Category Archives: COVID 19

Д-р Мехмедовиќ: Новиот сој се шири и до 500 отсто повеќе

Новата мутација на коронавирусот наречена „омикрон“ има сериозни карактеристики коишто треба да бидат причина за нашата загриженост, вели за Канал 5, д-р Злате Мехмедовиќ, докторант по јавно здравје.

Прво и основно, пресметките се дека новата мутација „омикрон“ има висок степен на преносливост во однос на делта-варијантата. Ние досега сметавме дека многу долго време нема да може да се појави варијанта којашто ќе биде посилна од делта-варијантата, меѓутоа, новиот сој укажува на тоа дека преносливоста може да биде и повисока. Иницијалните пресметки што ги направи Институтот за молекуларна биотехнологија во Австрија, укажуваат на тоа дека омикрон-сојот може да биде и до 500 отсто попренослив од делта-сојот. Само да потсетиме дека делта-варијантата беше 60 отсто полесно пренослив од алфа-варијантата, а омикронот е 500 проценти попренослив од делта-сојот, објаснува д-р Мехмедовиќ.

Тој вели дека сè уште се разгледуваат карактеристиките од омикрон-варијантата, а една од карактеристиките којашто иницијално сè уште не е потврдена, е дека може да го избегнува и имунитетот стекнат од вакцините против коронавирусот.

Каде е детектирана новата ОПАСНАТА МУТАЦИЈА на коронавирус ОМИКРОН, загриженост во Европа и СЗО

Новата мутација е откриена во Јужноафриканската Република кај речиси 100 заразени лица, како и кај пет патници кои ја напуштиле оваа земја, односно во Боцвана (четири) и во Хонг Конг (еден).

Првиот случај на новиот вид беше откриен вчера и во Израел. Лицето заразено со новиот вид е Израелец кој се вратил од Малави. Израелското Министерство за здравство соопшти дека постои сомневање дека се разболеле уште две лица, а сите тројца биле вакцинирани. И во Белгија е детектирана новата варијанта кај две лица.

Земјите веќе креваат епидемиски ѕидови: Италија од вчера воведе забрана за влез на луѓе кои посетиле една од јужноафриканските земји во последните 14 дена. Истото го направи и Чешка. Одлуката на Лондон е да ги забрани летовите од Јужна Африка, Намибија, Боцвана, Зимбабве и Лесото.

Франција исто така ги прекина летовите до овој дел од светот. Холандија ги стави во карантин сите патници од двата авиона кои вчера слетаа во Амстердам од Кејптаун и од Јоханесбург. Од вкупно 600 патници, 61 се позитивни на ковид, и се прави секвенционирање да се утврди дали некој од нив е заразен со новиот сој.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека ЕУ во соработка со земјите членки ќе предложи прекин на воздушниот сообраќај од регионот на Јужна Африка.

СЗО побара од земјите да го направат следново:

Да се ​​подобрат напорите за секвенционирање со цел следење на ширењето на новиот вид.

Да се​​доставуваат целосни геномски секвенци и поврзани метаподатоци до јавно достапна база на податоци, како што е GISAID.

Да се пријават првични случаи / кластери поврзани со инфекција со Омикорн

СЗО порачува дека би било добро да се спроведат теренски истражувања и лабораториски проценки каде што постојат капацитети и во координација со меѓународната заедница да се подобри разбирањето на потенцијалните влијанија на сојот Омикорн врз епидемиологијата на Ковид.

СЗО повикува на сериозност, ефективност на јавно-здравствените и социјалните мерки, како и соодветни дијагностички методи.

СЗО на итна средба по појавата на новиот сој на коронавирусот во Африка

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе свика итен состанок за новата верзија на СОВИД-19, регистрирана за прв пат во Јужна Африка.

Стравувањата на научниците се дека има голем број мутации и се многу поразлични од она што го сретнале досега.

Според експертите во Јужна Африка, токму новата варијација е одговорна за зголемувањето на бројот на заразени во земјата.

Вирусот веќе е откриен во Боцвана и Хонг Конг.

Се очекува СЗО новиот мутиран вирус да го именува со буква од грчката азбука.

