Category Archives: Европа

Масовни протести против мерките во Виена, ги гаѓале новинарите со мраз (ВИДЕО)

Околу 44.000 луѓе излегоа на протест против потврдите и мерките за Ковид во главниот град на Австрија.

Не поминало долго пред првиот инцидент. Само неколку минути откако започнала поворката, на чело на колоната избија десничарски екстремисти и насилни демонстранти, јавуваат австриските медиуми.

Околу три часот полицијата пријавила напад врз луѓе и новинари.

Нападнат новинар, фрлаа снежни топки и парчиња мраз кон него“, објави виенската полиција на Твитер, додавајќи дека напаѓачот е фатен.

Се повеќе полицајци го следат протестниот марш во Виена.

Јавниот превоз дополнително се следи откако неколку жители на Виена пријавиле дека демонстранти без маски ги малтретирале во јавниот превоз.Еден демонстрант ги нарекол полицајците нацисти.

Грчки поп во Атина му се дереше на папата: „Ти си еретик!“ (ВИДЕО)

Постар православен свештеник во Атина му се дереше на папата Франциско додека овој влегуваше во православен храм.

„Папа, ти си еретик“, викаше тој.

На снимката се гледа како маж со долга бела брада, облечен во црна мантија и црна капа, извикува зборови на грчки пред зградата, пред полицијата да го одведе.

Сведоците рекоа дека тој викал доволно гласно за папата да го слушне метежот. Изгледа дека старецот паднал додека го одведувале, а полицајците го кренале.

Папата Франциско вчера од поглаварот на Грчката православна црква Јероним II побара прошка за злосторствата извршени од Католичката црква.

„Историјата има своја тежина и денес имам потреба да побарам од Бога и од моите браќа и сестри прошка за грешките што ги направија многу католици“, рече папата за време на посетата на Атина.

Православните христијани сметаат дека неговите зборови се однесуваат на Четвртата крстоносна војна во 1204 година. Првичната цел на походот бил Египет, но како жртва на крстоносците паднале, со масакри и грабежи, прво Задар, па Цариград. Резултатот од таа војна било основањето на Латинското Царство во Цариград. Крстоносците не ни стигнале до Светата земја затоа што сечилото на војната се свртело против ослабената Византија.

Извинувањето на папата Франциско не е прво од името на Католичката црква. Папата Јован Павле Втори прв пат пред 20 години побара прошка од атинскиот архиепископ во врска со инцидентите од 1204 година.

Ckaндал во британскиот парламент: Пронајден kokaин во простории каде пристап имаат само пратениците

Управните тела на британскиот парламент ќе повикаат полиција откако лондонскиот весник објави дека на многу места во Собранието се пронајдени траги од кокаин, пренесува АП.

Претседателката на Собранието, Линдзи Хојл, изјави дека ќе контактира со полицијата откако „Сандеј тајмс“ објави дека во зградата на парламентот се појавила дрога.

Во извештајот на весникот се вели дека тестовите за откривање дрога откриле траги од кокаин на 11 локации каде што пристап имаат само пратениците, вработените и новинарите, а меѓу локациите наводно е и тоалет во близина на канцеларијата на премиерот Борис Џонсон.

„Наводите за употреба на дрога во парламентот се длабоко загрижувачки и за тоа ќе разговарам со градската полиција оваа недела. Очекувам да видам целосна примена на законот“, рече Хојл.

Портпаролот на Џонсон, Макс Блејн, исто така рече дека извештаите се загрижувачки.

ШВЕДСКА „уво не ја боли“ за ОМИКРОН сојот: Тоа е една ИСТА БОЛЕСТ

Главниот шведски државен епидемиолог, Андерс Тегнел, вели дека Шведска нема намера да ја промени својата актуелна стратегија за справување со пандемијата поради појавата на сојот омикрон, пренесува „Локал Шведска“.

Сè уште е истата болест. Имаме причина да веруваме дека мерките што ги презедовме досега ќе бидат ефективни и против овој вид – изјави Тегнел, додавајќи дека сè уште има сомнежи и загрижености за тоа колку ефикасни ќе бидат постојните вакцини против сојот омикрон.

