Category Archives: Приказни

Тежок живот поминав, да не даде Господ вака на никој, не сакам да барам од луѓето и да буричкам по канти, колку ќе заработам толку – Тетка Ѓурѓа од Карпош (Видео)

– Тежок живот поминав, да не даде Господ вака на никој, не сакам да барам од луѓето и да буричкам по канти, колку ќе заработам толку, понекогаш само за леб и сол, вака 91-годишната Баба Ѓурга го започнува своето сведоштво.

Продава цвеќе во Карпош, позади Лептокарија за да обезбеди храна за нејзе и нејзиното семејство. Нејзиниот сопруг 30 години е неподвижен а неодамна починала и една од нејзините три деца. Дополнителен проблем за Баба Ѓурга на целата мака е што пред еден месец спремајќи ги цвеќињата се лизнала и ја скршила раката.

Доколку се најдете во населба Карпош, позади Лептокарија, побарајте ја Баба Ѓурга и купете цвеќе, ако ништо повеќе барем за да ја поздравите оваа храбра жена која и покрај сите маки му се радува на животот и не се откажува.

https://fb.watch/mWGd9V91JX/?mibextid=Nif5oz

Емотивно сведочење на Ева: Јас сум била бебе, татко ми со ногата ја искршил вратата ја грабнал мајка ми и брзо се симнале од зградата која се нишала како брод …

Денеска Скопје се сеќава на разузнавачкиот земјотрес од 1963 година, а сеќавањата за блиските загинати сеуште се меѓу скопјани кои и после 60 години се сеќаваат на катастрофата која не треба да се повтори.

Во тоа кобно утро, кога поголемиот дел од жителите беа во длабок сон, околу 1.100 жители никогаш не се разбудија, најмалку 3.000 беа повредени. Околу 200.000 лица останаа без покрив над главата. Оваа природна катастрофа е најголемата во македонската историја.

Старите скопјани и денес се сеќавањаат и раскажуваат за земјотресот.  Тие своите спомени ги раскажаа во групата Стари Скопјани.

Во едно од нив Светле Камџијаш раскажува дека таа е родена по земјотресот, но љубовта на нејзините родители започнала од овој трагичен момент. 

„Така започнала и љубовта на моите родители, додека “кампувале” на брегот на Вардар, во страв дека може да удри нов бран тресење“, раскажува Светле.

Таа го раскажува и искуството на нејзината мајка која грабнала бебето на вујко и (мојата братучетка) и летнала надвор, преку дворот на тогашна Комерцијална банка, право на брегот на Вардар. Бебето исто така осетило дека нешто страшно се случува и ја избербатило по ноќницата. Кога стасала и погледнала пред себе, кон Офицорскиот дом, веќе го немало. На негово место полека спласнувал густ облак жолта прав. 

Ева Јанчева Петрушевска била 8 – месечно бебе за време на земјотресот. 

„Јас сум била 8 ипол месечно бебе. Кога почнало силно да тресе татко ми со се корпата во која сум спиела прво ме земал мене и почнал силно да вика по мајка ми ( која била тие мигови во тоалетот) веднаш да трча по него. Се симнал татко ми од зградата додека уште тресело, а мајка ми ја немало се уште. Ме оставил татко ми на некои соседи да ме причуваат и во дел од минута ( на првиот спрат ) повторно се качил горе. Зградата се лулала како брод на немирно море. Вратата од тоалетот се заглавила, бољерот паднал , а мајка ми така чучната со рацете над глава мислела дека тоа се нејзините последни мигови од животот. Татко ми со ногата ја искршил вратата ја грабнал мајка ми и брзо се симнале долу“, раскажува Ева. 

Веста за земјотресот многу брзо се раширила во регионот, а потресот се почувствувал и во соседните земји. За едно вакво искуство раскажува Билјана Топко која во тој период живеела во Метохија. Таа раскажува дека во време на земјотресот имала 6 години.

