Category Archives: Истражување

Жените родени во овие 3 хороскопски знаци се најдобрите сопруги

Хороскопските знаци имаат моќ многу да откријат за нечиј карактер, па така и колку сме добри во врските и бракот. Жените родени во овие знаци се најдобрите сопруги.

Рак

Кога еднаш ќе ја освоите жената родена во овој знак, таа ќе ве сака безусловно и ќе биде подготвена на многу нешта за вас. Нејзините чувства се секогаш интензивни. Таа е подготвена на сè за да го направи среќен избраникот на нејзиното срце. Освен тоа, таа е многу посветена на домот и ги приготвува највкусните јадења. Посветена е и на децата и често нивните потреби ги става на прво место.

Лав

Жените Лавици се вистински хероини. Тие имаат неверојатна сила и способност, но ним им е потребен маж на кој ќе можат да се потпрат и кому ќе му веруваат. Жената родена во овој знак бара некој еднаков на себе, па покрај неа партнерот нема да биде само обичен човек.

Таа се бори и за своите деца како вистинска Лавица. Тешко на оние кои ќе се трудат да ги повредат оние кои ги сака.

Јарец

Оваа жена е силна и упорна која може да освои кого ќе посака. Она што многумина би ги скршило, оваа жена ја турка напред и таа со сите тие работи се носи ненаметливо и достоинствено. Со неа, партнерот секојдневно станува подобар и подобар.

Жената Јарец не живее во свет на фантазија и бајки, туку цврсто стои на земја и добро знае што е потребно во љубовта

Ричард Бренсон прави една иста работа веќе 50 години: Затоа станав милијардер!


Ричард Брансон (70), основач на деловната група Вирџин, која денес брои околу 400 компании, е една од најбогатите луѓе во светот. Неговиот прв деловен потфат се случил кога имал само 16 години, кога го основал магазинот Студент. Тогаш тој беше само млад човек кој сака да стане претприемач и заработува доволно пари за нормален живот, а денес е познат инвеститор и деловен тајкун, чие богатство се проценува на 4,4 милијарди долари.

Богатството на Бренсон постојано се зголемува и се чини како да е шега за него. Сепак, тој исто така има свои тајни, за кои верува дека му помогнале да стане ова што е денес, и кои решил да ги сподели со светот. “Не е важно во која земја сум, секогаш станувам околу 5 часот наутро. На тој начин можам да вежбам и да поминам извесно време со моето семејство, што ме исполнува со позитивна енергија пред да започнам со работа”, вели Брансон, кој веќе практикува будење во 5 50 години

Но, како тоа му помогна да ги постигне своите цели?


1. Размислете во тишина и планирајте Деловните резултати се значително подобри и попродуктивни доколку луѓето имаат време да ги разгледаат сите приоритети и да направат план. Тивките рани утрински часови, Брансон ги користи токму за тоа. “Станувањето во 5 ми дава време да поставам приоритети и да направам добар дневен распоред. Мислам дека еден час пред спиење за кој многу се зборува е одлично време да ги прочитам новостите или да одговориме на некои е-пошта, а не да правиме план за утре”. посочува милијардерот.

2. Одржувајте страст Страста влијае и на продуктивноста, но што ја дефинира самата страст? Без оглед на вашиот одговор, Бренсон верува дека имате повеќе време за хоби ако станете рано. “Спортот, читањето, комуникацијата и позитивното размислување придонесуваат за подобра активност и концентрација на мозокот. Страста е уште еден важен фактор за одржување на вашиот фокус. Страстите ви даваат енергија и се клучни особено во време кога се донесуваат тешки одлуки”, вели Брансон.

3. Користете го целото време Ричард Бренсон разбира дека нашето време на овој свет е ограничено и сака да го искористи максимумот за продуктивност и забава, а смета дека долгиот сон е најголемо губење време. “Треба да живееме секој ден со полни бели дробови. На крајот на краиштата, никогаш нема да го паметиме денот кога спиевме многу – ќе ги паметиме деновите што беа најисполнувачки за нас”, вели Бренсон.

Човек носел 3мија како заштитна маска во автобус (ВИДЕО)

Патникот и неговата рептилска маска, која била обвиена околу неговиот врат и уста, биле видени во автобус од гратчето Свинтон кон Манчестер.

Една патничка изјавила дека ѝ се причинило дека мажот носи некоја „чудна маска“, сè додека не забележала дека „маската“ ползи над држачите.