Во Шведска досега се потврдени четири случаи на омикрон, два во Стокхолм, еден во Јонкопинг и еден во јужната провинција Скане. Сите случаи се поврзани со патување во Јужна Африка.

Во Шведска, од денеска организаторите на јавни настани со повеќе од 100 луѓе, пред се во културниот, спортскиот и забавниот сектор, мора од учесниците да побараат сертификати за вакцинација или да воведат дополнителни мерки, како што се ограничен број учесници. Мерката не се однесува на ресторани, кафулиња, продавници, училишта, јавен превоз и јавни институции.

Иако бројот на заразени во последните денови е зголен, Шведска сè уште има една од најниските стапки на инфекции и смртност во Европа. Во последните седум денови, починале вкупно 20 лица.

Во болниците има 291 пациент кои боледуваат коронавирус, од кои 41 се на интензивна нега. 79 отсто од луѓето над 12 години се вакцинирани со две дози.

ЕУ нajaвува задолжитeлна вakцинација во цела Европска Унија

Европската Унија мора да размисли за воведување на задолжително вакцинирање против ковид-19 како одговор на ширењето на новиот сој омикрон, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Ова следува откако Грција најави дека од 16 јануари, со 100 евра месечно ќе ги казнува лицата над 60 години кои одбиваат да се вакцинираат.

„Поради ширењето на вирусот и слабата вакцинација во некои делови од ЕУ, задолжителното вакцинирање мора да се има предвид. Имаме вакцини, вакцини кои спасуваат животи, но тие не се користат адекватно секаде. Тоа си доаѓа со енормна цена по здравствените системи“, кажа Фон дер Лајен.

Според последните бројки, 77% од возрасното население во ЕУ е вакцинирано, односно 66% од целата популација.

„Тоа значи дека една третина од популацијата во ЕУ не е вакцинирана. Тоа се околу 150 милиони луѓе, што е многу. Знам дека не можат сите да се вакцинираат, но големо мнозинство би можело. Мислам дека е разбирливо и соодветно да почнеме дискусија за задолжително вакцинирање“, рече Фон дер Лајен.

Австрија веќе потврди дека ќе почне да го спроведува од 1 февруари, а и идниот германски канцелар Олаф Шолц го поддржува задолжителното вакцинирање.

(Видео) АПОКАЛИПСА во дел од Турција, најмалку четири лица загинaa во страшното невреме

Најмалку четири лица загинаа, а девет се повредени во силното невреме што денеска го зафати Истанбул и некои други градови во Турција.

Невремето предизвика хаос во најголемиот турски град со 15 милиони жители, пренесе АП.

Една жена загина во истанбулската населба Есенјурт, каде силните налети на ветерот ги однеле ќерамидите од покривите, кои паднале врз неа и нејзиното дете. Таа починала, а детето е повредено.

Ветерот урна дрвја, саат-кула и преврте најмалку три камиони во градот, јави локалната телевизија НТВ.

Дејли Сабах објави дека градежен работник починал кога врз него паднал ѕид, срушен од налетот на ветерот во провинцијата Зонгулдак.

Босфорот беше затворен за пловен сообраќај, а фериботите беа откажани.
Најмалку шест авиони на „Туркиш ерлајнс“ се пренасочени кон Анкара и Измир, наместо да слетаат во Истанбул, изјави портпаролот на авиокомпанијата.
Откажани се и фериботите меѓу крајбрежните одморалишта Бодрум и Датча.

Oдлична вecт за Македонците во Германија – Ќе се дозволи ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО

Програмата на новата коалициска влада во Германија предвидува промена на Законот за државјанства, со што двојното државјанство ќе биде дозволено за државјани кои не се членки на ЕУ – објави iamexpat.de.

Со оваа измена на граѓаните кои доаѓаат од земји што не се членки на Европската Унија за прв пат ќе им биде дозволено да се одлучат за двојно државјанство.

