All posts by Уредник

Во скопската зоолошка градина се роди ново бебенце – редок вид белорак гибон, за неговата сестра неодамна пишуваше целиот свет (ФОТО)

Зоолошката градина во Скопје објави дека во нивното животинско царство се родило уште едно бебенце, станува збор за редок вид белорак гибон.

-Во Зоо Скопје, на мама Бетка и тато Џорџ им се роди уште едно бебенце од видот белорак гибон 😍

Полот се уште не го знаеме бидејќи не сакаме да ја вознемируваме мама, а бебето има и постара сестричка-Софи, која се роди пред околу две години и за која пишуваа сите светски медиуми, токму поради фактот што гибоните се еден од најзагрозените видови и носењето подмладок на свет е реткост и во природата и во зоолошките градини.

Белораките гибони во природата се загрозени на повеќе начини: најприсутна закана е губитокот на нивните живеалишта, односно масовната сеча на дрва, изградба на патишта, земјоделски активности, туризам, шумски пожари, неконтролирано уништување на шумите, изградба на нови села и насади на маслодајни палми…

Се надеваме дека светот нема да дозволи повеќе овој вид да биде загрозен 🙏

Да ни е живо и здраво новото бебенце гибон ❤️, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Пoчинaти coпpyжници извaдeни од peкaтa Paдикa

Гостивар, 29 декември 2021 (МИА) – Две лица се извадени од водите на реката Радика, откако попладнево било пријавено дека автомобил паднал во реката. Според првичните информации, станува збор за брачен пар од селото Житинани, општина Центар Жупа.

Од СВР Тетово информираат дека попладнево околу 14 часот било пријавено дека во близина на Скудрињски мост по патниот правец Маврови Анови-Дебар во Радика било забележано патничко моторно возило. Набрзо на терен излегле полициски службеници од полициското одделение Ростуше кои констатирале дека станува збор за „југо“ со дебарски регистарски ознаки и дека во нив имало две лица. По доаѓањето на противпожарната единица и првата помош од Дебар, било констатирано дека во возилото имало две починати лица.

По извршениот увид од страна на увидна екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител било констатирано дека станува збор за сопружници маж на 63 годишна возраст и жена на возраст од 60 години од селото Житинани.

Јавен обвинител дал наредба за обдукција врз телата по што ќе се утврди причината за нивната смрт, а ќе се трага и по причините кои довеле до трагичниот настан

Уште еден македонски зет – поранешниот фудбалер ја запроси девојката на несекојдневна дестинација (ФОТО)

Уште еден спортист кој дојде во Македонија како пропатна станица во кариерата стана македонски зет и ја најде љубовта во нашата земја, објавува Гол.мк.

Колумбиецот Себастијан Херера кој е поранешен член на Работнички, а сега игра за унгарски МТК, ја побара раката на девојката Елена која е од Македонија.

Запросувањето се случи на луксузното туристичко место Гуатапе во Колумбија.

Двајцата се запознаа додека тој играше во нашата земја и беа во врска, а сега влегоа и во брачните води. Пред извесен период тој доби и македонски пасош. Херера беше во Македонија од 2015 до 2020 година.

Македонија е земја на љубовта! Тоа го почувствуваа и Игор Карачиќ, Кристијан Дисингер додека беа во Вардар. Листата е долга…

Три млaди лицa фатени, лoвeлe нeзaкoнcки

Полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар ги лишиле од слобода А.Т.(24), Ф.Х.(22), Х.Х.(24) и Ќ.Х.(26), сите од с.Житоше, општина Долнени, поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“.

При контрола во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.Т., а останатите лица била сопатници, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ и застрелано диво животно.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Mијалков излегува од Шутка

Апелацискиот суд ја прифати жалбата на одбраната на Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК, за притворот во случајот „Плацови на Водно“. Се очекува Мијалков денеска да излезе од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари каде што тој ја издржува мерката притвор.

Гаранцијата за тоа дека нема да бега е 11 милиони евра во имот. Оваа гаранција веќе беше понудена и за притворот во случајот „Трезор“. За овој случај Мијалков доби првостепена пресуда од осум години затвор.

Апелацискиот суд за случајот „Трезор“ минатата недела ја прифати гаранцијата и го укина притворот, но истиот ден по итна постапка, за случајот „Плацеви на Водно“, на предлог на обвинителката Лиле Стефанова беше побаран притвор за Сашо Мијалков од 30 дена и веднаш беше прифатен од кривичниот совет на Основниот кривичен суд. И во случајот „Плацеви за Водно“ Мијалков е еден од обвинетите, заедно со Никола Груевски и Орце Камчев.

