Category Archives: Балкан

Спасувачите преживеаја НАПАД од МЕЧКА за УСПЕШНО ПРОНАОЃАЊЕ НА 15 ГОДИШНОТО ИЗЧЕЗНАТО ДЕВОЈЧЕ ВО БИХ

Членови на Планинарската спасувачка служба Горњи Вакуф – ловџии и мештани ДВА ДЕНА трагаа по 15-годишната Е.Р. која исчезна завчера во попладневните часови во областа Бистричка Рика во Босна и Херцеговина.

Потрагата траела до доцна вечерта првиот ден, а вчера наутро продолжила пришто влучени биле 30-тина лица.

Потрагата продолжила со вклучување на дронови и пребарување на теренот.

Според информациите на локалниот портал GornjiVakuf.com, групата била нападната од мечка додека го пребарувала теренот, но за среќа нема повредени.

Девојчето последен пат било видено завчера околу 14:30 часот на патот Горњи Вакуф – Нови Травник, а претходно влегло во продавница од каде купило сок. Таа носела црна јакна, црвен ранец, црни панталони и бели патики. Станува збор за девоче со тешкотии во развојот.

За вчера во вечерните часови да го пронајдат девојчето на локалитетот Ланишта.

Семејството изгрази благодарност до 30-та луѓе кои беа вклучени во потрагата за 15 годишното девојче која резултираше со среќен крај.

Бугарски рапер ни посвети песна – „БЛГАРСКА КРВ ТЕЧЕ ВО ВАШИТЕ ВЕНИ“ (ВИДЕО)

Мала провинција со големи амбиции, израсната во бугарски традиции, пее Устата. Тој додава дека „Георги Димитров и ја подари оваа земја на Југославија“.

Ова не е земја, туку само територија, пее познатиот бугарски рапер Устата во неговата најнова песна посветена за Македонија

Рап пејачот Иван Динев, попознат по псевдонимот Устата, на својот фејсбук профил поставил можеби дел од својата нова песна посветена на Македонија, каде има околу 200 коментари и речиси 3.000 споделувања од неговите следбеници.

Во описот на видеото, Устата објаснува дека ова е „Лекција по македонска историја“.

Од неговиот рецитатив јасно се гледа дека за него Македонија не е држава, туку само територија.

– Мала провинција со големи амбиции, израсната во бугарски традиции – пее Устата. Тој додава дека „Георги Димитров и ја подари оваа земја на Југославија“.

Непосредно пред да ги нарече Македонците „злобни“, Иван Динев истакна дека македонскиот е бугарски дијалект.

Еве дел од провокативниот текст:

Сите дрвја имаат бугарски корени пред 1945 година.

Таа земја e подарок од Георги Димитров на Југославија.

Вашиот јазик е дури и моделиран – Македонскиот е бугарски дијалект.

Ауу, но колку сте злобни! Извинете што ни е незгодно.

Гоце Делчев го напишаа за свој, уживате да го крадете нашиот херој, а?

Вашиот крал бил Самуил – таратанци, а на оваа глупост се смеат и Албанците.

Сè уште сте отворени дека сте биле први. Зошто не се однесувате така со Србите?

Еј Македонијо! Маке, Маке, Маке, Македонија, наскоро нема да бидеш Европејка. Седи кротко на резервната клупата!

Еј Македонијо! Маке, Маке, Маке, Македонија, биди малку поскромна, таа бугарска крв, тече во вашите вени.

Слушнете го самиот настап!

Пендиков: Нормално е да се пцујат Бугари…

Христијан Пендиков во прво интервју за бугарската телевизија БТВ раскажа за нападот во Охрид. Toj тешко зборуваше по операцијата.

Vели дека и по речиси еден месец, заканите продолжиле. Според Пендиков, има информации дека тој може да биде нападнат во Бугарија. Рече дека ѝ се заканувале на неговата мајка и на неговите роднини.

Во интервјуто Пендиков раскажа и како тој самиот не ги поднесувал Бугарите кога бил помлад и како пред неколку години се разбудил и станал македонски Бугарин.

