Category Archives: Трета Смена

Кој би рекол дека има 55 години – Елизабет позираше гола на снегот

Британската актерка и топ-модел Елизабет Харли покажа дека и на 55-годишна возраст изгледа одлично. Елизабет се соблече топлес на снегот, а на себе има само капут и долен дел од новата колекција на нејзиното бикини.

Ова е дефинитивно НАЈЗГОДНАТА презентерката на временска прогноза

Презентерката на временска прогноза со потекло од Мексико, Џенет Гарсија, позираше во кратки шорцеви со леопард принт и ја разбуди фантазијата кај многу мажи.

Имено, убавата Мексиканка го истакна бујниот задник во преден план и го „запали“ Инстаграм.

Водителката која се се проба и со глума, во овој пост доби бројни комплименти од нејзините следбеници и го оправда епитетот најзгодна ТВ-личност во светот.

Го запали Инстаграм: Гарсија е најзгодната презентерка

Најзгодната презентерката на временска прогноза е прогласена на Инстаграм по реакциите на нејзините следачи. Станува збор за презгодната Џенет Гарсија.

Презентерката на временска прогноза со потекло од Мексико, Гарсија, позира на Инстаграм со леопард принтови или со црвени мини сукњи, како проѕирни фустанчиња преку кои се се гледа, доволно да ги разбуди своите следачи кои ја обожуваат затоа што има преку 13 милиони следбеници на својот профил.

https://www.instagram.com/p/CKF5683n5ey/

„Ако сакате подобар cekc, тогаш станете вегани“ велу Холивудската бомба Памела

Холивудската секс-бомба Памела Андерсон е веганка веќе 30 години и неуморно се бори за правата на животните, а гостувајќи во ТВ емисијата „Good Morning Britain“ изјавила дека верува дека луѓето кои не јадат месо се многу подобри во кревет.

„Веганството дефинитивно влијае позитивно врз љубовните вештини. Тоа сум го слушнала многу пати од други луѓе, а и самата сум веганка, па прилично сум сигурна во таа изјава и апсолутно се согласувам со тоа тврдење. Но, исто така мислам дека секогаш многу добро сум се забавувала во тоа подрачје“, рекла некогашната ѕвезда на ТВ серијата „Чувари на плажата“.

Холестеролот од месото, јајцата и млечните производи предизвикува затворање на артериите, го забавува протокот на крвта во сите органи, а не само во срцето, тврди актерката. Веганството може да го подобри целокупното здравје и да ја зголеми издржливоста во спалната соба.

„Здравото тело е секси тело, а јадењето месо не е здраво. Тоа е поврзано со болести на срцето, дијабетес, мозочен удар и дебелеење кои се главни предизвикувачи на еректилна дисфункција“, напишала 53-годишната Памела на Твитер.

„Но, можете да имате високо ниво на холестерол дури и ако сте вегани, ако јадете погрешна храна“, коментирал водителот Морган, кој се обидел да ѝ противречи на актерката тврдејќи дека тој „како вистински месојад нема проблеми во спалната соба“. Но, Андерсон не дозволила да се збуни, па продолжила да инсистира на предностите на растителната исхрана

Кристина kaко Карлеуша гола во танга бордаше на Шапка

Манекенката Кристина Димитријевска се соблече на Попова Шапка во бела танга. Таа не криеше дека се забавува и покрај студот и на социјалните мрежи објави неколку фотографии со штица за бордање.

Се пошегува дека тоа што го прави е нелегално, а фановите ја прашаа дали се фолира и се слика за фотосесија или стварно борда.

Доктор и медицинска сестра воделе љубов во ковид болница

Романската јавност останала вчудоневидена откако било објавено дека доктор и медицинска сестра, вработени во ковид болница, воделе љубов во внатрешноста на самата установа за време на паузата за ручек.

Како што пренесуваат медиумите од Романија, тие во текот на паузата, но за време на работно време, покрај одделението со најтешки случаи на заразени од Ковид-19 го имале своето „љубовно гнездо“.