Наскоро се огласија и властите во Манчестер, кои потврдија дека змиите не се адекватен начин за покривање на лицето, вели Би-би-си.

Жената-сведок на чудниот настан, која побарала да остане анонимна, вели дека инцидентот бил „многу смешен“, нагласувајќи дека животното не вознемирило никого од патниците.

„На никого око не му трепна“, рече таа.

Секој гледа во туѓиот двор: Порака за Жан Митрев која покрена лавина од реакции на фејсбук

Поракава веднаш стана вирална и се уште многумина ја споделуваат и коментираат на социјалните мрежи.

Откако во медиумите се проструи вест дека синот на Д-р Митрев, Филан Митрев е уапсен и дека ќе му се суди во Германија, што предизвика голема прашина во нашите медиуми и на социјалните мрежи, многумина се јавија да му дадат поддршка на познатиот кардиохирург во овие тешки моменти.



„Те САКАМ Докторе Жан Митрев Саша Митрев „од тука до небото и назад” Колку добрини мене ми направивте, а да не зборувам за целиот свет. Прв пат го видов во Германија во Mainz, во црковната сала каде пеев за Велигден ,пред 20-тина години. На Велигденската прослава беа половина германци, пријатели на македонскиот клуб во Mainz, кои буквално не го оставаа да здивне, сите му се поклонуваа во тоа време. Од сцената го забележав токму заради неговата скромност. Се запознавме лично кога дојде со двете деца во рацете позади сцената, да ме замоли да му ја отпееме „Земјо Македонска” и верувале или не, не ги испушти децата од рацете цела вечер, дури и играше на орото со нив во двете раце. Пред прв пат да го запознаам, ја гледав на СНН операцијата што тој ја извршуваше на отворено срце и кога слушнав дека е Македонец, посакав раката да му ја бакнам и да го прегрнам. Господ веднаш ми ја исполни желбата и за Велигден токму заедно во Германија. Очите не ги вадев од него, колку грижливо се однесуваше кон децата и си велев „Господе голем си, како не му паднаа рацете”. Кога се поздравивме за заминување ми кажа „за лошо за арно” побарајте ме” и ми се заблагодари за песната.“
Повеќе:


https://skopje24.mk/sekoj-gleda-vo-tugiot-dvor-poraka-za-zan-mitrev-koja-pokrena-lavina/

СРАМОТА: Туристи се исмејуваат со сиромашно девојче, и даваат лута пиперка да изеде за да и дадат пари (ВИДЕО)

Не е срамота да бидеш сиромашен. Срамота е да бидеш бездушен богаташ опкружен со сиромашни луѓе.

Овие туристи, за да го исмеваат девојчето и дадат малку пари, и дадоа да изеде лута пиперка. И покрај болката од лутината на пиперката таа остана силна. Сепак солзите не можеше да ги скрие.

Шефот на Телеком: Се срамам што платата ми е 5.180 евра.. Побарал таа да му се намали

Бедри Истрефи, извршниот директор на јавното телекомуникациско претпријатие Телеком на Косово, се чувствува засрамен поради неговата месечна плата од 5.180.

Тој побарал таа да му се намали, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за ТВ Дукаѓини, Истрефи вели дека барањето за намалување на платата го поднел еден месец по преземањето на задачата во јануари минатата година, но дека тој самиот не може да го стори тоа.

– И на претходниот управен одбор поднесов писмено барање за намалување на платите, еден месец откако ја презедов функцијата. Се чувствувам засрамен во каква ситуација раководам, а имам една таква плата.

Немам право себеси да си ја намалам платата. Оваа плата која ја имам денес јас ја затекнав во Телеком – изјави Истрефи.

Скопјани си дишат во врат – автобусите на ЈСП се преполни

Автобусите на ЈСП утрово се преполни. Патниците не само што не седат преку едно столче туку едвај наоѓаат место и за стоење. Растојание нема и меѓу оние што седат и меѓу оние што стојат. Патниците се жалат дека ги снемало и налепниците со кои било обележано каде не може да се седне поставени за заштита од вирусот Ковид – 19.

„Автобусот се преполни и уште на првите неколку станици. Не само што не се држеше растојание туку снема и воздух внатре од метежот. Морав да се симнав две станици порано и да пешачам оти внатре не се дишеше. И вака не е само денес. Откако повторно дозволија учениците да се возат, се врати метежот во ЈСП“, за Макфакс се пожали патничка на линијата број 5 која сообраќа од Ново Лисиче до Карпош.

Од ЈСП се недостапни за објаснување за метежот и исчезнатите налепници.

Во април годинава ЈСП со налепници ги обележа седиштата на кои е забрането седење, а со налепници на подот обележа каде може безбедно да се стои. Беа најавени двојни контроли за почитување на мерките и од ЈСП и од полицијата.

Од први септември повторно е вратен бесплатниот превоз за средношколци. Одлуката за бесплатен превоз на возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела сè уште не важи.

Ограничувањата во јавниот превоз беа воведени како мерка за заштита од ширењето на коронавирусот.

Наставниците за службени потреби користат сопствен лаптоп

Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис го објави извештајот од истражувањето „Состојбите и предизвиците за спроведување на онлајн настава во основните училишта“. Истражувањето е спроведено во рамки на проектот „Отворени образовни ресурси“, спроведуван од Метаморфозис, а со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Целта на ова истражување е да се утврдат состојбите и предизвиците на онлајн наставата во основните училишта во Република Северна Македнија во периодот март – јуни 2020 година. Прибирањето на податоците за истражувањето се одвиваше во две фази: анонимна онлајн анкета, спроведена во периодот од 26 јуни до 15 јули 2020 година, наменета за наставниот кадар, менаџментот и стручните служби од основните училишта во Република Македoнија, и три одделни фокус-групи, во периодот 26-27 август 2020 година, со наставниот кадар, менаџментот и со родителите на учениците од основното образование.

Дел од клучните наоди презентирани во Извештајот се:

Речиси половина од учесниците (44,5%) пријавија дека во училиштето, за службени потреби, користат сопствен лаптоп. 84,9% од наставниот кадар за службена комуникација користи приватни имејл адреси. Ова е проблематично од повеќе аспекти, особено од аспект на заштитата на личните податоци на учениците, кои во текот на основното образование се малолетни лица
Скоро една третина од наставниот кадар (31,6%) изјави дека интернет на училиште има само на својот мобилен телефон. За жал, има и локации каде што училиштата не нудат никаков интернет-пристап
Во голем број семејства со повеќе деца на училишна возраст, проблем претставувало и „споделувањето“ на техничките помагала (лаптоп, компјутер), односно ситуацијата најчесто налагала само еден од учениците да биде во можност да следи настава во живо

Лекарите бегаат од државата. „Нема да работам за 500 евра повеќе во Германија докторите зимаат и до 6000 евра“

Еснафските здруженија алармираат дека ако продолжи овој тренд, за неколку години ќе нема доволен број на матични лекари и педијатри за најмладите. Здруженијата бараат да  добијат повеќе пари и подобри услови за да можат да го задржат кадарот во државата. Од Комората предупредуваат дека старосната граница кај матичните е 59 години.

Додека Министерството за здравството објавува огласи за ангажирање лекари во скопските клиники и болници, повеќето од македонските специјалисти со работно искуство повеќе од 20 години го фаќаат авионот за Германија, како една од најатрактивните дестинации за работа и доусовршување.

Според информациите, почетничка лекарска плата за 42 часа неделно во Германија е 4.000 илјади евра, без дежурства и прекувремени часови, а во највисоката платена група се лекарите што имаат над 12 години специјалистички стаж и добиваат околу 6.700 евра. Со дежурства, овој износ значително се зголемува, во зависност од платата на лекарите, па саботно дежурство таму е доста атрактивно, бидејќи за тоа се добиваат по 644 евра.

На овој чекор се одлучу и Катерина од Скопје, доктор по општа медицина, која околу 15 години се занимава со оваа професија. После 15 години, решава да стави крај на работата и жевеачката во Македонија. Заминува во Германија.

-Учиш многу. Се жртвуваш. После тоа едвај наоѓаш работа. Работиш во никакви услови и за мизерна плата, со високи казни околу тебе, вели таа.

Наредниот месец таа заминува во Германија заедно со сопругот. Болницата каде што ќе работи и плаќа сместување. Платата ќе и биде далеку повисока отколку во Македонија.

-Нема да жалам за ништо. Знам дека ќе биде тешко на почеток, но тешко е тука. Бев патриот многу време, но не добив ништо. Сакам подобра живеачка за себе и за својата фамилија, вели Катерина.

Фејл на денот: Србите во шок, Вучиќ ги тера децата да учат арапски броеви

На социјалните мрежи кружи видео од анкета на која граѓаните на Србија одговараат на прашањето „Како ја коментирате одлуката на Александар Вучиќ децата да учат арапски броеви поради Сиријците“?