Ова е одлична вест за голем број македонски гастарбајтери, кои во моментите кога ќе стекнат услови за германско државјанство мораа да се откажат од македонското.

Покрај Македонците, измената на Законот ќе биде од корист и за припадниците на турската заедница, која брои неколку милиони во Германија.

ЕРУПТИРАШЕ Брисел: Жестоки судири на пpoтecтитe пpoтив kopoна мерките (Видео)

Полицијата употреби водени топови и солзавец, а демонстрантите фрлаа камења и димни бомби за време на синоќешните протести против анти-ковид мерките во Брисел.

Според првичните проценки, на протестите учествувале околу 35 000 лица.

Судирите се случија на главната крстосница, пред седиштето на Европската комисија, кога демонстранти облечени во црни качулки почнале да фрлаат со камења кон полицајците кои возвратиле со водени топови.

Со цел да се спречи четвртиот бран на пандемијата на корона вирусот, белгиските власти во четвртокот донесоа одлука да работат од дома четири дена во неделата. Во Белгија досега беше на сила само препораката за работа од дома за да се намали преносот на вирусот меѓу вработените.

Покрај задолжителните Ковид пропусници, кои се неопходни за влез во белгиските барови, ресторани и настани со повеќе од 50 лица во затворени простории, односно 100 лица на отворено, сега ќе биде задолжително и носење заштитни маски.

Во последната недела, Белгија бележи просечно над 10.000 нови инфекции на дневна основа, што е за речиси 30 проценти повеќе отколку на почетокот на ноември. Над 230 луѓе дневно се примени во болниците, а во просек 26 луѓе умираат секој ден како последица на инфекција со корона вирусот.

ПАРИЧНА НАГРАДА за СИТЕ вакцинирани граѓани со ДВЕ ДОЗИ

Претседателот Володимир Зеленски најави дека на секој Украинец што ќе прими две дози од вакцината против Ковид-19 ќе му биде исплатена парична награда за да ги поттикне сонародниците, главно сомничави за вакцината, да се вакцинираат.

„Секој што ќе прими две дози ќе добие 1.000 гривни“ или околу 35 евра, што не е занемарлива сума во таа земја, меѓу најсиромашните во Европа, рече Зеленски во видео пораката додека помалку од една третина од населението е вакцинирано.

Вакцинираните ќе можат таа сума да ја потрошат за изнајмување сала за рекреација, посета на кино, театар или музеј или за билет за воз и авион во земјава, додаде тој.

„Тоа е поддршка за индустриите кои најмногу настрадаа поради затворањето“, рече Зеленски. Државата ќе одвои 200 милиони евра во наредните месеци за програмата, која започнува на 19 декември, додаде тој.

Со 442 смртни случаи од коронавирус во последните 24 часа, поранешната советска република со слаб јавно здравствен систем вчера била втора во светот по смртни случаи на ден, по Русија (1211).

Оваа земја со околу 40 милиони жители со недели се бори со најлошиот бран на коронавирус во кој преовладува делта верзијата и недовербата на јавноста кон вакцинацијата.

Вакцинацијата била забрзана во октомври под притисок на властите да воведат ограничувања за невакцинираните, како што е обврската да се покаже здравствена карта за пристап до некои јавни места. Но, до денес, само 28 отсто од Украинците примиле две дози од вакцината против Ковид-19, соопштило Министерството за здравство.

„Врвот на бранот помина“, рече Зеленски, наведувајќи го минатонеделниот пад на бројот на нови инфекции за 6 отсто и хоспитализираните за 13 отсто во споредба со претходните седум дена. Украина, која има население од скоро 45 милиони, пријавила 3,2 милиони инфекции и повеќе од 77.000 смртни случаи.

Извор: Канал 5 ТВ

Земјотрес ја стресе Турција: Луѓето панично бегаат на сите страни – тлото буквално се двоеше (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ja погоди денеска северозападна Турција, соопшти турската дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби.

Земјотресот бил почувствуван и во Истанбул.

Земјотресот е регистриран во 14:40 часот по локално време на длабочина од 18 километри.