Category Archives: Забава

Забавата на прво место

(Видео) Пендаровски во вила Водно ја прими старлетата Нивес Целзиус

Познатата хрватска пеjачка, модел, глумица, писателка и старлета Нивес Целзиус била на прием кај ретседателт Стево Пендаровски во вила Водно во Скопје.

Таа на социјалните мрежи објави фотографии и видео од приемот кај Пендароски при престојот во Скопје, каде што дошла на турнир во мал фудбал.

Видеото може да го отворите ТУКА.

Среде бел ден во Скопје демолираа автомобил: „За газди што не даваат плата“ (ВИДЕО)

 Во видеото се гледа како две лица среде бел ден демолираат автомобил оставен на паркингот.,

-Припрема за газди што не даваат плата. ПС, а за чиновничиња и министерчиња што сега глумат големи газди ќе се снима нов филм, стои во коментарот на видеото.

Илина замина во Америка да работи како професорка

Познатата алпинистка Илина Арсова од неодамна престојува во Тенеси, Америка, а сега ја објави и причината за тоа.

Во видео на Инстаграм соопшти дека започнала да работи како професорка на Универзитетот Тенеси, од каде добила и стипендија за докторски студии.

-За сите пријатели и фанови праќам мал поздрав од Ноксвил, Тенеси. До сега не стигнав официјално да споделам дека добив престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси.

Оваа одлука не беше лесна во поглед на љубовта и фамилијата која ми недостига во секој миг, сепак овој мој нов Монт Еверест, долго беше на листата па еве му дојде редот. Искрено им благодарам на најблиските и мојот драг Игор Џамбазов за целата поддршка во овој момент, новите почетоците никогаш не се лесни. Знаењето е нашето најголемо богатство, па никогаш не престанувајте да учите, порача Илина.

https://www.instagram.com/reel/CjNqnebOQcD/?igshid=YmMyMTA2M2Y=

Учениците од ООУ “Kлимент Охридски” Прилеп спектакуларно го дочекаа нивниот другар Вања (Видео)

Вања Ѓорѓиоски, ученик во ООУ “Климент Охридски” Прилеп, учествуваше на Светското финале на натпреварот по англиски јазик “Хипо”, кое од 28-30 септември се одржа во Рим, Италија.

Вања се натпреваруваше со ученици од целиот свет: Италија, Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Латвија, Тунис, Малезија, Египет, Филипини, Виетнам…. и многу други.

Од 28 финалисти во категоријата Хипо 1, го освои ПРВОТО место и доби златен медал, светски признат сертификат за неговото познавање на англискиот јазик и школарина. Неговата менторка, наставничката Фросина Ацевска доби бесплатен TEFL курс.

Денеска Вања пристигна во своето училиште, каде го пречекаа сите ученици со шампионски шпалир. Учениците од сите генерации го извикуваа неговото име, а Вања срамежливо помина поздравувајќи ги своите другарчиња.

Екипата на Маркукуле му посакува на Вања уште поголеми успеси во иднина, а на ООУ “Климент Охридски” им посакуваме да станат расадник на вакви талентирани и вредни ученици.

Видео:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0TFk1EdPCxbgbopraVPFWtN3uoabVAhdwzdo48vYSAiAwuDdYX9vPU7XQtedQtEhbl&id=100057408431472

„Во македонски ресторан“ – Нов хит на социјалните мрежи

„Во македонски ресторан“ е нова песна на хрватскиот музичар Мики Солус, кој е новиот хит којшто се шири на социјалните мрежи.

Погледнете за што се работи – Видео:

„Со љубов за Тоше“: Концерт во чест на нашиот непрежален пејач

По повод 15 години од последниот, незаборавен концерт на Тоше Проески, Министерството за култура и Спомен куќата на Тоше го продолжуваат неговиот аманет и ветуваат незаборавен концерт на 5-ти октомври токму во неговото родно Крушево.

Имено, на 5 октомври Крушево првпат ќе биде домаќин на сите музички пријатели на Тоше, кои ќе исполнат дел од неговите вонвременски хитови. Ѕвезденото небо за Тоше ќе се случува на платото пред неговата Спомен куќа на Гумење во Крушево, со почеток во 19 часот. дел од Концертот и Ѕвезденото небо за Тоше ќе бидат: Каролина Гочева, Бени Шаќири, Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Ѓоко Таневски, Мартинијан Кириловски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Влатко Груевски, Омар Џафероски и Билјана Јосифов.