Паметам дека татко ми ме извлече од кревет, зборувајќи ми дека станува збор за земјотрес. Ми кажа дека е силен потрес, кој најверојатно се случил во Скопје. После неколку денови слушнавме дека докторката Љубинка од Скопје загинала во земјотресот. Потоа уште долг период, моите родители од платата одвојуваа средства за солидарниот фонд формирана за таа намена„, раскажува Билјана.

Своето искуство со земјотресот го раскажува и Велјанка Пандиловска.

Осетот на тресење беше језив, а сите избегавме надвор по скалите кои беа одвоени од зградата. Сите бевме избезумени. Во тој момент јас тргнав кон старата воена болница која не беше многу далеку од нас. Во непосредна близина на болницата имаше фурна, за жал тоа утро загинаа сите кои чекале за леб во тој момент. Лоша слика, луѓе голи и со пижами…секој земал по некое ќебе со себе“, раскажува Велјанка.

Мимоза Вујошевиќ раскажува за еден дел од нејзиното сеќавање по земјотресот. Првиот момент е куче кое цвилело само и напуштено во зграда која половина била срушена, а за вториот момент вели:  

Целиот град го поминавме пешки за да стигнеме до зградата во која требаше да се преселиме, тоа беше познатата 13-ка во Карпош, зградата беше срамнета со земја и никој немаше жив. Сите плачевме гушнати, но никогаш нема да дознаам дали од тага за погинатите или од среќа што останавме живи, заклучува Мимоза.

По земјотресот градот почнал да се гради според модерните проекти на Јапонецот Кензо Танте и на Адолф Циборовски. Старата Железничка Станица денес е „Музеј на Град Скопје“ и преставува симбол на големиот земјотрес.Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните пет часот и седумнаест минути.

Скопје после 58 години е модерна метропола, но скопјани никогаш нема да ги избришат сеќавањата за тој кобен ден. Борко Зафировски кој денеска се сеќава на сликата која зад себе оставил катастрофалниот земјотрес за тв 24 вели дека на свои 14 години заедно со група граѓани и свои соученици помагал во градењето на хангарите каде сега е изградена гиманзијата Јосип Броз Тито.

Зафировски вели дека биле потребни денови за луѓето да се вратат во своите домови, се спиело под ведро небо и во шатори, а неговото семјество сместило повеќе фамилии во нивната куќа која делумно била оштетена.

Секоја година скопјани со едниствена порака никогаш да не се повтори таква трагедија..а Борко Зафировски вели:

Да продолжиме да го развиваме Скопје со ентузијазмот со кој беше обновуван од рушевините, напиша денеска и претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук профил. 

Домашни и странски делегации пак денеска положија цвеќе пред споменикот на заганатите во скопскиот земјотрес во 1963- та.

Хит фотка: Штотуку родено бебе се насмеало кога го видело својот татко

Раѓањето на детето е посебен момент за секој родител, а многумина токму поради тоа ги прават првите фотографии од бебето уште во породилната сала.

Така родителите на преслаткото девојче Антонела успеале да направат навистина посебна фотографија само неколку моменти по нејзиното раѓање.

Имено, штотуку роденото девојче му се насмеало на својот татко, а фотографијата од преслаткиот момент расположи многумина. Мајката Тарсила Роса Кордеиро е убедена дека малата Антонела го препознала гласот на својот татко кој во текот на бременоста секојдневно разговарал со неа.

„Кога се роди, ја ставија во моите прегратки да спие. Но, штом нејзиниот татко ѝ се обрати, таа ги отвори очите и се насмевна“, раскажала мајката.

„Секогаш ѝ велеше дека многу ја сака. Наутро ѝ посакуваше добро утро, а навечер ѝ велеше „добра ноќ“. Ме галеше по стомакот и ѝ зборуваше. И штом се роди, ја повтори реченицата која ѝ ја кажуваше кога доаѓаше од работа – ‘еј бебе, тато пристигна’“, додала Тарсила.

Таткото Флавио Диего Вилела вели дека се чувствувал прекрасно кога неговата ќерка му се насмеала.

„Мислев дека знам што е вистинска љубов, но немав поим додека не ја здогледав таа најискрена насмевка на светот“, порачал тој.

