Category Archives: Инфо +

Денеска ги славиме Антонин, Никифор, Герман и Манета

Свети Јован Златоуст

Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба, голема благодат, но и големо страдање. Кога требаше да биде посветен за свештеник се јави ангел Божји: истовремено и на патријархот Флавијан (после Мелетиј) и на самиот Јован. А кога патријархот го ракополагаше, сите видоа светол бел гулаб над Јовановата глава. Прославен заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, беше избран по желба на царот Аркадиј за патријарх Цариградски. Шест години управуваше со Црквата како патријарх со неспоредлива мудрост и ревност. Испрати незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотре симонијата во Црквата симнувајќи мозина епископи-симонисти; ја рашири милосрдната дејност на Црквата; напиша посебен чин на Светата Литургија; ги посрами еретиците; ја изобличи царицата Евдоксија; Светото Писмо го растолкува со својот златен ум и јазик, на Црквата ? остави многу драгоцени книги со неговите беседи. Народот го прослави, завидливците го замразија, царицата двапати го испрати во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија. Пред смртта повторно му се јавија апостолите Јован и Петар, а и Светиот маченик Василиск (под 22 мај), во чијашто црква ја прими Светата Причест. „Слава Му на Бога за с ? !“, беа неговите последни зборови и со тие зборови душата на златоустиот патријарх замина во Рајот. Од моштите на Св. Јован Златоуст главата почива во Успенскиот храм во Москва, а телото во Ватикан во Рим.

Тропар
Благодатта на твојата уста блесна како светлината на огнот и ја просвети вселената, и светот го научи богатството да не го бара во среброљубието, а ни ја покажа и возвишеноста на смирението. Но, учејќи н? со твоите зборови, оче Јоване Златоусти, моли Го Словото – Христа Бога, да ги спаси душите наши.

Кондак
Јоване Златоусти, од небесата си ја примил божествената благодат, и со твоите усни ги учиш сите да се поклонуваат на едниот Бог во Троица; блажен и преподобен, достојно Те славиме, како наставник на божествени работи.

Светите маченици Антонин, Никифор, Герман и Манета

Првите тројца кога еднаш видоа како незнабожците на некој свој парзник им се поклонуваат на идолите со извици и игри, излегоа храбро пред толпата и почнаа да Го проповедаат единиот Бог во Троица. Началникот на Кесарија Палестинска, каде што се случи ова, толку се раздразни од оваа постапка на тројцата христијани, што нареди веднаш да им ги отсечат главите. Манета беше девица христијанка. Таа ги следеше мачениците кога ги водеа на губилиште. Ја фатија и нејзе и после лути маки ја спалија во оган. Пострадаа сите во 308 година, кога се преселија во вечната радост на живиот Бог.

Преподобниот маченик Дамаскин

Роден е во Галата во Цариград и прво се викаше Дијаманди. Во младоста живееше неморално, така и се потурчи. Тогаш доживеа горко покајание и замина на Света Гора, каде што како монах строго се подвизуваше дванаесет години во Лаврата на Св. Атанасиј. Но желен за мачеништво, заради очистување од гревовите, отиде во Цариград и почна да оди по џамиите, да се крсти и да вели дека Исус Христос е Господ и Бог. Беше заклан пред портата Фанара на 13 ноември 1681 година. Моштите му почиваат на Халка во манастирот на Света Троица.

„Не постои нормален Македонец кој не се срами од нашиот премиер.. толку“

Интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев дадено за БГНЕС предизвика револт кај поголем број Македонци, еве неколку реакции по социјалните мрежи:

Бугарија не била фашистички окупатор туку некоја администрација имало. Премиерот Заев во интервју за БГ Нес вели дека Бугарите биле тие кои го ослободиле Куманово, Крива Паланка и Скопје од фашистите.

З. Заев: Одредивме заедничка прослава за историски личности од средниот век од Цар Самоил назад – до Кирил и Методиј, од Климент и Наум, имаме записници. Верувам дека двете земји се подготвени да ги објават, затоа што мора да ги вклучиме во учебниците. Бидејќи новите генерации не ја знаат целата оваа реалност, таа мора да не обедини. И во Македонија и во Бугарија, ова влијае на луѓето на многу погрешен начин. Треба да го смениме тоа. Ние веќе заменивме повеќе од 20 табли во земјата, каде што беше напишано „бугарски фашистички окупатор“. Ова не е случај – Бугарија не е фашизам, Бугарија е наш пријател.

Апасиев: Ако не му се спротивставиме на Заев ќе нѐ направи народ без држава

Заев е човек без онтологија, изгубен во просторот и времето, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев по интервјуто на премиерот за бугарски медиум.

