Category Archives: Македонија

ГРАЃАНИ БИДЕТЕ СПОКОЈНИ – Нема да дозволиме навреди и понижувања, рече Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утринава со порака за мирно чествување на 4 февруари.

– Ниедна политичка партија не може да присвои лик – Гоце Делчев е великан на македонскиот народ!

Граѓаните можат да бидат сигурни – никако нема да дозволиме навреди и организација на понижување на македонската држава и македонскиот народ.

Со мирно и достоинствено чествување ќе покажеме пред светот дека знаеме да ја сочуваме стабилноста и со посебна почит умееме да чествуваме денови кои се посебно важни за нашата историја. – пишува Спасовски.

Бугарскиот парламент се распушти ама УСВОИ РЕЗОЛУЦИЈА ЗА АНТИБУГАРСКИТЕ ПРОЈАВИ И НАСИЛСТВО“ во Македонија

Народното собрание на Бугарија денеска без дискусија усвои декларација во која „се осудуваат антибугарските пројави во Р.С.Македонија“. Декларацијата беше поддржана од 185 пратеници, а еден беше воздржан, пренесува БТА.

До парламентот беа доставени четири нацрт-декларации, од ГЕРБ-СДС, „Продолжуваме на промените“, „Демократска Бугарија“ и „Преродба“, врз основа на кои е изготвен и изгласан заеднички нацрт предложен од Комисијата за надворешна политика.

Бугарскиот парламент во усвоената декларација ги осудува „пројавите и повиците за насилство врз Бугарите во Македонија, нивните организации и клубови, а особено тешкиот престап врз Бугаринот Христијан Пендиков“ и бара да бидат преземени системски мерки од сите институции за откривање на сторителите и нивно изведување пред правдата.

Народното собрание исто така, изразува и „противење на трајното неспроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Р.С.Македонија од 2017 година и билатералните протоколи од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од 2019 и 2022 година“.

Во декларацијата се изразува и загриженост дека „ескалацијата на антибугарската кампања во Македонија може да го загрози процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, како и развојот на демократските процеси и институции во Македонија и нејзиниот пат кон членство во Европската Унија, што им служи на интересите на трети страни“.

ТАЖНО ! Од прилепските училишта во првото полугодие СЕ ИСПИШАЛЕ околу 130 УЧЕНИЦИ

За само првото полугодие, од прилепските училишта се испишале околу 130 ученици и со нивните родители заминале во странство. Ова се бројки кои загрижуваат и трендот се зголемува, вели Гоце Бумбароски, одделенски наставник и советник за млади во општина Прилеп.

-Во последниве шест месеци од десет основни и пет средни училишта се испишани околу 130 ученици. Ако ги земеме предвид последните години, овие бројки само се зголемуваат. Ова, навистина е состојба која треба да не замисли сите нас возрасните, заштно ние сме тие кои ги создаваме политиките и ги креираме условите во кои нашите деца и ученици треба да растат и да живеат и да се образоваат, вели Бумбароски.

За Ахил Јаков, директор на прилепското основно училиште „Климент Охридски“, ситуацијата е поразителна. Во првото полугодие, поради иселување, се испишале 22 ученици. Трендот кој е во последните четири години, стана и секојдневен. Бројките се поголеми зашто станува збор за цели семејства.

-Од почетокот на оваа учебна година, од септември досега, според статистичките податоци имаме поразителна бројка. Од септември се испишани 22 ученика од нашето училиште и со родителите се заминати во странство. Податоците за последните четири години ја потврдуваат тенденцијата на заминување на учениците со родителите во странство. Лани заминале 14 ученици, а во учебната 2020/21 година заминале 13 ученици. Тенденцијата на заминување почнува од учебната 218/19 кога заминаа 37 ученици, а наредната 2019/20 учебна година заминаа 27 деца. Досега вкупно 113 ученици се испишале за четири години. Овие бројки значат многу повеќе зашто секој ученик поврзува цело семејство. Конкретно, денеска примив родители кои испишаа 5 ученика, а за неполна недела се веќе 7 испишани ученици поради преселување во странство, вели Јаков.

Советникот за млади во општина Прилеп, Гоце Бумбароски смета дека мора да нсе најде алтернатива на оваа „безизлезна ситуација“.

-Бидејќи и ние наставиците сме родители и секако дека ова е една безизлезна ситуација. Се намалуваат паралелките, а со тоа се намалуваат и можностите да напредуваме како училишта и да создаваме ученици кои во иднина да бидат жители во Македонија и да создаваат вредности заедно со нас, вели Бумбароски.

КОМИТИ ВО САНДАНСКИ СО ПОРАКА ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Стани Македонче, време е за акција, за Даскалот кој ја обедини целата нација!