(Видео) Морнар и куче преживеале три месеци на отворено море

Австралискиот морнар Тим Шедок, поминал три месеци на Пацификот преживувајќи со јадење сирова риба и дождовница.

Сега неговата здравствена состојба е добра, потврдил лекар, кој бил дел од екипата што ги спасиле морнарот заедно со неговото куче.

Шедок е од Сиднеј и има 51 година. Тој со неговото куче Бела во април тргнале од Мексико за Француска Полинезија. Меѓутоа, неколку недели подоцна невреме го оштетило нивниот брод.

Тим и кучето биле спасени од рибарски брод оваа недела откако биле забележани од хеликоптер.

https://youtu.be/9eELMRKhmVE

Шедок го започнал своето патување долго повеќе од 6.000 километри од мексиканскиот град Ла Паза. Но, набрзо тој се изгубил на океанот откако лошото време ја уништило електрониката на неговиот брод. Поради тоа тој и неговото куче Бела останале да пловат во Пацификот.

Тим бил пронајден покрај брегот на Мексико неколку месеци подоцна, ослабен и со долга брада.

„Поминав низ многу тешка ситуација на море. Само ми треба одмор и добра храна бидејќи долго време бев сам на море. Инаку, јас сум во добра здравствена состојба. Имам многу добри лекари, се грижат за мене многу добро“, рекол тој во видеото кое го објавиле „9Њуз“.

Шедок, на отворено море преживеал со помош на приборот за риболов.

Професорот Мајк Типтон, експерт за преживување на океани, вели дека среќата била само дел од неверојатната приказна на морнарот и кучето.

Австралиските медиуми ја споредија неговата приказна со холивудскиот филм „Cast Away“ со Том Хенкс во главната улога, каде што еден човек останува сам на остров по несреќа

Што е богатство ?

Една поучна приказна за тоа што е богатство и беда:

Еден ден, еден богат татко решил да го прошета синот по државата. Сакал да му покаже на синот колку бедни луѓе има и како живеат тие за да почне да го цени она што го има…

Тие го поминале денот во селска куќа на едно сиромашно семејство.На патот кон дома, таткото го прашал:

– Виде ли колку се сиромашни? Што научи?

Момчето одговорило:

– Ние имаме едно куче, тие имаат четири,ние имаме базен, тие имаат река,ние имаме сијалици во ноќта, тие ги имаат ѕвездите,ние купуваме храна, а тие ја кинат од земјата,ние сме заградени со огради и ѕидови да не заштитат од непријателите, а тие се пријатели со сите.Ние имаме скапи книги тие ја имаат само библијата.Тие се среќни.

Детето замолчело за миг и му рекло на татко си:

– Ти благодарам татко што ми покажа колку сме бедни.

Парите не не прават богати, туку едноставните и вистински работи во животот.

ВИДЕО: Кој е всушност САНДОКАН ПУШКАРОТ од Kрушево кај кого полицијата пронајде над 120 пушки и пиштоли?

Паско Кузмановски најлегално, лиценцирано и со сите дозволи, работи (сервисира) оружје, занает за кој и јавно зборува уште пред многу години пред тв камерите. Кој е од Крушево, го познава “Сандокан”, пишува на Фејсбук Филевски Игор.

На 27. јуни МВР излезе со молскавично соопштение дека Криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Крушево вчера (26.06.2023), по претходно добиена судска наредба извршиле претрес во дом и простории на П.К.(71) од Крушево.

-При претресот пронајдени се над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли. За случајот е известен Јавен обвинител – информираа од МВР и објавија фотографии.

Истата објава наиде на оромна лавина коментари на социјалните мрежи, но малкумина знаеја дека станува збор за чичко Сандокан пушкарот.

-Абе она што го викате “држава” ви се распаѓа и хоризонтално и вертикално, пичлемиња и копиљаци ви се расфрлаат со милиони и раскурцуваат се’ до пепел, купена администрација, министри, судство, псеудо премиери и претседатели, а вие се фативте на чесен занаетчија да покажувате сила? Ах бре, ах… – пишува Филевски во својата Фејсбук објава, каде објави и видео од документарен серијал за стари занаети од “Алфа ТВ”.

