Connect with us

Инфо +

Ќе останат ли 8.000 лица без работа, ако кладилниците стават клуч на врата?

Ако ставиме клуч на врата, државата ќе загуби повеќе од 250 милиони евра – предупредија денеска сопствениците на спортските обложувалници. Испровоцирани од предлог-измените на Законот за игри на среќа кои веќе се изготвуваат во Министерството за финансии, а наскоро треба да бидат објавени и на ЕНЕР, обложувалниците побараа итна средба во Владата со цел креирање ново, поинакво и, како што рекоа, издржано решение, согласно европските стандарди, во насока на развој на компаниите, заштита на граѓаните и целосно регулирање на пазарот.

Покачување на даноците и оддалечување на деловните објекти 500 метри од училишта и високообразовни институции, се само некои од измените што предизвикаа револт кај сопствениците на обложувалниците. Тоа, според нив, ќе значи целосно затворање на индустријата, но и згаснување на илјадници работни места, како и огромни загуби за државниот буџет.

Измените на Законот, реагираат, се неевропски и со нив директно се загрозува егзистенцијата на речиси 8.000 семејства. Вкупно 8.000 лица преку ноќ ќе останат без работа, а негативни последици ќе бидат предизвикани и врз повеќе од 50.000 работни места во други стопански гранки, кои индиректно зависат од оваа индустрија.

Дополнително, сметаат спортските обложувалници, носењето на овој закон значи ризик за отворање целосно илегален пазар на игри на среќа и „диви“ обложувалници.

– Растојанието од 500 метри оддалеченост на нашите деловни објекти од училишта и високообразовни институции, според анализите кои ги направивме, значи затворање на 98 отсто од уплатно-исплатните места, односно гасење на цела индустриска гранка. Ова не е европски закон. Ниту една европска земја не ја ни разгледува можноста за забрани, туку работи на квалитетно регулирање на игрите на среќа. Ниту еден европски закон не предвидува одалеченост на објектите, бидејќи тоа нема никаков ефект врз навиките. Ние сме подготвени да прифатиме кој било од законите во земјите членки на ЕУ, но ваков закон кој е нелогичен, неефикасен и има за цел затворање на индустријата нема да прифатиме, истакна на прес-конференција претставникот на Групацијата за спортски обложувалници при Стопанската комора на Македонија, Васко Илијевски.

Тој додаде дека густата населеност во поголемите градови и близината на училиштата меѓу себе не остава простор за ниту еден објект за игри на среќа во урбаните средини. Ова е особено изразено во помалите градови кои се состојат од една главна улица и неколку споредни.

-Во земјава, индустријата на игрите на среќа плаќа највисоки даноци во Европа. Зголемувањето на ионака највисоките даноци во Европа кои и сега ги плаќаме, со цел, како што се наведува, зголемување на средства во буџетот, воопшто не кореспондира со предлогот за оддалеченоста. Предлозите се сами по себе нелогични и контрадикторни. Зошто се покачуваат даноци ако практично планот е да се затвораат објектите? Кој ќе биде економскиот ефект од тоа и зошто без издржана економска анализа се пласираат вакви идеи и предлози, рече Илијевски, додавајќи дека е нејасно дали Владата со ваквото законско решение сака да направи целосно нерегулиран пазар.

Групацијата бара да биде активно вклучена во изготвувањето на законските измени. Потсетува и дека во изминатиот период постојано доставувала предлози за унапредување на сите аспекти од работењето на оваа индустријата, во интерес на сите чинители. Предлозите биле во делот на покачување на приходите на државата од игрите на среќа преку ефикасни европски модели на оданочување, поголема безбедност за играчите, повисоки казни за прекршување на законските одредби, поддршка на професионални организации и поединци, како и на развој на програми за едукација и превенција за одговорно приредување на игрите на среќа по примерот на земјите од ЕУ.