Тигрите уапсиле арачиновец избеган од затвор, се криел во куќа во изградба во селото

На 29.12.2021 во 11.00 часот, по преземени опсежни мерки и активности во подолг временски период, Оперативен тим потраги, во соодејство со Специјалната антитерористичка единица „Тигар” во куќа во изградба на подрачјето на Арачиново го лишија од слобода О.М.(36) од с.Арачиново, скопско, за кого биле распишани две Централни потерници.

Имено, по наредба од Казнено-поправна установа Идризово, Скопје, тој се барал за доиздржување на затворска казна од 3 години и 14 дена, во врска со чл.215 и чл.396 од Кривичниот законик, за кои бил осуден на казна од вкупно 6 години затвор.

Според наредба од Основен суд Скопје 1 истиот е осуден на 2 години и 6 месеци, во врска со чл.382 од Кривичниот законик.

Во однос на двата централни расписи од МВР, О.М. се барал по член 383 и по член 288 од Кривичниот законик.

О.М. ќе биде спроведен во Казнено-поправна установа Идризово за доиздржување на казна затвор од вкупно 5 години, 6 месеци и 14 дена од вкупната затворска казна од 8 години и 6 месеци на која е осуден.

Папата Франциск : Христијанството во Европа дојде од Македонија (ВИДЕО)

Папата Франциск посвети цела проповед за Македонија, прикажувајќи ја како врата преку која дошло Христијанството во Европа.

На ауденцијата во четвртокот на 30 октомври 2019 година во Ватикан, Папата Франциск зборуваше за моќта на евенгелизацијата, опишувајќи го примерот со покрстувањето на Лидија од Македонија и мисијата на Апостол Павле.

Опишувајќи го настанот, Папата потсети на неговата посета на Македонија и дека Македонците се многу горди на тоа.

Полицајци извлекле тетовец затрупан со возилото во снежните наноси на Галичица

Полициски службеници од СВР Битола на 28.12.2021 во 20.30 часот преку 192 добиле повик за помош од страна на  П.Х.(57) од Тетово. 

Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, П.Х. заглавил со патничко возило „џип“, со албански национални ознаки, на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење со возила во зима.

Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на терен, при што во 21.00 часот во близина на место викано Ски-центар Галичица било пронајдено заглавеното во снег возило, на П.Х. му била укажана помош и безбедно бил извлечен со возилото и спуштен на безбедно место на главниот пат.

Косовo прогласи ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Собранието на Косово со 57 гласа „за” и 17 воздржани прогласи вонредна енергетска состојба, со што ќе се олесни на Владата да донесе вонредни мерки за ограничување на снабдувањето со енергија.
Со оваа одлука, ограничувањата за снабдување со електрична енергија стануваат законски.

Вонредните мерки ќе важат најмногу 60 дена, но Собранието може да ги продолжи за уште 30.

Тие вклучуваат наметнување ограничувања за снабдување со енергија на потрошувачите и наметнување посебни обврски за енергетските компании, пренесува КоССЕв.

Одлуката предвидува формирање на Итна техничка комисија за утврдување и поднесување препораки до министерот за економија. Оваа Комисија има задача да препорача спроведување на мерки за справување со негативните ефекти врз економијата. По препораките, Министерството треба да објави задолжителни рестриктивни мерки.

Ваквата одлука власта ја оправда со кризата што ја зафати државата, а опозицијата ја обвини власта дека доцни и ги изневерува очекувањата за справување со енергетската криза.

Османи: Бугарија барала да се потпише дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот

Два неприфатливи предлози од бугарска страна за решавање на спорот и деблокада на македонските евроинтеграции добила Македонија минатата година во декември  – откри шефот на дипломатијата Бујар Османи. 

Како што кажа тој на брифинг со новинарите, со двата спорни члена што му ги презентирала тогашната министерка Захариева, се предвидувало земјава да потпише дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот, а нацијата била создадена врз основа на бугарската во обидите за ослободување од Отоманската империја.

Османи рече дека и во 2022 клучно прашање останува надминувањето на спорот, а суштински разговори очекува уште од јануари и посетата на новиот бугарски премиер Кирил Петков..

Според Османи, промената на фокусот на спорот со Бугарија од историски прашања кон човекови права нуди можност за некакво решение. Македонија како што кажа тој, е позната по човековите права, но додаде дека наметнувањето на историски прашања како критериум за договор, не е патот по кој две европски држави треба да преговараат.

Шефот на дипломатијата откри и дека одговорот на пакетот 5+1 бил доставен и до новата бугарска Влада од која се уште не добиле никаков официјален одговор. Одговорот на Македонија како што кажа тој е дека земјава е подготвена до завршување на преговорите со ЕУ да ги вметне Бугарите во уставот. Според Османи, најавите за можно одвојување на Македонија и Албанија се штетни, но додаде дека доколку не се најде излезно решение со Бугарија и доколку не се одржува притисокот од земјава кон Брисел, постои опасност спорот да премине во замрзнат конфликт.