Димитри Виенеск, директор на болницата изјавил дека покренал истрага која што треба да трае до 27-ми ноември.

Во анонимниот мејл кој што го добила болницата наведено било дека двајцата вработени правеле „мини забави“ во текот на своите средби, пренесува порталот „3минути“.

Извор и повеќе https://tocka.com.mk/vesti/360772/doktor-i-medicinska-sestra-vodele-ljubov-vo-kovid-bolnica-go-pravea-toa-vo-tekot-na-pauzata-za-rucek

Aлбанската манекенка Кејвина – Трета смена

Познатата албанска манекенка, Кејвина Ктела е позната по својот провокативен изглед, додека преку социјалните мрежи споделува фотографии од нејзиниот секојдневен и професионален живот.

Кевина овој пат преку фотографија ги покажа карактеристиките на лицето на кое користеше лесна шминка, каде што рече дека во нејзините очи можеме да ги  видиме нејзините соништа.

Најубавите азербејџанки војуваат на прва борбена линија

Азербејџанските убавици од шоу-бизнисот облекоа воени униформи и најавија дека се подготвени да ги ризикуваат своите животи и да заминат на фронтот во Карабах.

Актерката Парвин Абијева во интервју за Спутник призна дека неколку пати била на фронтот од почетокот на конфликтот во Нагорно Карабах. Таа одлучи да ги поддржи азербејџанските војници заедно со нејзините колешки.

„Никогаш не се плашев да ризикувам. Имам 30 години и секоја година сонував дека ќе ни се вратат нашите земји. Конечно, мојот сон се остварува. Доколку е потребно, подготвена сум да одам на фронтот и да им дадам помош на нашите војници, рече Абијева.

Рази Алиева, која има титула „Мис на Азербејџан-2017“, изјави дека сака само по една работа секој ден, а тоа е крај на конфликтот околу Нагорно Карабах. Никогаш не била на линијата на фронтот, но доколку е потребно, подготвена е да замине. Моделот секојдневно се моли за здравјето на азербејџанските војници и чека победа.

Пејачката Мина Хусеин веќе неколку пати учествувала во акцијата „Помогнете им на војниците“.

Подготвена сум да го ризикувам својот живот за земјата. Многупати сум била на фронтот, затоа не чувствувам страв. Не знам како да пукам, но можам да им пружам медицинска помош на нашите војници. Секој од нас се моли за победа. Во исто време, доживуваме радост и тага за смртта на нашите војници. „За жал, нема војна без загуби“, рече Хусеин.

Пејачката Ѓунај Ибрахимили смета дека изведувачите се должни морално да ги поддржуваат азербејџанските војници. За ова, според неа, потребно е да се објават повеќе патриотски проекти, композиции, клипови кои би ја охрабриле армијата.

Борбите во Карабах започнаа на 27 септември. Баку и Ереван се обвинуваат едни со други за избувнувањето на конфликтот. Во Ерменија е прогласена воена состојба и општа мобилизација. Во Азербејџан е воведен полициски час и делумна мобилизација.

Сара ја напуштила полицијата – ЕВЕ ШТО ЈА ИНСПИРИРАЛО (ФОТО)

Пред неколку дена вниманието на германските медиуми го привлече на поранешната полицајка која изјави дека дење работела во полиција, а ноќе како проститутка.

Таа раскажала дека оваа нејзина промена била инспирирана од сексуалните работнички што ги запознала за време на нејзиното работење како полицајка. Сара Келер, од Дујсбург, откри дека за прв пат на еротска забава била во 2011 година заедно со нејзина пријателка.

Се чувствував добро во полицијата, таа е добра работа, но чувствував дека нешто ме мачи. Сакав да направам и други работи што ми причинуваа задоволство, како што се сексуалните игри. Уживам кога им командувам на мажите, рече Сара.

Но како што се дознава Сара била протерана од полицијата, откако во јавноста излегоа некои фотографии со сексуална содржина, во групата полицајци во апликацијата „Whats App“.