Навивачката група Комитите вчера вечер во Спортскиот центар Јане Сандански преку парола испратија повик до сите Македонци за одбележувањето на роденденот на македонскиот великан Гоце Дечев.

Навивачите на Вардар, на крајот од првото полувреме испееаја песна за Гоце Делчев и со самото тоа добија аплауз од присутните околу 4.000 во салата на ракометниот дуел против РК Партизан во рамките на СЕХА-лигата.

– Стани Македонче, време е за акција, за Даскалот кој ја обедини целата нација, гласи паролата на Комитите.

Македонскиот ракометен шампион Вардар ја забележа првата победа во новата сезона во регионалната СЕХА лига, го совлада белградски Партизан со 31:26 во рамки на 2. коло во групата Б.

(Фото) Комитите со порака: Стани Македонче, потребна е акција – 04.02, СИТЕ!

Комитите кои се во огромен број во СЦ. Јане Сандански, истакнаа парола и повикаа сите Македонци да станат и дека е потребна акција на 04.02.

Навивачите на Вардар кои се над 800 во овој момент, на крајот од првото полувреме испееаја песна за Гоце Делчев и со самото тоа добија аплауз од присутните во салата, кој се над 4000 на дуелот против РК Партизан во рамките на СЕХА-лигата.

„Стани Македонче, време е за акција, за Даскалот кој ја обедини целата нација”, гласеше паролата на Комитите.

Инаку, Вардар на полувреме во супер атмосфера водеше против Партизан со 16-14.

МВР: Сите сопственици на возила со регистерски таблички „MK“ задолжително да ги променат во „ NMK“

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила, на обврската дека заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката „МК“ со ознаката „NMK“.

Од МВР соопштуваат дека, согласно член 27 став (1) алинеја 5 од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија” бр. 140/08; 53/11; 123/12; 70/13; 164/13; 138/14; 154/15; 192/15; 39/16 и 161/19) и согласно член 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици, како и начинот и постапката на нивно издавање („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 293/2020), сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака ,,МК”, издадени до денот на отпочнување со примена на овој правилник (15.01.2021 година), односно таквите таблички можат да се употребуваат најдоцна до 12.02.2024 година. 

АСАНИ ОСУДЕН УСЛОВНО ЗА ВЕАПОСКА: Нема да лежи 2 години во затвор, ако следните 4 не стори ново кривично дело

Основниот суд Струга го осуди гинекологот Мухамед Асани, поранешен директор на струшката болница, на условна казна од 4 години ако нестори кривично дело.

Тој е осуден за давање здравствени услуги без дозвола за работа затоа што во својата семејна куќа во нерегистрирана ординација како здравствен работник специјалист по гинекологија и акушерство, прегледувал пациентки и водел бремености од 2015 до 2020 година.

,,Му се утврдува казна затвор во траење од 2 години и истовремено се определува дека таа нема да се изврши ако осудениот во рок од 4 години не стори ново кривично дело”, стои во пресудата.

Според пресудата од декември 2022 година, до која дошле „Слободен печат“, доктор Асани во просториите на неговата семејна куќа во Струга, на приземје опремил ординација која не била регистрирана и означена и таму, од 2015 до 2020 година, водел контроли на бременост на пациентката Јалдз Веапоска како и на други две жени кои сведочеле на суд во поткрепа на таквите факти.

Со опишаните дејствија тој сторил кривично дело давање здравствени услуги без дозвола за работа и судот му изрече условна осуда.

Асани се товареше за несовесно лекување и вадење органи на родилката Јилдз Веапоска.

Според обвинението како што информира ОЈО, првообвинетиот како лекар – специјалист гинеколог акушер,  второобвинетиот како лекар – специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата како лекар – гинеколог акушер, вработени во Јавната здравствена установа – Медицински центар – Струга, при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентка – родилка од Дебар, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба.

На друга жена која сведочела во судница, исто така во домашната нерегистрирана ординација Асани и наплаќал по четири или пет илјади денари од преглед за земање брисеви по контрола.

И трета жена, според наведеното во пресудата, сведочела дека Асани во домашната нерегистрирана ординација и ја водел бременоста. Таа изјавила дека забележала дека во близина на куќата стоел напис ,,Вила Мети”.

Асани се бранел дека имало изјави на сведоци после долг низ на години кои имале личен мотив против него и биле семејно поврзани.

Но, судот оваа одбрана не ја прифатил, затоа што се работи за одделен случај. Станува збор за судски спор кој во моментот се наоѓа во струшкиот основен суд, каде Асани заедно со неговиот син и уште една лекарка, се обвинети за отстранувањето на три здрави органи на родилката Јалдз Веапоска-матката, бубрегот и јајникот.