Д-р Жугиќ: Невакцинираните играат руски рулет со короната

Д-р Јанко Николиќ Жугиќ, интернационално познат имунолог и геронтолот од Медицинскиот универзитет од Аризона, кој и беше прогласен за истражувач на годината во областа на биолошките науки во Аризона, предупредува дека невакцинираните играат „руски рулет“ со корона вирусот.

Тој вели дека голем дел од популацијата може да остане со трајни последици од овој вирус.

Вакцините, особено оние кои ги истражувавме, Фајзер и Модерна, се покажаа како многу ефикасни кај старите лица, вели докторот.

Тој вели дека постојат два вида на популација во време на оваа пандемија, вакцинирани и невакцинирани.

Вакцинираните се заштитени ако се разболат, односно ќе имаат блага форма на болеста, невакцинираните се комплетно изложени на малигна форма на вирусот, вели д-р Николиќ Жугиќ.

Последиците од долгиот ковид може да бидат страшни, додава тој.

Гледав колеги како не можеа да функционираат, 18 месеци не можеа да излезат од дома без боца кислород, не можеа јасно да зборуваат, вели докторот.

Семејството на младиот 22. годишник кој почина: Моето дете го хоспитализирав за да оздрави, а не да почине за три дена

Нема да дозволам моето дете да биде статистика, ќе се борам да ја добијам целата документација, ќе најдам адвокат и ќе ја барам правдата до крај, вели за Сител, Борче, таткото на 22-годишниот Дарко Мицкоски, кој почина на 15 октомври на Инфективното одделение во Битола. Поради преголемата болка не собра сили да застане пред камерата, но го сподели сомнежот кој го имаат.

Семејството Мицкоски веќе доставило барање до болницата за да ја добие комплетната документација од лекувањето, поднеле барање до Државниот здравствен и санитарен инспекторат за извештајот од извршениот надзор, поднеле претставка до Народниот правобранител, како и пријава до Јавното обвинителство поради сомневање за лекарска грешка. Таткото вчера испратил и писмо до министерот за здравство и комисијата за извршување на инспекциски надзор.

Во писмото кое го испратил до министерот Филипче, Борче меѓу другото пишува:

– Сите лекари зборуваат по телевизиите дека пациентите доцна се јавуваат на лекар. Јас го носев моето дете од првиот момент кога дознав дека е позитивен, а чекав три дена за хоспитализација. Благодарам што е третиран со крвна плазма од прележан донор, меѓутоа сметам дека третиот ден од хоспитализацијата е предозиран од разни лекарства, кортоико стероиди и други терапии кои вам ви се познати подобро од мене. Јас моето дете го хоспитализирав за да оздрави, а не да почине за три дена хоспитализација, заклучува таткото на починатиот Дарко.

Целата сторија може да ја погледнете на Сител.ком.мк

Трајковски: Дeнecкa oд Koвид-19 пoчинa 17-гoдишнa yчeничкa

Професорот Дејан Трајковски денеска објави дека од Ковид-19 ппочинала 17 годишна девојка.

-Денеска од ковид-19 почина 17-годишна ученичка. Истовремено се отвораат диско клубовите, ноќните клубови и баровите. Како не сфаќаат дека основната претпоставка им е грешна, дека со вакцини не може да се совлада епидемијата, бидејќи вакцините моментално имаат ефективност (намалување на ризикот) против заразување од само 20%? Вакцинираните речиси подеднакво како невакцинираните ја пренесуваат болеста наоколу и умираат други, од ранливите категории, иако самите се прилично заштитени од смртен исход. Време е инечно да се сфати: епидемијата може да се запре исклучиво со превентивни и рестриктивни мерки, пишува Трајковски.

Неофицијално, девојчето е од битолско, а како последица од коронавирусот починало во Скопје.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Пари: Граѓаните искреширале 131 МИЛИОНИ ЕВРА во аптеките низ Македонија, за 1 година

Според податоците на порталот Пари во соработка со бизнис платформата БизнисМрежа.мк она што е за одбележување е што во листата на ТОП 10 аптеки кои оствариле најголем приход минатата година, сите без исклучок оствариле поголем приход од 2019 година.  И кај добивката ситуацијата е слична, сите тие ја завршиле годината со зголемен профит освен последната кај што има мал пад.

Вкупно 10-те најголеми аптеки во земјава минатата година на сметка генерирале вкупен приход од 131 милион евра и добивка од 2,1 милион евра.

