Category Archives: Истражување

Изјава на папата Франсис која зачуди многумина: Подобро е да се биде атеист отколку да се оди во црква и да се мразат другите!

„Колку пати гледаме луѓе кои секоја недела ја поминуваат во црква и живеат да мразат и да зборуваат лошо за другите“, рече папата Франциско.

Потоа додаде дека е подобро воопшто да не се оди во црква:

“Биди атеист. Ако сепак одиш во црква, биди син, брат, стани пример за другите”.

Френсис се осврна и на Евангелието по Матеј, кое зборува за лицемери кои се молат луѓето да ги забележат.

“Многу верници веруваат дека молитвата е само брборење. Тие зборуваат со Бога како папагали. Но, тоа не е така. Запомнете: треба да се молите со срце”, додаде тој.

Дали се согласуваш?

Во овој град во Македонија најголем дел од коцкарите се понежниот пол, погодете кој е ?

Дури 69 проценти од учениците на возраст од 13 до 20 години играле игри на среќа, а најголем дел од нив почнале со играње игри на среќа на 14-годишна возраст.

Најголем процент од девојчињата играат лото, а најголем број од машките се обложуваат во спортска обложувалница, а потоа следуваат играње на слот машини, казино и покер.

Вакви се резултатите од истражувањето во кое учествувале 4.000 ученици, а евалуирани се одговорите на 3724 ученици од Битола, Гевгелија, Прилеп, Тетово, Штип, Струмица, Куманово и Велес. Истражувањето е спроведено во рамките на проектот „Не се клади со животот“, поддржан од програмата Цивика Мобилитас, Здружението на социјални работници на град Скопје заедно со своите партнерски организации.

-Најголем број од анкетираните ученици или 29% одговориле дека играат лото, а 25% се обложуваат во спортска обложувалница, 4 – 7% играат во казино, на слот машини и покер што зборува за предизвикот кај младите да играат игри на среќа. Овој податок е уште позначаен ако се има во предвид дека станува збор за млади на возраст од 13 до 20 години – се наведува во истражувањето.

Повеќе на струмица денес

Борко од Швајцарија: Македонците најчесто ги работат тешките физички работи тука

Македонија е далеку од Европската Унија , но стотици нејзини граѓани, веќе се нејзини жители. Некои заминуваат од економски причини, некои од политички, други во потрага по подобро образование, некои за да го видат светот, трети поведени од својот авантуристички дух.

не купуваат сите билет во еден правец. Делчевецот, Борко Веселиновски како младо момче ја напуштил Македонија, но не ја заборавил својата земја. Семејството, пријателите, родната грутка, носталгијата, биле пресудни дел од бизнисот да пренесе и во Македонија. Според него за добар и успешен бизнис, администрацијата во Македонија мора да сфати дека таа мора да биде во служба на бизнис секторот а не обратно.

Дваесет и седум години ја пишува својата успешна приказна во Швајцарија, делчевецот Борко Веселинов. Меѓу делчевци важи за еден од најуспешните бизнисмени и наши иселеници кој успеал да напише успешна иселеничка приказна. Кога заминал во Швајцарија како дваесетгодишно момче, не помислувал дека животот ќе го гради во туѓина, но плановите и реалноста во земјава се две различни нишки кои, сепак, биле пресудни тој да остане во Швајцарија.

„Ситуацијата кај нас во Македонија од економска гледна точка во континуитет, не се подобрува многу. Кога ќе  добиеме работно место, кога формираме семејство, веќе тука ги пуштаме сопствените корења, на тлото кај што си заминал и мислам повеќе и не го поставуваме прашањето кога ќе се вратиме назад. Во Швајцарија имам фирма за ентериер, или поточно за технички тавани и подови. Фирмата е мала, многу повеќе работам логистика за големи компании“, вели Веселинов.