„Водевме љубов четири пати дневно”

Гери Хол доби аванс од 500.000 фунти за нејзината автобиографија пред речиси петнаесет години. Една од најубавите жени на светот и супермодел која стана актерка конечно го разголи својот живот и ги откри детали од неа и  од најозлогласената светска рок ѕвезда – Мик Џегер.

Откритијата, кои Џегер сугерираше дека повеќе би сакал да ги „однесе во гроб“, вклучуваат дека тој постојано ја изневерувал во текот на нивната 23-годишна врска. Во извадок од книгата, Хол раскажува како била заведена од Џегер како тинејџерка и се свршила со легендата на поп музиката Брајан Фери.

Џери Хол вели дека никогаш не можела да го промени начинот на кој живеел фронтменот. Таа го опишува Џегер како „опасен сексуален предатор“ кој бил одвикнат од хероин, но неговата зависност од дрога ја заменил со секс.

Но, и покрај неговото неверство, госпоѓицата Хол ја открива нејзината неуморна љубов кон маж кој бил нежен и шармантен и имал „талент за чувство“.

Хол открива како го напуштила Фери по страсниот одмор во Мароко со Џегер.

„Последните тинејџерски години ги поминав со Брајан. Често бев гласна и бунтовна. Брајан се обидуваше да го смири тоа од мене и понекогаш се држев против него. Сега се најдов себеси како размислувам за Мик – и тоа ме загрижи…Содржината продолжува после огласот

Брајан ме покани да останам во неговата куќа во Лондон додека не се вратам во Њујорк и во текот на тие неколку дена Брајан и јас се заљубивме еден во друг. Јас имав 19, а тој 30. И двајцата чувствувавме дека го најдовме тоа што го баравме. Брајан ме покани да го поминам тој Божиќ со него и потоа да одиме на одмор во Мистик. По четири идилични недели ме запроси со прекрасен веренички прстен во облик на цвет со рубин и дијамант. Бев толку заљубена.

Но, соништата што ги имав за нашиот заеднички живот се распаѓаа.

Подоцна во 1976 година – годината кога го запознав Мик – Брајан почна да пишува песни за соло албум и стана нерасположен. Беше студена зима и се чувствував осамено.

Мик беше нежен, шармантен, смешен и фасцинантен. Ми се допадна начинот на кој се чинеше дека не се грижи што мислат луѓето за него. Беше самоуверен, кул и имаше контрола. Од тој момент, Мик ме опседна, ми праќаше цвеќиња и ме кани на вечери каде што секогаш седеше до мене. Бев поласкана.

Почнав афера со него под услов таа да заврши на крајот на летото кога Брајан ќе се врати од турнејата. Му реков на Мајк дека можам да го гледам само секој втор ден. Беше залуден обид да го заштитам моето срце бидејќи се заљубив во него. Мик ми кажа дека зема ЛСД секој ден во текот на шеесеттите. Призна и дека пушел хероин. Бев згрозена. Му реков дека не можам да го гледам ако се дрогира: „Оди си и не се враќај додека не си стрејт.“ Тој го направи тоа – имаше неверојатна волја.

Јас и Мик се гледавме дискретно до крајот на летот. За мојот 21-ви роденден во јули, тој ми подари извонреден пар винтиџ обетки со дијамантски обрач. Кога заврши летото, во солзи се збогувавме.

Тој молеше да ме види повторно, ми кажа колку му недостасувам, па се договоривме да се видиме додека настапувам на некои претстави во Париз. Се чувствував ужасно мрастроено.

Ми недостигаше Мик – знаев дека тоа што го имавме сè уште не е готово.

Отидов во Париз и штом го видов Мик знаев дека сакам да бидам со него.

Мојата љубов беше толку силна што не можев да направам ништо освен да го следам Мик каде и да ме води. Знаев дека има репутација на женкар и дека сè уште е оженет, дури и ако не живеел со Бјанка ниту една година, но се надевав. Го убедив да го остави хероинот – но не можев да го тргнам и од девојките. Изнајмивме стан во Париз до Нотр Дам. Водевме љубов четири пати на ден, си ги киневме алиштата. Никогаш не ни беше досадно. Како девојка на Мајк, живеев постојано во центарот на вниманието.

