОИЕ) е намалување на употребата на фосилни горива и емисиите на стакленички гасови и зголемување на искорестеноста на ОИЕ заради заштита на животната средина и ублажување на климатските промени. Покрај оваа клучна цел, останати цели на Законот се: развој на претприемништвото и создавање нови работни места, диверзификација на производството на енергија и зголемување на уделот на ОИЕ, зголемување на сигурноста во снабдувањето на крајните потрошувачи и долгорочно намалување на зависноста од увоз на енергија и енергенси. Со Законот за енергетска ефикасност се врши исполнување на обврските кои произлегуваат од членство на Македонија во Европската енергетска заедница, односно се усогласуваме со Пакетот на Европската унија за чиста енергија. Со овој Закон ќе се воведе начелото „енергетската ефикасност на прво место“ со што ќе се даде приоритет на мерките за енергетска ефикасност при енергетското планирање. Законот за енергетската ефикасност предвидува обврска за реконструкција на најмалку 3 отсто од вкупната површина на зградите (во сопственост на органите на централна власт) на годишно ниво, како и изработка на долгорочна Стратегија за реконструкција на станбени згради до 2050 година, со цел трансформација на постоечките згради во високо енергетски-ефикасни и декарбонизирани згради со речиси нулта потрошувачка на енергија.
Покрај промени во законите од областа на енергетиката, Министерството работи и на регулатива која се однесува на минералните суровини т.е. се планира донесување на два закони (Закон за геологија и Закон за рударство) кои претставуваат темелно, современо и институционално решение. Законите се усогласени со најдобрите европски практики и воведуваат системски ред и зајакната контрола во секторот, но и прецизно ги утврдуваат правата и обврските на концесионерите, се поставуваат јасни правила на игра, а во фокусот е и одговорно искористување и заштита на националното рударско богатство.
Со новите закони во областа на минералните суровини, министерството сака да ги оставари следните цели: подобра заштита на животната средина, поддршка на локалните заедници, поголема контрола и транспарентност, поголема економска корист за државата, како и спречување на нелегална експлоатација. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, предводено од Сања Божиновска, постои само една година, но веќе постигна исклучителни резултати во воспоставување регулатива што со години недостасуваше. Усвојувањето на новиот Закон за енергетика ги отвори вратите за целосно либерализиран и европски усогласен енергетски пазар, а претстојниот пакет закони ќе ја зацврсти реформската траекторија.
Со ваквата динамика Министерството под водство на Божиновска демонстрира дека може брзо да донесе современи правила, да мобилизира инвестиции и да обезбеди јасна правна сигурност за сите чинители во секторот – од големите инвеститори и локалните власти, до граѓаните што сакаат да инсталираат фотоволтаични панели на сопствениот покрив. Резултатот е поставување стабилни темели за зелена, ефикасна и конкурентна енергетика – област што долги години чекореше во место и сега конечно добива јасна насока и конкретни рокови.
You may like
-
Божиновска: Интеграцијата во регионалните енергетски пазари е стратешки приоритет
-
Ако не ги ажурирате бројот и имејлот – 100 евра глоба
-
Три вакви прекршоци – Одземена возачка дозвола
-
Внимавајте: Еве кои возачи ќе останат трајно без своите автомобили
-
Кошта: Време е Западен Балкан да ја избере Европа
-
ЕУ ги заострува правилата: Нов режим за депортација на азиланти во трети земји
Економија
Божиновска: Интеграцијата во регионалните енергетски пазари е стратешки приоритет
Енергетската политика на Македонија се гради системски, врз основа на закони, институционални решенија и меѓународна соработка, порача министерката за енергетика Сања Божиновска по состанокот на Енергетската заедница.

Како што информираше таа, на состанокот била презентирана актуелната позиција на државата во енергетскиот сектор, со посебен акцент на новиот Закон за енергетика, кој овозможува поголемо усогласување со европскиот пазар на електрична енергија. Дополнително, засилена е рамката за енергетска ефикасност и дефиниран е јасен курс кон интеграција во регионалните и европските енергетски пазари.

Божиновска соопшти дека ревидираниот Национален енергетски и климатски план за периодот 2025–2030 година е во финална фаза на подготовка. Воедно, МЕПСО веќе е приклучено кон Заедничката аукциска канцеларија (JAO), а во 2026 година државата ќе номинира преносен проект за листата на проекти од заеднички интерес (PECI/PMI).
Во делот на енергетската инфраструктура, министерката истакна дека започната е реализацијата на гасниот интерконектор со Грција, додека со Србија се интензивираат активностите за изградба на нов интерконектор.
„Станува збор за енергетска политика со јасна визија, заснована на европски стандарди и институционална одговорност“, нагласи Божиновска.
Економија
Триглав Осигурување организираше инспиративна средба со Светислав Пешиќ
Триглав Осигурување на 15-ти декември, 2025г. во кафе „Литература“ организираше настан со панел-дискусија и промоција на книгата „Моја игра, мој пут – Живот тренера није бајка“ од Светислав Пешиќ, еден од најуспешните и најценетите кошаркарски тренери на денешницата.