-Прочитајте го ова скандалозно интервју на еден ПЛИТОК И НЕОБРАЗОВАН ЧОВЕК. Човек без онтологија. Изгубен човек во простор-времето. Човек без никаков сенс за државничка политика. Корумпиран човек кој, ако не му се спротивставиме, ќе не направи народ без држава. И потоа, отрезнете се со фактот дека тој одлучува за вас и за вашите најблиски. И излезете од апатичноста. И активирајте се политички (по можност у Левица), напиша Апасиев на Фејсбук.

Тој им се обрати и на членовите на СДСМ, порачувајќи им да ги искинат членските карти и да им се извинат на своите дедовци-партизани кои се бореа за Југославија.

https://plusinfo.mk/zaev-za-bgnes-dogovorot-e-bide-zakon-e-kaznuvam-omraza-dlabokata-drzhava-e-vo-opozici-a-video/?fbclid=IwAR1I2wkOBG9YbkYUxlKaoRHKEZJ6d7c0HKUUmH5I4Q8i4NF99bUrCPJl_cA

Д-р Чепреганов: Мерките се вo ред, грешката е во нас


Одговорност за ситуацијата и консултации, бидејќи „јас мислам“ и „ние мислиме“ е различно. Тоа му фали на мојот народ, вели проф. д-р Методи Чепреганов во разговор за МКД.мк. Немањето самодисциплина, тоа што секогаш бараме дупка или заобиколен пат да го изиграме законот, правото, како и подмитливоста се дел од, како што ги нарекува „фалинките“ на народот и генерално и во контекст на кризата со коронавирусот. „Ние сѐ правиме за да се уништиме, никој не чита, затоа што ‘сите знаат сѐ‘, тоа е проблемот“, вели Чепреганов, за МКД.

Како да го надминеме она што сега ни се случува со коронавирусот, страв, верување, па неверување, иако луѓе секојдневно умираат? Се работи за ментален склоп или за нешто друго?

Нам ништо не ни се случува. Сѐ што ние правиме, правиме сами, ние сме креатори на ова што ни се случува. Нам никој не ни го наметнува, тоа е резултат на нашиот ментален склоп, на нашето однесување и на тоа како сме „скроени“.

За да се разбере подобро морам да се осврнам на научното објаснување дека мајката природа нè создава сите овде на мајката планета Земја, со една 10-отстотна интелигенција што се вика когнитивна или рационална. Тоа го носиме со нашето раѓање. Во тој живот нашето постоење (морам да го кажувам поедноставено, за да разбере народот, бидејќи бев шокиран кога разбрав дека 53 отсто од нашиот народ има завршено само четврто одделение) има 4 закони на природата. Првиот се вика хомеостаза, што значи биолошка рамнотежа меѓу психата и телото. Ако се поремети, одиме во болест. Вториот закон на мајката природа се вика апоптозис, што значи програмирано стареење и умирање на нашите клетки.

Третиот фактор е најбитниот и тука лежи проблемот на македонскиот човек. Тоа е матурација или созревање. Тоа значи дека секое живо битие на земјата се раѓа, созрева до одреден степен и почнува да старее. Матурација значи инкорпорација на најмалку шест параметри што треба да ги „ставиме“ во нас за да станеме зрела личност. На прво место е воспитанието од најблиските во семејството. Ако сте имале мајка што имала емпатија, љубов и знаела да се смее со вас, вие цел живот ќе се смеете. Ако сте имале мајка психопат, карактеропат и била намуртена, и вие ќе бидете цел живот намуртени.

Значи воспитанието е фундаментот на иднината на една личност. Третиот фактор му фали многу на македонскиот народ, а тоа е образованието, едукација, учење, резервоарот на знаење што треба да го акумулирате во текот на животот за да стекнете и знаење и искуство. Воспитанието и знаењето ја креираат личноста карактерот на човек, а по нив доаѓаат уште морални, етички, духовни и социјални норми.

Тоа му фали на мојот народ, со исклучоци. Јас велам дека 20 отсто од македонскиот народ има заробен ум, заробен во минатото. Иднината е животот. Има три ментални склопа, едниот е личен профил на секој од нас, вториот е профил на една нација, народ и третиот е профил таканаречен цивилизациски. Но тој еден бил во стариот век, друг бил во средниот век и трет е сега. Сега пак, со ковидот комплетно се менува перцепцијата во светот, бидејќи има животозагрижувачки фактор, за кој огромен дел од луѓето не се свесни, бидејќи таков е менталниот склоп.

Семејство Керпичоски донираше возило за потребите на болницата

Семејството Керпичоски од Прилеп даде пример за сите граѓани кои се во можност да донираат онаму каде е најпотребно.

Тие денеска донираа возило за потребите на општата градска болница “Борка Талески”.

Ова е втора донација на Керпичоски за потребите на болницата, откако започна пандемијата предизвикана од коронавирусот.

70 годишен маж се обидел полово да нападне 10 годишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 70 години, кое се товари за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.

-Обвинетиот, на 7 октомври, на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, се обидел да изврши полово дејствие врз 10-годишно девојче. Во тој момент бил забележан од друго лице, кое го турнало обвинетиот на земја, па тој веднаш избегал од местото, информираат од Обвинителството.

