Category Archives: Македонија

30 дневен притвор за струмичанецот кој го транспортираше Палевски до Турција

Кривичен го прифати барањето на обвинителството за 30-дневен притвор на струмичанецот, кој од Белград преку Бугарија го траспортирал првоосомничениот Палевски до Турција, каде беше уапсен.

Палевски, кој е  осомничен за грабнувањето и убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски беше фатен во турскиот град Баликесир.

Првоосомничениот за злосторството најпрвин во Белград го однел неговиот адвокат,  Васко Стојков кој мислел дека осомничениот имал закажан лекарски преглед. Потоа Димковски, кој сега е во притвор го пренел во Бугарија и оттаму во Турција.  Димковски беше фатен на граничниот премин кај Дојран.

Димковски, според пишувањата во некои медиуми, додека го превезувал Палевски не знаел дека е осомничен  за убиствата и бил искористен од него. Тој на Фејсбук споделил и фотографија од Турција, објавена утрото на 3 декември.

Мајката на убиената Вања: Несфатливо ми е како и зошто моето прекрасно девојче е во гроб, сега важно ми е да ја знам вистината

Несфатливо ми е како и зошто моето прекрасно девојче е во гроб, сега важно ми е да ја знам вистината, вели мајката на Вања Ѓорчевска која беше убиена во атарот на селото Бразда, Зорица, за српска „Република“. Оваа е нејзина прва изјава по смртта на девојчето.

– Не можам да зборувам. Сè уште не знам зошто се случи ова. Сè уште го чекам епилогот од сето ова. Сè уште не ми е јасно зошто мојот најнормален живот се претвори во пекол, вели Зорица во интервјуто, кое го пренесува „Макфакс“.

– Просто ми е несфатливо како и зошто моето прекрасно девојче сега е во гроб. Имам хронична болест, но се држам, важно ми е да ја знам вистината, а другата ќерка моментално е болна, сите се надеваат дека ќе биде добро. Ве молам, премногу ве замолувам да почекаме додека не дознаеме зошто се случило тоа, рече таа.

Зорица за поранешниот сопруг вели дека биле во добри односи, но разведени веќе пет години.

– Ништо не знам. Сето ова ми е нереално. Но, веќе пет години сме разведени и не знам што правеше и со кого. Бевме во добри односи поради децата. Не се расправавме за старателство, за воспитување, му дозволуваа да ги гледа кога сака или кога сакаат децата, рече Зорица.

Таа понатаму наведува дека не знае дали нејзиниот поранешен бил во коцкарски долгови, бидејќи не му се мешала во животот.

– Не знам и не ме интересираше неговиот живот. Мојот живот беа моите деца и мојата работа. Остана сам за да ме остави на мира. Секогаш кога разговаравме, зборувавме за децата. Ве молам, не ми поставувајте повеќе прашања бидејќи си поставувам многу прашања зошто се случи ова. И чекам да дознаам, рче таа.

Таа им порача на новинарите да не ја прашуваат ништо за нејзината друга ќерка и како таа се справува со сето тоа. Таа дури и нема да каже колку години има.

– Ве молам не ме прашувајте за другото дете. Сега ми е најважно да ја заштитам, вели Зорица и додава дека има најголема можна доверба во полицијата.

Вања Горчевска беше киднапирана и убиена на 27 ноември, а меѓу петмината осомничени е и нејзиниот татко. Ова е првпат да се огласи мајката на Вања откако беше пронајдено телото на убиеното девојче.

Морбидна група за поддршка на Љупчо Палевски Палчо се шири на социјалните мрежи

На социјалните мрежи е креирана и група, која во моментов брои околу 90 членови, која бара правда за Палчо.

Во групата насловена како „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панчо, правда за Македонија“, членовите изнесуваат теории на заговор дека случајот е монтиран, со цел Палчо да се тргне од политичката сцена. Во нивните теории на заговор, радикалните десничари сметаат дека случајот е смислен од УДБА, ЦИА и НАТО за „заплашување на македонскиот порив за родољубие и за одбрана на канонската чистина на православието“.

ПАЛЧО СО ИСТАТА БАНДА ВО МАЈ БЕШЕ ФАТЕН СО ПИШТОЛ БЕЗ ДОЗВОЛА како бара злато (ФОТО)

Љупчо Палевски Палчо кој вчера беше фатен во Турција инаку главен осомничен за монструзно убиство на 14 годишно девојче, Вања Ѓорчевска, како и 74 годишниот Панче Жежовски е добро познат лик на полицијата и властите.

Љупчо Палевски Палчо кој вчера беше фатен во Турција инаку главен осомничен за монструзно убиство на 14 годишно девојче, Вања Ѓорчевска, како и 74 годишниот Панче Жежовски е добро познат лик на полицијата и властите.