„ Бев во ресторан со моите пријателки. Дојдоа двајца-тројца и почнаа да ме напаѓаат дека сум Бугарин. Само со зборови. Зошто се нареков Бугарин, дека сум предавник? И такви работи“, се сеќава тој.

„ Потоа излегов од ресторанот, да му се јавам на Томе, да му кажам што се случило. Претседателот на клубот, а потоа Илја излезе и ми го зеде телефонот. Ми рече – „Влези внатре и биди смирен за да нема проблеми“. Влегов внатре и видов дека не ме сакаат во ресторанот. Ја земав јакната и излегов надвор. Одев сам до паркингот да си ја земам колата и да си одам дома. И таму се се случи“, рече Пендиков.

Според него, тепачката траела најмалку 10 минути и додаде дека имало тројца напаѓачи.

„ За жал, во Северна Македонија е нормално да те тепаат, пцујат, пукаат затоа што си Бугарин. Полицијата не треба ништо да прави“, вели секретарот на бугарскиот клуб во Охрид.

„За да бидеш македонски Бугарин, само треба да се реализираш. Во Македонија учиме изменета, лажна историја во која Бугарите се фашисти, Татари. Откако ја прочитав светската историја, откако прочитав за ВМРО и што е историја, сфатив“, коментира тој.

Вели дека претходно не сакал ниту една од соседните земји:

„ Не научија таква приказна дека само Србите ни се браќа и сите други сакаа нешто лошо да и се случи на Македонија.

Веќе неколку дена Пендиков има деноноќна полициска заштита. Добива слики од оружје и закани дека луѓето ќе дојдат во Бугарија.

Пендиков: Во Македонија се учи лажна историја дека Бугарите биле фашисти! (ВИДЕО)

Покрај овој говор на омраза, охриѓанецот Христијан Пендиков во интервју за бугарската  БТВ рече дека сонува да се врати во Македонија и да каже дека е Бугарин и дека е нормално да  се тепаат, пцујат и стрелаат оние кои се изјаснуваат за Бугари. МНР???

Секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид кој се родил како Македонец но подоцна осознава дека е македонски Бугарин, вели дека еден месец по нападот се уште е цел на закани. Пендиков е сигурен дека може да нападнат и во Бугарија.

– Бев во друштво со пријателки. Дојдоа двајца тројца луѓе и започнаа да ме напаѓаат затоа што сум Бугарин. Затоа што сум се нарекувал Бугаин и дека сум предавник. Потоа излегов надвор да му се јавам на Томе да му кажам што се случило. Влегов внатре и видов дека не ме сакаат во друштвото. Си ја зедов јакната и тргнав кон паркингот и кон колата. Таму се случи нападот . Ме тепаа десет минути тројца напаѓачи, откри Пендиков.

Тој додаде дека во Македонија било нормално да се тепаат, пцујат и стрелаат затоа што си Бугарин, а полицијата ништо не преземала.

– За да си македонски Бугарин, треба да се осознаеш. Во Македонија учиме изменета и фалсификувана историја во која Бугарите се фашисти. Откако ја прочитав светската историја и прочитав повеќе за ВМРО јас осознав дека сум Бугарин. Ние учевме таква историја дека само Србите ни се браќа и сите други сакале да и се случи нешто лошо на Македонија, истакна тој.

Неколку дена Пендиков има 24-часовно полициско обезбедување затоа што добивал слики со закани со оружје кои сакале да го пронајдат во Бугарија.

– Мајка ми ја заплашуваат постојано. И пишуваат дека ќе ја убијат дека сме предавници и дека треба да се иселиме од Македонија. Мечтеам еден ден да може да се вратиме во Македонија и спокојно да кажам дека сум Бугарин и никој да не ми направи ништо, не само на мене туку и на сите кои живееме во Македонија и сме македонски Бугари – потенцира Пендиков за БТВ.