За жал, Македонците најчесто го работат тешките физички работи

Борко живее во Монтро во Швајцарија, во областа на Лозана, каде има околу 2-3 илјади  Македонци, најмногу од Делчево, но и од Струмица.

„За жал ќе морам да кажам, македонската дијаспора не е една од подобрите, мислам на капацитетот на работната сила. Значи еден голем дел доаѓаат сезонски, најмногу да работат тешка и физичка работа, како лозја,  градежништво“, образложува Веселинов.

Научниците тврдат дека патувањето не прави посреќни отколку парите!

Зоштo многу луѓе одат на шопинг секогаш кога имаат малку повеќе пари во паричник? Затоа што материјалното богатство не прави среќни, барем на одредено време. Сепак, само неколку дена откако ќе купиме нешто ново, возбудата и уживањето почнуваат да бледеат. Изгледа дека кога ќе се навикнете на тоа ново што сте го купиле, почнувате да чувствувате потреба да одите и пак да купите нешто за да ја почувствувате таа краткотрајна среќа. И тоа станува еден маѓепсан круг без крај.
Проблемот со тоа е што се обидувате да ја купите среќата. За жал, парите можат само да го олеснат животот и не можат да ви обезбедат долгорочно задоволство. Според едно истражување кое го спровеле научници на Универзитетот Корнел, има начин да се прекине тој маѓепсан круг.
Томас Гилович, професор по психологија на Ууниверзитетот, откри дека луѓето ја добиваат истата таа среќа кога купуваат нешто и кога патуваат. Најбитен момент е тоа што додека задоволството од шопингот трае кратко, сеќавањата на некое патување долго време може да ви бидат извор на среќа.
Глиович објаснува дека адаптацијата е еден од непријателите на среќата. Купуваме работи за да не направат среќни и успеваме во тоа, но само за кратко. Набрзо ќе се адаптираме на новите купени работи и нема повеќе возбуда. Иако купувањето нови работи ви дава чувство на нешто ново, сепак ја нема главната состојка за одржување на таа среќа.
Како што објаснува д-р Гилович, вашето искуство ќе стане побитен дел од вас отколку материјалните работи. Вушност, можете да уживате во она што сте го купиле, да го сакате, а можете да појдете дотаму што ќе мислите дека дел од вас е поврзан со тие работи. Сепак, тие не се дел од вашиот идентитет. Од  друга страна, искуствата на патувањето се дел од она што сте вие како личност.
Најбогатите и најмилите сеќавања не се дел од материјалните предмети што сте ги купиле. Тие се вкупен збир на искуствата што сте ги имале. Патувањето не носи на нови култури и места. Во една таква средина се чувствувате како се што гледате околу вас да ве прави побогати. Вашиот мозок и телото губат чувство за време и апсорбирате нови информации.

Таа дисконектираност од вашата нормална средина на која веќе сте се адаптирале е одлична околина за креирање среќни и трајни сеќавања кои тешко се забораваат или се заменуваат. Волтер Валдингер е 80-годишен истражувач од Универзитетот Харвард кој докажа дека луѓето кои се најповрзани со нивните семејства, пријатели, заедницата и другите луѓе се најздрави и најсреќни. Владингер вели дека треба да ги продлабочите врските така што заедно со луѓето во вашиот живот ќе правите заеднички активности.
Тој вели дека искуствата ве поврзуваат со другите на начин на кој материјалните работи не можат. За Валдингер некои од најбитните искуства во неговиот живот се патувањата. Тој открива дека патувањето го зближило со семејството. Учеството во екстремни спортови, учењето нови вештини или посетувањето необични настани ќе ве направи среќни. Новиот автомобил или новиот гаџет со тек на време ќе стане обичен, стар и застарен. Од друга страна, сеќавањата кои ќе ги имате од патувањата се вистински извор на среќа кој ќе остане со вас целиот живот.
Затоа, инвестирајте ги тешко заработените пари во искуства и на тој начин ќе инвестирате во долгорочна среќа и задоволство.