Category Archives: Хуманост

ДА ПОМОГНЕМЕ: Отворени се и телефонски броеви за донација за лекувањето Маре Симевска

Потребни се донации за Маре Симевска (47) од Пехчево, која е маjка на три деца.
Потребно е да се соберат средства, за понатамошно лекување, а семејството не може да ги покрие сите трошоци.

Потребно е итно преместување од една клиника во друга за понатамошен третман на болеста која е со дијагноза:

ДГ:J18.8-друга пневмонија микро организам неозначенLoading…

J98.8-други означени респираторни заболувања.

„Секој Ваш денар во моментот, за нас ке биде од големо значење.

Однапред Ви благодариме за вашата подадена рака“, се вели во описот на објавата за донации.
Се замолуваат сите граѓани кои се во можност да донираат финансиски средства да ги уплатат на следната трансакциска сметка:

НА ИМЕ: Ѓорѓи Симевски

С-КА 300057100332473

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ.

Отворени се и телефонски броеви за донации:

ТЕЛЕКОМ 143 122

А1 143 467

Граѓаните од странство може да донираат ТУКА.

Ова насмеано момче има потреба од лекување во странство

Да му помогнеме на Аце за што побрзо да се врати на безгрижната детска игра.

Аце има 8 години и по втор пат е опериран од тумор во мозокот. Нашето момче треба да продолжи со посебен радиолошки третман надвор од нашата држава за што се потребни финансиски средства од 80.000 евра.

Да донираме сите за Аце и да му помогнеме во неговиот пат кон излекувањето.

Сите потребни информации како да донирате, ги имате на фотографијата подолу:

Панчо ДНК е решен да израдува една тинејџерка: Подарува фризура и шминка за матурантка – ќерка на самохрана мајка

Панчо од дуото ДНК е човек кој кога може и колку може секогаш се труди да помогне, па така и овој пат во пресрет на матурите на своите социјални мрежи откри дека ќе подари фризура и шминка на девојка која годинава ќе е матурантка, а која не може да си го дозволи тоа. Односно како што напиша тој во објавата предност имале девојките кои се одгледани од самохрани мајки.

Инаку, пејачот го откри и фризерот кој ќе ја подготвува девојката и за него не штедеше зборови: „Инаку шминката и фризурата за матурската вечер ќе биде направена од според мене најдобриот македонски шминкер и фризер Даниел Николовски кој без двоумење ја прифати мојата идеа и притоа додаде дека девојчето кое ќе отиде кај него ќе направи да блеска на нејзината матурска, а јас воопшто не се ни сомневам во неговите вешти и магични раце“.

Целиот негов пост ви го пренесуваме во целост:

„Драги мои.

Полека набилжуваат матурските прослави кои се еден од омилените и позначајни денови на тинејџерите. Со оглед на ситуацијата и општеството во кое живееме знаеме дека не секој може да си дозволи шминка и фризура за својата матурантка па оттука Панчо реши да подари и комплетно да ја подмири потребната сума за шминката и фризурата на некоја самохрана мајка која не може да го обезбеди тоа за својата ќерка.
Нема потреба да се срамите и слободно пишете во инбокс, а дискрецијата ви е загарантирана. Инаку шминката и фризурата за матурската вечер ќе биде направена од според мене најдобриот македонски шминкер и фризер Даниел Николовски кои без двоумење ја прифати мојата идеа и притоа додаде дека девојчето кое ќе отиде кај него ќе направи да блеска на нејзината матурска, а јас воопшто не се ни сомневам во неговите вешти и магични раце. 

Би ве замолиле само да го споделите постот или препратите до оној кому знаете дека навистина му е потребно. 

Приоритет имаат самохраните мајки.
Ви благодарам однапред.
Ваш Панчо“.

Малата Марија од Радовиш: Ми требаат патики, ме болат нозете, но не ѝ кажувам на мама да не тагува

Сузана Тачева од село Ораовица можеби ќе останеше невидлива за јавноста доколку не ѝ го посакуваше најдоброто на својата 12-годишна ќерка Марија.