Потоа, постојано слушав приказни за него да излегува со други жени. Мик беше опасен сексуален предатор иако јас го сакав и тој ми се заколна на својата неуморна љубов, се чувствував несигурна во врска со него.

Го одвикнав од дрогата, но тој ја замени со секс. Уште во нашите рани денови, моите инстинкти ми кажуваа дека тој не може, а да не биде со други жени, а кога добивме и  деца, читав за  аферите на Миг и  во весниците“.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

Ги заведе ЈУ-земјите како Љиљана од филмот „Офицер со роза“ – Како изгледа по 4 децении ?

Драгана Мркиќ ја освои публиката откако одигра забележителни улоги во бројни култни продукции.

Во нејзината актерска работа, меѓу другото, останаа запаметени експлицитните сцени што ги сними. Врвот на популарноста го стекна во продукцијата „Офицер со роза“, каде го толкуваше ликот на Љиљана.

Познатиот филм „Офицер со роза“ на режисерот Дејан Шорок беше премиерно прикажан во 1987 година на фестивалот во Пула, каде што Шорак ја освои Златната арена за најдобро сценарио, а Жарко Лаушевиќ за најдобар актер. Овој филм постигна голем успех, не само во Југославија, туку и пошироко, а умерените еротски сцени и интересниот заплет ги создадоа Лаушевиќ, Ксенија Пајиќ и Драгана Мркиќ.

Филмот доживеа голем успех, не само во Југославија, туку и пошироко, а умерените еротски сцени и интересниот заплет ги создадоа Лаушевиќ, Ксенија Пајиќ и Драгана Мркиќ.

Дејствието на филмот е поврзано со 1945 година, кога веднаш по Втората светска војна, партизанскиот офицер Петар, кој во филмот го игра Жарко, доаѓа во Загреб со неговата свршеница Љиљана, која ја игра Драгана, и заедно почнуваат да живеат како станари со Матилда, која ја играше Ксенија. Петар се вљубува во Ксенија, со која започнува страсна врска, откако неговата вереница Љиљана ќе го напушти Загреб. Насловот на филмот е изведен од сцената во која Петар носи две рози, по една за Љиљана и Матилда.

Насловот на филмот е изведен од сцената во која Петар носи две рози, по една за Љиљана и Матилда.

Тројцата актери кои ги играа главните улоги во оваа продукција уживаа огромна популарност, Жарко Лаушевиќ по долги години се врати на актерството и имаме можност повторно да го видиме на екранот. Ксенија Пајиќ повремено игра во театарот, но многу малку се знае за најмладата членка на оваа актерска екипа Драгана Мркиќ.

Драгана Мркиќ играше во култните југословенски филмови „Искушение на ѓаволот“, „Поглед од Ајфеловата кула“, „Погледни ме“, „Гњурац“, „Вештачки рај“, „Планински венец“, серијата „Сложна брача“, но познавачите на југословенската кинематографија најмногу ја паметат како убава црнка од филмот „Офицер со роза“, каде што го имаше своето деби.

Драгана Мркиќ во филмот во режија на Живко Николиќ, „Искушение на ѓаволот“

Во едно интервју таа познатата сцена од филмот, кога Љиљана и Матилда се капат заедно во када, ја нарече „нежна, чиста и невина“.

„Сцената во која јас и Ксенија се бањаме е снимена во стан во Загреб. Се сеќавам дека на снимањето имаше многу смеа и дека сцената ја доживеавме сосема нормално и опуштено. Како една од поважните карактеристики би ја истакнал лузната што ми ја залепија, бидејќи младиот партизан што го играв мораше барем еднаш да биде ранет. Таа лузна ми беше многу смешна“, рекла еднаш актерката.

Вака денес изгледа актерката Драгана Мркиќ

Драгана денес режира претстави, предава глума во училиште, а повремено игра и во театар. Живее и работи во Белград.

Од работа во гаража и доставување нарачки со свој автомобил – до НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ !

Џеф Безос ја напуштил работата во инвестициска банка во 1994 година и се преселил во Сиетл, Вашингтон, за да отвори виртуелна книжарница.

Џеф Безос кога првпат го основаше Амазон во 1994 година. Неговото биро всушност беше врата на која зашрафил некои 2×4 ногарки. Тој во моментов е најбогатиот човек на светот.

Работејќи во својата гаража со неколку вработени, Безос започна да го развива софтверот за страницата, која ја нарече Amazon.com. Својата прва книга ја продаде во 1995 година.

Тој му помогна на Амазон да се појави како една од најголемите компании ширум светот и го додаде и своето богатство. Но, патувањето беше полно со борба, како што зборуваше Безос во минатото.

Во едно старо интервју за CNBC, Безос се присети дека имало време кога сам доставувал пакети. Да, замислете како извршниот директор на компанијата ги носи вашите нарачки во својот автомобил! Тоа му било работа.

Џеф Безос не е роден во богато семејство. Неговите родители имаа 17 и 18 години кога тој се роди, и тој работеше на ранчот на баба и дедо од мајка му во Котула, Тексас, на почетокот на неговиот живот.

Тој дипломирал со пофалба на Универзитетот Принстон во 1986 година, со дипломи по електротехника и компјутерски науки.

СИТЕ ЖЕНИ НА БЕРЛУСКОНИ: Ја оставил секоја за уште помлада, за венчавката со Марта, која била 50 години помлада од него, потрошил 400.000 евра

Силвио Берлускони почина на 86-годишна возраст, а освен како бизнисмен, ќе остане запаметен и како премиер на Италија.

Уште во април луѓето пишуваа за неговата лоша здравствена состојба кога беше примен на одделот за интензивна нега во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано. Тогаш италијанската новинска агенција Анса објави дека лидерот на партијата „Форца Италија“ е примен на лекување и дека неговата состојба е стабилна.

Најпрво се пишуваше дека причината се проблеми со срцето, а потоа се дозна дека му е дијагностицирана леукемија. Поранешниот италијански премиер тогаш имаше сериозни проблеми со дишните органи.


Во последниве години Берлускони често беше на болничко лекување. А речиси во текот на сите години на неговото присуство на политичката и јавната сцена, го следеа огромни скандали, често поврзани со неговиот љубовен живот.

Првиот брак на млада возраст, љубов пред богатство и моќ

Првата сопруга на Силвио Берлускони е Карла Елвира Лусија дел Олио (83), која имала 24 години кога го запознала поранешниот италијански премиер. Се запознале на една трамвајска станица во Милано, си размениле погледи и од тој момент биле неразделни до разводот во 1985 година, со што ставиле крај на нивниот 20-годишен брак.


Една година по венчавката ја добија ќерката Марина, која е претседателка на „Фининвест“ и на групата „Арнолдо Мондадори Едитор“. Тие во 1969 година го добија синот Пјеро Силвио, а денес е извршен потпретседател и директор на групата „Медиасет“, пишува dilei.it.

Ја оставил првата сопруга за Вероника, 20 години помладата, Карла побегнала во странство поради озборувања.


Бракот на Карла и Берлускони падна во криза уште во 1980 година. Ниту двајцата не открија зошто се разделиле, но се шпекулираше дека нејзината прељуба е причината. Силвио лудо се заљубил во 20 години помладата актерка Вероника Ларио (66), која ја запознал во театар во Милано.

Откако се раздели од поранешниот сопруг, Карла Елвира се преселила во Англија на неколку месеци за да избега од озборувања. Тие се разведоа спогодбено во 1985 година, иако нивните деца негодуваа на одлуката да се разделат.


Првата сопруга на Силвио Берлускони се држеше подалеку од јавноста, иако доби бројни понуди за интервјуа. Нивните деца рекоа дека и покрај се нивните родители останале во пријателски односи.

По бракот со Вероника следуваа скандали

Атрактивната Вероника се омажи за Силвио во 1990 година, а официјално се разведоа во 2014. Бракот беше исполнет со неговите политички и секс афери. А разводот и донесе рекордна алиментација – 1,4 милиони евра месечно.

