Category Archives: Свет

„Сите имате малку ЛУДИЛО во вас, не смеете да го изгубите“- 7 години од смртта на ЛЕГЕНДАТА Робин Вилијамс (Видео)

Синот на Робин Вилијамс, Зек сподели емотивна порака до неговиот татко на годишнината од неговата смрт. Славниот глумец и комичар почина на 11 август 2014 година.

„Тато, почина на денешен ден пред седум години. Радоста и инспирацијата што му ја донесе на светот, живее како наследство кај твоето семејство, пријателите и обожавателите, кои толку многу ги сакаше. Живееше за да ги насмееш другите и да им помогнеш. Денес ќе го славам споменот за тебе. Те сакам засекогаш!“, напиша Зек Вилијамс на Твитер.

Робин Вилијамс е запаметен по сценската комедија и по улогите во бројни познати филмови, како што се „Г-ѓа Даутфајер“, „Попај“, „Капетан Кука“, „Џуманџи“, „Аладин“, „Добриот Вил Хантинг“ (за којшто во 1997 доби и „Оскар“ за споредна улога), потоа – „Друштвото на мртвите поети“ и „Печ Адамс“.

Во продолжение еден од неговите најдобри стенд ап настапи на Бродвеј:

Светот во ПАНИКА: Прв случај на СМРТОНОСНИОТ вирус МАРБУРГ, СЗО реагира

Светската здравствена организација објави дека здравствените власти во Гвинеја го потврдиле првиот случај на исклучително смртоносен вирус Марбург, што е сличен на ебола.

Според СЗО, тоа е прв случај на Марбуршка вирусна хеморагична треска во Западна Африка. Пациентот бил лекуван во локалната болница кога неговата состојба одеднаш се влошила, по што тој починал.

Во моментов се работи на пронаоѓање на неговите контакти во делот на земјата кон границата со Либерија и Брегот на Слоновата Коска со цел да се запре ширењето на вирусот.

– Вирусот Марбург има голем потенцијал за ширење, што значи дека мора да го запреме што е можно поскоро, изјави регионалниот директор на СЗО за Африка, Матсидисо Моети.

Првиот случај во Гвинеја беше потврден минатата недела, само два месеци откако земјата прогласи крај на епидемијата на ебола, во која годинава починаа 12 лица.

Првпат Марбург е идентификуван во Западна Африка, а од 1967 година од овој вирус имало 12 големи епидемии, претежно во Јужна и Источна Африка. Стапката на смртност од Марбург варирааше од 24 до 88 проценти во минатите епидемии, во зависност од видот на вирусот и управувањето со кризи.

Вирусот се пренесува преку крв и секрети. По инкубацијата, која може да трае до шест дена, болеста започнува со висока температура, болки во мускулите и општа слабост, што доведува до големо оштетување на органите и е со чест фатален исход кај пациентите.

Турција ГОРИ, пожари како во АПОКАЛИПСА (Видео)

Ридовите во близина на турското летувалиште Мармарис, покриени со густа зелена борова шума, се уништени од шумски пожари кои горат веќе две недели.

Во последните две недели, пожарите оштетија десетици илјади хектари шуми во турските медитерански провинции, при што загинаа осум лица, додека илјадници луѓе, вклучително и туристи, беа принудени да избегаат.

Општината Мугла објавила дека изгореле 55.000 хектари шуми, што е двојно повеќе од изгорените во Турција во текот на целата минатата година, и дека се евакуирани 36.000 луѓе.

Строг карантин во Сиднеј со војска на улиците, ќе дојдат ли кај нас истите рестрикции?

Жителите на Сиднеј и неговата околина од минатата недела се под строги мерки за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирус, што ќе трае барем до крајот на август.


Влошувањето на ситуацијата со пандемијата се случило поради ширењето на многу заразниот делта сој.

Околу илјада полицајци се распоредени околу Сиднеј за да ги спречат неовластените протести против мерките за борба против пандемијата на коронавирус, а издадени се и известувања за забрана на такси услугите да превезуваат патници на демонстрациите, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс.

Протестите минатиот викенд резултираа со серија апсења и судири со полицијата.

И покрај борбата со наглиот пораст на бројот на заразени, кои се претежно соеви делта, Австралија досега успеа да ја држи под контрола пандемијата со вкупно нешто повеќе од 34,000 случаи на инфекција и 924 смртни случаи.

И покрај петнеделното заклучување, заразата продолжува да се шири во Сиднеј. Вчера биле пријавени 170 нови случаи.

Војниците ќе и се придружат на полицијата на жариштата на вирусот за да се осигураат дека луѓето ги почитуваат правилата, кои вклучуваат ограничување на патувањата во радиус од 10 километри.

Шефот на полицијата во Нов Јужен Велс, Дејвид Елиот, рече дека војската ќе помогне затоа што некои граѓани на Сиднеј мислат дека правилата не важат за нив.



Податоците од здравствените услуги покажуваат дека вирусот најчесто се пренесува преку недозволено движење. Австралиските правници сметаат дека употребата на армијата во либералната демократија е загрижувачка.

Епидемијата тешко ги погоди работниците и сиромашните предградија. Критичарите велат дека тие области веќе се соочиле со полициски мерки и посочуваат дека таму ограничувањата се построги отколку во остатокот од Сиднеј.



„Нашите луѓе се една од најсиромашните демографски категории и во секој случај се чувствуваат маргинализирани“, рече Стив Христу, еден од локалните водачи.

Стапките на вакцинација во Австралија – 17% од возрасната популација – остануваат една од најниските меѓу земјите на ОЕЦД

Државата во кapaнтин, а илјадници излегoa на улиците на пpoтecт: Австралjaнците гневни на влacтите (Видео)

Во срцето на Сиднеј владее хаос, бидејќи демонстрантите против локдаунот, шетаат без маски, а излегоа на улиците во знак на протест против ограничувањата на КОВИД-19, предизвикувајќи судири со полицијата и 57 апсења.

Илјадници прошетаа низ Сиднеј, и покрај тоа што градот беше во локдаун. Некои од демонстрантите носеа плакати со пораки против вакцинација. Се чинеше дека многумина не носат маски.

Полицијата потврди дека 57 лица се уапсени и обвинети на протестот во Сиднеј, co кој се прекршени наредбите за јавно здравје. Издадени се повеќе од 90 казни.

„Целосно сме згрозени од илегалните демонстранти во градот денес чии себични постапки ја загрозија безбедноста на сите нас“, велат властите.

„Демонстрантите покажаа целосен презир кон своите сограѓани“

„Сакам да им се заблагодарам на храбрите полициски службеници кои ја загрозија сопствената безбедност за да обезбедат прекин на протестите,“, вели премиерката на Нов Јужен Велс.

Истите слики можеа да се видат и во Мелбурн

https://twitter.com/tiffgenders/status/1418776078236016641?s=19

Страшни и нeзапаметени поплави во Кина! Попуштија неколку брани, 12 лица се починати (Видео)

Централните делови на Кина се погодени од поплави по обилните врнежи, за кои метеоролозите посочуваат дека се најсилни во последните илјада години. Во Луојанг, град со седум милиони жители, се заканува бранење на брана, поради што беше ангажирана армијата.

Кинеската агенција Синхуа објави дека досега се евакуирани 100.000 луѓе од градот.

Поплавите го оштетија и храмот Шаолин, познат по воените вештини на будистичките монаси.

Бројни поаѓања на возови низ Хенан се откажани, некои автопати се затворени, а летовите се прекинати или одложени.

Од саботата навечер до вторникот попладне паднаа 617,1 милиметар дожд на метар квадратен, што е скоро на нивото на годишниот просек од 640,8 милиметри.

Во Женгжу, град со над 12 милиони жители сместен на бреговите на реката Јанг це, 12 луѓе смртно настрадаа во поплава на подземната железница додека 500 луѓе се спасени, објавија локалните власти.

Браната се заканува дека ќе биде попушти, армијата е ангажирана.

Кинеската војска во вторникот предупреди на непосредната опасност од пукање на браната Jихетан во Луојанг.

Армијата соопшти дека на браната се појавила пукнатина од 20 метри, која дозволува продирање на вода од Жолтата река.

„Браната може да попушти во секој момент“, предупреди војската.

Ангажирани се околу 20.000 припадници на армијата и полицијата да се обидат да спречат нови поплави.