Од шест години самохрано ја расте со минимален месечен приход, а имало периоди и кога немале пари за храна, па седеле сами и гладни во една соба.

Тие немаат храна за сите денови од месецот, а ниту еднаш во годината не може да си купат нова облека, додека Марија ги носи тесните патики од минатата година и не ѝ кажува на мајка ѝ за да не тагува.

А, болката ја поднесува и дома и во училиште, но Сузана е жена со здравствени проблеми и не е способна ниту да работи.

– Живееме сами со ќерка ми. Сопругот е починат. Живееме во една соба, немаме пари да ја средиме куќата, земаме само 6.400 денари од социјално, а со тие пари не може ништо да се направи. Дали за мене, дали за Марија, нешто за сметки. Тешко се живее, вели Суза.

Како млада работела со тутун и заработувала пари, додека пред 12 години ја добива Марија, но потоа го губи сопругот.

– Се сеќавам на татко ми, живеевме сиромашно. Немаме услови за ништо. И да беше жив, мислам дека пак ќе беше исто. Тој ја тепаше мама, се сеќавам на тие моменти, не можев да ја одбрана, раскажува Марија во „Срце на дланка“.

Роналдо го исполни сонот на момче спасено од урнатините во Сирија (ВИДЕО)

Победата на Ал Наср во натпреварот против Ал Батин имаше еден посебен гледач на трибините. Пресвртот на тимот на Кристијано Роналдо од 0:1 до 3:1 голови во судиското продолжение го следеше во живо седумгодишното момче Набил Саид, кое беше извлечено од урнатините на разорниот земјотрес што ги погоди југот на Турција и Сирија. на почетокот на февруари и во кој животот го загубија повеќе од 50.000 луѓе.

Одењето во Саудиска Арабија и гледањето натпревар на кој настапува Кристијано Роналдо беа негови големи желби кои ги сподели со спасувачките екипи од таа земја. Во средината на февруари на социјалните мрежи се појави видео во кое тој зборува дека сака да оди, а на тоа брзо реагираше Турки Алалших, човекот задолжен за организирање на големи настани во таа земја.

„Сине, ти и мајка ти сте добредојдени. Кој може да ми помогне да дојдам до него? праша на Твитер, а во петокот објави нова, со доаѓањето на Саид во Саудиска Арабија.

Катарците ќе пратат 10.000 мобилни домови во Сирија и Турција ! (Фото)

Катар соопшти дека ќе испрати 10.000 мобилни домови во Турција и Сирија по насилните земјотреси што ги погодија двете земји.

Во соопштението на катарското Министерство за надворешни работи се вели дека овој потег „е дел од напорите на Катар да придонесе за олеснување на луѓето погодени од земјотресот во Сирија и Турција“.

Во понеделникот, емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани нареди лансирање на воздушен транспорт за помош на жртвите од земјотресот во Турција.

Државната новинска агенција QNA соопшти дека спасувачки тим, теренска болница, хуманитарна помош, шатори и зимски материјали, исто така, се веќе испратени во земјата.

Секоја помош е добредојдена. Имено мобилните домови се истите кои се користеа за време на светското првенство во фудбал кое се одржа есенва на кое беше домаќин Катар, како сместувачки капацитети за фановите.

Изгоре куќата на семејството Марковски, немаат ниту облека за децата (Видео)

На 24 јануари изгоре куќата на четиричлено семејство во Скопско Поле во населбата Гоце Делчев.

Семејството Марковски упати апел за помош со облека, храна, млеко, пелени и хигиенски средства. Тие исто така имаат потреба и од градежни материјали, мебел и бела техника.

Во проделжение погледнете го видеото од кобната ноќ и како сега изгледа домот на семејстово:

– За жал јас и моето семејство останавме и без тоа малку што ни остана. Би сакал да Ве замолам во името на целото мое семејство за помош. Огнот ни одзема буквално се, со нас е само облеката што беше на нас, немаме ниту финансии за основни работи. Комшии мои доколку сте во можност да ни помогнете со облека, храна, млеко, пелени и хигиенски средства ќе ви бидам благодарен. Господ да Ве чува, стои во објавата.