-Бараме веднаш прием во Владата за да ги образложиме нашите предлози за закон по европски терк кој ќе гарантира безбедност на сите учесници во играта, поволна и фер бизнис клима и силен социо-економски придонес во земјата. Бараме стопирање на целиот процес на носење предлог-закон и вклучување на сите засегнати страни во подготовка на нов предлог-закон по европски терк, како и транспаренна дискусија што и доликува на земја со европски аспирации, рече Илијевски.

Advertisement

Свет

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФАКТИ ЗА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО СИДНЕЈ: бројот на загинати во масакрот се искачи на 16, меѓу жртвите има и деца, напаѓачите биле  татко и син

Австралија е потресена од еден од најкрвавите инциденти во поновата историја, откако во масовно пукање животот го загубија 16 лица на возраст од 10 до 87 години, јавуваат локалните медиуми.

Трагедијата се случила во мирна населена заедница, каде според првичните информации, нападот бил извршен од татко и син, кои со огнено оружје отвориле оган врз цивили на повеќе локации. Нападот предизвикал хаос и паника, а на местото веднаш интервенирале голем број полициски и итни служби.

Меѓу жртвите има деца, возрасни лица и пензионери, што дополнително ја засилува тежината на злосторството. Повеќе лица се повредени, дел од нив се во критична состојба и се хоспитализирани во локалните болници.

Полицијата потврди дека напаѓачите се членови на исто семејство – татко и син, кои по нападот биле неутрализирани и приведени. Мотивите засега не се целосно разјаснети, а истрагата е во тек.

Австралиските власти прогласија денови на жалост, додека премиерот изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите, оценувајќи го настанот како „шокантен и незамислив чин на насилство“.

Овој случај повторно ја отвори јавната дебата за безбедноста, менталното здравје и контролата на оружјето во земјата, која со години важи за една од најстрогите во светот.

Continue Reading

Свет

(ВИДЕО) Инциденти за време на Ханука концерт во Амстердам, интервенираше полицијата

Инцидент е пријавен за време на одбележување на Ханука во Амстердам, каде, според објави на социјалните мрежи и видеоснимки што кружат онлајн, дошло до тензии и нарушување на јавниот ред во близина на концерт посветен на еврејскиот празник.

На снимките се гледа засилено присуство на холандската полиција, која интервенирала за да ја смири ситуацијата и да спречи ескалација. Полицајците биле распоредени на местото на настанот, а дел од присутните биле оддалечени од просторот каде се одржувал настанот.

Засега нема официјална потврда од надлежните институции за повредени лица, ниту за точната природа и мотивите на инцидентот. Холандските власти сè уште не излегоа со детално соопштение, а истрагата е во тек.

Настанот се случува во период на зголемени безбедносни мерки во неколку европски градови, поради зголемени тензии поврзани со меѓународните случувања и чувствителни јавни собири.

Полицијата апелираше до граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на непроверени информации, додека официјалните институции ги утврдуваат сите факти поврзани со настанот.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Continue Reading

Свет

Илјадници граѓани излегоа на улиците на Будимпешта на масовен протест

Илјадници луѓе се собраа на улиците на Будимпешта, каде одржаа масовен протест изразувајќи незадоволство од актуелните политички и општествени состојби во Унгарија. Демонстрантите маршираа низ централните градски булевари, носејќи транспаренти и скандирајќи пораки упатени до власта.

Според локалните медиуми, протестот бил организиран од граѓански иницијативи и опозициски групи, кои бараат поголема транспарентност, почитување на демократските вредности и промени во одредени владини политики. Дел од учесниците упатија критики за состојбата со владеењето на правото, медиумските слободи и економските прашања.

Протестот поминал без поголеми инциденти, а полициските сили биле распоредени на повеќе локации со цел да го обезбедат јавниот ред и безбедност. Засега нема информации за приведени лица или судири со органите на редот.

Од унгарската влада сè уште нема официјална реакција на протестот, додека аналитичарите оценуваат дека ваквите собири укажуваат на зголемено граѓанско незадоволство и дополнително ја заоструваат политичката атмосфера во земјата.

Протестите доаѓаат во период на зголемени политички тензии, а организаторите најавуваат можност за нови собири доколку нивните барања не бидат земени предвид.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг