Category Archives: Спорт

Се за спорт

Летечкиот Македонец ја слави европската титула, па браво мајсторе (Видео)

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, кој викендов по третпат го освои Европскиот шампионат за ридско-планински трки, беше пречекан дома со факели, овации и македонски знамиња.

Трократен Европски Шампион! За мојата Македонија,за мојот народ! 2014/2015/2023! Бидете горди, испишавме нова историја!!!, порача Иџе по освојувањето на трофејот.

Видео: https://fb.watch/n9QvHnH9V8/?mibextid=Nif5oz

Не можеше да ги задржи емоциите: Прославата на Ѓоковиќ по победата во епското финале (Видео)

Новак Ѓоковиќ во спектакуларно финале во три сета славеше против Карлос Алкараз на турнирот во Синсинати. Оваа победа за Ѓоковиќ донесе и многу емоции, а тоа можеше да се заклучи и од начинот на кој прослави.

Српскиот тенисер до победата дојде по голема борба и спасена меч топка и токму затоа ова финалето ќе остане запаметено како едно од најдобрите во историјата. По победата Ѓоковиќ легна теренот, а потоа и ја искина маицата која ја носеше.

Треба да се каже и дека со три часа и 50 минути ова финале е најдолгиот меч во историјата на турнирот во САД.

Дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот? (Видео)

Eден од најчудните пенали во историјата на фудбалот се случи синоќа во натпревар од Конференциската лига меѓу Гленторан од Северна Ирска и Гзира од Малта.

Гостинскиот голман го одбрани ударот, почна да се радува и избега од петерецот но топката сепак се дотркала до голот и заврши зад линијата.

Проверете дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот?

Борко Ристовски нов извршен директор на Вардар

РК Вардар од денеска започнува нова ера, две ракометни легенди ја завршија кариерата, Борко Ристовски и Стојанче Стоилов, но и двајцата остануваат во клубот.

Ристовски од денеска е нов извршен директор на Црвено-црните.

„Благодарам на довербата од Михајловски. Вардар е европски бренд, најдобар македонски клуб и наша задача и цел е да го вратиме клубот на старите патеки. Јас ќе се обидам да работам најдобро што можам, подготвен сум за овој предизвик. Прва цел за новата сезона е да го стабилизираме клубот како на финансиски така и на играчки план.

До овој момент имаме потпишано со шест играчи кои тренерите сметаат дека им се потребни. Нови играчи се Стефан Петриќ, левото крило Марко Сердаровиќ, Матија Николиќ од Словенија, Косуки Јасахира, Милтон Мело и Хансен Родригез. Сите овие ќе треба да ги вклопиме во екипата. Ја возобновуваме академијата Вардар, формиравме екипи во сите младински категории и цел ни е да произведуваме млади играчи, а не само да купуваме странци, е првата изјава на Ристовски како извршен директор на Вардар.

Ѓоковиќ во солзи: Ќе бидам горд утре, денес – не!

Новак Ѓоковиќ по десет години загуби финале на Вимблдон. Во 2013 година честа да го победи најуспешниот во историјата ја имаше Енди Мареј, а денес подобар од српскиот ас беше Карлос Алкараз, кој го забележа најголемиот успех во кариерата.

По големото финале во Лондон, Ѓоковиќ спортски го призна поразот и му ја честиташе победата на противникот.

„Ќе бидам горд утре наутро, денес, не. Тешко е да се проголта сè кога си блиску. Повторно, тоа се оние моменти за кои работите секој ден, благословен сум со толку многу големи натпревари во мојата кариера. Ова е уште еден во историјата, но загубив од подобар играч и морам да му честитам. Мислев дека ќе имам проблеми само на земја и тврда подлога, но не и на трева. Карлос, ти честитам за одличната адаптација на оваа подлога. Заслужено победи“, рече Ѓоковиќ, а потоа заплака кога зборуваше за својата фамилија и синот Стефан: „Мило ми е што мојот син е се уште тука, што се уште се смешка. Те сакам, ти благодарам што ме поддржуваш, ќе те гушнам и ќе продолжиме да се сакаме“.

