Category Archives: Инфо +

МНР: Македонските државјани ИТНО ДА ЈА НАПУШТАТ УКРАИНА поради можност од воена ескалација

Поради сериозно влошената безбедносна ситуација во и околу Украина, упатуваме посебен апел до нашите државјни кои сѐ уште се наоѓаат во Украина, итно да ја напуштат земјата поради можност од воена ескалација, порачуваат од МНР.

Тие ги повикуваат  сите државјани на Македонија кои во претстојниот период планирале посета на Украина, да избегнуваат патувања во земјата.

МНР ги следи одблиску состојбите, и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници со кои на дневна основа разменуваме информации и анализи за актуелните состојби.

– Потсетуваме и на претходните повици кон оние граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои сѐ уште не ги оставиле своите податоци во амбасадата, да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, со цел доставување на своите податоци, на следните телефонски броеви:

+380442877882

+380663951190

е-mail: dkpkiev@mfa.gov.mk

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk

Воедно ги потсетуваме сите нашите граѓани, и оние кои се наоѓаат овде и оние кои се наоѓаат во Украина, или било каде, да ги следат и да се информираат од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Македонија во Киев, велат од МНР.

Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Украина и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.

(ВИДЕО) Се степаа украински новинар и политичар

Украинскиот новинар Јури Бутусов и членот на Платформа за живот Нестор Шуфрич се степале за време на гостувањето во емисијата „Слобода на говорот“ на Савик Шустер.

Тепачката избила кога Шуфрич истакнал дека „Платформата за живот“ е втората најсилна во парламентот, а народот на Украина ја поддржува неговата страна, на што Бутусов одговори со обвинувања дека членовите на „Платформата“ се предавници, по што тој ги обвини за ширење на руската пропаганда во Украина.

Шустер се обиде да ја смири ситуацијата велејќи дека судот треба да одлучи дали некој е предавник.

Само неколку моменти подоцна Бутусов притрча до Шуфрич и го удри во лицето, по што изби тепачката.

Кога ситуацијата малку се смири, Шуфрич го напушти студиото на неколку минути, за да се врати и да му каже на својот ривал дека е обичен провокатор, а и дека се „гребе како девојче“.

УБИEH украински вojник, општа мобилизација на прoруcките сепаратисти

Ситуацијата во источна Украина се заострува. Водачите на бунтовниците во Доњецк и Луганск се подготвуваат за војна. Украински војник е убиен од страна на проруските сепаратисти. Цивилите продолжуваат да се евакуираат.

Еден украински војник загина во судирите со проруските сепаратисти, кои ги поддржува Москва на истокот на земјата, соопшти денеска украинската војска.

„Во гранатирањето од страна на сепаратистите смртно настрада еден украински војник од експлозија на граната“, соопшти воената команда за истокот на Украина.

Украинските вооружени сили и проруските сепаратисти денеска взаемно се обвинуваат за тешки прекршувања на примирјето на истокот на Украина.

Украинската војска пријави дека до 7 часот утрината 66 пати бил разменет артилериски оган во близина на градовите на линијата на фронтот, со калибири 82 и 110 милиметри, што е особено висок број. Најмалку еден војник загинал во гранатирањето.

Украинската војска наведе дека ја контролира ситуацијата и оти „ја продолжува мисијата да ги поттисне вооружените агресии на Русија“.

Општа мобилизација на проруските бунтовници

Москва негира дека е вмешана во овој конфликт и вели дека се работи за внатрешни прашања на Украина, меѓутоа Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) редовно јавува, во последните 8 години од кога трае овој конфликт, дека кон сепаратискичките области преминува оружје од Русија.

Сепаратистите во регионот Доњецк и Луганск, кои го обвинуваат Киев дека сака да ја поврати оваа област под своја контрола, оцениле оти ситуацијата е критична и прогласија општа мобилизација.

Лидерот на сепаратистите во Доњецк, Денис Пушилин, во видео порака објави дека потпишал соодветен декет. Пушилин ги повика резервистите „да дојдат во канцелариите за воена регистрација“. Бунтовничкиот водач на Луганск, Леонид Пашечник, исто така потпишал соодветен документ.

Набљудувачите од ОБСЕ денеска јавија оти констатирале „спектакуларно зголемување“ на кршење на примирјето во оваа област и дека во петокот имало вкупно 870.

Во меѓувреме пак продолжуваат евакуациите на градовите и на населените места во регионите Луганск и Доњецк, кои започнаа во петокот. Според сепаратистите во Доњецк, повеќе од 6.000 луѓе се веќе евакуирани, меѓу кои 2.400 деца. Луѓето ќе бидат сместени во јужниот руски регион Ростов.

