Category Archives: Балкан

ОПАСНА ДЕТСКА ИГРА! Деца што ви е!? ВИСАТ НА ГРАДСКИ АВТОБУС и се смеат

На Инстаграм се појави, најблаго кажано, вознемирувачко видео, снимено во Белград, а кое го поставува прашањето – како ли ова им паднало на памет? Видеото доаѓа од соседството, но не значи дека треба да се игнорира и треба да служи како ОПОМЕНА за сите кои ќе го погледнат.

Имено, во него се гледаат две деца кои се „закачиле“ за задниот дел од автобус и така „виселе“ додека возилото било во движење. Не е познато колку долго се возеле така, но јасно е дека ниту возачот ги видел или можел да ги види, ниту тие многу размислувале за можните последици.

Ним очигледно целата ситуација им била смешна, а така е затоа што, веројатно, ниту сега се свесни што можело да им се случи.

Се поставува прашањето кој би бил одговорен доколку нешто се случело и зошто луѓето наместо да снимаат и да се  „крстат“ не го запреле возилото или не повикале полиција?!

Погледнете видео на следниов линк:

Бериша го нарече Заев “слеп политичар“ и авантурист кој ја претвори Македонија во „јаболко на раздорот“

Поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша во градот Камза, на собир со членови и симпатизери на Демократската партија, чиј почесен претседател е, го коментираше поразот на СДСМ на локалните избори што доведе до оставка на Зоран Заев како премиер и претседател на СДСМ, пренесува Ора њуз.

Тој ги поздравил македонските гласачи, за кои рекол дека му го поништиле билетот на „авантуристот“ кој Северна Македонија ја претворил во „јаболко на раздорот“ за Бугарија и Србија.

Со заминувањето на Заев, како што рекол, мртва е иницијативата „Отворен Балкан“, проект „против Косово и албанската нација“.

-Испраќам срдечен поздрав до гласачите во Северна Македонија кои го поништија билетот на еден авантурист, кој со својата авантура ја претвори Северна Македонија во јаболко на раздорот меѓу Бугарија и Србија. За овој слеп политичар заборави дека за Белград Северна Македонија не е ништо друго освен јужна Србија. Македонија е создадена за да го спречи формирањето на Голема Србија, на Голема Бугарија. Истрча кон Белград како да е син на Пашиќ, рекол Бериша.

Обвинувајќи дека зад иницијативата „Отворен Балкан“ стои Џорџ Сорос додал дека „иницијатвата умрела пред два дена со гласање на граѓаните на Македонија“.

-Како дух на повоениот Балкан, трилатералниот сојуз Белград-Тирана-Скопје оди против Косово и албанската нација. Ја поздравувам косовската влада што цврсто застана против оваа иницијатива која носи конфликти, враќајќи ја хегемонијата на Белград во регионот, иницијатива која ги претвора Албанија и Македонија во белградски вазали, опколувајќи го Косово со непријателски клики, земја која штотуку излезе од војни и конфликти, рекол Бериша.

Според него, нема потреба од хегемонија, туку соработка меѓу рамноправни земји.

Пријателот ми се јави и ми рече ќе умрам: Вучиќ раскажа потресна приказна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера гостуваше во емисијата Фокус на Б92 и по тој повод раскажа шокантна приказна за смртта на својот пријател од корона вирусот.

Како што рече српскиот претседателот, неговиот пријател се расправал и се карал со него поради коронавирусот и на крајот се заразил.

Еден мој пријател кој е помлад од мене, ми се јави и рече: Јас ќе умрам од корона и се извини дека се расправаше со мене во врска со короната. Тој почина – рече српскиот претседател.

Тој откри дека во среда ќе ја прими третата доза од вакцината против коронавирус и повторно ги повика луѓето да се вакцинираат.

Да не си играме со здравјето. Набавивме и лек кој чини 400 долари затоа што сакаме да спасиме луѓе – апелираше српскиот претседател Вучиќ.