По настанот, лицето извесен период не беше достапно на органите на прогонот, но на 29 октомври бил лишен од слобода и започнал да ја издржува определената мерка притвор од судијата на претходна постапка.

Таксист нашол 300.000 евра и му ги вратил на сопственикот

Енгин Олгак(31) на седиштето во неговиот автомобил пронашол торба со пари која ја заборавил патникот кој го возел од аеродромот во Истанбул до хотел во населбата Лалели.null

Олгак го контактирал хотелот каде што го оставил странскиот државјанин, го пронашол човекот и му ја вратил торбата во која имало 300.000 евра.

„Откако го оставив човекот, заминав да го исперам автомобилот и тогаш ја најдов торбата со пари. Го контактирав хотелот и му ги вратив парите“, рече Олгак.

Повеќе https://kajgana.com/taksist-nashol-300000-evra-i-mu-gi-vratil-na-sopstvenikot

Спасовски: Полицискиот час е опција во наредниот период

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски беше гостин во денешниот дневник на Сител телевизија, каде го пренесе своето искуство со болеста, откако вчера по речиси еден месец повторно се врати на работните обврски. Тој исто така зборуваше за начинот на кој нашата земја се справува со кризата и за тоа кои би можеле да бидат следните чекори и мерки кои ќе се превземат.

„Досега не е предложена мерка што ќе значи толкава рестрикција – полициски час, затоворање на државата. Дали е тоа опција во наредниот период – да. Ако имаме прогресирање на панде*ијата, зголемување на ширењето на болеста секако треба да се преземат дополнителни мерки, но тие мора да бидат димензионирани на потребите кои ги налага одредена ситуацијата“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во дневникот на Сител.

Според него, мерките треба да се носат постепено за да се види дали даваат резултати. Како што и пред неколку дена изјави министерот Филипче, моментално мерките го намалија индексот на ширење на болеста, при што тие сметаат дека мерките даваат некаков ефект.

„Според анализите кои се правени во Комисијата за заразни болести, овие мерки кои ги имаме даваат одредени ефекти, веќе се намалува вирулентноста и преносот на вирусот кај населението, тоа веќе ќе го почувствуваме наредните денови, но тоа не значи дека тој тренд може така да се задржи. Ако имаме тренд на зголемување на нови заболени и ако има таква потреба, Владата е тука да носи нови одлуки кои значат и рестриктивни мерки. И сега сме подготвени да имаме нови мерки. Граѓаните треба да знаат дека државата е тука и ќе направи се за да може да се заштити животот на граѓаните, здравјето и економијата, тие се клучни работи за да може да опстане државата“, рече Спасовски.

Поддршката од Армијата за време на прогласената кризна состојба, вели тој, не е заради инцидентите, туку да и се олесни на македонската полиција која треба да ги остварува надлежностите и во другите области. Целта, додава, не е преку носењето на акцискиот план да видиме полицаец или војник пред секој здравствен центар, туку тоа ќе се прави врз основа на оперативните сознанија и потреби.

„Чадор во тоалетот за да не течат фекалии врз пациентите“

Пациентот кој го снимил видеото вели дека се работи за дел од болницата кадешто болничките услови се сметаат за подобри и за ова треба да биде запознаена целата јавност

Денеска на социјалната мрежа Фејсбук се појавија и фотографии како лица примаат инфузија додека до нив се наоѓаат мртви тела. По ова веднаш реагираше министерсот за здравство, Венко Филипче кој нареди да се изврши вонредна контрола во болницата.

Наместо да го продаде, решил својот стар автомобил да го донира за сиpoмашно ceмejcтво: Гестот на Анте го поздрави целиот град

Aнте Микулиќ, полицаец од Омиш, одлучил својот автомобил да го поклони на сиромашно семејство

Кога дошло време стариот автомобил да го замени со нов, наместо да го продаде, одлучил да го поклони на некој кој не може да си дозволи да купи автомобил.

“Се јавив во Центарот за социјални работи во Омиш и ќе го предадеме овој убав автомобил на некому да му служи”, вели Анте за “Нова ТВ”.

Koга се слушнало за неговото добро дело, се јавил негов пријател кој ветил дека пред да го донира возилото ќе го наполни со гориво.

Aнте се грижел добро за неговиот автомобил, а за тоа потврдуваат и од неговиот автоклуб.

“Го чуваше како капка вода на дланка, па затоа неговиот гест е уште повреден, затоа што тоа не е стара канта, туку автомобил кој е внимателно сочуван”, вели претседателот на автоклубот Томислав Томаш.

Анте одлучил да собере пари и за сервис и регистрација на автомобилот, за новите сопственици некое време да не се грижат за трошоците.

Неговите сограѓани се воодушевени од овој гест, а средства се собираат и во угостителски објекти.

Фото/Dnevnik.hr