Извор: Дојче Веле

Путин: “Ситуацијата во источна Украина се влошува”

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека ситуацијата во источна Украина се влошува, во момент кога Западот го обвинува дека планира неизбежен напад врз таа држава.

– Моментно се забележува влошување на ситуацијата во источна Украина, истакна Путин на прес-конференција со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко во Москва.

Русија одржа масовни воени вежби во близина на границите на Украина во последните неколку недели. Но, Путин, кој побара ветувања од Западот дека НАТО нема да се прошири кон исток, рече дека вежбите, во кои учествуваат десетици илјади војници, не претставуваат закана.

– Овие вежби имаат чисто одбранбен карактер и не се закана за никого, нагласи рускиот лидер.

Тој додаде дека Западот и неговите сојузници „се уште не се склони сериозно да гледаат на овие клучни безбедносни барања”. Русија оваа недела побара од САД да се обврзат да ги повлечат сите свои војници од Централна и Источна Европа

Масовна евакуација на населението од Донбас и Луганск, одат кон Русија (ВИДЕО)

Два часа откако лидерот на Доњецката Народна Република Денис Пушилин најави дека ќе следи масовна евакуација на цивили и од Донбас и од Луганск, тоа се случи.

Имено, според снимките кои се појавуваат на социјалните мрежи, собрани се првите организирани деца, кои се собрале пред училиштата, а исто така колони патнички автомобили тргнале на пат кон Русија, односно Ростов на Дон,објави ТАСС.

Според властите во Донбас, евакуацијата се однесува на деца, жени и стари лица, како и на оние чиј престој не е потребен. Евакуацијата не се однесува на оние вработени чие присуство е неопходно за функционирање на градската инфраструктура и служби, како и за оние кои имаат оружје и активно се вклучени во одбраната.

Од друга страна, во Украина и на Запад, лидерите на ДНР и ЛНР оваа одлука ја опишуваат како „операција под лажно знаме“, односно дека Москва си создава алиби вечерва да ја нападне Украина, бидејќи хуманитарната катастрофа на населението на двете непризнаени области ќе биде причина за руската инвазија.

(ФОТО) Мајка со бебе падна во Вардар, ги спасија неколку млади момчиња

Вчера мајка со своето дете се лизнала и паднала во реката Вардар, во близина на Музејот, дознава Алсат.

Мајката и детето биле спасени од неколку млади момчиња кои влегле во реката и успеале да ги извлечат.  Количката останала во реката.

Соопштено е дека и мајката и детето се добро и без сериозни повреди.

(Видео) Еврејската група која се наоѓа во Скопје: Не ни даваат да се движиме, нè чуваат под контрола, не ни даваат да зборуваме со медиумите

Нè држат во хотел како еден вид на гето, каде што правилата ги носат полицајците. Има секакви видови полициски групи, добиваме секакви пораки, наредби, како на пример на улица можеме да излеземе само кога е неопходно, а тоа може да го сторат жените, но не и мажите, велат од Лев Тахор за ТВ 24, притоа додаваат дека имаат притисок од сите страни, но најмногу од полицијата.

Од групата додаваат дека при секое напуштање на хотелот тие мора да се пријават, заради која причина, каде ќе оди, а исто така да се даде и бројот на пасошот.


– Не смееме да се среќаваме со надворешни лица, особено не со медиумите и не смееме во хотелот луѓе од медиумите да зборуваат со нас. Исто така не смееме да шетаме во лобито и да дозволиме другите луѓе да не гледаат. Можеме само да бидеме во собите и во ресторанскиот дел, но ништо повеќе – сведочат од оваа група која привлече големо внимание со своето пристигнување во Македонија.

Хотелот им е веќе прескап да го плаќаат, бараат куќа за да можат да се сместат со семејствата, но сите каде што ќе се јават ги одбиваат со извинување дека не можат да им издадат сместување поради притисоци.

– Каде и да се јавиме да изнајмиме куќа или стан им пристапува полицијата и ги прашува дали се спремни да нè прифатат, им поставуваат секакви услови и поради тоа се откажуваат да нè примат кај нив, што е многу разбирливо, исто како во куќата во Куманово. Секаде околу нас имаше полиција со ротациски светла и нè превезуваа како да сме приведени – вели претставничката на Лев Тахор.

Таа додава дека нормално е дека сопствениците на хотели не сакале да ги примат, затоа што полицијата секаде одела со нив и кога ќе ја виделе полицијата не прифаќале да ги примат, затоа што изгледале како да се приведени.