Тие ќе настапат во придружба на Камерниот оркестар на Битола, под водството на Владимир Димовски и на Бендот на Тоше.

Од крушево ги повикуваат сите фанови од Балканот, со своето присуство и со своите мобилни телефони да го збогатат Ѕвезденото небо за Тоше и да споделат љубов и сеќавања на концертот кој е наречен „Со љубов за Тоше“. Неговата љубов за сите нас сѐ уште трае и постои во секој негов стих и нота.

(МИА)

На Џамбазов му пристигнаа резултатите – боледува од Илинопатија

Маестро Игор Џамбазов, на социјалните мрежи си ја отвори душата и ја призна болката. Пристигнаа резултатите, вели Џампазов, боледувам од Илинопатија.

„Ги известувам сите пријатели и следбеници дека конечно ги добив резултатите од лабораториските испитувања. Веќе два месеца боледувам од Илинопатија, во превод: Патење по Илина. Лекот за оваа болест се уште не е измислен. Чаре?“, пишува Џамбазов на социјалните мрежи.

Веќе два месеци ја нема видено својата љубена Илина, па јавно кажа колку му недостасува. 

Легендарни – „ЧЕРВЕНАТА“ се вее вечерва на стадион

Велешки навивачи направија огромна “червена” односно познатите југословенски 100 динари и велат дека таа вечерва ќе се вее на трибините.

СЕЌАВАЊЕ: 46 години од смртта на Никола Бадев

Денеска се навршуваат 46 години од смртта на Никола Бадев, потсетува историчарот Петре Камчевски, нагласувајќи дека според многумина, станува збор за бардот на македонската народна песна.

Камчевски информира дека во текот на долгата и успешна музичка кариера, Бадев имал снимено повеќе од 400 песни и голем број грамофонски плочи, а реализирал и голем број на концерти и турнеи во поранешна Југославија, САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд итн.

– Никола Бадев е исклучителна појава помеѓу големиот број на исполнители на македонски народни песни, но никој како него не го долови вистинскиот дух и мелос на македонската изворна народна песна. Со неговото вклучување во ансамблот на Радио Скопје, му се овозможи на овој народен пејач да го изгради и култивира неговиот исклучителен глас. Во ова нешто многу му помогнале етномузикологот Васил Хаџи Манов и Живко Фирфов, со што успеа да ја афирмира и издигне до највисок степен, изворната македонска народна песна и мелос, вели Камчевски.

Додава дека Бадев на 10-годишна возраст започнал скришум да свири виолина и дека на почетокот во неговата музичка наобразба му помогнал вујко му.

– Никола Бадев бил роден во 1918 година во село Глишиќ, денес приградска населба на Кавадарци. На 10 годишна возраст започнал скришум да свири виолина. Во неговата почетна музичка наобразба многу ми помогнал неговиот вујко Васил Неделков, кој пак самоуко свирел неколку музички инструменти. Уште како млад го сакал спортот, особено фудбалот, а во ФК „Југославија“ играл десно крило. Никола се оженил многу млад, а во бракот со сопругата Милка имал три деца. Веднаш потоа заминал на отслужување на воениот рок каде го затекнала Втората светска војна, раскажува Камчевски.

Во септември 1944 година се вклучил во редовите на НО војска, во Втората македонска ударна бригада. По војната завршил курс за медицински техничари и работел во Кавадарци како санитарен инспектор-хигиеничар.

– Со својот пријатен мелозвучен глас Никола веќе бил познат во Кавадарци и многумина барале да им пее на многу свадби и веселби. Во 1948 година Никола Бадев победил на Фолклорниот фестивал во Скопје и по препорака на многу негови другари заминал во Скопје. Во почетокот на неговата музичка кариера многу му помогнал Васил Хаџи Манов кој во тоа време работел како музички уредник во Радио Скопје. Својата прва грамофонска плоча Бадев ја снимил во 1952 година за „Југотон“, тоа била песната „Тешка беше нашата разделба, потсетува Камчевски.

https://youtu.be/o5doVWMHQcI