Во Србија ВИБЕР ГРУПА со ЛЕКАРИ-АНТИВАКСЕРИ: Може да им бидат одземени лиценците

Д-р Бојко Бјелаковиќ, педијатар од Ниш, кој до неодамна беше еден од администраторите на бизарната и опасна вибер група „LRNE – Ivermectin Recommendations“, која промовира употреба на антипаразитски лек „Ивермектин“, регистриран во Србија само за употреба во ветеринарството, по текстот објавен во Блиц, реагираше со закана за тужба, но и со оправдување дека не учествувал во активностите на групата, дека не делел совети, како и дека не може да ја напушти групата, и дека некој го „вметнал“.

Имено, откако професорот Бјелаковиќ се нашол во споменатата група, „Блиц“ стапил во контакт и со неговата колешка д-р Валентина Арсиќ Арсенијевиќ од Медицинскиот факултет во Белград и со него, за да провери дали и двајцата навистина се членови на споменатата група, и дали тие ги поддржуваат тврдењата изнесени во групата

Додека д-р Арсиќ Арсенијевиќ во одговор на „Блиц“ во моментов го потврди својот ангажман во една од најопасните вибер-заедници во Србија, д-р Бјелаковиќ ниту го потврдил ниту го демантираше членството.

Д-р Бјелаковиќ само изјавил дека. дека некој го „вметнал“ во споменатата група“, дека“ не можел да излезе „и дека можеби намерно останал во групата“ за да види што „лупаат“ нејзините членови“. Од која причина, не знаеме.

-Ме стави некој, не знам во колку групи припаѓам. Не можете да излезете од некои групи. Не учествував во ништо, зошто некој би ми забранил да гледам? Забрането е да се биде член на групата. Дали сме демократско општество – рече меѓу другото д-р Бјелаковиќ.

Инаку, случајот со Вибер групата која промовира антиваксерство, а во неа членуваат еминетни лекари и професори на медицинскиот факултет се истражува и доколку некој лекар навистина сподели таков совет може да ја изгуби лиценцата. Од УКЦ Ниш, за Блиц рс изјавија дека доколку се утврдат ангажманот и активностите на д-р Бјелаковиќ во таква група, тој ќе биде суспендиран, а од Медицинскиот факултет за „Блиц“ велат дека ќе побараат негово писмено објаснување.

Д-р Бјелаковиќ, заедно со д-р Арсиќ Арсенијевиќ и други, е член на организацијата „Лекари и родители за Баука и етика“, која на својата веб-страница, меѓу другото, го промовира лекот „Ивермектин“ за третман на корона вирусот иако во Србија лекот е одобрен само за животинска употреба. Д-р Бјелаковиќ е член на таканаречениот „педијатриски тим“ во рамките на оваа организација. Покрај тоа, овој лекар е еден од потписниците на петицијата против вакцинација на деца со вакцини против Ковид 19, иако во Србија е одобрена вакцинација на деца на возраст од 12 години со пет вакцини против ковид, а вакцинацијата со овие вакцини се очекува наскоро по примерот на западните земји, одобрен за деца од 5 години.

Фактор

Српската мисица Валентина Петровиќ која покажа двоглав орел исклучена од изборот за мис, се враќа дома (ФОТО)

Сопственичката на компанијата Мис Ју, Весна де Винча, истакна дека српската мисица Валентина Петровиќ по скандалот со несреќното покажување двоглав орел, на крајот ќе биде вратена дома од натпреварот, бидејќи е во лоша состојба.

„Јас сум во многу неблагодарна ситуација, бидејќи како претседател на компанијата треба да одлучам. Но, сепак, веројатно ќе ја повлечеме, бидејќи таа мораше да се концентрира на такви прашања. Плус, таа е неспособна да го продолжи натпреварувањето, во тешка ситуација е. Добивала разни закани преку телефон, а на крајот нејзиниот Инстаграм да биде исклучен. Тоа го направиле луѓе од Албанија и косовските Албанци, бидејќи нејзиниот профил бил избришан откако споделила слика на која крева три прста со девојките од Албанија и Косово, со кои претходно покажуваше двоглав орел“ – изјави Весна на телевизијата К1, а ја коментираше изјавата на Мис Албанија, Фронтина Гаши, која рече дека Валентина ја молела да крене три прста и затоа се сликале:

„Тоа што една мисица од Албанија изјавила дека Валентина плачела и молела за да се фотографираат заедно со кренати три прста, откако претходно покажале двоглав орел, воопшто не е вистина. Затоа што има повеќе слики во различни ситуации каде што држат различни симболи, па сето тоа паѓа во вода“ – рече Весна и продолжи:

„Свесна сум дека Валентина не знаела што прави, дека е измамена, но искрено не сум толку сигурна за девојките од Албанија и Косово. Затоа што ова не е прв пат да има провокација на вакви значајни натпревари, кои се многу популарни во светот и имаат одлична медиумска покриеност. Дури сум сигурна дека тоа е нивното лоби, за кое се добро платени, како Рита Ора и Дуа Липа.