Линк од објавата за помош – контактирајте го Никола Марковски

https://www.facebook.com/nikola.markovski.984/posts/893985378698016

Стани Ванчо, нек те види сала: Младите ракометари ги испратија великаните во заслужена пензија!

Со резултат 25:21 вечерва заврши ревијалниот хуманитарен ракометен натпревар помеѓу актуелната ракометна репрезентација и екипата формирана од најзвучните ракометни имиња во историјата на Македонија.

Во поголемиот дел од времето, ветераните машки и рамо до рамо се држеа резултатски со помладите свои колеги, но очигледно, падна концентрацијата во вториот дел од второто полувреме кога актуелните македонски репрезентативци постигнаа неколку голови во низа и практично го одредија победникот.

За играч на натпреварот беше прогласен некогашниот пикер Ванчо Димовски, кој одигра одлична партија и постигна неверојатни голови.

При прогласувањето на играчот на натпреварот, шоуменот Сашко Коцев го грабна микрофонот и имитирајќи го актуелниот премиер Димитар Ковачевски, извика: „Стани Ванчо, нек те види сала“, по што целата публика грмна да се смее.

Организаторот на настанот, Ракометната федерација на Македонија, уште еднаш ја покажа својата хуманитарна димензија со поддршката на најранливите, децата и младите без родителска грижа.

Македонската репрезентација утре заминува за Пореч да ги продолжи подготовките за претстојниот Мундијал во Полска и Шведска.

„Мама да не плаче кога треба да ми даде да јадам“ е желбата на малиот Давид од Прилеп

Изјава од која и најсилниот ќе се расплаче и несомнено ќе биде емотивно трогнат.

Во какво општество живееме, зошто има неправди, зошто има гладни дечиња на ова мало парче земја…

Зарем, наместо безгрижни детски денови, едно дете треба да ја жали сопствената мајка која поради сплет на околности нема да му даде храна?

“Имам само три желби: Да оздрави бато, да имам лаптоп како сите мои другарчиња и мама да не плаче кога треба да ми даде да јадам!”- вели малиот Давид од Прилеп во емисилија „Срце на дланка“.

Втората желба веднаш му беше исполнета благодарение на Борче Стаменов од Донирај компјутер, а за храна се организираа голем број хумани граѓани.

Но, дали проблемот е решен, со оглед дека социјалните мрежи постојано се преплавени со апели за помош на семејства во кои и храната е луксуз на трпезите, од речиси сите делови од земјава.

Страшно ме погоди изјавата на малиот Давид од Прилеп. Секое седнување да јадам, ми текнува колку гладни деца има во државава и чувствувам грижа на совест. Хуманите луѓе помагаат, но не може таквата помош да биде трајно решение за илјадници луѓе што живеат во екстремна сиромаштија, вели Весна Ангелова која својот став на темава го сподели на фејсбук.

Поради ова, чувствувам незапирлив бес кон криминалците на власт што секојдневно, безмилосно и без трошка срам крадат од устите на овие деца. Да ја доведеш нацијата во ситуација да не може да се прехрани, а ти да јадеш ко стока со народни пари, мора да си ненормален. Овој народ има право на пристоен живот и заслужува подобро!, вели таа во својата објава.

Пиљара од Гевгелија со ЗАКАЧАЛКА НА ДОБРИНАТА – ,,Ако имаш донеси, ако немаш понеси”

Хуманитарна акција , закачалка на добрината под мотото „Ако имаш ДОНЕСИ, ако немаш ПОНЕСИ“. Апелираме сите оние кои немаат и навистина им е потребно да се послужат од истата.
🎄Да ги направиме празниците убави за сите🎄- пишуваат од пиљарата Кај Кецот во Гевгелија.

Алал да ви е добри луѓе👏