Category Archives: Инфо +

Нови мерки: Задолжителна вакцина за да одите во кафеана или на кафе, забранет влез во „Сити мол“, „Рамстор мол“, „Капитол“ за невакцинираните граѓани

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 99-та седница ги донесе најновите мерки, протоколи препораки за заштита на здравјето на населението од КОВИД – 19, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести.

Согласно препораките, Владата донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, како и за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложувалници, казина), задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:

– сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД – 19 или

– сертификат/потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе, како и за влез во затворениот дел од моловите.

Дополнително, во сите угостителски објекти, кафулиња и барови опфатени со оваа мерка каде капацитетот е поголем од 30 посетители/гости/лица, задолжителнo e воспоставување редарска служба од страна на правниот субјект за контрола и спроведување на мерката. Додека пак во угостителските објекти со капацитет помал од 30 лица контролата на поседувањето на КОВИД – 19 сертификатот на посетителите е должност на редовно вработените лица.

Овие мерки стапуваат на сила по нивното објавување во „Службен весник“, односно од утре 18 август 2021 година.

Останува забраната за организација на свадби, веселби и прослави во објекти од затворен тип, додека друг тип на настани на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30% од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители со задолжително поседување, приложување и проверка на еден од задолжителните КОВИД – 19 документи.

Согласно препораките, Владата донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови ќе треба сертификати за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена. Но, посочи и дека оваа мерка ќе се применува и за затворените молови како што се „Сити мол“, „Капитол“, „Рамстор мол“.

„Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе, како и за влез во затворениот дел од моловите, велат од Владата.

За влез во овие објекти потребно е: – сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД – 19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Поплава во Шутка: Си направија забава, со чамци се движеа по улиците

На социјалната мрежа фејсбук жител од општината Шуто Оризари сподели видео откако главниот град го зафати кратко невреме. На снимката се гледа поплавена улица, а едно лице се движи со чамец.

999 нови случаи на Ковид 19 – пријавени 14 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 7.245 тестирањa, а регистрирани се 999 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 325, Тетово – 184, Гостивар – 132, Куманово – 79, Кичево – 50, Струмица – 42, Струга – 33, Охрид – 20, Битола, Кочани и Берово – по 15, Прилеп – 14, Кавадарци и Ресен – по 10, Штип и Радовиш – по 8, Велес – 7, Делчево и Валандово – по 6, Кратово и Македонски Брод – по 5, Дебар – 4, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Гевгелија и Свети Николе – по 1.

Регистрирани сe 184 оздравени пациенти од: Скопје – 72, Гостивар – 24, Тетово – 20, Куманово – 19, Кичево – 13,Битола – 7, Струмица – 6, Дебар – 5, Кочани и Кавадарци – по 4, Прилеп и Валандово – по 3, Радовиш – 2, Велелс и Свети Николе – по 1.

Пријавени се 14 починати лица: по 5 починати лица од Скопје (59г,74г,77г,79г и 84г) и Тетово (61г,64г,75г,76г и 78г), 2 лица од Гостивар (57г и 58г) и по едно лице од Куманово (80г) и Кичево (57г). Еден од пријавените е починат во домашни услови а другите се починати во болнички услови.

Направени се 7.245 тестови преку: ИЈЗ-373, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-109, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–127, ЦЈЗ Куманово–107, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 7, ГОБ 8-ми Септември-1, Институт за микробиологија–17, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Авицена-394, Биотек-487, Систина-109, лабораторија Лаор-574, Синлаб-76, Ремедика-26, Плодност–92, Генеа -4, Никоб лаб-770, ВФВ Медикал-55, Ели Медика-87, Ројал Медика – 83, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.461.

Досега во земјата се направени вкупно 1.073.017 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 163.452 бројката на оздравени пациенти е 151.144, на починати е 5.574, а бројот на активни случаи изнесува 6.734.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 71260, Активни 2246

Куманово 9389, Активни 422

Прилеп 8399, Активни 62

Тетово 8811, Активни 1330

Битола 6468, Активни 132

Велес 5542, Активни 61

Гостивар 6249, Активни 927

Кавадарци 5226, Активни 56

Охрид 5196, Активни 175

Штип 5027, Активни 59

Струмица 4435, Активни 285

Струга 3149, Активни 164

Кочани 2859, Активни 53

Кичево 3001, Активни 366

Гевгелија 2201, Активни 4

Неготино 2188, Активни 4

Свети Николе 1547, Активни 18

Ресен 1278, Активни 44

Крива Паланка 1234, Активни 7

Радовиш 1209, Активни 40

Берово 1080, Активни 42

Делчево 991, Активни 17

Дебар 1092, Активни 122

Виница 909, Активни 21

Пробиштип 793, Активни 4

Валандово 695, Активни 22

Богданци 494, Активни 0

Крушево 490, Активни 0

Демир Хисар 404, Активни 4

Демир Капија 399, Активни 3

Кратово 384, Активни 7

Македонски Брод 388, Активни 28

Пехчево 282, Активни 7

Македонска Каменица 250, Активни 1

Дојран 133, Активни 1

ДОЈДЕ НЕВРЕМЕТО – во наредните денови никако не излегувајте од дома без чадор, еве ги деталите

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Задутре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.



Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне во јужните делови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


Во Сабота времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Зголемен интересот за вакцинација, вчера се аплицирани 18.877 вакцини, прва доза примиле 12.049 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 599.716 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.049 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 18.877 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.079.049 дози вакцини,од кои целосно вкцинирани се 479.333 граѓани.

Со последните бројки 68% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 65% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 61% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 51% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, а во тек е и теренска вакцинација во секое село, рурално населено место, населба.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Д-р Ефкоски удри по антиваксерите: Ние будали сме, сакаме да ве убиеме? Што сме ние, платеници?



Не можам да разберам истовремена одлука да не се вакцинирам, заедно со барањето да не се воведат ограничувањата наметнати од пандемијата. Вие као тие јаките сте? Имунитет имате? Многу се пазите?

Истово важи и за вакцинираните. Мислите сега сте безбедни од сите микроорганизми?? Мислите сте имуни на сите следни мутанти?? Што ви е бе? Маската на вас и мијте раце. Не е само САРС-КоВ-2, стомачни вируси ве потепаа.

Не можам а да не се чудам на муабет кога мој пациент ми вели дека немало да се вакцинира бидејќи “едноставно не сакал, не верувал во вакцините”. Каков муабет е ова? Деца не сте, одамна. Што доаѓаш на доктор ако не веруваш во медицина? Ние будали сме, сакаме да ве убиеме? Што сме ние, платеници? Ај бе сиктер.

Не можам да верувам дека ПАЗИ ОВА – зетот и невестата дошле да примат инфузии да се освежат пред свадба, испиле парацетамол од дома непријавиле на доктор дека воопшто имаат температура, свадба цела си истерале со сите салтанати.Направиле дома брзи тестови, позитивни цела фамилија, ама не биле точни тие од аптека сами ги купиле и ниеден не проверил ПЦР.

Да не биде ова доволно, братот со фамилијата дел од позитивните, после свадба веднаш заминале на одмор во хотел Албанија. Немаше ништо да дознаеме, зетот да не заврши на инфективно одделение со пневмонија. Сега се чекаат следните за хоспитализација, веќе доста се позитивни од таа свадба.

Иако многу вакви поединци не се сметаат себеси за антиваксери, нивната неактивност е одлука да не се заштитат себеси или своите семејства, но и останатите во заедницата, државата, пошироко. Преку неактивност ќе дозволат пак да се исполнат болнички кревети, да дозволат да просперираат нови варијанти, како и директно да ги загрозат здравствените работници, хронично болните или имуносупресирани луѓе околу нив.

Поради вашата неактивност, вработените во здравството пак да го преживуваме хоророт?

Не е фер, ама ич не е фер.

Особено што вакцините се безбедни! Ова ви е гарантирано од сите! Само мал процент не смее да ги прими. И да, вакцините можеби нема да ги спасат сите луѓе на планетата од Ковид-19, но ќе спасат многу. Секако ќе намалат потреба од медицинска грижа и нега на болни лица по болниците. Можеби не се “ФФП3”, но секако се “трослојна маска”. И таа намалува ризик во одредени ситуации.

Неактивноста на луѓето е одлука да се дозволи оваа пандемија да продолжи да беснее. Во секоја смисла пандемиска неактивност, од лична хигиена до вакцинација. Трагедија е кога истите потоа ми плачат. Терајте де, нели сте попаметни, повеќе разбирате како да се заштитиме и колку е опасно.

Не знам колку пати повторивме. Лек за лекување Ковид немаме, а вакцините се примаат навреме!

Не, тие можеби нема да спречат да си позитивен, ама па без нив многу ти се поголеми шансите да си позитивен на тест!

Во комбинација со соодветна маска, вакцинираните сте во безбедна позиција и во ризичен затворен простор.

Ако се чудите зошто вака пишувам, прочитајте го текстот уште еднаш, два пати, шест ако треба. Ако и после тоа се чудите, јавете се да ви објаснам директно.

Одете бре вакцинирајте се сите кои можете!! Трудници и останатите ризични категории побрзо!!

И сега, ако јас вака мислам, знаете ли како мислат оние кои до вчера гледаа трагедии додека вие го ладевте.. пивото.. Колку ли мислите ќе падне мотивацијата да се борат здравствените работници за вас.

Полека но сигурно се губи емпатијата кон игнорантите и манипулантите.

Вакцините не се лек за пандемијата, но тие сепак се дополнителна заштитна алатка!

Зошто барате појаси, воздушни перници, силна каросерија, браник, АБС, ЕБС и секакви други заштити, кога имате кочници во кола? Повеќе слојна заштита!!! Само таа може да ви гарантира понизок ризик од Ковид-19!!