„Берлускони има 30 години помлада девојка“, „Љубовникот на Берлускони стана министер“, ова се само дел од насловите со кои Вероника мораше да се справува додека медиумите брмчеа за прељубата на нејзиниот сопруг.


Вероника Ларио е родена како Миријам Рафаела Бартоини. Пред да се омажи за Берлускони, таа се занимаваше со глума, а најмногу се занимаваше со театар. По венчавката со Силвија, таа се откажа од кариерата и се посвети на семејството. Како сопруга на поранешниот италијански премиер, таа често го придружуваше скандалозниот Италијанец на јавни настани, а дури и да не сакавте да ја забележите, моравте затоа што нејзиниот изглед е толку впечатлив што често го одвлекуваше вниманието од привлечните.

Вероника, која имаше три деца со Берлускони, Барбара, Елеонора и Луиџи, често беше критикувана дека претерува со естетските корекции. Се чини дека ваквите критики не беа неоправдани.

Со помладата Франческа поминал 12 години, па ја оставил за помалата

Во 2002 година скандалозниот Берлускони се раздели од Франческа Паскале (37) со која беше во врска 12 години, објави неговата партија Форца Италија и додаде дека поранешните партнери ќе останат пријатели.

„Тој секогаш ќе ми биде драг. Му ја посакувам сета среќа на светот и се надевам дека ќе најде некој кој ќе се грижи за него како јас“, рекла Франческа која секој ден барала од Берлускони да се жени со неа.

Медиумскиот магнат, познат по сексуални скандали, сериски гафови и проблеми со законот, наводно веќе бил во врска со Марта Фашина, 53 години помлада од него, пратеничка од неговата партија, пишува „Гардијан“.

Бунга-бунга забави, повеќе од скандали

Берлускони со години е опседнат со обвинувања дека ангажирал малолетни проститутки за неговите бунга-бунга забави.

Минатиот мај, јавниот обвинител Лука Галио и неговата заменичка Тицијана Сицилијано побараа во Милано шест години затвор за поранешниот италијански премиер и милијардер Силвио Берлускони, пет години затвор за поранешната танчерка во ноќен клуб Карима Ел Маруг, попозната како Руби крадецот на срцето. и шест и пол години за нејзиниот вереник Лука Рис, како и до пет години затвор за уште 25 обвиненија. Вкупно повеќе од 100 години затвор.

Силвио Берлускони се соочи со обвинувања дека му платил на Карими Ел Маруг и на други девојки околу 100 милиони евра за да сведочат лажно во негова корист за скандалозните бунга-бунга забави што ги организирал во неговите палати.


Подмитувал со пари или одредени услуги, пишува во „Јутарњи хр“ и додава дека обвинителите бараат година и четири месеци затвор за сенаторката Марија Росарија Роса, кој е обвинет дека директно префрлал пари од поранешниот италијански премиер Руби на „крадецот на срцето“ во декември 2012 и јануари 2013 година за поранешната танчерка да се исели од Италија и да не сведочи на суд. Случајот „бунга-бунга“ забави трае со години, една од девојките кои присуствуваа на спорните забави, Иман Фадил, почина пред неколку години, пред трагедијата што им кажа на своите роднини дека е отруена.

Берлускони беше обвинет дека имал врски со многу политичарки, односно министерки, на кои наводно им обезбедил висока позиција во политиката.

Симболична свадба од „симболични“ 400.000 евра

Берлускони во март 2022 година симболично се ожени со Марта Фашина (33) – тоа беше симболичен чин во чест на нивната врска, но не и вистинска свадба, која неговите деца ја забранија, пишува Блиц Жена.

Неговите наследници не и даваат на Марта ниту цент од богатството на неговиот татко од пет милијарди долари. Беше многу лута што немаше вистинска свадба, но затоа носеше венчаница Антонио Рива од француска тантела и со наметка долга три и пол метри.

Цената на тој фустан била 20.000 евра, додека Берлускони носел костум на Армани.