Првичното вештачење од Институтот за судска медицина покажа дека при царскиот рез, на Веапоска и била пробиена надбубрежната артерија, што довело до внатрешно крвавење и влошување на здравјето до степен да падне во шокова состојба и да и бидат извадени и матката, и бубрегот и јајникот. На 10 март во 10 часот продолжува судењето за тој случај.

По синот на Заев и сопругата на Ковачевски И ТАТКОТО НА БОЧВАРСКИ влезе во БИЗНИСОТ СО СТРУЈА

Венцислав Бочварски, таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, е управител на новоформираната фирма за производство на електрична енергија Техно Енерџи, објави faktor.mk.

Според податоците во централниот регистар, сопственик на новата фирма од Штип е Техноинвест Штип, претпријатие кое се наоѓа на истата адреса на која живее и Венцислав Бочварски. Фирмата е регистрирана со почетен влог од 442.800 денари со поднесено барање за основање на 10 јануари.

Регистрирана е на 26-ти јануари, а дејност и е производство на електрична енергија.

Според faktor.mk, doсега единствената фирма на таткото Бочварски која беше позната во јавноста е Де Лукс Доо, споменувана во критиките на опозицијата дека учествува на јавни набавки додека синот Бочварски извршува функции.

Како сопственици на енергетски фирми во изминатите неколку месеци се појавија многу блиски роднини на актуелни или поранешни владеачки функционери. Енерегетски компании за производство на струја отворија синот на екс премиерот Зоран Заев, се откри дека сопругата на актуелниот премиер Димитар Ковачевски има удел во енергетска компанија формирана неколку недели по неговото назначување за заменик министер за финансии, а на крајот на минатата година своја фирма отвори и синот на Али Ахмети.

Трендот го продолжи таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

ПРАВНУКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ апелира за достоинствен 4-ти февруари!

Поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов, упати апел до граѓаните и политичарите на Македонија и Бугарија да не дозволат ескалација на тензиите по повод одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Кон апелот се приклучуваат Рајна Дрангова, внуката на полковникот Борис Дрангов, командант на бугарските сили во Првата светска војна, правнуката на охридскиот фолклорист и етнограф Кузман Шапкарев, внуката на Тодор Александров, внукот на штипскиот војвода Мише Развигоров и правнукот на Гоце Делчев и управител на Фондацијата за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ – Христо Христов.

„Провоцираните судири меѓу граѓаните на Република Северна Македонија и Република Бугарија би биле неприфатлива сакрилегија за споменот на Гоце Делчев. Тие ќе фрлат грда сенка не само на односите меѓу нашите најблиски земји, туку и на оние кои загинаа за слободата на Македонија од османлиската власт“, ​​се наведува во апелот.

Исто така, се вели: „Не треба да дозволиме одделни групи луѓе во двете земји, свесно или несвесно, да ја уништат работата на нашите предци“, пренесе БТА.

Петар Стојанов и потомците на македонските семејства ги повикуваат политичарите во Софија и во Скопје „да соработуваат со сите сили за спречување на јазикот на омразата, кој е штетен за нашите две општества и за иднината на нашите две земји“.

Неофицијално, во македонските политички кругови не се очекува да има некаква ескалација на насилство, па ни инциденти на 4 февруари кога ќе се чествува раѓањето на Гоце Делчев, а на провокаторот Ангел Џамбаски нема да му биде дозволен влез во Македонија. 

Таравари се премисли – Од нездрав, Ахмети сега е добар со здравјето

ТВ Алсат му го упати ова прашање на лидерот на Алијанса на Албанците кој е и редовен професор по неврологија на Медицинскиот факултет во Скопје, дали се’ уште мисли дека Али Ахмети има проблеми со здравјето.

Имено 28 октомври 2021 година во изјава за медиумите Таравари ја изрази својата „загриженост“ дека првиот „интегративец“ не е добар со здравјето.

„Мислам дека Али Ахмети има вистински здравствени проблеми и му посакувам час поскоро да има успешна пензија, бидејќи за еден, или за два месеца ќе отиде таму каде што треба“, рече тогаш Таравари.

Но, вчера, како што пренесува ТВ Алсат, Таравари го сменил мислењето за здравствената состојба на Ахмети.

Во политиката, одвреме-навреме се критикуваме еден со друг, кажуваме понекој збор, што може да биде навредлив. Јас не гледам овде некаков навредлив збор за Ахмети. Имав кажано дека од далечина се гледа оти не е добар со здравјето.

Но, тој не е мој пациент, треба да кажат лекарите, ако направи контрола и ако има проблем. Ако нема, тогаш немам што да кажам„, изјави вчера Таравари.