– Ако треба да нè приведат, тогаш е логично да бидеме приведени. Ако не треба да бидеме приведени, зошто нè држат како да сме приведени? Имаме право да останеме 90 дена во земјата, но полицијата ни кажа дека го имаме тоа право, но под строга контрола. Не ни даваат да се движиме, нè чуваат во гето, под контрола – сведочат од групата.

Групата од 38 члена, беше сместена во Куманово во неколку куќи но поради притисоците од јавноста мораа да го напуштат сместувањето. Пред нивните куќи секојдневно се собираа граѓани, но ситуацијата ескалираше кога кон куќата беше фрлено со јајца и им беше откорната влезната врата.

Од Куманово со автобус и полиција беа спроведени во неколку хотели каде одбиваа да ги примат, сè додека се сместија во хотел во Скопје, што полицијата не го открива поради нивна безбедност.

Израел ги укинува ковид сертификатите

Зелениот сертификат го поседуваа лица кои неодамна закрепнале од вирусот или се вакцинирани со три дози од вакцината, со што тие можеа да влезат во затворени простори и да учествуваат на големи собири.


Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска најави дека ќе се укине зелениот сертификат, бидејќи бројката на нови заразени на дневна основа продолжува да се намалува.

По средбата со здравствените власти, Бенет изјави дека бранот на омикрон во земјата е „прекинат“, и дека претстои дополнително укинување на епидемиолошките мерки во земјата.

Зелениот сертификат го поседуваа лица кои неодамна закрепнале од вирусот или се вакцинирани со три дози од вакцината, со што тие можеа да влезат во затворени простори и да учествуваат на големи собири.

Како што се наведува, иако бројот на нови заразени е сè уште висок, израелското Министерство за здравство известува за постојан пад на сериозните случаи на ковид-19 од пикот на омикрон што беше во земјата на почетокот на февруари.

Од почетокот на имунизацијата во земјата, околу 48 отсто од 9,4 милиони луѓе примиле три дози од вакцината „Фајзер“, а повеќе од 72 отсто од населението примиле најмалку една доза вакцина.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, најмалку 9 710 луѓе починаа во Израел како последица на инфекцијата.

20 години во Арачиново не се наплаќа данок на имот

Во Арачиново 20 години не се наплаќа данок на имот. Од 1996 година 6 градоначалници ја воделе ова општина и досега никој не успеал да воведе софтер за наплата на данокот.

Градоначалниците со кои контактирале „Алсат“, изјавиле дека кога го добиле мандатот не нашле инсталиран софтвер, додавајќи дека „како што нашле, така и оставиле“.

Според податоците на Заводот за статистика, добиени од пописот на населението во 2002 година, во Арачиново се регистрирани 2442 куќи. Арачиново е една од најзадолжените општини, а Владата неколкупати интервенираше од буџетот за враќање на долговите. Од Владата не посочуваат дали побарале одговорност од општините кои трупаат долгови.

Тажен ден за љубителите на Порше: Се запали брод кој во себе носи илјадници Поршеа

22 членови на екипажот беа спасени од големиот товарен брод „Фелисити Ејс“ во средата, откако тој даде сигнал за помош кога избувна пожар на бродот, во кој се превезуваа 4.000 возила, меѓу кои и Порше и Фолксваген.

Во соопштението објавено од португалската морнарица се потврди дека операцијата за спасување била преземена како одговор на предупредувањето од бродот под знамето на Панама.

Патролниот брод NRP Setubal на португалската морнарица, четири трговски бродови во областа и средствата на португалските воздухопловни сили беа активирани за да се обезбеди поддршка и да се донесе екипажот на безбедно.

Бродот, долг 650 стапки, патувал од Емден во Германија до Дејвисвил во САД кога избувнал пожар во близина на островот Фајал на Азорите.

И Порше и Фолксваген издадоа соопштенија како одговор на ситуацијата.

„Нашите непосредни мисли се на 22-та посада на трговскиот брод Фелисити Ејс, за кои разбираме дека сите се безбедни и здрави како резултат на нивното спасување од страна на португалската морнарица по извештаите за пожар на бродот“, рече портпаролот на Порше.

Во соопштението на Фолксваген се вели: „Свесни сме за инцидент денес во кој беше вклучен товарен брод кој превезува возила од групацијата Фолксваген преку Атлантикот. Засега немаме информации за повредени. Работиме со локалните власти и бродската компанија за да ги истражиме причините за инцидентот“.