Настанот предизвика голем интерес кај деловната и медиумската заедница, нудејќи ретка можност за директна средба и разговор со говорник, чие искуство и животна филозофија се подеднакво применливи во спортот, деловниот свет и секојдневниот живот. Преку лични примери и размислувања, Пешиќ зборуваше за предизвиците на лидерството, значењето на дисциплината, стратегијата, континуираното учење и потребата од рамнотежа помеѓу самодовербата и скромноста.
„Во спортот успехот не лежи во тоа да го работиш само она што го сакаш, туку да го сакаш тоа што го работиш. Животот се менува и јас учам да се менувам. Треба да знаеш како да учиш и да бидеш скромен, да прифатиш дека некој нешто прави подобро од тебе. Тоа не е едноставно, но е најдобриот пат до успехот“, истакнува г. Пешиќ во својата книга, нагласувајќи дека токму таа рамнотежа е клучна и за долгорочни резултати.
Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Војновиќ, го претстави Светислав Пешиќ, истакнувајќи ги неговите исклучителни професионални достигнувања, како и значењето и привилегијата Триглав Осигурување да биде домаќин на ваков настан, кој што има поширока општествена релевантност.
„Имавме можност да поминеме навистина драгоцено време со светски реномираниот тренер Светислав „Кари“ Пешиќ, кој на исклучително автентичен начин ги сподели своите долгогодишни искуства, кои што лесно и директно можат да се применат во деловен контекст. Токму од таа причина ја организиравме и оваа панел-дискусија. Цврсто верувам дека принципите на комуникација, дисциплина, колектив, тимска игра и почитување на конкуренцијата, длабоко втемелени во спортот, се неразделно поврзани и со секојдневниот деловен живот. Да се слушнат неговите пораки беше вистинско уживање и моќна инспирација“, истакна г. Војновиќ.
Панел-дискусијата ја водеше Љубомир Николовски, долгогодишен реномиран познавач на спортот, кој со внимателно насочени прашања овозможи динамичен и суштински разговор, близок и разбирлив за публиката од различни професионални профили.
Со организацијата на овој настан, Триглав Осигурување уште еднаш ја потврди својата посветеност кон создавање платформи за размена на знаење, инспирација и вредности, кои ја надминуваат рамката на една индустрија. Компанијата овозможи деловната заедница во земјата да слушне исклучителен говорник, чии искуства и пораки нудат практични насоки за личен и професионален развој, за носење одлуки, градење тимови и одржлив успех.
Настанот испрати јасна порака дека принципите на успехот – без разлика дали во спортот, бизнисот или животот – се универзални кога се темелат на работа, визија, учење и вистински вредности.
Економија
МБИ10 со пад од 0,40%, вкупен промет над 255 милиони денари
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.
Нa трговската сесија од 17 декември 2025 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,40%, спуштајќи се на 10.123,78 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет на 129,44 поени. Вкупниот промет изнесуваше 255,78 милиони денари, при што тргувањето беше поттикнато од неколку големи блок-зделки со акциите на Комерцијална банка и Македонијатурист .
Најтргувани хартии од вредност
● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 70,7 милиони денари (вклучува блок-зделка)
● Македонијатурист АД Скопје (MTUR) – 115,2 милиони денари (вклучува блок-зделка)
● Карпош АД Скопје (KARP) – 62,7 милиони денари (вклучува блок-зделка)
● Реплек АД Скопје (RPK) +0,93%
● РЖ Услуги АД Скопје (RZU) +8,89%
● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) +0,12%
● Гранит АД Скопје (GRN) –2,82%
● Стопанска банка АД Скопје (STB) –2,68%
● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) –0,64%
Во текот на денешната сесија не беа реализирани значајни трансакции со државни или корпоративни обврзници. Индексот ОМБ остана стабилен на 129,44 поени, без промени во цените. Сите државни обврзници котираа во опсег од 90 до 112 евра, без регистриран промет .
На берзанската сесија од 17 декември 2025 година, пазарната активност беше значително зголемена, со вкупен промет од над 255 милиони денари, пред сè поради големите блок-зделки со акциите на Комерцијална банка, Македонијатурист и Карпош.
Индексот МБИ10 забележа пад од 0,40%, под влијание на негативните движења кај Гранит, Макпетрол и Стопанска банка. Најголем раст во редовното тргување имаше Реплек, додека Комерцијална банка остана најликвидна акција. Обврзничкиот пазар остана без активности, со стабилен индекс ОМБ.
Трендинг
-
Црна Хроника5 days agoХорор на патот Охрид–Струга: Возач двапати тргнал кон полицајци и успеал да избега
-
Црна Хроника5 days agoДрама на автопатот Тетово – Гостивар: Ги пресретнале со ротација им го пресекле патот, па ги истепале
-
Црна Хроника2 days agoКривична пријава за командир и полицајци – МВР со детали
-
Црна Хроника5 days agoКривични пријави против полицајци од Штип – МВР со детали
-
Република3 days agoУтре дел од Тетово и три тетовски села без електрична енергија
-
Македонија7 days agoМВР со конечна одлука еве кога почнува „Безбеден град“
-
Црна Хроника3 days agoХорор во Тетовско: Физички нападнати полицајци
-
Црна Хроника6 days agoФизички нападната девојка на работно место во Брвеница















