Category Archives: Хуманост

Сите сме потребни за ова мало ангелче: Двегодишниот Марко од Прилеп се бори со ретко заболување

Maрко Мицески од Прилеп е двегодишно ангелче кое се бори со ретко заболување и поради кое и во моментов е во болница.

Неговото лекување е возможно во Турција, но за истото е потребни 19.000 евра – средства кои неговите родители не се во можност целосно да ги обезбедат.

-Ве молам помогнете им за да можам и јас да учам, да се развивам и играм, да се радувам на животот како сите мои врсници, стои во апелот за помош.

Во апелот има трансакциски сметки за донации за Македонија и Германија, па доколку сте во можност помогнете со ваш прилог за ова мало ангелче да добие шанса за здраво и безгрижно детство.

ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА АЛЕКСЕЈ!

Алексеј има само 3 години и му е дијагностицирана хипоксична енцефалопатија, ретка болест која означува недостаток на кислород во мозокот, создавајќи ризик од сериозни последици и смрт.


Решението за оваа болест е пресадување на матични клетки, нешто што за жал не е возможно во нашите здравствени институции.


Поради тоа, неговото лечење мора да продолжи во болницата Лив Хоспитал Улус во Истанбул, но пресадувањето чини 19.000 евра, средства кои моментално семејството на Алексеј ги нема.


Затоа ве замолуваме токму вас, хумани луѓе кои ја поддржувате работата на нашата фондација, уште еднаш заедно да ја покажеме солидарноста на дело и да донираме за да го спасиме животот на нашиот Алексеј!


Донациите ќе се прибираат на сметката на фондацијата, а со собраниот износ ќе се платат сите трошоци кон болницата во Турција.

Линк за донирање: https://gofund.me/27ad16be

ИТНО: Потребни се нулта позитив крвни единици за 5 годишно детенце

Итно се потребни нулта позитив крвни единици (тромбоцити) за петгодишно детенце коешто боледува од леукемија.

Ве молиме сите кои можете да дарувате, да одите во Трансфузиологија во Клиничкиот центар во Скопје, со напомена дека е за детенцето Мартин Здравковски, стои во апелот на Фејсбук страната на Бигорски Манастир Св. Јован Крстител.

ПРОДАВА КРОФНИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ЛУНА: Марија од Гевгелија го следи хуманиот гест на Нина

Инспирирана од Нина од Нови Сад која продаваше крофни за да собере пари за лекување на својот татко и малата Марија од Гевгелија продава крофни на плоштадот во градот за да помогне во собирањето пари за лекување на Луна од истиот град која не ја познава.

Луна Поп-Костова истот така е девојче од Гевгелија кое има напредна фаза на сколиоза и треба да оди на операција во Турција за чија операција се потребни 65.000 евра.

Засега продажбата на Марија оди успешно. Покрај Марија и уште две деца, Петар и Силвија, исто така со продажба се обидуваат да помогнат во собирањето пари за Луна.

Истовремено се отворени и телефонските броеви за донации: Телеком 143 – 103 и на А1 143 – 478 на кои може сите граѓани да се вклучат во хуманитарната акција.

Семејството на Кико донираше 500.000 денари за Стефан

Деновиве на социјалните мрежи се ширеше апел за помош на малиот Стефан.

Неговиот живот не може да продолжи без адекватен респиратор, кој може да се набави со ваша помош. Потребни се 585.200 денари. Ве молиме да собереме сите и да му помогнеме на Стефан. Вашето малку, за Стефан ќе значи многу“, стоеше во апелот.about:blank

Стефан Лазаров денес објави дека семејството на Кико извршило донација во вредност од 500.000 денари за помош на Стефан.

„Како што најавив пред 2 дена, ова утро од семејство Коцеви е извршена донација во вредност од 500,000 денари..
Ова е од Кико за Стефан. Голем респект од мене за Горан, Катерина и Никица, семејство со вистински вредности, чесно и хумано. Заслужувате многу… а на малиот Стефан му посакувам брзо да се опорави..“, објави Лазаров.