ВИДЕО ТУКА

Путин му пишал писмо на Вучиќ: Ве поддржуваме во заштита на вашиот територијален интегритет

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска прими писмо со честитки од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, по повод Денот на државноста на Србија, во кое, меѓу другото, се наведува дека Москва високо ја цени „ избалансиран надворешнополитички курс што Белград го спроведува во сегашните сложени меѓународни околности“.
Во честитката на Путин се наведува понатаму.

„Добијте срдечни честитки по повод националниот празник на вашата земја – Денот на државноста. Србија е важен и доверлив партнер на Русија. Ние високо го цениме балансираниот надворешнополитички курс што Белград го следи во сегашните сложени меѓународни околности. Ги поддржуваме вашите напори насочени кон заштита на територијалниот интегритет на земјата и решавање на косовското прашање. Уверени дека натамошниот развој на руско-српското стратешко партнерство целосно одговара на интересите на нашите братски народи. Искрено ви посакувам добро здравје и успех, како и на сите граѓани на Србија благосостојба и просперитет“, се вели во честитката на рускиот претседател, која на претседателот Вучиќ му ја врачи амбасадорот на Русија, Александар Бочан-Карченко.

БУГАРИЈА ОДБИ ДА ГО РЕГИСТРИРА МАКЕДОНСКИОТ КЛУБ „НИКОЛА ВАПЦАРОВ“ ВО БЛАГОЕВГРАД

Бугарските власти одбија да го регистрираат македонското здружение „Никола Вапцаров“ кое го отвори истоимениот културен клуб во Благоевград во октомври минатата година, соопштија од клубот. Бугарската Агенција за регистрација завчера ги известила основачите на здружението дека нивното барање за регистрација е одбиено со образложение дека е неуставно.

Оваа постапка на бугарските власти е спротивна на 15-те пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур против забраната за здружување на Македонците, како и на препораката на Комитетот на министри на Советот, кој во декември ја повика Бугарија да дозволи регистрација на здруженија кои имаат за цел признавање на македонското малцинство во Бугарија.

„Македонскиот културен клуб ‘Никола Вапцаров – Благоевград’ беше отворен по приватна иницијатива на крајот на октомври годинава, а неодамна беше скршен излогот на клубот и приведени четири лица во врска со инцидентот. Целите на здружението, декларирани од клубот, се: ‘културна комуникација меѓу народите и земјите од Балканот за мир и добрососедство, како и поддршка на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата’. На 10 февруари добивме решение за одбивање на регистрацијата, што значи дека на нашето здружение му е ускратена легитимноста и е забранета“, велат од клубот „Никола Вапцаров“ во пораката до медиумите.

За европратеникот Јорданов НАВРЕДИТЕ кон Македонците НЕ СЕ ГОВОР НА ОМРАЗА, туку КОНСТАТАЦИИ

Бугарскиот европратеник и амбасадор во Скопје од 2001 до 2005 година, Александар Јорданов, не ги смета за говор на омраза тешките навреди кон Македонците, кои ги нарече „србомански измет“, „црвени ѓубриња“, „комунистички фосили“, „титоисти“, „југословенски партали“?!

„Прво, тоа не е јазик на омразата, туку јазик на констатациите. Работите што ги кажав емотивно се констатирани и од политичари, и од научници, и од историчари. Така што апсолутно не можам да се тревожам. Вистината е дека македонската држава преку своите политичари, претставниците на медиумите и граѓаните манипулирани со пропаганда, преминаа многу граници. Го преминаа не само добриот тон, добриот однос кон Бугарите и Бугарија, туку ги преминаа и најелементарните човечки норми за разбирање и за добар третман. А токму тој ден, кога се случи тоа скандалозно однесување на македонската гранична полиција кон моите сонародници Бугари, не можев како европратеник, едноставно, како бугарски државјанин, да пренебрегнам дека сум бил политичар и поради тоа да не реагирам емотивно. Затоа што човек има нерви, има разум, но има моменти кога веќе ми проговори срцето и ги изговорив овие навистина остри зборови, можеби малку чувствителни зборови, но во секој случај зборови што излегоа од мојата душа. Затоа што не можам да дозволам европските граѓани, Бугарите, да бидат понижувани. И тоа со години го прават македонските власти, а сега само се демонстрираше на граница. И затоа крикнав. Се разбира, нека се жалат, разбрав дека напишале некое писмо – прочитав во весниците, ништо официјално не стигнало до мене, но не ми пречи. Важно е мојата совест пред мене и пред мојот народ да биде чиста“, изјави Јорданов за бугарското радио Фокус, пренесува Express.mk.