Целосната анализа на следниов линк:

https://pari.com.mk/zegin-farm-od-prodazba-na-lekovi-svrte/

Алармантно: Делта сојот не ги штеди ни децата – за 50% зголемен бројот на заразени на возраст од 0 до 9 години

Минатата недела бројот на деца заразени со Ковид-19 на возраст од 0 до 9 години е зголемен за 50%. За една недела заразени се вкупно 143 деца на оваа возраст, информираат од Институтот за јавно здравје. Лекарот Агрон Палоши го потврдува тоа, но додава дека децата не се поимуни на коронавирус. Ова, како што објаснува е последица на делта сојот, кој не ги штеди ниту децата и се шири многу брзо.

„Од појавувањето на делта сојот на Ковид-19, значително е големен бројот на заразени деца во споредба од порано,односно од првиот сој кога бројот на позитивни деца беше доста мал. Ова најмногу се должи на преносливоста на овој сој. Сакам да кажам дека секако симптомите се поблаги кај децата, и последиците се поблаги, иако кај мал број деца се појавуваат мултисистемски компликации“, истакна Агрон Палоши.

Лекарот Палоши училиштата не ги гледа како место каде вирусот може да се шири брзо, додавајќи дека децата од прво до четврто се многу мали за да се придржуваат на протоколите. На прашањето – дали родителите се одговорни ако нивното дете се зарази, Палоши одговори дека и родителите можат да им го пренесат вирусот на децата, но и обратно.

„И детето е потенцијален носител на вирусот кај децата кои не се имунизирани или кои не го прележале вирусот“, вели Агрон Палоши.

Минатата недела е регистрирано намалување на бројот на заболени во сите возрасни групи, освен кај оние од 0 до 9 години каде има зголемување за 50% и од 10 до 19 години – 8,2%, пишува во извештајот на Институтот за јавно здравје. Инаку, во Детската болница Козле се лекуваат околу 20 заразени деца, од кои четири се на кислородна поддршка, но во стабилна здравствена состојба.

Наскоро и ТРЕТА ДОЗА вакцина кај нас, еве кој ќе ја прима

Третата доза вакцина против ковид 19 во Македонија се очекува да се примени наскоро.

Првично, властите планираат со третата доза да ги имунизираат лицата со загрозен имунитет и здравствените работници, додека за останатите жители во земјава сѐ уште нема дефинитивен став дали треба или не да се имунизираат со третата доза.

Директорот на Институтот за имунологија во Скопје вели дека кај нас третата доза ќе биде Фајзер, без разлика со која вакцина претходно биле имунизирани граѓаните.

Анкетираните од АЛСАТ ја изразуваат својата подготвеност да ја прифатат третата доза од вакцината против Ковид, иако тоа засега не се препорачува од експерти.

„Ги примив двете вакцини во Австрија, ако оние што се надлежни ги предвиделе, тогаш треба да ги земеме“, рече еден граѓанин.

„Не сум експерт и не знам што да кажам, имам земено две дози. Секако дека ќе земам ако ми препорачаат трета доза“, додава еден граѓанин.

Препораката на властите е третата доза да се земе 6 до 8 месеци по примањето на втората доза. Досега, над 690.000 граѓани се вакцинирани со две дози.

Вјолца Алити, Алсат

Рушиме РЕКОРДИ по број на пoчинaти за само една недела

Во изминатите седум дена, Србија е прва во Европа и втора земја во светот според просечниот дневен број на нови инфекции со коронавирус на милион жители, според ourworldindata.org.

Според оваа веб страница, Србија има просечно 1.018 нови случаи по малата островска држава Гренада, со просечно 1.447 новозаразени дневно, пишува белградскиот весник „Данас“.

Црна Гора се наоѓа на трето место, Монголија на четврто и Доминиканска Република на петто. Во првите десет земји се и Израел, Суринам, Куба, Санта Лусија и Антигва и Барбуда.

Од европските земји веднаш по Србија на списокот се наоѓа Словенија, со просек од околу 500 нови случаи на инфекции на милион жители во изминатите седум дена, а потоа следува Велика Британија.

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на милион жители, а во Европа прва е Македонија со 96 починати лица, што е четврто место во светот.

Во Европа, според смртноста, по Македонија се Бугарија, БиХ и Косово, а Србија се наоѓа на 27. место во светот.