Мисицата Валентина Петровиќ за прв пат официјално и се обрати на јавноста, со снимена видео порака, во која тврди дека жртва на стапицата на мисиците од Албанија и Косово.

На овој начин сакам уште еднаш јавно да му се извинам на народот и на државата за непромислените постапки, каде што паднав во стапица. Кога дојдовме овде на натпреварот, девојките од Косово и Албанија имаа погледи кон мене кои не беа баш пријатни. После тоа наеднаш се’ се смени, па сакаа да бидат во мое друштво и да се сликаат со мене, да се дружиме нон-стоп. Јас сум воспитана како некој кој не мрази други религии и нации и го прифатив нивното друштво. Иако имав насоки од блиски луѓе, пред да дојдам на натпреварот, да внимавам што правам, сепак се вклучив во нивната игра и т.н. прекрасна енергија. Мислев дека немаат лоша намера и заборавив на што ме предупредуваа. Сега сум сигурна дека се’ е наместено, бидејќи само што ги споделив сликите каде држиме три прсти заедно, ме блокираа и ми го избришаа профилот, за да не можам повеќе да ги споделувам тие фотографии. Додека тие во меѓувреме продолжија да ги пласираат своите слики кои се на моја штета и тоа онака, дозирано, една по една. Овде поминувам низ вистински пекол. Целиот натпревар и бајката за него сега се претвори во катастрофа и кошмар“ – изјави Валентина во „Уранок“ на телевизијата К1.

Го cилyвале и му отceкле прст: Измaчyван, силyвaн и огpaбeн албански бизнисмен

Албанскиот бизнисмен Назми Чангу бил сексуално малтретиран и му бил отсечен прстот при грабежот на неговиот стан во градот Фуса-Крус.
Чангу рекол дека 10 маскирани лица го врзале при грабежот, кога од станот му биле украдени 8.000 евра и се останато што имало во сефот, вклучително и златото, пренесува албански Политико.

Вкупната вредност на украдените предмети и пари се проценува до 100.000 евра .
Бизнисменот во соопштението за печатот изјави дека бил врзан и силуван од разбојници.
„Ми го отсекоа прстот со ножици“, изјави тој и посочи дека еден од насилниците бил облечен во полициска униформа.
Неговата ќерка изјавила дека мислела дека татко и е мртов кога го видела облеан во крв.

Според „Albanian Daily News“, Чангу рекол дека крадците имале две автоматски пушки и пиштол со пригушувач, пренесува Танјуг.

Хрватска постави споменик од Тоше Пpoecки кај Hoва Гpaдишка (Фото)❤️

Хрватска одлучи да посвети споменик за нашиот Тоше Проески кај Нова Градишка во близина на несреќата.

Денеска беше откриен споменикот за македонската икона Тоше.

Тричлено семејство загинаа во страотна сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

Во страотна сообраќајна несреќа на автопатот А-3 во Хрватска, кај Окучани, меѓу местата Новска и Нова Градишка, попладнево загинаа тројца млади српски државјани, откако со автомобилот се судриле со камион, јавуваат локалните медиуми.

Според извештаите, возачот на камионот е 25-годишен Босанец, кој бил во голем шок. Тој изјавил дека во моментите кога сакал да се исклучи од автопатот, во камионот со голема брзина се забил автомобилот во кој биле патниците од Србија, велат од полицијата.

Во сообраќајката, чии околности и локација морничаво потсетуваат на несреќата во која загина македонската музичка легенда Тоше Проески, загинале две машки лица од 35 и 38 години, како и жена стара 57 години, соопшти хрватската полиција. Според првичните информации, загинатите биле членови на исто семејство.