За српскиот спортски великан ова беше прво загубено Грен слем финале во 2023, откако претходно славеше на Австралија Опен и Ролан Гарсо.

https://fb.watch/lQ8IxNc7-J/?mibextid=Nif5oz

Македонците од Специјална Олимпијада од Берлин се враќаат со пет освоени медали

Атлетите од Специјална Олимпијада – Северна Македонија освоија пет медали на светските Специјални Олимписки Игри во Берлин. Со одличје се закитија:

Агрон Хајредини – златен медал, атлетика, категорија Скок во далечина од место
Јулијана Петровска – сребрен медал, атлетика, категорија Скок во далечина од место
Стефан Трпковски – сребрен медал, пливање, категорија 100 метри грбно
Марио Мицковски – бронзен медал, пливање, категорија 100 метри слободен стил
Јане Никодиновски – бронзен медал, бадминтон

На Игрите кои се одржаа од 17 до 25 јуни учествуваа над 7.000 атлети од 190 земји.

-За мене, секој член, претставник од нашата Специјална Олимпијада – Македонија е победник. Заедно покажавме како со посветеност, вложен труд и многу работа резултатите се загарантирани. Освоивме пет медали, но уште поважно – ги освоивме и срцата на присутните во Берлин, а верувам и во Македонија. Навистина се гордееме со сите наши атлети, партнери, помагатели и директни учесници во овие Светски Специјални Олимписки Игри. Честитки и до тренерите кои беа во секој миг до нашите атлети, поддржувајќи ги неуморно, изјави Моника Бошкоска, Претседател на Специјална Олимпијада – Северна Македонија.

На Светските Специјални Олимписки Игри (Special Olympics World Games) македонската делегација ја преставуваа 13 атлети, шест тренери, шест партнери и пет делегати.

Да го наполниме Градски за да сфатат дека Вардар ќе живее!

ФК Вардар официјално ги започна подготовките за наредната сезона.
Откако се врати на Градски, каде што припаѓа, Вардар ги повика сите вардарци да купат сезонски билет од 1000 денари, со што ќе му дадат дополнителна поддршкам на клубот.

-Денес, симболично ја најавуваме и големата акција за купување на сезонски билет, за домашните натпревари кои клубот ќе ги одигра на Градскиот стадион во Скопје.

Цената на сезонскиот билет ќе изнесува симболични 1000 денари. Ги повикуваме сите Вардарци, навивачи на најголемиот македонски фудбалски клуб, да бидат спремни зошто акцијата започнува многу брзо. Сите собрани финансиски средства, ќе бидат наменети за функционирањето на клубот.
Време е народот, кој во моментов преку навивачите е единствен сопственик на клубот, да си го каже своето. Од борбата за Вардар нема откажување. Полниот стадион на првиот домашен натпревар, нека биде јасна порака, дека Вардар ќе живее!
НАВИВАМЕ ЗА КЛУБОТ НА НАРОДОТ! – велат Комити.

Дејан Георгиевски освои сребро во Краков, прв медал за Македонија на ЕИ

Таеквондистот Дејан Георгиевски освои сребро на Европските игри во Краков.

Преку борбата во полуфиналето со Иван Гарсија Мартинез (Шпанија) се пласираше во финале.

Медалот на Европските игри освоен од Георгиевски е прв за Македонија.

Во финалето над 83 килограми Георгиевски загуби со 2:0 од британскиот ривал Кејден Луис Канингем.

Овој Прилепчанец ја погодил Македонија-Англија и си лапна добра паричка (Фото)

Не сите беа незадоволни поради рекордниот пораз на македонската фудбалска репрезентација од 7:0, на гостувањето на “Олд Трафорд” во Англија.

Особено овој прилепчанец, кој си уплатил илјадарче на точен резултат и коефициент 51, па си заработи одлична добика од 43.500денари во “Спорт Лајф” – објави “Спорт Манија”

Aлал вера мајсторе и создравје да си ги трошиш!

Доаѓате на собир со Луј Витон, Ролекси и глумите ѕвезди, а на терен сте – ФК Долно Дупени

Македонија вчера доживеа дебакл на „Олд Трафорд“ против Англија (0-7) во квалификациите за Европското првенство (ЕП), а тоа предизвика бурни реакции кај македонската публика.

Навивачите не се задоволни од настапот на македонските фудбалери, иако играа против моќната Англија, но ова не е прво разочарување.

Пред неколку дена Македонија разочара и против Украина, откако водеше со 2-0 на полувреме, а на крајот загуби со 2-3.