СТАН, ПАРИ за живеење и БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО како награда од Бугарија за Пендиков

Христијан Пендиков, кој беше повреден во тепачка во Охрид, и Бугарија го „евакуираше“ со авион на лечење во Софија, од бугарските власти ќе добие стан за привремено живеење и пари за издржување додека е во Бугарија.

Ова денеска го соопшти министерот за надворешни работи, Николај Милков, на прес-конференција. Парите што ќе ги добие за живеење се наменети за него и за неговото семејство, рече Милков.

Пендиков вчера беше отпуштен од Военомедицинската академија во Софија и веднаш беше примен од претседателот Румен Радев. Тој најави дека Пендиков ќе има и средба со бугарскиот министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев, „на која ќе се прецизира во колкава мера и дали му треба обезбедување на нашата територија, за да не стане жртва на провокација“.

Милков ги дефинираше настаните од 4-ти февруари, по повод 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и случаите на приведени Бугари на граница, како нова ниска точка во односите меѓу Софија и Скопје.

– Во однос на конзуларните прашања, правната помош, планираме да направиме некои консултации со нив за да ги изнесеме нашите тврдења, бидејќи тие не нѐ известија за апсењата на бугарските државјани. Тие се обврзани да го сторат тоа според еден куп меѓународни конвенции. Во однос на дискриминацијата, секогаш сме чувствувале дека тоа не е само конзуларно прашање. Дискриминацијата е политичко прашање, рече Милков.

Милков, како што рече, се надева дека Христијан Пендиков брзо ќе добие бугарско државјанство. 

СКАНДАЛ во Косово: Пратеник гледа филмови за возрасни на седница! (Видео)

За време на специјалната седница за Косово, пратеникот од Социјалистичката партија на Србија, Звонимир Стевиќ, гледаше филмови за возрасни.

Имено, како што може да се види на видеото кое се појави на социјалните мрежи, овој пратеник седнат на собраниската клупа повеќе од минута и пол ја следи акцијата на мобилниот телефон, додека жестока расправа за националното прашање продолжува зад говорницата.

Да потсетиме дека расправата за Косово во Народното собрание на Србија се одржа во четвртокот и петокот на 3 и 4 февруари.

Земјотресот од Турција може да се повтори и на Балканот – вели српски сеизмолог!

Во денешните разорни земјотреси во Турција и Сирија загинаа најмалку 3000 луѓе.

Сеизмологот Славица Радовановиќ за српски Б92, вели дека нема директна опасност за Србија, бидејќи земјата е на „периферијата“ и е последна во низата земји кои се загрозени по денешните потреси во Турција.

Но, таа објаснува дека анадолската плоча е поврзана со нашиот регион и дека во процесот на притисок и поместување може да се очекува зголемување на сеизмолошката активност на Балканот.

Радовановиќ потсетува на случајот од 1939 година кога разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени, со иста јачина како овој сега, ја погоди Турција и предизвика смрт на речиси 20.000 луѓе. Една година подоцна, во ноември 1940 година, разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија и предизвика смрт на стотици луѓе, додека стотици згради се урнаа до темел.

Секоја активност на анадолската плоча предизвикува активност и на Балканот, но, според Славица Радовановиќ, Србија е најмалку загрозена, додека последиците од денешниот разорен земјотрес во Турција може да се очекуваат во Грција или Романија во блиска иднина.