Фејсбук-статус на Илчо Ефкоски

Тео има 2 годинки и се соочува со најголемата битка!Да помогнеме потребни се 150 000 евра

Сонувам кога Тео сам ќе пушти чекорче и да рече „мамо“ – Со Мартина од Скопје за мајчината болка и борбата за здравје на нејзиното 2.5 годишно синче
Дали е лекарска грешка или не, не е целта на оваа приказна за малиот Тео од Скопје, тоа судот ќе си го каже.

Целта е како можеме да му помогнеме на ова мало срце да си го олесни животот. Премалку се неговите 2.5 годинки за да можат да ги издржат маките низ кои поминува уште од раѓањето.

Да, неговата борба за живот почнува токму тогаш. Тео ја немал среќата по првиот плач да ја почувствува прегратката на мама Мартина, туку пет месеци поминал на интензивна нега.

Неговата мајка за ММС ја раскажа борбата за здравјето на Тео, за проблемите со кои се соочуваат и за вербата дека во болница во Турција ќе му се олеснат здравствените маки на ова момченце, кое сеуште не оди и зборува, а не може ниту да голта.

Повеќе на ММС

Одлична мерка: Тој што ќе се вакцинира да добие карта за Цеца, Лепа Брена и Аца Лукас

ТРИ “СТИМУЛАТИВНИ МЕРКИ” ЗА УСПЕШНА ВАКЦИНАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА



1. За сите граѓани на Македонија кои ќе ја завршат комплетната вакцинација од утре до 15 септември, владата да организира бесплатен “гала концерт” на 1 октомври со “мегаѕвездите” Цеца, Брена, Аца, Јелена, Адил, Џенан … (минимум 100.000 нововакцинирани).





2. За сите кои комплетно ќе се вакцинираат до 15 септември, од 16 септември да се пушти специјален ТВ канал кој 24 часа ќе емитува најнови турски серии. (минимум 250.000 нововакцинирани домаќинки и пензионери)




3. За сите преостанати, невакцинирани, годишна преплата во библиотека, како замена за нивната непрежалена кафеана.

Во првата тура доаѓаат 200 бегалци од Авганистан во Македонија, ова се деталите од Владата

Привремено треба да бидат згрижени шест жени и деца на вработени од Мисијата на ОН во Авганистан и околу 180 жени, деца, вработени или членови на семејства од хуманитарни организации, организации за човекови права, новинарски и друг тип здруженија

Речиси 190 цивили од Авганистан се очекува во следниот период да бидат привремено згрижени во Македонија. Ова го соопштуваат од македонската Влада, од каде истакнуваат дека во тек се координации и утврдување детали за преземање на првите лица.

Според информациите од Владата, првично треба да бидат преземени шест жени и деца на вработени од Мисијата на Обединетите Нации во Авганистан. Во првиот бран за привремено згрижување се најавуваат и околу 180 жени, деца, вработени или членови на семејства од хуманитарни организации, организации за човекови права, новинарски и друг тип здруженија кои во изминатите 20 години работеле на одржувањето на мирот во Авганистан.

Засега не се знае точното време на полетување на тие лица од Авганистан. Тие би требало да слетаат на аеродромот во Скопје, после што се планира да бидат испратени во 14-дневен карантин за превенција од ковид-19. За тие што не се вакцинирани, Министерството за здравство се планира да обезбеди и вакцини.

„Владата работи на обезбедување сместувачки капацитети во мотели, одморалишта и хотели, за што трошоците ќе бидат обезбедени од страна на меѓународните организации, како и од Соединетите Американски Држави. Сместувањето и преземањето на локалното население ќе биде со ограничен временски период, се до обезбедување нивни трансфер до САД или до трети земји, што ќе биде утврдено во координација со нашите стратешки партнери и со меѓународните организации“, соопштува службата за односи со јавност на Владата на Македонија.

Извор Инфомакс

Спасовски потврди: Подготвен е Прифатниот центар за странци (ФОТО)

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку својот Фејсбук профил објави дека во Македонија, поточно во скопската општина Гази Баба ќе се сместуваат странци бегалци, како и дека Прифатниот центар е подготвен.

-Прифатниот центар за странци Гази Баба е формиран и функционира согласно Законот за странци и е наменет за привремено задржување на странци во случаи кога се исполнети условите содржани во одредбите на Законот за странци, односно за сместување на странци кои не можат да се отстранат од територијата на државата во рок од 24 часа, од кои било причини, па се сместуваат во него во период од неколку дена, додека да се создадат услови да биде отстранет од државата.

Најчесто станува збор за сезонски работници на кои им истекла дозволата за работа/престој, забавувачи во угостителските објекти без пријавен престој во државата, лица кои се затекнале тука без документ за идентификација и сл. Центарот претставува објект од затворен тип и е единствена установа во која се сместуваат странски државјани, а која е во надлежност на МВР, стои во неговиот пост на Фејсбук.