11-годишно девојче собра пари за болниот татко од продажба на крофни: „Доаѓаат луѓе од сите страни …“

Откако на социјалните мрежи се прошири веста за девојчето со крофните, бројни граѓани застанале во ред. Крофните по симболична цена од 100 динари, што е околу 50 денари, се продаваат уште денеска.

11-годишната Нина, која последните денови продаваше крофни во Нови Сад за да собере пари за лекување на својот болен татко, успеала во својата намера. Како што потврди нејзината мајка Наташа, успеале да ги соберат потребните средства.

„Се отиде предалеку, луѓе доаѓаат од сите страни и многу сме им благодарни. Ги собравме парите и одиме во Москва, карта до таму чини 1.000 евра, а ќе видиме колкави се останатите трошоци. Засега имаме доволно пари“, открила таа, пишува „Kurir.rs“.

Откако на социјалните мрежи се прошири веста за девојчето со крофните, бројни граѓани застанале во ред за да купат. Крофните по симболична цена од 100 динари, што е околу 50 денари, се продаваат уште денеска.

„Јас прво сакав да продавам крофни за џепарлак. Но, се сетив дека би можела да му помогнам на тато да собереме пари што побрзо за неговите лекови. Така почнав да продавам поради него“, рекло девојчето за „Blic“.

„Колку сум горда на овие луѓе“, „Браво за новосаѓаните“, „Душа мила, браво девојче мало“, „Секоја чест за сите овие прекрасни луѓе“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.

Таткото на Нина, Зоран, го загубил видот во 2016-та година по аблација на мрежницата. Во март 2022-ра година повторно ја јавила аблацијата, по што му се дијагностицирани симпатичка офталмија и панувеитис, поради што животот му е загрозен. Сега му е потребна помош за да може да оди на далечно лекување во Москва.

„Морам да кажам дека ние се лекуваме тука од 2016-та година, но ситуацијата е сè полоша. Им благoдaрам на министрите, на сите лекари кои се прекрасни и прават многу за нас“, рекла мајката на Нина.

Хуманитарниот концерт за Кико ќе се одржи, парите ќе бидат донирани за друго дете

Почина Кристијан Коцев-Кико, момчето за кое цела македонска јавност се крена на нозе за да собира донации за негово лекување. Неговата состојба се влошила во последниве два дена. Јутуберот Стефан Лазаров кој е во постојан контакт со семејството, за ова објави и на социјалните мрежи.

Стефан Лазаров преку социјалните мрежи информираше дека хуманитарниот концерт за помош за Христијан Коцев – Кико кој беше закажан во вторник, 27 јуни во Домот на културата во Штип ќе се одржи.

Парите ќе бидат донирани на друго дете. Ако не успеавме да го спасиме Кико, ќе дадеме се од себе да спасиме некое друго дете. Хуманитарниот концерт во вторник ќе се одржи, ќе дадеме се од себе сите што треба да учествувавме. Сите сакам да дојдете да ја наполниме салата за Кико, да пееме за Кико и сите средства кои ќе ги собереме ќе ги донираме на друго дете“, низ солзи рече Лазаров.

КИКО ПОЧИНА…

Иако беа собрани парите за лекување во Турција малиот Кико од Долни Балван почина. Не издржа да замине за странство да се лекува од ретката болест од која боледуваше.

Неговата здраствена состојба нагло се влоши пред два дена кога во приватна болница му откажа дишењето и беше ставен на апарати.

Иако после неколку часа се почувствува подобро сепак неговото срце не издржа.

Претходно докторите одбиваа да потпишат трансфер за момчето со медицински авион, бидејќи, сметаа дека нема да го издржи патот.

Народот за Кико досега собра 40,000 евра во 3 дена! Државата, општините, институциите: 0 евра

Малиот Кристијан има ретка дијагноза Атаксија-телеангиектазија.

За неговото лекување се потреби финансиски средства со кои тој би отпатувал за Турција на лекување.

Teлефонските броеви за донација се А1: 143 471, Телеком: 143 130.

ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 200004087594930 СТОПАНСКА БАНКА АД Скопје, Катерина Коцева. 

Граѓаните од дијаспората може да донираат на следниот линк:  

https://www.gofundme.com/f/help-kiko-win-his-battle-with-at/widget/large/#:~:tcm-regime=GDPR&tcm-prompt=Hidden