Connect with us

Инфо +

Шокантни фотографии за Cекcуално образование на ученици (Фото)

Невладината организација “Од нас за нас” во дебатата за концептот за реформа на образованието на министерката Мила Царовска објавува шокантни фотографии на кои се гледаат сексуални акти кои не би требало да дојдат во контакт со ученици од помалите одделенија.

АГЕНДАТА НА МОН Е СЕОПФАТНОТО СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ – ЦРНО НА БЕЛО!Нo, што застапуваат организациите кои го промовираат?Дали МОН повторно ќе ги извади од контекст илустрациите, а со цел повторен манипулативен обид за дискредитација на овие информации? – Ќе видиме!Во новата Концепција за основно образование на МОН никаде не се спомнува терминот Сеопфатно Сексуално Образование (ССО). Во новата Концепција среќаваме термини како „Обезбедување родова сензитивност/рамноправност“ или познато како родово-сензитивно образование – содржини кои треба да се застапени „во наставните програми на сите предмети каде што тоа е можно“, и исто така, барем сега за сега, како изборен предмет понудено е Сексуално Образование (без Сеопфатно).

Здружението ОД НАС ЗА НАС веднаш по објавувањето на Концепцијата започна со обелоденување на Агендата за ССО преку искуството од другите земји, иако од презентираното во Концепцијата навидум се чини дека тоа не е агендата на МОН.Сепак, јавно достапен е допис разменет меѓу МОН и Владата (https://bit.ly/39N7SA5), од кој видно е дека:1. Агендата на МОН е токму ССО.2. МОН единствено „крои“ стратегија како да го воведе. Отпорот на родителите за овој вид образование е познат од искуството во другите држави од регионот. МОН сигурно знае за агендата позади ССО и знае дека во Србија, Бугарија и Хрватска (http://bit.ly/3cFC4yQ, http://bit.ly/39MGzGg, http://bit.ly/2MWP7Ry) родителите кажале изричито НЕ за ССО. Затоа, воведува други, за народот поприфатливи термини и методи. Во Хрватска се обиделе со терминот Здравствено образование! (http://bit.ly/2MWP7Ry).3. Новата Концепција е по модел изготвен од ХЕРА, членка на IPPF (Меѓународната федерација за Планирано родителство, http://bit.ly/3avnwPG), чија членка исто така е и организацијата Планирано родителство – главни лобисти за воведување на ССО на светско ниво (http://bit.ly/3pP4MB0).

Приложените илустрации се дел од книгата „Тоа е сосема нормално“ (https://bit.ly/3oIjvfL), наменета за најмалку 10-годишна возраст, која во некои држави е достапна во училишните библиотеки и исто така се користи во наставните програми за ССО (http://bit.ly/2LkNmgQ), а е промовирана од Планирано родителство (http://bit.ly/3jitYNO).Дали сметате дека ова е соодветно за Вашето 10 годишно дете?! Дали сакате организациите кои ги застапуваат овие убедувања да ги формираат убедувањата на Вашите деца преку задолжителен образовен систем? Дали нашите деца се во опасност? Извесно е дека ова доаѓа и во нашите училишта! Доколку овој тип на образование не е согласно Вашите морални и верски убедувања, можете да се потпишете на оваа петиција која го опфаќа и овој дел од Концепцијата https://bit.ly/36EWPXF———————————————ВНИМАНИЕ:

Програмите за Сеопфатното Сексуално Образование (ССО) се маскирани под многу имиња и може да бидат наречени: сеопфатно сексуално образование, сеопфатно секс образование или сеопфатно образование за сексуалност, образование за човековата сексуалност, образование за репродуктивно здравје, информации за сексуалното и репродуктивното здравје, образование за семеен живот, превенција на тинејџерска бременост, превенција на силување, програми против силеџиство, превенција на ХИВ-СИДА и понекогаш дури и образование за апстиненција или апстиненција плус, а еве сега и РОДОВО-СЕНЗИТИВНО ОБРАЗОВАНИЕ.

За главната дејност на организации кои го промовираат ССО и за достапните информации и документи кои укажуваат на нивната контроверзна и криминална историја, можете да прочитате во следните две статии:Сексуално образование – заштита на здравјето на децата или нивна индоктринација – ОД НАС ЗА НАС (https://www.odnaszanas.com/?p=4166)Контроверзната страна на сеопфатното сексуално образование – ОД НАС ЗА НАС (https://www.odnaszanas.com/?p=4191Плеј листа на видеа од каде исто така можете да изведете сопствен заклучок https://www.bitchute.com/video/H90b1pjfLZaZ/

Advertisement

Балкан

Вонредна состојба во Србија: Илјадници жители без струја

Во раните утрински часови во местото Пријановиќи, во близина на Пожега, избувна пожар во трансформаторска станица која го снабдува поголемиот дел од општината со електрична енергија. Околу 9 часот, целото подрачје остана без струја, предизвикувајќи сериозни потешкотии во домаќинствата, институциите и локалните служби.

Жителите сведочат дека, покрај прекинот на струја, се појавиле и други проблеми – интернетот е во прекин, а мобилниот сигнал постојано исчезнува.

„Сè престана да работи во ист момент. Телефоните фаќаат сигнал па го губат, интернет нема. Се надеваме дека дефектот ќе се реши што е можно побрзо“, изјавил еден жител на Пожега за РИНА.

Екипите на ЕПС веднаш излегоа на терен и започнаа со санирање на трансформаторската станица, како и со напори за постепено враќање на електричната енергија. Прв приоритет е снабдувањето во централниот дел на општината, а потоа и во останатите населени места кои се уште се во целосен мрак.

Според првичните процени, нормализацијата на мрежата би можела да потрае неколку часа, а надлежните служби апелираат до граѓаните да останат трпеливи додека дефектот не биде целосно отстранет.

Continue Reading

Свет

Лавров: Русија ќе ги смета странските војници во Украина за легитимни цели

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија ќе ги смета за легитимни цели сите странски воени контингенти кои учествуваат во конфликтот во Украина. Тој посочи дека околу 100 британски војници се вклучени во борбени операции против руските сили.

„По смртта на еден од нив, британската Влада повеќе не може да ја крие вистината. Сега сме принудени да го признаеме директното учество на британскиот воен персонал и специјални сили во војната против Русија“, рече Лавров за време на тркалезна маса посветена на украинското решение.

Британското Министерство за одбрана потврди дека британски војник загинал во Украина додека набљудувал тестирање на оружје од страна на украинските сили. Според весникот „Сан“, покрај британскиот војник, во несреќата загинале и најмалку четворица украински војници.

Лавров додаде дека Москва ќе извлече сите потребни заклучоци од, како што го нарече, „оваа најнова манифестација на вистинската природа на британскиот режим“.

Continue Reading

Свет

Руте: Европа мора да се подготви, Русија може да биде следната закана

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги предупреди сојузниците дека Русија би можела да претставува непосредна закана и дека Европа мора да биде подготвена за конфликт. Тој истакна дека многу земји членки на алијансата не покажуваат чувство на итност и треба брзо да ги зголемат трошоците и производството за одбрана.

„Ние сме следната цел на Русија. Премногу од сојузниците се тивко самозадоволни и веруваат дека времето е на наша страна. Но, времето за дејствување е сега“, рече Руте во Берлин.

Тој додаде дека конфликтот е на прагот на Европа и дека Русија би можела да биде подготвена да употреби воена сила против НАТО во наредните пет години.

Руте повика на засилување на одбранбените напори за да се спречи „војна од една генерација“, потенцирајќи дека сојузниците мора да делуваат веднаш за да обезбедат безбедност во регионот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг