Category Archives: Инфо +

Спасено лице кое скокнало кај Камени мост во Вардар

Од скалите под Камени мост машко лице утрово скокнало во реката Вардар, а по преземените мерки е извадено живо, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Утрово околу 8:30 часот е пријавено дека од скалите под Камен мост машко лице скокнало во реката Вардар. Веднаш по добиената пријава се преземени мерки од полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и Бригада за противпожарна заштита Скопје, и лицето е извадено живо, велат од МВР.

Со итна медицинска помош лицето е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

МАРИЧИЌ ЗА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ: Јас сум убеден дека со помош на меѓународните партнери ќе обезбедиме 80 пратеници

Уставните измени не се случуваат од денес за утре и во моментот кога ќе се искреира платформа што може да добие поддршка од 80 пратеници, ќе почне процедурата во Собрание за промена на Уставот, изјави вечерва вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, најавувајќи дека очекува тоа да се случи во првата половина наредната година.

Тој во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија посочи дека за претходните промени на Уставот пред четири години имаше процес кој траеше една година, додавајќи дека без поддршка на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не може да се обезбеди потребното двотретинско мнозинство во Парламентот за сегашните уставни измени.

 Блокадата првпат е во наши раце. Досега секогаш блокадата беше во Софија, Атина, Париз… Денес е во наши раце и од нас зависи дали ќе застанеме по скринингот на истото место или ќе продолжиме со поглавјата. Имаме комуникација со сите пратенички групи и со сите пратеници. И јас сум убеден дека со помош на меѓународните партнери и со наш ангажман како Влада, ќе дојдеме до 80 пратеници, затоа што за мене е незамисливо дека ние самите ќе се блокираме. Има интерес веќе од германскиот канцелар и од францускиот претседател и од сите да помогнат на сите можни начини за да дојдеме до 80 пратеници, нагласи Маричиќ во однос на обврската да се донесат уставните измени кои предвидуваат вклучување на Бугарите во Уставот за земјата, пред да почне отворањето на поглавјата во процесот на пристапните преговори на земјата со ЕУ.

Тој додаде дека во заклучоците на Советот на ЕУ пишува дека во моментот кога ќе биде променет Уставот за да се внесат уште три заедници во него, без нови одлуки и без одлагање ќе се свика втората Меѓувладина конференција на која што ќе започне да се разговара за поглавјата.

– Ние инсистиравме на таа формулација за да не биде оваа реторика од опозицијата дека ќе имало уште 3-4 или не знам колку барања. Исто така, инсистиравме да се тргнат сите оние прашања, бидејќи имаше многу поинакви верзии на преговарачката рамка и сите прашања кои што се однесуваат на билатералните прашања да бидат ставени во протокол меѓу нас и Бугарија. И сега во однос на јазикот, ние кога влеговме во дискусијата не беше наша цел да ја убедиме Бугарија во нешто, дали ќе го признае или не македонскиот јазик, наша цел беше ЕУ да не го прифати бугарскиот став и да можеме да го потпишеме договорот за Фронтекс на македонски јазик, рече Маричиќ, додавајќи дека Бугарија праќала ноти за јазикот насекаде, па и во ОН, а фамата околу тоа „ја прават луѓето кои не испорачаа ништо за шест години плашејќи се за нивната политичка кариера“.

Во однос на бугарските клубови во земјава, Маричиќ нагласи дека беа прифатени измените на Законот за здруженија за да спречи понатамошно ширење на, како што нагласи, „ова тензично отворање на клубовите“

Се пpeдлага со закон да се забpaни влез на невакциниpaни и непpeлежани лица во затвopeни обjeкти

Комисијата за европски прашања ја одложи денешната седница на која требаше да се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на население од заразни болести. Седницата е одложена за 14 декември, согласно распоредот на веб-страницата на Собранието – пишува “Република.мк”

Според Предлог законот, во случај на појава на заразна болест, се предлага забрана за влез во објекти за лица кои не се вакцинирани или немаат потврда за прележана болест. Министерството за здравство исто така, ќе може преку примена на технолошки методи да спречи ширење на заразната болест.

Во членот 28 се додава нова потточка со која се забранува влез во објекти на лица кои не се имунизирани или не поседуваат потврда за прележана болест.

Во член 29, пак, се додава нов член 29 а, којшто заради спречување на ширење на заразни болести дозволува Министерството да примени технолошки достигнувања како интернет платформи, паметни апликации, електронски услуги и слично, при што во однос на обработката на личните податоци се применуваат прописите од областа на заштита на личните податоци, како и соодветни технички и организациски мерки за да се обезбеди ниво на безбедност на личните податоци соодветно на ризикот.

-Заразните заболувања поради своите епидемиолошки карактеристики, јавувањето во епидемиска форма, оштетување на здравјето, смртноста, високиот морбидитет и морталитет, претставуваат не само медицински, туку и социјален, економски и финансиски проблем за секој здравствен систем и значајна закана за здравјето на населението. Една од мерките за успешно и навремено сузбивање на заразните болести е задолжителното пријавување и информирање за појава на заразни болести и епидемии, пишува во новиот член 29а.

Се додава дека Светската здравствена организација евидентира болести што не познаваат граници и идентични фактори на ризик, заради што препорачува засилување на националните системи за надзор над појавата и ширењето на заразни болести и воспоставување на мрежи на комуникација на национално, регионално и пошироко ниво, како одговор на ваквата состојба. При тоа, основниот принцип е приспособување на здравствената заштита кон потребите на човекот и населението.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населени од заразни болести е со европско знаменце, односно треба да се изгласа по скратена постапка.

Учениците наместо книги добија јаболка – министерот не чувствува одговорност

На учениците во основните училишта наместо книги им се делат јаболка.

Иако сме на крајот од првото полугодие, многу ученици во основните и средните училишта во Тетово, но и во другите градови, се уште немаат книги.

Назми Даути, раководител на секторот за општински дејности, вели дека на училиштата во Тетово им недостасуваат околу 46.000 книги.

„Го  собравме точниот број книги кои ни се потребни во основните и средните училишта каде вкупно ни се потребни 35 илјади книги во основните училишта и 11 илјади книги во средните училишта“, вели Назми Даути.

Даути вели дека носењето јаболка е одлука на Министерството за земјоделство во согласност со Министерството за образование.

„Не можам да разберам и не можам ништо да кажам, тоа е работа која ја имаат преземено централните власти, поконкретно Министерството за земјоделство. Според информациите кои дојдоа за да оствариме контакт меѓу нив, тоа е некаде околу три килограми по ученик, но посериозно прашање од прашањето за јаболката е прашањето за книгите, на што МОН мора итно да реагира и да  обезбеди книги за основните и средните училишта“, додава тој.

Loading…

Министерот за образование Јетон Шаќири денеска беше прашан од новинарите дали чувствува одговорност да поднесе оставка поради недостигот на книги. Тој одговори:

„Да, би се чувствувал одговорен за тоа што го предвидов за следната година во 2023/2024 година кога сите процедури би зависеле од Министерството за образование. Знаете дека јас дојдов како министер во јануари кога беа спроведени некои процедури пред една година, што значи дека беше усвоен и предлог буџетот претходната година“, вели Јетон Шаќири.

Годинава училиштата во Македонија во најголем дел почнаа без книги, иако министерството тогаш делеше скрипти и ветуваше дека до крајот на ноември ќе има набавка на книги, но такво нешто до денес не се случи-пишува тв21.

(Видео) Колони воена опрема по српските улици oткако Вучиќ најави враќање на српската армија на Косово

Вријат социјалните мрежи во Србија како што растат тензиите на Косово помеѓу етничките Срби и косовската полиција по апсењето на неколкумина Срби.

Србија и официјално побара враќање на српската армија соогласно резолуцијата 1244 на Косово со цел заштита на српското население.

По неколку српски градови и населени места се забележани колони воена техника на српската армија кои вирално се споделуваат на социјалните мрежи.

Погледнете:

Весна Бејби се напна од дојавите за бомби – МАРШ БРЕ СИТЕ ДО ЕДЕН!

Денеска (12.12.2022) околу 08.20 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Денеска околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на девет училишта, како и на Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Познатата глумица Весна Петрушевска во видео раскажа низ што поминуваат граѓаните по овие дојави и им порача, на неспособните власти Марш ….

Видео:

https://fb.watch/hmUweq6MXj/

(Видео) Колони воени возила забележани во Ваљево и Обреновац

Иако Претседателот на Србија, Александар Вучиќ повика на смиренот и воздржаност, сепак последните видео материјали покажуваат нешто друго.

Имено, на видео материјалите кои можете да ги погледнете подолу, на патниот правец во Ваљево е забележана група на тешки воени возила која се упатува во непознат правец. На другиот пак видео материјал направен во Обреновац, исто така можат да се забележи тешка воена техника.

Останува да видиме каков епилог ќе има оваа тешка ноќ на Косово.

СКАНДАЛ ВО ВЕЛЕС: Професорка нападната од ученик (Видео)

Настанот се случил во Октомври 2019 год, нападнатата професорка е со иницијали Б.С. , а директорка во тоа време била лицето О.К., која според изворот,не преземала соодветни мерки!

Канал 5 ТВ како општествено одговорна компанија , бара од МВР уште вечерва да почне да го разрешува случајот , за кое добивме и видео, и за кое добивме и одредени податоци, од кои се гледa и се слуша дека ученикот кој снима зборува на албански јазик ( што е тотално ирелевантно за настанов, можел да зборува и кинески ако сакал ), а податоците кои ни се доставени и кои ќе бидат анонимни засекогаш за јавноста се следниве:

– Малтретираната професорка е со иницијали Б. С. од ОСУ „Јовче Тесличков“

– идентитетот на учениците кои ја малтретираат не е познат

– Настанот/булингот се случува во економското училиште во Велес – “Јовче Тесличков”

– Тогашната директорка на училиштето била лицето со иницијали О. К. а сегашен директор на истото училиште е лице со иницијали В. Т.

Уште еднаш ја потенцираме важноста на одговорните институции, обинителството и судовите дека толеранција за вакви настани не смее да постои, и бараме од МВР ургентно да почне да го разрешува овој срамен за професорската фела, но и за нашата држава , чин.

Лицето кое ни ги достави овие информации и самото видео, ќе остане анонимно, но познато само за редакцијата на Канал 5 ТВ и за надлежните институции.

ВУЧИЌ за Ројтерс: Косовската полиција нема што да бара на север, бараме ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СИТЕ СРБИ и начин за смирување на тензиите

Србија бара ослободување на сите уапсени Срби и начини за смирување на тензиите на северот на Косово и Метохија, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за британската агенција Ројтерс.

Во интервјуто, кое го даде по седницата на Советот за национална безбедност, Вучиќ повтори дека Србите на Косово и Метохија не смеат да учествуваат во насилството врз припадниците на силите на КФОР и ЕУЛЕКС.

– Никој, под никакви околности, не треба да учествува во нападите врз ЕУЛЕКС и КФОР – рече Вучиќ.

На прашањето дали Белград ќе се обиде да најде начин да ја деескалира ситуацијата на северот на Косово, тој кратко одговори „апсолутно“.

Агенцијата наведува дека Вучиќ ги обвини властите во Приштина и привремените институции на премиерот на Приштина, Албин Курти, дека поттикнуваат тензии со „безброј еднострани потези“.

– Секогаш кога некој ќе помисли дека нешто сме решиле, се појавува друг проблем – истакна Вучиќ.

Претседателот на Србија побара ослободување на неодамна уапсените Срби на северот на Косово бидејќи, како што нагласи, тие се држат под лажни обвиненија и дека косовската полиција треба да се повлече од северно Косово, во согласност со Бриселскиот договор.

– Косовската полиција нема што да прави на север… Особено луѓе вооружени до заби. Ова предизвикува непријатност и страв кај српското население – рече Вучиќ.

Српските демонстранти во северно Косово ги блокираа главните патишта во саботата по апсењето на поранешен српски полицаец.

По разгорувањето, ЕУ, САД и НАТО побараа воздржаност од двете страни и побараа отстранување на барикадите.

Бујар Османи во одбрана на косовската полиција

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Република Косово. Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Отстранувањето на сите барикади и воспоставувањето правна држава е императив. Охрабруваме сеопфатно решение во согласност со европско и американско посредување, пишува во статусот на Османи.