Станува збор за личност со многу матни зделки, во минатото поврзан со службите, а потоа поврзуван со рекет, понатаму познат по бесправно градење и можеби првата позната дивоградба. Понатаму лице кое вршеше уцени, поседуваше нелегално стекнати прислушкувани материјали, баран во соседството со потерница и фатен при обид за бегство во Москва. Воедно познат по своите настапи на медиуми каде не само што ширеше говор на омраза, туку повиквуаше на личн на лица. И сето ова го правеше слободно.

Но има нешто друго кое отвора низа прашања, а тоа е случката од мај оваа година кога при барање на злато беше фатен со нелегално поседување на пиштол.

Вечер.мк тогаш прв објави за настанот.

Според документот кој го доби уште тогаш, Палчо бил фатен со истата банда со која сега го изврши злосторството какво што Македонија не памети.

Целиот текст и фотографиите погледнете ги ТУКА

УАПСЕН осомничениот убиец на Вања – Љупчо Палевски Палчо!

Првоосомничениот за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо е уапсен.

Дел од медиумите објавија дека Палчо е уапсен во Турција откако по него беше распишана меѓународна потерница.

Министерството за внатрешни работи закажа прес-конференција вечерва во 22:30 часот.

МОНСТРУМИ ! – Со врзани раце и нозе, во вреќа за спиење ја ставиле во гепек и ја убиле

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека ова е изолиран случај и дека нема врска со јавната безбедност генерално.

„Вакви конструкции коишто се пласирани во јавноста, дека било грабнато во парк и однесено на друго место воопшто не соодетсвуваат со вистината. Ова е изолиран случај, инцидентен случај кој што има организатори и крајна цел. Ова нема врска со јавната безбедност генерално. Ова лице, според утврдените факти е грабнато внатре во влезот на зградата, по претходно добиена информација кога излегува и дека излегува сама. Ова е сосема различно од тоа што се имплицира“, рече Спасовски.

Тој додаде дека е апсолутна лага дека заради самитот на ОБСЕ воопшто не се постапувало по барањето на девојчето или дека не објавиле јавно.

„Ниту јас како човек, ниту никој Полицијата или во Јавното Обвинителство нема да дозволи заради одржување на настан да се прекине нешто“, кажа министерот.

„Утврдено е дека двете од лицата коишто биле со возилото цитроен, по претходно добиената информација, вечерта пред извршувањето на грабнувањето, дека девојчето ќе биде само, во влезот од зградата го земаат и со врзани раце и нозе, во вреќа за спиење, го ставаат во гепек. Пред возилото цитроен, цело време се движи рено. Однесено е на локација надвор од Скопје, каде што е извршено убиството, па потоа е запалено возилото“, рече Спасовски.

Љупчо Палески-Палчо е убиецот на Вања Ѓорчевска и главен организатор на двете киднапирања

Познатиот скопјанец Љупчо Палевски е осомничен за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот Панче Жежовски од Велес.

„Преземените мерки не доведоа до извршителите на овој грозоморен чин. Осомничени се пет лица за три е определена мерка притвор, едно е надвор од државата, а таткото на малолетничката е приведен и извршен е распит“, рече Спасовски, на прес конференцијата.

„Главен организатор и извршител кој со пиштол на 27.11.2023 некаде околу 11 часот ја усмртил малолетничката исплашен со доказите до кои може да дојде МВР, го сторил тоа кривично дело. Ќе сторам се овој монструм на кој му ја следиме трагата штом стапне на наше тло да биде изведен пред лицето на правдата“, рече Спасовски.

Палевски излегол кон Србија на 30 ноември 2023 со автомобил, во придружба на неговиот адвокат.

Панче убиен за долг од 500 ЕВРА!

Јавниот обвинител Гаврил Бубевски во текот на денешната прес-конференција изјави дека фризерот од Велес, Панче Жежовски бил убиен за долг од 500 евра. Тие 500 евра му ги должел на Љупчо Палевски Палчо.

Телото на Панче Жежовски било пронајдено во околина на Велес, а неговиот автомобил бил пронајден запален во атар на селото Бразда.

Тој тврди дека избеганиот осомничен е тој што ги „испалил куршумите“ кон Вања.

Осомничените добија поздрав од затворот Идризово: САМО ТУКА ДА ВЕ ДОНЕСАТ, НАЈУБАВА ПРЕСУДА ЌЕ ИМАТЕ!

На Фејсбук страницата Горан Ангелов Ќосето се појави пост со поздрав од затворот од Идризово.

САМО ТУКА ДА ВЕ ДОНЕСАТ, НАЈУБАВА ПРЕСУДА ЌЕ ИМАТЕ! – пишува на страницата.