Хрватите од денеска може да патуваат во САД БЕЗ ВИЗИ

Од денеска на хрватските граѓани им е овозможено да патуваат во САД без виза, објави американската амбасада во Загреб.

Таа одлука на Електронскиот систем за овластување за патување (ЕСТА) се однесува на хрватските граѓани кои заминуваат во САД во туристички или деловен аранжман, не подолго од 90 дена, објави „Јутарњи лист.

Членството на Хрватска во таканаречената програма за ослободување од визите (VWP) е важен чекор во натамошното зајакнување на економската и безбедносната соработка меѓу двете земји, соопшти Амбасадата.

За да може една земја да влезе во програмата за укинување на визите, таа мора да ги исполни критериумите во областа на борбата против тероризмот, спроведувањето на законот, имиграцијата, безбедноста на документите и управувањето со границите, се вели во соопштението. 

Нови фотки од ФАТАЛНАТА полицајка Хркаловиќ: Си го сменила името во “божица на мафијата”, а Беливук ја истетовирал до срцето

По неколкуте експлицитни фотографии од поранешната државна секретарка во српската полиција, Дијана Хркаловиќ, во медиумите се појавија и нови снимки од „фаталната полицајка“, кои покажуваат дека МВР го направила жариште на блуд и разврат.

Според соговорниците на „Објектив.рс“, таа состаноците во просториите на МВР ги одржувала многу пати со мамурлак и под дејство на опијати, но и несоодветно облечена за таква институција. Својот кабинет го претворила во фото студио во кое правела селфи фотографии во долна облека, кои ги испраќала на тогашниот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, а потоа и до нејзините пријатели од криминалните кругови.

Како што шпекулираат српските медиуми, се претпоставува дека експлицитните фотографии на Хркаловиќ, која беше уапсена во петокот под сомнение дека прикрила докази за убиството на каратистот Властимир Милошевиќ кој бил убиен од Вељко Беливук, исто така се причина за убиство на познат белградски адвокат.

На првите објавени фотографии Хркаловиќ ги покажува танга гаќичките под панталоните, а во новите, таа го подигнува здолништето и ги фотографира нозете во чорапи. Од транскрипт на разговорот на убиениот адвокат Драгослав Мишо Огњановиќ со Драгослав Милорадовиќ Гале, кумот на лидерот на „земунскиот клан“ и еден од водачите на црногорскиот „шкаљрски“ клан, Лука Бојовиќ се спомуваат и фотографии на кои таа е во градник. Прислушуваниот разговор бил одржан на 17 мај 2018 година во белградско кафуле. Милорадовиќ беше убиен само 12 дена по разговорот, а Огњановиќ на 28 јули истата година.

Објектив објави уште поинтересни информации за поранешната државна секретарка, која неколку пати го менувала идентитетот. Во текот на 2019 година, околу еден месец откако го напуштила МВР, таа го сменила името во Ника Рина, што во слободен превод би значело „Божица на мафијата“. Имено, таа го зела името Ника по името на грчката божица на победата Ника, а презимето по еден од најголемите сицилијански мафијаши на сите времиња, Тото Рина.

Таа го користеше ова име во следните четири месеци, а на крајот на ноември 2019 година, таа го врати своето „старо“ лично име Дијана Хркаловиќ. Иако наскоро го врати старото име, Ника Рина остана запаметена во криминалното милје.

Интересно е што Беливук на градите има тетоважа на грчката божица Ника.

Како што објаснува поранешниот разузнавач на Државната безбедност, Божа Спасиќ, не постојат случајности меѓу криминалците, особено не каква што е коинциденцијата на тетоважата на Беливук и името што Дијана Хркаловиќ го избрала за себе.

– Ако некој го земе името на божицата од тетоважата на водачот на криминалниот клан, тогаш тоа јасно зборува за блискоста на тие двајца луѓе и дека нивната врска била многу посилна отколку што може да се замисли. Интересно е што тој како маж истетовирал божица, иако мажите многу ретко тетовираат женски симболи, што е исто така една од пораките за неговата директна врска со Хркаловиќ, со што јасно сакал да испрати порака до противниците колку е моќен и силен, објасни Спасиќ, кој смета дека се било многу синхронизирано за да се заплашат противниците.